Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК ми текна на песната... :( Поврзана е со љубовта, ама мене на училиште ме потсеќа :sweat:
    I don't want to say goodbye for the summer
    Knowing the love we'll miss
    Oh let us make a pledge to meet in September
    And seal it with a kiss
    http://www.youtube.com/watch?v=gliHl0xz5m4
     
  2. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Си ја мразам таа проклета навика да правам генералка на собава пред почетокот на школската година. Не дека не можам да го направам тоа неколку дена предходно, ама ајде, јас морам да се уморам од чистење цел ден наместо да одморам и полна со енергија да тргнам на школо.

    Многу работи ми се врткаат низ глава, многу чувства во душава и многу, многу трема низ телово. И тоа е навика, да имам трема или нешто слично пред да почнам на школо. И нормално - се манифестира преку говоров. Да бе, кога се запознавам со нови лица да не можам чисто имево да си го кажам. It's fucked up, really.
    Знаете дека мразам промени .. па и тоа е навика. Охх кога ќе видам сабајле куп деца насобрани на вратата за да видат со кој се во клас, па се запознаваат, па шетаат како улави низ ходниците и си ги бараат училниците .. небаре јас се гледам во нив. Ко вчера да беше, исплашената јас со истата трема.

    Летово замина, уште малку топлина па доаѓаат омилените ладни периоди. Конечно малку душевен мир, време за себе без да ми дрндаат како се изолирам од сè и сешто. Не дека не е така, ама сепак .. убаво ми е да бидам во своја придружба. И нормално, чајче, книга, музика и кебенце. Милина. :mm:

    И навистина треба да се навикнам да го сакам летово и жештинава, не е нормално ова. Како некој изрод се осеќам вака, страшно е.

    .. и на муабетов, еве нешто што ми стои закачено во соба, инспирација за сè што е напишано погоре, благодарение на татичко:
    Јас сум твој постојан сопатник. Твоја сум најголема помош и терет. Ќе те повлечам напред или ќе те турнам во пропаст.
    Потполно сум под твоја контрола. Половината работи што ги работиш можеш исто така да ги префрлиш на мене и јас ќе можам да ги направам брзо и исправно.
    Со мене е лесно да се управува – мораш само да бидеш цврст. Покажи ми како точно сакаш нешто да биде направено и после неколку лекции ќе го работам тоа автоматски.
    Слуга сум на сите големи луѓе; и леле, и на сите загуби, исто така. Оние што се големи, јас сум ги направила големи. Оние што се губитници, јас сум ги направила губитници.
    Јас не сум машина, иако работам со сета прецизност на машина и со човечка интелегенција. Можеш да ме користиш за добивка или за пропаст – мене ми е сеедно.
    Земи ме, обучи ме, биди цвртст со мене и ја ќе ти го распостелам светот пред нозете. Биди попустлив со мене и ќе те уништам.
    Кој сум јас?
    Јас сум навика.
     
    На Buttterfly, lunicka, thinkerbell и 7 други им се допаѓа ова.
  3. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Дечки може ќе ме направите луда ама 99% сум сигурна дека тоа што го видов вечерва беше НЛО :tmi: Не беше ниту ѕвезда ниту пак авион. Беше кружно со тенки зелено-црвени линии околу, леташе и се спушташе горе - долу.

    И да напоменам, не сум под дејство на лекарства. Сериозна сум.
     
  4. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    25.461
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам кратка, сакам само да им посакам убав прв училишен ден на средношколкиве, баш ве читав низ темава.. и едно ќе Ви кажам, верувам сте го слушнале повеќе пати:
    Сега можеби "плачете" затоа што не ви се оди во школо, сакате уште распуст, но верувајте, еден ден ќе плачете овие денови да ви се вратат назад. Второво плачете не го ставив во наводници, затоа што лично јас буквално имам плачено, ронето крокодилски солзи за средно.
    Се' е голем збор, ама се би дала да се вратам во средно, макар на кратко...
     
