Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога сум нервозна, лупам врати.
    Не знам зошто, ама само така можам да ја испразнам негативната енергија. Не помага ниту јога, ниту медитација и такви слични чуда. А некогаш толку силно ги удирам, што ѕидот почнува да се сронува. Сестра ми ми вика дека ако продолжам вака, дома без врати ќе останеме.

    Во овој период полн со стрес, напнатост и нервози (кои како за инает секогаш ми маваат на желудник, па го чувствувам како бетономешалка во стомак), ако едно нешто може да ми изнуди насмевка е искрената намера на детското срце. Вчера седиме со малата дома, а јас нервозна се шуткам и кршам тањири по грешка. На компјутер пуштена Фемина, а малава си читка лево десно. Кога одненаднаш се врти и со сериозен поглед ми вели: Дада Ане јас знам тебе што ти е. Ти фали романтика, еве во хороскопот така ти пишува.

    Молчејќи трепкам неколку секунди...
    А малата ме гледа со нејзините крупни очи, мошне сигурна дека ја нашла причината зошто сум нервозна.

    За неколку секунди, целата напнатост, стрес и нервоза, се претвори во толку слатко смеење, што не можев да се соземам! Малата нема поим што значи романтика, ама толку сакаше да сфати што ми се случува, а јас не сакав да ја оптеретувам со моите проблеми. Па така двете слатко си се изнасмеавме. На крајот ми вели: Дада Ане, смеењето е здраво, треба почесто да се смееш.

    Сонце е, сонце!
     
    На Hipster, Cherry03, mims-89 и 17 други им се допаѓа ова.
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Не ми беше намерата да отворам дискусија, но бидејќи јас ја почнав и да ја завршам.

    Ричи, те разбирам во потполност. И се согласувам со тебе. Но тоа е до луѓето. Можеби ти си од оние што мислат и дејствуваат како да не е љубовта најбитна. Што е сосема во ред. Секој си има право на свој избор, а ние може до утре да какаме и никому ништо. Јас, за разлика, сум сосем спротивно. Мене љубовта ми е се во животот. И не е коинциденција што и се викам Љубица, во името си ја носам. И тоа конкретно за љубов кон спротивниот пол. Секоја друга успат - родителска, сестринска, другарска, братска, било каква е многу голем плус, но мене оваа љубов ми е на пиедестал. И да, и јас се мразев себеси ова лето кога ми се врати Иван кога ќе испаднам и ќе разберам дека тој од икс причини не излегол и кога за секунда ми се менува расположението. И тогаш се прашував - како стигнав на ова дереџе расположението, вечерта, денот, животот да ми зависи и се врти околу еден маж?

    Ама мене ми е убаво. Во самотијава, во асоцијализацијата.. Барем сега за сега. Така да, јас имам боженствено право, а исто и ти, што сакаме да избереме за водилка во животот. Јас ја одбрав љубовта. Можеби и многу згрешив, но Господе, колку сум само јас во ова, повеќе не би можела да бидам. И тоа што јас сум ја одбрала љубовта, а други не, не ги прави нив помалку луѓе, ниту пак мене. Баш напротив. Ќе се развиваат баш вакви дискусии, во кои никогаш не е на одмет да слушнеш туѓо мислење. :)

    Дивајн душо, кажи ми ти мене некој што познаваш, да не речам во Македонија кои се заљубиле на 60 или 70 години? И не, на дада ми не и е испуштен возот, но да не се лажеме. Не живееме ние во Сексот и градот. Во Македонијава секоја жена што е над 30 и е самојстојна и вработена, но немажена е очајна, а секој маж кој е над 30 и е слободен и ништо не прави во животот освен што клошари по кафиќи е фраер. И се додека е така размислувањето нема да мрднеме. Јас ја знам ситуацијата на мојата братучетка, и го знам кругот на мажи во нејзиниот живот, верувај можат да се избројат на една рака. Многу е ретко да најдеш слободен во неговите триесетти.

