Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Би се надоврзала на постот на Шелеа.
    И кај нас, на школо, има едно момче, 4та година, со мали заостанувања во разумот. Често има напади и чудно се однесува, вика, прави бељи... Но, со текот на времето нашите професори го научија и сега знаат како да го вратат и како да се справат со него во тие напади.
    А добар е, многу добар. Со сите се дружи, никогаш не се лути на никого иако нема кој не го исмева.
    Денес, денес го истепаа. Негови соученици. Лицето цело му беше со крв.
    А знаете која мерка ја презедоа професорите?? Опомена од директор!!
    Само толку!! Ми дојде да врснам!
    Заслужија барем бркање. Денес тоа му го сторија нему, утре некој нормален ќе претепаат.
    Ама тоа е...нема правда на овој свет!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.442
    Сдк утрово беше повеќе од прекрасно. Поминав два часа со прекрасни луѓе од кои животот им го прочитав од очите и научив што е единица мерка за вистински успех,а и колку е тенка жичка на балансот. Добив повик кој да бидам блага,со својата реакција,почнав да скокам на сред улица додека од другата страна ми зборуваа...прекрасни работи кои би требало денот да ми го направат прекрасен.
    Но,кога ќе си ја ставите душата под закуп кај ѓаволот...комплетната среќа отпишете ја од списокот. Пред време изгорев во недоречености и нерасчистени сметки. Ми ја сруши целата среќа еден мизерен разговор кој веројатно го прават само прости луѓе.
    Замислете го мојот свет изолиран од некој друг свет и за него сум равенка со 1000 непознати,затоа што јас така одбрав,но сеуште гребе по површината,а јас не се давам....тешко е кога луѓето не знаат...
    И на крајот,никој нема да те заштити освен ти самиот,ниту го очекувам тоа,особено не кога одбрав самата да направам повели,ова сум јас,но изгледа како погрешен избор повторно.Ама шта ќеш,животот е војна со многу борби...оваа е соседска расправија.
    Нешто ми е сосем сигурно,од денес ќе им верувам само на лудите.
     
    На MandyLane, caroline.costa, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    I really feel
    That I'm losing my best friend
    I can't believe
    This could be the end ......
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Денес не сум Росонерка, имам ново име Наивна. :|
    Е така, ако ми е, за памет, секогаш ги гледам позитивно луѓето, се трудам да им излезам во пресрет, посебно на пријателките, а за потоа да добијам грб од нив, па уште и се прават на тошо, кој јас ма неее?
    Избришана си од тевтерчето на пријателки, слободно може да комуницираш со мене, но само службено, како што и доликува.
    Јас па уште ти објаснувам сабајле, те бранам, за ти потоа да си играш играчки.
    Ако ако, се се врти пријателице, се, кругот е сега твој, ќе има и спротивна страна, ќе ти мавнам и ќе ти се насмевнам, иако нема да биде онака цинично како ти што правиш, не сум таква, фала богу сум воспитана добро за разлика од тебе и ги ценам пријателките и другарките ако ништо друго.
    [​IMG]
     
    На FortuneTeller.xD, teddybear, Strumfeta93 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Значи колку сме брзи кога сакаме некој да навредиме ние луѓето тоа чудно едно.Паркирало едно чоече сред една тесна уличка,ама ја блокирал цела кутриот.И застој,нема кај да врват пешациве.Е сега застојот траеше нецели 2 минути,а колку невкусни зборови му беа упатени на шоферов чудо едно...па бил смотан,па незнаел да вози,па пцовки.Трпение златни луѓе,трпениееее.
    А кога треба некој да се пофали никаде не нема. :devil:
     
    На Divinebutterfly, zhap4e и rossonerka им се допаѓа ова.
  6. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Швркната сум.


    Ај што го гледам цело време, ај што го меркам ко ненормална.. уште ова ми фалеше да го умрам детето. :lol:

    Тиквар.
     
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    СДК дека денес ми го преплавија маилот со огласи и сеуште се трудам се' да постирам во соодветната тема. Епа кој е заинтересиран, бујрум на работа :)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Нема поубаво чувство од моментот кога наоѓаш сила во себе да им простиш на некои луѓе, да се помириш со текот на работите, кога спомените веќе не предизвикуваат болка, туку радост за доживеаното и лекција од која може да се научи. Не, нема ништо подобро од сознанието дека луѓето кои те повредувале повторно и повторно, веќе немаат никакво влијание врз тебе. Ништо подобро од чувството на рамнодушност за оние за кои некогаш би дале се, а не заслужиле. И ништо почовечко од простувањето и наоѓањето мир во себеси.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Hiii, teddybear и 15 други им се допаѓа ова.
  9. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    зашо мене некад не ми тргне се како што треба.. знам дека се ќе биде добро нешто внатрешно ме влече, ми кажува дека сето тоа се само краткотрајни тестчиња што ми ги правиш, ама јас не сакам вака, знаслужив и јас да бидам среќна кога јас сакам, а не од кога ќе се изнаслучат секакви глупости, кога ќе се изнаслушам и поминам тешки моменти. те сакам сега тука да си покрај мене, да ме топлиш како што знаеш само ти :( :(
     