    На Dulceee, moliv4e, Hkikica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    СДК ме фаќа носталгија за гимназијата веќе. Можеби класот не ми беше нешто најсјано, ама сепак. 4 години сум ги поминала по тие скали, ходници. 4 години караници, сложување, бегање од часови, учење, неучење. Кафиња, мафиња по цел ден, па 4та година бевме :D Па класната која ја нервиравме секој божји ден :D
    Сега нови луѓе, нови запознавања. Различни карактери. Повеќе учење, помалку слободно време :)

    http://www.youtube.com/watch?v=OGyh2QIn ... sults_main
     
    На butterfly33 и Adi888 им се допаѓа ова.
  6. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    СДК дека ги мразам карактеристиките кој доаѓат со ПМС от .Еве треба да ми дојде , јас за без причина плачам , нз едноставно солзите сами излегуват од мене.Нити се скарав ниту ме навреди некој , нз се осеќам како ни на небо ни на земја.Инаку јас и така сум емотивна ама ова веќе е претерано.Само сакав јавно да си кажам како се чуствувам.. :|
     
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Конечно крај на летово, конечно.
    Крај на спиењето по цел ден и пречекувањето на сонцето наутро, крај на долгите телефонски разговори кога е досадно доцна во ноќта, крај на прскањето со црево како да сне мали деца, крај на сите милионски досадни бубачки, крај на убавите моменти поминати со најсаканите, крај на одморот (во кој прочитав само 2 - 3 книги, како не ми е срам), крај на прошетките на плажа, крај на блузички на кратки ракавчиња, крај на се, но не и на нашата љубов.
    Таа стои и ќе остане во секој сон, во секој зрак на сонцето, во секое Ало во разговорите, во секој лет на бубачките, во секоја водена маичка и секој млаз на водата, во секој лет на бубачките, во секој момент во мојава глава и во моево срце, во секој пат по кој чекоревме, во секој ден од распустот, во секое камче на плажата и во секоја школка, во секоја маичка - ќе останеме заедно, да постоиме. Ќе го чувствувам твојот мирис што и да направам.
    Но, не гледам се така црно во крајот на летото, напротив гледам една светла точка на сето тоа.
    Ја гледам светлината на крајот на тунелот, а тоа се новите искуства во 2 година средно, моите идни мудри размислувања, повеќе книги прочитани и дружбата со моите пријатели во училиште.

    Можеби сум во онаа мала група на луѓе, но навистина го обожавам септември. Го обожавам фактот што почнуваме нашколо, го обожавам мирисот на книгите што ќе ни ги дадат, го обожавам што почнува есента, почнуваат дождливи денови (ќе се шетам со дречлив чадор) :mm:, го обожавам поради тоа што е прв месец после долго лето, ГО ОБОЖАВАМ ПОРАДИ ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН, УТРЕ ВО 2 ГОДИНА !
    http://www.youtube.com/watch?v=rQqwG_rQx7A
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Септември ни дојде со сите негови убавини. Во последно време му се радувам на секој нов месец. Секој е толку посебен и различен на еден или друг начин – како нова страница од книга. Оваа година си го пречекав во релаксирачка атмосфера без обврски околу училиштето или факултетот. Сериозно си го сфатив одморот, така да максимално се одморам, собирам сили за новата студиска година. Многу убаво. Периодов се полнам со инспирација од се’ она убаво што ќе го видам или прочитам.

    Цел ден си потпевнувам и си ја хранам душичката со позитивни мисли :music: :sun: Среќа што барем тоа не е висококалорично и не ти создава проблеми со масата :P .

    So I won't hesitate no more, no more
    It cannot wait, I'm sure
    There's no need to complicate, our time is short
    This is our fate, I'm yours


    За утре веќе си имам некои планови кои треба да ги исполнам. Лесно ќе беше, како со магично стапче да се остваруваа сите замислени идеи. Лесно, ама не и интересно! Свиркајте си!

    http://www.youtube.com/watch?v=EkHTsc9PU2A

    [​IMG]
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Всушност, на фемина не има повеќемина што ја ОБОЖАВАМЕ есентаа :)
    Ах, тие златни бои...
     
    На Hipster, Cherry03, MandyLane и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Јас бев the girl who was waiting for the storm that never came.
    Буквално.

    Сигурно сте ги слушнале муабетите од пријателка или познаничка која е во врска подолго од шест месеци : Ах на почетокот е секогаш убаво, почекај после 5-6 месеци да не праиме муабет за после година ил две, ништо нема да биде исто, се опуштате, не е више таа страст, те испраќа од кај него до кај тебе дома иако има 60 минути пат одење натаму и назад?! почекај ни до врата нема да те испраќа, ќе оладувате, ќе се карате за ситници, па чекај на одмор кога ќе отидете, 10 дена заедно 24 часа со таа личност ќе си сметате ќе се рчкате, еднаш сигурно сериозно ќе се закарате.

    Се преслушав од вакви муабети и си всадив јас некои мисли дека секоја врска веројатно е ваква, јас која предходно сум немала врска подолга од година незнам (сега знам дека не е така), сигурно знаат повеќе од мене, сепак искусиле, а и не една ми го кажала истиов муабет.
    Преоптоварена чекав и чекав да се случи нешто. Ништо. Почнав да ги пропуштам малите убави моменти поради мојата преоукупираност да се случи нешто такво. Ама ставив крај на време!