    Кај неа најмногу, најмногу би сакала да заиграм на свадба искрено. Секако дека се разбравме. :)


    И не сакам да бидам погрешно сватена. Јас ја обожавам љубовта, и се восхитувам, сум го имала и убавото од неа, фала му на Господ, го преживувам и најлошото од неа, во поголеми бедови не сум била, но никогаш, никогаш нема да се откажам од неа. :)
     
    На thelittle17, Miss.Ricci, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не знам што ми се случува ама во последно време јадам како трудница :x .
    Да не мрчам да си кажам дека периодов ми е за пофалба.Нервозите ги заборавив,годината ја исчистив и со нетрпение чекам да почнам со последната година на факс... :) Ми се учи бе...ми се кинат тетратки,ми се пишуваат есеи,и ми се пие кафе,во доцните часови и да се дружам со книгата. :D
    Многу го мразат Септември ама јас го сакам...сакам да газам со чизмички по паднатите жолти лисја следниот период и да танцувам на дождот.I love rain <3 .
    И така :hai:
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Јас пак правам генералка по дома :tmi: и ме зеза мм, само изнервирај ја и ќе ја светне куќата како 1 и 2 :$ . Му успеа и овој викенд па еве ја куќата сија како 2 и 3 а тој гланца на поткровје.
    А кога сум хипер нервозна викам жена да чисти место мене а јас одам до првата кафана со пријателки на бош муабети и некој алкохол. Се прикрадувам како млада невеста :D да влезам во куќата во доцни часови со надеж дека нема да ме види комшивката. Епа, нормално дека ќе ме фати на дело кд не (дијалект), затоа што утредента кога поаѓам на работа ме чека со насмевка и муабет ,,лелеее ама убаво ти исчистила жената,,, а јас |( со одговор ,,ти провери, мм ти свари кафе,,....
    ....злоќаста сум злоќаста :devil:
     
    На srcekrsacka, bittersweet, ozbilnazena и 2 други им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Лејдис енд џентлмен, светот на младите останува.
    На ваквите, со свои свежи 15-16-17 години што се поистоветуваат со магарици.
    http://ask.fm/Mevikaatmonni/answer/29000144709028
    Знам дека го отупеа со видеово, ама ете, може некој не видел.
    А, искрено, штета е ваква Чернобил омладина да не се види.

    Нели, велат дека ако мајката украде нешто додека е бремена, а потоа се фати за некој дел од телото, детето ќе носи белег на тоа место во форма на украдениот предмет.
    Па, добро де, морале ли нечии мајки да крадат амеби, а потоа да се чешаат по глава или да копаат руда длабоко во ушите? :?:
    Ако иднината останува на овие, јас се селам!

    Утре школо, м?
    Not for me. 8)
     
    На Cherry03, Miss-Independent, moliv4e и 10 други им се допаѓа ова.
  6. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    6.642
    се пронајдов во ова,и сепак мислам дека љубовта е најважна.па за неа живееме.тоа е најчистото чувство кое те крева во облаци а може и да те мавне од земја.
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... ајде утре во школо! 8)

    Да се разбереме, не сум школарец, одаамнаа
     
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК...
    ...но од душава не ми излегува...

    Не, не е ништо страшно, напротив, само едноставно размилсувам дали некои работи е добро ил лошо да си ги искажам. И сфаќам, се додека моето ковчеже емоции е под клуч, подобро е!

    Добро ми доаѓаат моментите кога јас сама со мојот Спин и плаво крпче се врткам низ куќа, па ми пее правосмукалката и YouTube како придружен вокал, трчкарам наоколу со размолкнати пантолони од долна касела, и никој ама баш никој не ме чепка. Тоагш можам на раат да ги задлабочам сопствените размисли, можам да се расплачам, да се засмеам, да бришам прашина со солзи во очите и да глумам лудило ради небитни ствари. Повеќето жени чистат да им биде средена куќата, јас да ми бидат средени и куќата и умот и душата! Денес, се средив. Сега ќе ја уживам ноќва во најмиризливата соба, со најубавото бело вино, и ќе си ликувам сама себе!
     
    На bittersweet, kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Kалиопе, кај го најде ороспиичево од маало, ми се превртуваат цревата од неа. :puke:
    Aко ништо друго, утрешниот прв училишен ден во средно сите ќе знаат колку и како болело.

    A пола Cкопје на нејзина возраст се вакви, жалосно. :puke:
     
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Школово денеска главна тема. Ех да можев јас утре да се будам за првиот школски ден, да си негодувам додека да пристигнам и да си го отспијам официјално првиот час, а после голем одмор да си избегам за да ја отворам сезоната на кафе-пиење.
    Јас кога тргнав средно, уште од првиот ден знаев дека ќе биде лудо, решена бев да си го направам еден од најубавите периоди, и така и беше. Си променив неколку гледишта, отворив порти за нови луѓе и не го ни сетив кога помина.