  10. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Сакам да кажам дека денеска ми е слава. :)
     
    На zhap4e и Rubiii им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Пак јас. Пак да мрчам.
    Всушност, приметив дека само за мрчење и ја користам темава. :D
    Треба да си отворам една тема „Сакам да промрчам“ и само јас да си мрчам во неа. Себичност бе, ако ми промрчи друг, ке мрчам зашто ми мрчи. Иронично, зарем не? :D
    Туку, си разгледувам дати за концерти од некои странски изведувачи и зачудувачки е како при Европска турнеја во големи размери го заобиколуваат Балканов, како да имаме шуга, туберкулоза и вошки.
    Па одеднаш ми светнува...кој пак всушност ке се појави на нивен концерт? Што заработка ке имаат од нас кога на концерт ке се појават двајца без тројца? Повеќе пари ке дадат за превоз, храна, ефекти и останати потреби на ѕвездата и персоналот, отколку што ке заработат од Балканецот.
    Колку воопшто ние и знаеме и цениме убава музика па да отидеме и да уживаме во такво нешто?
    Вкус е да. Ама е**ти вкусот ако за Цеца и Аца можеш да лупнеш 1000 денари, а после ко изгубен вол прашуваш кој е *рандом светски познат и успешен артист*, притоа коментирајќи дека е тапа иако врска немаш ни што жанр пее/свири и дека не ти се фрлаат пари на него туку дека ке си ги чуваш за биртија. Комедија бре. Не...трагедија. Всушност, ни сама незнам како да ги класифицирам.
    Друго, на секој сајт што ке го отворам се мрчи за Биберче, пропаднатиот „брак“ на Кардашијан, новото и „зачудувачко“ пијанство на Кеша, во брејкинг њуз ми се смеши отепаниот од Твајлат, а никаде никој не спомнува дека денеска се навршуваат 20 години од смртта на Фреди Меркјури и да му оддаде барем мала почит за она што постигнал во музиката. Да бе, па педер бил и што? Денешниве артисти се милион пати поголеми педери па женчиња секојдневно кубат коси и сечат вени по нив.
    Или е до светов, или јас сум се родила во погрешна ера.
     
    На BeYourself, tigerlady, MoDeRnA и 5 други им се допаѓа ова.
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    4.768
    Едит:
    Вечерва ми мириса како на снег, се надевам ќе заврни ;)
     
    На cinderella5, FortuneTeller.xD, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  13. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Ова не е мојот последен пост.
    Ова не е мојата празна шолја чај.

    Јас не работам од 7 до 23.
    Јас не љубам лудо, и не го губам мојот загрижен ум.
    Во мојата соба, јас не лечам сипаници.

    Прашувајќи се дали живеам брзо, или пак кога последен пат сум јадела, се уверувам дека се‘ е помалку битно од она за кое живееме, сонуваме, се трудиме. И дали би требало да се запрашам дека залудно се трудам и го трошам моето време?

    Ха, денес ми местеше интернет човек кој го завршил мојот факултет, токму мојот смер.
    Знаете каква утринска демотивација е тоа?

    Денес, открив дека на неполни 5 минути растојание од дома, има прекрасно мало фурниче од каде се печат најубавите симит погачи евер. И денес, дознав дека тоа фурниче веќе е тука 5 години.
    А јас каде сум била, карајќи се со оние фурнаџии кои покрај тоа што ми го одрале џебот, расипале апетитот, туку практично ме затруле?

    Денес прочитав мејл, дека сум повикана на интервју за пракса, закажано токму овој ден, слободно можам да се изедам, затоа што не сум прочитала неколку часа порано.

    Денес правам услуги на оние што дугачко ме напињаа, и нормално, затоа што бев под таков напон, дури и не заборавив дека треба да завршам нешто. А јас со мојот ненаметлив карактер, каде? Да не ќе станам лидер, без да досаѓам на некому? Пфф. Сигурно ќе ја добијам посакуваната пракса.

    Јас не мислам каде ќе излезам викендот, или пак што ќе облечам. Да ме спукува она женсконо, поздравено од Дарио, се случува ретко, преретко.
    Не ме возбудува ни Нова година, ни први Мај. Ниту најновиот филм во кино на кој сите им е хит, ниту уанабе комичарите. Ниту кој е премиер, а кој претседател. Ни од каде доаѓаат, ни зошто дошле, ни што ќе направат.
    Јас се плашам да не ги изгубам своите вредности, и да не го одберам погрешниот пат, пропуштајќи ја дадената оптимална можност. Се плашам да не ми пропаднат сите сонови, не се плашам да ги сонувам и да ги остварувам. Се плашам да не ги пропуштам сите тие убави работи, кои можеби не се случуваат токму на Нова Година, но ќе се случат тогаш кога мојата индиферентност ќе ја совлада и победи околината.