    Секоја врска има подеми и падови. Ние сме тие што одлучуваме како ќе се одвива текот. Еј, нормално е да се срчкаш со дечко ти за нешто, никогаш не сум го сметала тоа за нешто сериозно. Дали и они се расправаат за истите работи што и ние ама место по малата раздразнетост да завршат со срамежливо потсмевнување, страстни бакнежи и неколку гушки, завршуваат со сингл статус на фб, вриштење по телефони и спуштање слушалки.

    Не ми цветаат рози и не летаат пеперутки секој ден, ама не е ни трње и кал цело време. Кога самите дозволувате да испуштите некои работи од раце, не им велете на другите дека секоја врска е таква.
    Во врската не се вложува само првите неколку месеци, па после пушти, како тече нека тече.
    Не, во врската се вложува секој ден, секој ден од живот, исто како и во бракот. Се гради секој час, секој ден, секој месец, секоја година, се до крајот на животот.

    Денес сум крајно изреволтирана од песимистички настроените личности, и од утре планирам да шетам со знакче да се држат понастрана од мене, ако треба и на чело ќе си пишам.

    П.С.
    Знаеш дека те сака кога е страстен фан на Манчестер а ненајдено ќе те изненади со еден ваков поклон :
    [​IMG] :l:



    http://www.youtube.com/watch?v=wOZdEi6OtC4
    :inlove: :$ :l:
     
    На MandyLane и kravce им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Пробав да сум црвенокоса и не ми успеа. Е ќе плачам! Утре одам на фризер да ме доправат, па црвена се сакам. Него кога ќе подразмислам не знам дали ми е паметна идеја, да не биде после - Леле бе па со црвенава коса се ли ми оди? :rofl: :rofl: Овој циклусов месецов ме поремети.

    Треба во 6 да станам, а јас дали и ќе легнам до тогаш.
    Ми рекоа еден ден одмарање ама кај мене излезе замарање.
    Сестра ми си гугутка по телефон, а јас ја лакирам :lol: Е кај го има ова? Кој ја има најдобрата сестра на светот? Сестра ми!!!!!!!!! :wasntme: :rofl: :rofl:


    П.С. многу сакам луѓе кои кога се насмевнуваат ги покажуваат забите. За мене тоа е искрена насмевка.
     
    На Hayley, Artemission, Cherry03 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Многу пати ја отварав темава и сакав нешто да шкртнам чисто онака, за старите добри денови кога бев редовна овде ама толку испосецкани глупи и недовршени работи ми се дешаваа што едноставно...немав што да кажам.
    Денес, после неколку месеци конечно имам што да кажам! :)
    СДК дека конечно сум среќна и сум во своја кожа ама стварно сум среќна. На моменти мислам дека ќе одлетам ко пердув низ воздухот ако не се држам за нешто. Ми се средија тие домашните грижи, ме примија на факултетот конечно и последно и многу важно сум со човекот што го сакам!
    Во сите тие месеци што го зборев и зборев и мислев на него и го барав и кршев штикли и нозе за да го видам низ локалите каде тој ме носеше..јас не знаев што се случува со мене и не сфаќав зошто по ѓаволите ги правам сите тие работи.
    Се просветлив едно утро псоле излегување кога во 4 сабајле му вртев пред куќата за да видам дали колата му е во гаража за да можам да заспам мирно.
    И дечки.. засукав ракави, стегнав заби му пишав и работите тргнаа некако.
    Сега ми е толку убаво и толку многу се заљубувам што дури страв ме фаќа.
    Како и да е, се што знам е дека тој човек е за мене и дека е мој и сакам така да остане. Спремна сум да ја одржувам врскава и да правам компромиси до бескрај пошто во оваа врска запознавам една страна од мене за која не сум ни знаела дека постои.
    Сакам да трае, тоа е се што сакам!
    Некако ми нема логика сето ова што го пишав и не знам колку е сфатливо ама... тоа сакав да го кажам.
     