    Туку, август не можеше да има поубав крај, а месецов поубав почеток. Краткотрајно ама ефективно, се смирив и собрав енергија за бурниот период што претстојува, си ги прибрав расштрканите работи и ги зедов конците во свои раце, сега се чувствувам посигурно. И ми е страв да речам дека некои работи се во ред зошто моментално ме мава малер и ми го докажува спротивното. Ете, си има некој баланс, одамна го немало во мојов живот. И да, полна сум со надеж дека таму некаде ме чека некоја филмска сцена...всушност филмски сцени мене секогаш ме чекаат само почесто се некои хорори и трилери, а јас се ориентирав кон нешто романтично.
     
    На Monroe и L-enna им се допаѓа ова.
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Елена, утре си во школо! Легни си порано. Треба да станеш утре.
    Well... започна значи?
    Имам аларм во 6:31. А во вторник ќе биде 5:58.
    Ако не друго, барем од 8 сме утре. :yawn:

    И да. Прееска правев чистка на „френдовите“. Ма не, јас не ги разбирам.
    1 личност=200 профили. Секој месец, нов профил. И јас што треба да правам?
    Да ги барам сите тие профили, и да видам на кој бил/а последно активен/а?
    А јас, сум чувала профили неактивни уште од 2011.
    Ма немој да ме јебеш бре. Ќе те делитнам од сите, и точка.
    А какви се профили отворив.. Аутоматски ми се исклучи компјутерот.
    Озбилно. Дури и се исплашив, како сам ми се искучи. :?:

    А незнам зошто. Ама чим некој ми спомне-школо.
    Јас одма помислувам.. Вторник? Петок?
    Останаа 126 недогледани филма. Ќе почекаат до зимски.
    Толку беше од летниот. :hai:
     
    На Cherry03 и Butterfly77 им се допаѓа ова.
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека луѓе многу сум дебела.. Добро, за некого не е многу но јас сметам дека во последно време многу сум се здебелила многу..
    Ај батали тоа, туку што е најстрашно ма нема никакви шанси да се фрлам на диета. Мајка ми ми мрчи зошто изгледа подобро од мене (тоа е факт) цело време дека треба да внимавам бла бла бла..
    Знам дека има право ама кој да слабее, ма кога ке видам сочен сендвич или нешто мрсничко ми течат лиги :(
    Алал да им е на некои луѓе (дел од нив што ги знам а дел што сум чула) што со цврста одлучност ослабнале и постигнале се што сакале и би сакала да ги замолам да ми дадат малце на мене од таа одлучност :(

    Патем, само што изедов еден огромен клуб сендвич и дури и не бев гладна ама јас не сум јас ако не го изедам последното парче, ко мали не учеле дека се мора да изедеме од тањирот, или нема станување.. :^)

    Сакам да можам да јадам колку сакам а да не се здебелувам :( Добро доста мрчам, идам на спиење битно стомачето ми е пуно :lol:
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК колку брзо помина летото...
    Како вчера да беше Јули :?: Имаше многу убави моменти кои ќе ги памтам,сепак добро си поминав.Да ја немав оваа глупа алергија од сонце,многу поубаво ќе беше,ама ајде,што е тука е.
    Јас сум личност која бара многу промени,секаде :!: Ме фати некоја паника да си ја скратам косата :emo:
    Стално барам и барам нешто но незнам што :tmi:
    Можеби каснам малку,но дури сега се чуствувам дека есента полека полека започнува :?:
    [​IMG]

    СДК2...утре школо :wasntme: Барем сум 2-ра смена и некако полесно ќе ми е.Едвај чекам да си ги видам школските и професорите :D Сепак школото не е само учење,туку и дружење и забава(освен што кога сме 1-ва смена стануваме многу рано)
    [​IMG]
     
    На Cherry03 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Септември. Ме потсетува на зајдисонце. На боја на ден бледо портокалова, како кајсија. Ме потсетува на мирис на пролет, не на цутење, туку на љубов, на промени. На топли пладниња и свежи ноќи. На сета сила која низ убавините ми ја вовлекуваш под кожата, во душата. На влажни улици и ветрови и двајца и безброј љубови под чадори. Кога е убав паркот во црвени и жолти бои. Кога се наежува кожата од ноќниот воздух па само се туткаме еден во друг, под ќебенце, се сакаме.
    Септември... ти благодарам што вака ми дојде. Ми светат очите од сите твои топли погледи. Ќе те сакам повеќе од август, помалку од октомври.
    Време е за љубење.
     
