Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Леле тие очи... Ќе успеам ли некогаш да ги заборавам?
    Лузната во мене не ја снемува.Всушност, не е лузна сеуште.Рана е, исто толку боли како првиот ден. :|

    Не пишувам јас, туку алкохолот во мене.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не знам зошто, ама многу ми е убаво.
    И ова школово некако, што знам. Не ми е толку мака. Сепак ќе има дружење. А и многу ме интересира да видам какви реакции ќе има на тоа што пола ме нема. :D
    Ептен беше кул и опуштен распустов, штета што заврши од една страна, ама па од друга и добро е, зошто ептен се распуштивме во буквална смисла на зборот. :D
     
    На Glossy-girl и pamelche им се допаѓа ова.
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.827
    Пол:
    Женски
    Гледам како се разденува.
    Чудна боја добива хоризонтот, нијанса на портокалово- црвено, помешано со сивилото на ноќта.
    А некаде низ дрвјата срамежливо ѕирка една улична светилка.
    И автопатот, таму подалеку.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Среќен почеток на новата учебна година :*
     
    На Anja98, Glossy-girl и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  5. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Го паметам моментот кога за прв заминавме на училиште, кога за прв пат го слушнавме училишното ѕвонче .. Не носеше дедо ни, и јас и сестра ми заедно, фатени за раче една од една страна, друга од друга страна, носевме торба, од оние коцкестите, на неа имаше некои сликички од цртани филмови. Беше полна со нови книги и тетратки. Дедо ни не држаше за рака и не носеше на училиште. Стисокот му беше јак, а одот јако брз.

    Незнаев што се случува бидејки нозете ми висеа од столче а беше превисоко за мојот раст , :D седејќи во клупите за прваче... Имаше премногу луѓе, деца, професори, родители.. нови лица, нови луѓе, ново опкружување... сето тоа беше само еден момент... Толку мал од нас, а со толку големо значење!
    Еден момент е врежан во моето сеќавање, од особено значење. Веруам и на многу други. Моментот кога убавото момче ни се насмевнало од соседната клупа!она истото кое што и нам ни се допаѓало.. :$ Ефектот кога сме добиле пеперутки во стомакот!- Нашата прва љубов!

    Со иста толкава возбуда почнав да одам и во средно, минаа години и години и завршив. Испаднав од училиште со кои што ги поминав најубавите школски денови. Стапнав надвот од училиште и сфатив дека таа приказна заврши... Бев зелена во мозокот, незнаев што да правам, а пред мене беа едни од најголемите предизвици во животот!

    П.с Им посакувам среќа на сите кои што денеска почнуваат со школо! Да носат добри оценки , да не ги разочаруваат родители. Бидете добри.

    П.с.с доста филозофирав, одам на работа, поздрав и пријатна работа на тие што работат!
     
    На srcekrsacka и pamelche им се допаѓа ова.
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    НЕ НЕ НЕ НЕ НЕ!!!!
    Не ми се оде нашколо!
    Неќум да трпам уште 4 години малтретирање. Ноу тенкс!
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.959
    Допаѓања:
    123.543
    Koлку бурен викенд,уште не можам да се средам.Не ни помислив дека еден викенд би можел да ми донесе толку многу моменти,негативни нели,јас веќе оддамна не сум имала нешто позитивно.
    Не бев во Мкд,па едвај чекав да му се втурнам во прегратки и да се изнаплачам саглам,не ми треба збор да ме утеши,само неговата цврста прегратка.Едвај чекам да ги видам моите,само да поминам ден со нив па да бидам како нова.Едно и единствено богатство.Не вреди за ништо на светот да се замени.Затоа ми се гади од оние кои не ги ценат своите.Па не знаат што е најсвето на светот! Што е суштината на животот.Вечно незадоволни,биле вакви онакви,а што им овозможиле да се школуваат и благодарение на тоа да работат,тоа ништо? Ваделе од своја уста за ти пратат за излегување,за книги,за стан,за сметки за јадење,и нечинеле? Биле сиромашни,не знаеле да се облечат те брукале пред свекор ти и свекрва ти,се задолжиле за да ги пречекаат на ручек,со цела листа јадење што да се купи,каков чаршав да се намести,какви чаши,чинии и прибор да се купат ,како немаш грев ма :puke: Ако те срамеле,сега пошто си од фамилија,помогни им и ти малку :fubar: Не ми с е верува,ама велат Господ гледа,и знам дека е така.
    Во какви чудовишта се претвориле луѓето заради парите па да се гази врз своето :puke:
     