    На Springy, tweety26, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    :!: Сакам да кажам :!:
    вчера направив фејсбук на фирмата после толку време од што бев изнервирана :envy:
    си направив фејсбук........ц ц ц :$ :D
    нема веза и онака ми требаше :up:
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.457
    Мене светот ми застана во моментот кога го видов. Но никаде не ми застанаа амбициите од кои по малку се плашам,но храбро ќе ги зграбам. Имаше многу опции,имаше многу вистини,имаше многу кои ми ветуваа своевидни Таџ Махал некаде по патот во име на љубовта која ја чувствуваа само додека сакаа силно да ме стиснат за половината и да отпловиме,но никогаш не дозволив чудото наречено достоинство и кренат нос да се погубат самите пред себе.
    Викендов,под силна температура и многу растечени носиња,јас си ја пронајдов смислата зошто ја газам земјава и сто пати би ја бакнувала. Не носам посебна убавина,ниту посебен ум,ниту посебно прекрасна душа, но прекрасно ми е затоа што токму знам што сакам,токму знам кого сакам да примам во мојот свет кој никогаш,ама никогаш не е мирен. Другар ми што би рекол, среќа што те знам,да бев поблиску ќе сакав да сме си вечност,затоа што утринско кафе со тебе значи кулминација и лулање на бесконечни чувства кои значат лошо и добро утро,да не можам да се одлучам додека те гледам низ црвеникаво-костенливи прамени како што те памтам,жими очи тоа го вели. Со што ги заслужив овие прекрасни луѓе околу мене,навистина,навистина се прашувам. Како јас нив ги гледам низ овие диви прамени додека се смеам гласно и си велам сто пати-ве љубам колку и себе,често и повеќе,но не сакам да дознаете за да не ме здоболи.
    Имам тројца,вистински мускетари,каде јас сум четвртиот како и во вистинската приказна. Едниот ми го чува срцето и душата,вториот достоинството,а третиот разумот. Сите еднакво посакувани од некои кои мислат дека само егата ги прават светлосни години одалечени,без да знаат дека не е егото во прашање,ами нивната потреба да бидат со нив. Некако па и жал ми е,но ... сите заслужуваме се што го добиваме по плеќи како камшик. Еден е само рицар кој во одредена иднина би извикала силно ДА на секое прашање...
    Мојот круг некаде заврши. Следниот е ... јас и своите борби, што се однесува до луѓето,целосно сум освоена и можат да земат мое се,јас немам што да изгубам кога речиси знам која сум,зошто сум и што сакам,што ме прави среќна. Навистина чувствував дека сега е времето.
    Со 51 килце и не знам колку литри алкохол во себе последниов месец,со повод, со гради кои можеби го свират и пајдушко,а можеби и тешкото,утре ќе станам и силно ќе згазам говорејќи која сум.
    Драги родители,ви благодарам за себе и ова што ми чука во гради. Попрекрасни не можевте да бидете... Мои прекрасни луѓе,ви благодарам што постоите и што ве сакам колку што ме држат душата,градите,срцето... Секој ден дишам за себе за да можам да дишам и за вас и при тоа знам дека е обострано.
    И додека мислам дека светот се врти и без мене,како и сите на планетава,додека забрзано срцето ми чука и ви чука,верувајте дека светов е толку многу голем,за да би го освоиле треба да бидете сами,во изолирана подземна просторија во која ќе правите мега револуција...Да,а не на Тајм Сквер или на плоштад Македонија по локалните кафиќи....ете тоа е иронијата на нашиот живот... Оние кои прават револуционерни дела најмалку уживаат во спектакалот наречен живот... и најмалку се прашуваат дали светот живее повеќе од нив самите.

    Едно знам,силно љубам.
     
    На JuLleE, Cherry03, Miss-Independent и 12 други им се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Лузните се доказ дека борбата била тешка, а насмевката, е таа е доказ дека си победил!
     
    На lunicka, Divinebutterfly, ViktorijaMari и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Менувам еден трети септември, за еден седумнаесетти од истиот. :D

    Не, сериозно.
    Мразам нови почетоци, не обожавам непознати (и непроверени) личности, ме ежи самата помисла дека наближува периодот кога одговорноста ќе треба сама да ја превземам ... :tmi:
    Дури на моменти си велам - Мишела, дај не ме зафркавај, немаш шанси! :doh:
    Имам трема, ко да ќе треба да пропеам пред мал билион луѓе, а знаете, јас не обожавам да „пеам“ пред луѓе. Непознати луѓе.
    Ама ако, ќе се привикнам, иако мразам промени. Било какви.
    И да, веќе ми фалат деновите кога си бевме пресно заљубени со лепи мој, па си се пречекувавме од школо, пут под ноге и на јадење, кафе или прошетка наоколу. :wasntme:
    Море, да мине годинава, па ќе одиме во полн состав и со полна пареа надаљак.
    А до тогаш, ветувам дека неуморно ќе чкртнувам наслови од „скромниот“ список на книжулиња кои мораат да бидат прочитани.
    Периодов не сум ич расположена, ме маваат носталгии, дури и неретко се случува да го отворам прозорчево, да пишувам, пишувам и на крај фино лепо да си мавнам Х. Онака, мрзоволно.
    Друг пат ќе исправам криви дрини и ќе искривувам прави *незнамшто*.
    И денеска сум прав Гарфилд. :yawn:
     