    На Cherry03, Buttterfly, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Е ако де,ова е убава дискусија,не е препукување.Сите си имаме маки,ама никој не се откажува од љубовта.
    ПА јас познавам такви луѓе,и на 30-40 и на 40-50(баш кумови бевме на такви ;) ),ајде не на 60-70,ама јас така го кажав пошто постојат и такви луѓе,кои сепак си наоѓаат и касно сродни души,си живеат заедно до крајот.Не седат сами.Во меѓувреме ги гледаат другите обврски,не се сите клошари...
    А дај Боже и кај брачеда ти да биди и тоа и да и играш на свадба.Секој заслужува да сака и да е сакан. Само да не се откажи човек и да се трпелив.
    Секако сите ја сакаме љубовта и сите се борат за неа,каква и да е. И никое човечко суштество никогаш во животот не се откажува од љубовта (било каква и да е) Можи да е во мирување,ама не е откажана. И доаѓа кога најмалку очекуваш ;)
    А не се работеше да ужива човекот кога му ја нема љубовта,кога таа пропаднала,туку да се посвети барем на децата,на работата,па којзнае,можи пак ќе ја освои и покрени љубовта што згаснала,можи има некоја искра...Пошто секогаш надежта последна умира,работата беше тој човек да не ја изгуби надежта во љубовта и во животот.Ако се предадел од љубовта и животот,што ќе било? Едно ништо.Ама за да ја повратиш и љубовта,треба прво себеси да се вратиш во живот.
    Ај да не филозофирам поќе.Само сакав да ти кажам дека од примери го кажав тоа.
     
    На kravce, mysterious и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ајде од утре мир у куќи :D зборам за сестра ми главата ми ја поду летови, и како расте место да се смири таа збеснува :x неможам да верувам дека е толку бунтовна бре цццц
    Едвај чекав да дојде Септември па конечно да тргне у школо. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  17. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
  18. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Едвај чекам...не за друго, за пријателите и наставниците..
    И ете.. треба утре да станам во 06:15.. а сон нема шанси да ме фати до 3/3ипол.. навика бе
    Од секоја навика има и одвика, ете така.
    Ај добра ви ноќ..

    [​IMG]
     
    На bluegirl7 и I.love.your.lips им се допаѓа ова.
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Во океанот од комплицирани и замрсени односи, среќна детелинка е да најдеш некоја искрена врска. Зашто бившите другарки или се најголеми непријателки, или се занесуваат дека едно вртење на кафе сеуште го одржува другарството; и зашто не дека некој сака тооооолку да ти наштети, ама сите гледаат превише за својата душичка па се околу нив е магла. Како кобили, само право и јахаааа, оти животот нели, така ги научил. :^)

    Сум била дел, и тоа уште од најрана возраст, од многу сплетки и интриги. Таква ми се погодила околината, а јас на почетокот не се обидував да циркулирам на начин кој го мразам во неа, а уште помалку па да загосподарам. Но, но! невозможно е да не се вплеткаш во тие врвци, додека сомнежите како бубачки шетаат по нив и се вгнездуваат. Се извлеков некако од таа збирка на луѓе со силно влијание од западњачките серии, помудра на потешкиот начин.

    А да не кажам колку проблеми и со момци сум имала и тоа колку првите љубови ме разочарале и го треснале од земја мојот розев, кажи го, љубов свет.

    Ама :!: , никогаш не сум кажала дека ќе бидам иста ко и другите кои ме повредиле или на мизерен начин се упикале во мојот живот, досадни како вошки, да не можеш да ги извадеш. Или пак дека нема да најдам љубов и ќе станам, како беше изразот.... ахаааа, лоша девојка! :rofl: Напротив, и предизвик ми е да барам здрави врски безразлика колку ќе бидат комплицирани луѓето. Зашто сум забележала дека луѓето радо би ја прифатиле твојата добрина, ама никаков твојот карактер.

    Некој ќе ми каже друго е да бидеш фин, а друго лицемерен. А зашо би да бидам фина пример со личност која не ми се допаѓа, притоа верувам во своите проценки. (како за моја одбрана, финоќата нивна не е само здраво туку гушкање, бацување и според нив, гооолема култура, абе домашно воспитување е некој да го замараш 5 саата на пат и за кога ќе ти заврте грб да му правеш фаци)

    Точно дека сум разочарана, ама имам надеж за нов, искрен, храбар свет! 8)
     
    На Hipster, mims-89, LilBaby и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.