Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    http://www.bezpardon.mk/ispoved-na-15-g ... -me-skina/
    Се чудам и неможам да се изначудам, до каде отиде младинава, зарем нема веќе нормално детство. Каде се деновите кога треба да си дете, да играш на улица криенка, четка, брканица, да огладнеш и од домада побараш лебче премачкано со маргарин или ајвар и сиренце :x
    За сметка на сето тоа денешниве деца “рикаат како магариња„, се мислам само да рикаа така ,ама од ќотек, за да им дојде паметот. Додуша ми се чини дека и нема кој да ги погледне, а не пак натепа или воспита. |( Ваквите родители се жив срам за општеството.

    Колку само ме фаќа страв, се повеќе и повеќе , посебно кога гледам дека ваквите работи се една реалност која не опкружува секојдневно.
    Од секогаш сум мразела разлигавени дечишта кои вриштат, се влечат по земја, се лигават... подоцна се прави багабонги, или еве вакви распуштени што не знаат што попрво да направат за да бидат во центар на внимание... и јас ќе бидам родител и само се мола да не ми се случи се она што не сакам. Искрено се надевам дека нема, зошто ќе дадам се од себе за детето да ми порасне во здрава, зрела, паметна и воспитана личност, корисна за ова општество. Ако успеам во тоа, а искрено се надевам дека ќе биде така, тогаш ќе знам дека сум направила нешто големо во животот, тоа ќе биде мојата најголема гордост.
     
    На Cherry03, M.a.r.i.l.y.n, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Зошто некои постари луѓе ако им ја кажеш вистината во очи одма те сметат за невоспитана, м?
    Не си ме одгледала госпожа за да знаеш и не си ги лечи комплексите на мене, молим лепо.И да, јас бев у право!
    Види, види...



    Се на се, убав ден.Сакам да одам на школо! :D
     
    На girl.23, sunfemina и Sara123 им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека Скопје е мој град
    во кој сум родена, растев, живеам ама некако веке ми е здосадено исто па исто секој ден
    постои еден град во кој што колку пати и да отидам ми е предизвик на некој начин-кога студирав таму , не мислев така :lol: ама подоцна сватив дека сум згрешила(можеби затоа што беше премногу исфорсирано на етничка основа) мислам дека ме разбирате што се обидувам да кажам :) и така да скоро сватив дека тој град ми е во :l: а и потеклото ми е од таму :$ , па најдов нешто за работа, па ако треба и ке патувам од таму до тука како што прават многумина-иако тоа би бил итоа каков проблем ама вреди да се обидам да аплицирам :) држете ми срека, ке ми треба :*
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ми тргна по сабајле.Денес имав тежок испит.Како за беља се успав,и кога отидов на автобуска ми избега за минута. :@ Чекај чекај,и си реков што ќе чекам кога веќе ми тргнало вака малерски подобро ич да не одам.А башка со мама бев па кавгата со неа ми беше капак.Она вика да одиме, јас викам каснам готово е...
    На крајот добро испадна некако се смиривме двете,и кажав дека имам уште шанси за полагање на тој предмет, :lol: па и направив јадење и кафенце и си седнавме двете по сабајлечки си муабетевме. :wasntme:
     
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сте ја случнале песната ПМС ? (Мислам беше од Виктор Андоновски) :rock:

    Си пее како девојката била напорна кога имала ПМС, ама и ти си имал таков проблем ако имаш девојка...Нема секс..нема секс....Нешто така....

    Ама не ми беше тоа муабетот. За тоа каков е текстот не коментирам. Каков текст може да очекуваме од нашиве млади надежни пеачи? Ништо посебно.

    СДК ДЕКА песната е толку тешка !!! Толку го влече текстот ПМС ПМС ПМС, верувајте ми толку грдо звучи, ушите ме болат кога ја пуштат на радио!

    Па мојот ПМС не е толку напорен колку што ти е песнава! |( :fubar:

    Побарајте и верувајте, попрво ќе посакате да сте во ПМС, отколку да го слушате ова... :tmi:
     
    На butterfly33 и Ph0enix им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.443
    Шо е утро после Пиволенд?!
    Ми доаѓа клиент за погрешно плаќан персонален данок,небитно,битно го плаќал за џабе на друг, а тој пустиот едно незгодно да и каже на госпожата шо го насанкала, вика,абе ај,више штом почнав, нека и го , 3500 месечно,а биле,а не биле,а јас тоа му викам,абе ти си знаеш,ако имаш вишок плаќај,ама ова не ти е издржано,јас да ти кажам,ама знаеш ли ти колку шишиња Скопско имаш у тоа?! Дури 35!!! МЕСЕЧНО!
    ФМЛ
    Ете тоа се тие понеделници коа говедо ќе ти ги сјебе со една глупост,а ти сам ќе си го оправиш,чак што више и човеков си го насмеав и еве на драга воља со радоС во срцето ќе одам да се карам со тетките во УЈП и во министерство да ни го вратат пивото,овај данокот!!! :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Што те чуди? Ништо ново. :)
    Подобро текстови за ПМС да пее, отколку преку видеа да опишува како „скинал“ некоја на 15 години и и’ ја размачкал шминката, додека таа рикала ли, рикала како магарица. :|
     