    На happygirl, bittersweet, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Caitlin

    Caitlin Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    26
    Школо..Не не и не :fubar: Доста ми е од наставници преку глава ми е од нив.Пак сеа да го малтетирам мозчето :doh: 3 месеци ко 3 дена 9 месеци ко 9 години |( Само шо трепнав ете ти го 3 септември :@
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Јас, за многу од вас тета Луничка,( :envy: ) на сите кои денес поаѓаат на училиште ви посакувам успешна школска година.Сакам да ми ветите дека ќе бидете редовни во учењето,дека ќе стекнете барем 2 нови пријателства, сите што талкате да се пронајдете себе си,сите што бараат љубов да ја откријат...само убави нешта нека ве следат ...и не сакам никој од вас да се почувствува како странец во одделението/класот...главата горе и во нови победи :geek:

    Вака можам до утре да дрдорам.Си наликувам самата себе на тв шоп,кога набројуваат што се можете да направите со нивните производи и на кои се места може да ги користите (на кампување,во автомобил,додека косите трева,медитирате, ама застанете тоа не е се!Доколку ги повикате веднаш ,како подарок ќе добиете потоплно бескорисен предмет кој ќе ви собира прашина) :D А слободно може и да ме скролате нема никаква штета :D


    Сдк се изналајкував утрово.Мило ми е за квалитетните постови, ме подмладувате да знаете :$
    Едит-заборавив да ви плиснам вода ,со лесно нека ви е :angel:
     
    На Cherry03, eli25, Glossy-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Ни таму ни ваму :|
    Само би ве замолила за малку среќа...
    Т.е мнооогу среќа!!
    Ептен ми е потребнааааааа :( :$

    Можам, Можам, Можам, Можам, Можам ...


    Ќе успеам, ВЕТУВАМ! :hai: :hai:
     
    На thelittle17, Adi888, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    И покрај фактот што лани токму на овој ден ме трефна нешто неочекувано и немило кое ме плесна во реалноста, денес, година подоцна, јас се чувствувам среќно и исполнето.
    Минало, сум простила, па секој греши. А за тоа што минало и не може да се смени, сум решила да не се потресувам, туку да се ориентирам кон поубава иднина. И среќна сум.
    Без никаква причина.
    Часот е само 9 а јас сум одамна станата и полна со енергија.
    Си ги средив алиштата, подготвувам понеделнички појадок за мене и мајчето, три филма се веќе спремни за гледање, и ко шлаг на тортата, се изнагледав првачиња за екстра позитива.
    Сонциња изгубени. Какви се бре малечки, сонливи, збунети, едни радосни, други уплакани, сите облечени во фенси фустанчиња, фармерчиња и кошулки, ми идеше да се стрчам, сите да ги изгушкам и да им дадам чоколадни бомбончиња.
    Само што ќе ги исплашев ваква несредена ко Хогар Страшни, ама ај. :D

    И вие се жалите што морате да одите на училиште? Прутот! :^)
    Кревам рака да заменам било кого од вас, и тоа во двете смени! А вие одете повремено потпишувајте се на факс место мене и правете ми големи шолји Нес, само толку барам. :lol:
    Не сте свесни колку ќе ви фали. Ок, мене средно не ми фали зошто беа кој од кој по тапа фаци, диреци и издизотњаци без вода во очи, ама затоа душа давам за една недела да се вратам во основно.
    Уживајте и кршете нозе таму, невестево ви посакува многу успех и убави мигови.
    Единствени се, да знаете! :!:

    Пукам од позитива. И волку многу не е на арно.
    На, земете, земајте колку ви треба. А богами понеделнички и ќе ви треба.
    Ако, имам за сите. :lol:
    Чувствувам дека ќе се случи нешто убаво, едноставно знам.
    А мој ме инсект никад не лаже. Да се надеваме. :lol:
    Единствено ако не сум дотолку баксуз, па да се заречам зошто предвреме спомнав. :D
    Come on September, surprise me positively for once! :sun:
     
    На antonina, M.a.r.i.l.y.n, Miss-Independent и 8 други им се допаѓа ова.
  12. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Подај му рака на непријателот, нека осети што значи да бидеш човек.
    А бокс може? ]:)
     
    На srcekrsacka и stefigirl им се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Мина и првиот ден на школо.
    Легнав во 5, станав во 7. 2 саати спиење, браво за мене.
    Ич не сум отспана, сеа ми мафта перничето, уште малку и идам да го гушкам.