    Но кажале, од тоа што најмногу се плашиш тоа ќе те следи. Се надевам дека нема да ми излезе некоја змија од под кревет. Или од тоалетот.
     
    На bittersweet, angel92, WildCherry и 17 други им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.815
    Допаѓања:
    25.453
    Пол:
    Женски
    Срцево ми чука како лудо, затоа што сум во исчекување на резултатите од последниот колоквиум.. додека го пишувам ќе ги дознаам...

    Уствари дојдов на темава за да кажам нешто, ама ми летнаа мислите од возбуда. Не знам што ми е, ко да се работи за прво полагање...

    .
    .
    .
    .

    Иииии........ Едитирам за 2минути. Држете ми среќа..

    ПОЛОЖИВВВВВВВВВВВ, ЈЕСССССССССССССС!!!!!
    Аххх, и официјално 6 од 6 колоквиуми положени.
    Фала ти Господе, каков камен ми падна од срцево...

    :dance: :party: :dance:
     
    На Cynthia, mamita, WildCherry и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Иако сме 24ти ноември, студов и неколкуте накитени излози во мојава околина, ме натераа да почнам да размислувам на елката, предпразничната трчаница и еуфорија низ градов, на многуте дедомразовци, китенките низ домот, па така во фаза сум на осмислување на овогодинешнава декорација во мојот дом.
    Искрено, повеќе се радувам на тие фази и моменти, отколку на самиот чин на 31.12.
    Доказ- мојот аватар, во духот на атмосферата во главава :D
    И да, сакам снегче!!! Белило и чист воздух, гради да ти исполни со свежина и спокој.
    Да, да!!!
     
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Луѓе плачам бе плачам ;( .
    Само што видов на телевизија дека труењето на животни земало се поголем замав и призорите кои ги видов беа жални и трагични.На кој му пречат животните? Како луѓето немаат жал па си иживуваат врз нив? Зошто некој не преземе нешто?
    Какви суштества сме ние луѓето? Покажуваме сила на послабите и беспомошните,кои не можат да се одбранат.Страшно :x Затворска казна за таквите луѓе.
     
    На starbucks, Gordana10 и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Секое правило има исклучоци.
    Во секое „храбро“ се крие трошка страв.
    Зад секоја претпазливост се крие малку несериозност.
    Да се биде тоа што си, без дамки на себе, лаги и измами е уметност,
    слобода да креираш без став, било што.
     
    На julie77, MissSpark и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Ви кажав дека одлучив да поправам оценки? Ви кажав дека прво по македонски ке ја поправам? Ви кажав,ви кажав..... :lol:

    Епа да. Ја поправив оценката по македонски,но не запирам тука.Продолжувам и со другите предмети..
    Решена сум и озбилна сум.

    -Порано многу ја пеглав косата и од еднаш ми светна сијаличка и кажав - веќе не ја пеглам! И така и бидна.Оттогаш ја немам испегнално ниту еднаш,а помина 3-4 години...
    И една другарка ми се чудеше како можам да кажам дека не ја пеглам и навистина да не ја пеглам и да си ја заштитам косата и сочувам..
    -Кажав - веќе не се дружам со тоа друштво,не е добар пример за мене. Така и бидна, оттогаш само на едно здраво сме и ништо повеќе.
    -Порано седев до доцна на компјутер за џабе и се нервирав што секој ден се будам после 12 часот. И решив да си легнам порано и да си стана порано... Така и бидна (освен некогаш кога немам обврски па си седам доцна) :lol:

    И заклучок од сето оваа е дека сум решителна и упорна. Тоа е добро :!:
     
    На LivingGlam, Strumfeta93 и angel92 им се допаѓа ова.
  19. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.037
    Дури трчаш по сенката ќе ти бега, сврти се ќе иди по тебе ;) многу паметно кажано !
     
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ги читав постот во СДК на Дузи и сакам да и дадам предлог да отвориме здружение за луѓе кои сакаат да учат. Голема е веројатноста дека ќе не прогонуваат, ќе не гаѓаат со камења и средбите ќе ги одржуваме во тајност во училници, бидејќи само таму со сигурност нема да најдеш студенти.

    Јас искрено не можам да сфатам што подразбираат некои луѓе под поимот Студент, ама очигледно учење нема допирна точка со истиот. Како бре сакаат еден ден да станат некој и нешто ако не знаат апсолутно ништо. И што е најтрагично, те прават будала во здрав патем како тоа тебе ти текнало да учиш и од каде имаш најмногу поени. Страшно неблагодарни суштества газат, да не речам се влечкаат по земјава.

    Come on geeks, raise your hand up!!!
     
    На bittersweet, Lady-Cha, FortuneTeller.xD и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.