    На Cherry03, MandyLane, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Мене па ич, ама ич не ми фали средно. :^) Дали класот не го сакав, дали класот не ме сакаше мене, дали обострано беше несакањето, не знам. Понекогаш им завидувам на тие што имале топ помин во средно, јбг, ние бевме таков глас, глуп и туп, змијарник и кокошарник, во кој секој гледаше за штета на другиот. |(

    Не се согласувам кога ќе речат дека средно се најубавите години, јас од лично искуство тврдам дека моментално овие години се најубави. Овие моиве де, 19, 20, кога проживуваш се живо и диво. И одговорно тврдам дека тие што ми тврдат оти се изживеани откако завршиле средно - не се. Што си поминал ти бре брате до 18 години, уште легално не можеш алкохол да купиш (мада што, има начини) или да влезеш како човек во дискотека или се тресеш кога мине Полиција после 12, и ти си изживеан. Нема начин на кој можеш да изживееш живот кога уште си под закрила на мама и тате и зависиш од нив за секоја можна одлука, живееш со нив и не знаеш ни една уплатница да пополниш во банка, не знаеш да отвориш ни едно тегло ајвар (првото отворено тегло ајвар е знак дека си пораснат :!: ) кога е ужасно и страшно ако некој те испофаќа на прв состанок а чувај Боже за више, кога едноставно, имаш крилца, ти пораснале, ама врзанки ти се. :D

    Мислам дека за едно 20 години а може и помалце, ќе кукам и ќе жалам за долгите, мрзеливи лета, кога денот е ноќ, а ноќта е ден, кога пиев спешл мејд дабл трабл текили :D , коктели изголтав за цел живот ова лето, кога се влечев на клупите во градов, кога сфатив дека журката е таму ти каде што ќе си ја направиш а не таму каде што се сите... Ех, ова ми е едно од последните такви лета, лета кога ти е убаво, си правиш да ти е убаво и интересно. Дружби, седенки, смеи, зезанции... Времето оди и не се враќа. :) И не прочитав летово ниедна книга, и не изгледав до крај ниеден филм, едноставно, баталив се, правев само тоа што ми се правеше. Лежев, медитирав, уживав, си леткав со паметот. Некој може така цело време, зошто јас да не можам летово? :D

    Наскоро, за 10тина години ќе станеме сите намќори, ќе зборуваме за вереници/сопрузи, бебиња, пелени, работа, кредити. Не дека сега немаме грижи, секој со својот товар, ама пак имам бе некоја безгрижност, некој младешки оптимизам и не сакам никој да ми го земе и не сакам да ми згасне. Си ја сакам младоста, си ги сакам годините, и мислам дека за овој период некогаш ќе викам - Еххх, времиња беа тоа. :)
     
    На Miss-Angie92, Name, Oxymoron и 23 други им се допаѓа ова.
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Сакам да си легнам,ми се спија ама ме мрзи да се мијам лице,убаво сум заседната тука,легната на кревет,уживанција, ама морам да се мијам лице а толку ужасно ме мрзи...
    Ама ај,мора и мора,одам јас,добра ви ноќ феминки,а тие што одат на школо утре со среќа нека име новиот почеток!Bay! :*
     
  19. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Колку брзо ми летна летово. Долгоочекуваново лето за кое живеев хаха. И онака не поднасам зими па што ако сум родена во зима пффф. Сакам летоо кога сонцето блеска и влева позитивна енергија. Секоја вечер шеткање на кејот. Пиење кафенце и дружење. Многу ќе ми фали летово. Барем се одморив и си ги наполнив батериите за последната година во средно. Сега сум матурантка 8) . Се чудам како толку бргу ми поминаа овие четири години. И оваа ќе летне и тоа многу брзо. Како вчера да се запишав. А ме фаќа скоро истата трема како првиот пат. Не баш трема. Некое чудно чувство. Возбуденост и тага истовремено. Од една страна сум возбудена што скоро завршувам средно а од друга страна што ќе се разделам од некои драги пријатели. Не велат за џабе секој крај е нов почеток. Се надевам дека и на факултет ќе најдам драги пријатели како и овде. Ама сепак ќе ми фали средно ( и основно). Не е истото.
     
  20. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    На thelittle17 и pamelche им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.