    Прва вест во школо: Ќе имате повторно италијански, не француски. :o Јеби га, судено ни е да не сме среќни.
    Втора вест: Во тренерки несмеете да доаѓате, само фармерки или панталони. Долги до глужд :!: . Тренерки само за физичко, а ти на одмор од 5 минути (некогаш и го кратат :fubar: ) мисли си дали да се пресоблачаш, или да трчаш до трети спрат да не закаснеш на час.

    Убаво и викам на мајка ми, да плати казна да не идам на школо. Штета се нема пари.
    Ќе сум ги барала овие денови, многу ми е гајле. Ќе сум плачела што не учам, и тоа ми е гајле.

    Идам сега да дочитам 20-30 странички од книгата, па на спиење. Со нови сили да идам утре на школо.

    Сабајлево накај школо бев ваква:
    [​IMG]
     
    На M.a.r.i.l.y.n, butterfly33, Cacy и 2 други им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК само што дојдов од школо,распоредот на часови ни е катастрофа-и+утре од 12,15-Во најжешкото -.-...
    Ама тоа ти е.Последна година со моето одделение,па мора да се издржи :)
     
  15. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, дека сум задоволна од мене, од класот ама сум разочарана сум од оние од 2 година. Не сакам бе во иста смена со нив да сум ;(
    Ама класот ми е арен ]:)
     
    На Anja98 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.443
    Луѓе со ранети личности,ве молам скините ми се са курца. Не ги правете вашите недостатоци во карактерот,МОИ или нечии други. До вас е,не знам како да ви кажам...
    Драги останати луѓе,не дозволувајте луѓето кои вас ви кажуваат што ви недостига да помислите дека навистина нешо не е во ред со вас,ако тоа нешто не кореспондира со вашите убедувања и рамки на удобност,до тогаш,можат фино да се поебат самите себе. Фала многу и пријатно.
     
    На antonina, Cherry03, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.276
    Пол:
    Женски
    СДК декаа се разо4арав ќе ми фалат де4ките од 3та али јебига со 4та ќе бидат во смена.. :?:
     
  18. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Kaко бе тоа не сакате да одите нашколо? Јас знам дека образовниот систем не е убав, има дупки во наставните планови, ама во принцип се учи и се добива знање. И сфатете дека не учите за професорите, туку за вас. Океј, не ме интересирала хемијата или пак бизнис, ама никогаш не одбивав да знам нешто повеќе. Ако ви фалат уште информации, ете ви енциклопедии и интернет (особено интернетот кој ви е бесплатен). Ах, вие барем сакајте да учите, другото е лесно...

    и... добро утро, на сите. :sun:
    http://www.youtube.com/watch?v=hI5ZeC7vecM

    :coffee:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    И после долго време се разбудив наспано, излегувам на тераса а таму ме чека кафенцето, седнавме со мајка ми и полека со разговор го пиевме.
    Прво се чудев зошто е толку мирно во куќава, после ми светна: Па сестра ми е у школо :D

    Туку гледам полека полека момциве почнаа да ни се прибираат назад го сретнав некаде низ темиве XmaN a тука е и JoxyTheFreak.
    Добредојдовте назад момци :D
     
    На XMaN, JoxyTheFreak и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  20. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Па зарем е можно ова да се случува. Што држава ќе бевме. Првиот ден на прваче да му го упропастиш, цело радосно, поттрчкува накај училиште и да не го примаат. :fubar: Брука. Како не им е срам. :swear: Мајките и децата таму пред школо, а татковците на телевизија во утринска програма се жалат. Училиштето на 100 м., они ги тераат да одат во некое оддалечено 3 км. :fubar: Нека се засрамат сите таму до еден! :swear:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.