  8. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Цела ноќ се вртев лево десно - неможев да спијам и си пазев да не ја растурам косата - мори Јано Јано :lol:
    Станав, се туширкам и се облеков, мајка ми фрли вода - се изнасмеавме. Се чувствував преубаво, едноставно преубаво, неможе да се опише со зборови. Се чекам со другарки и ги гледам првачињата, си
    викам, јас бев една од тие... Малку ме фати возбуда. Се собравме и ајдо во шкооолоо 8)
    Влегувам внатре и гледам се, не сум била таму 4 години до душа. Одиме како изгубени, влегуваме во училница и ај се поздравив со повеќето.
    Испадна една ме познала од фемина, од оваа тема :$ .. Едноставно класот си е супер, најдобрите другарки ми се таму и други знам , значи познато ми беше. Треба да сум седмо ама јас си скокам, ги гледам седмите , ми љубоморат.. Класната дојде, многу пријатна жена, ме претстави...
    Цели реферати ќе ви пишиувам другпат...
    И утре известување за денотт :D
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    СДК наравоучение: не се навирај кај што не ти е местото.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.443
    ^ Море не се НЕРВИРАЈ кај шо не ти е местото. Луѓево се говеда вака или онака,никако да им угодиш! Е така,да си жива и здрава!
    А и за права,права си,така го ебеш ежот сто кома два посто! :D
     
    На Fearless му/ѝ се допаѓа ова.
  11. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    ^ ... не знам што да кажам...

    пс. фала за внимание!
     
  12. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Чувството кога ќе се разбудиш и цела куќа ти мириса на компот од праски.
    Yumm.. [​IMG]

    [​IMG]
     
    На ilipili и butterfly33 им се допаѓа ова.
  13. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Прв ден во школо... нови 32 деца,нова класна,фина на прв поглед,ново школо... искрено како лавиринт ми изгледа... утре ќе ги добиеме книгите и униформите а денес само запознавање со милионите правила кои ги има во училишниот правилник :) На почетокот многу ми се одеше во школо ама кога видов книгите колкави се, се покајав... :D како и да е првиот впечаток е добар,за понатаму ќе видиме ;)
     
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Оххх,леле...Кога го изгледав видеото ваква бев :o ???Ај,што им е бе на луѓево?Ми се згрози,тух,ми се расипа денов а што убав ми беше ...Пу,засрамота..
     
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    А да дајш наваму од тоа компотот а :D :D

    Туку...
    Кучката ми истури кофа со вода од тераса само затоа што реков здраво со нејзиниот сопруг кој ми беше симпатија во 2 година средно :fubar:
    Не очекував дека ќе добијам ладен туш :devil: Си идев од аптека и дечкото ме застана пред нивната куќа и муабет нешто и само врз мене ПЉАСС :o :o :o
     
  16. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Сакам пак да бидам средношколец.

    Со среќа на сите кои денес почнуваат на училиште! Само петки да редите :D :D
     
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ^ хахаха Еленушка ни е забава :D Ме насмеа ама сигурно тебе не ти било до смеа :D

    СДК
    Не ја посакувај истата желба повеќе пати, посакај ја еднаш, а обиди се повеќе пати за да ја исполниш!

    Имајте убав ден !
     
    На Divinebutterfly и kravce им се допаѓа ова.
  18. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Ова е единственото што имам да ги кажам во овој момент. Единственото што може да ме опушти во вакви моменти. Пишаниот збор, поготово кога ќе се пронајдеш во истиот. Прајслес!
    Нема да продолжам со оние клише муабети од првиот училишен ден дека ми беше прекрасно, се радував што ја видов класната, школските со кои се изгубивме цело лето, дечкото од другиот клас што го меркам или било што друго... Се ми беше тотална спротивност.
    Инсомнија, пред првиот школски ден за прва смена сабајлечки, е тоа што мене ми се случи. Предизвикана од нервоза и вознемиреност. Колку само негативна личност може да ти уништи се-тоа е неверојатно. Независно од се, ти влијае и ништо понатаму не е исто. Едвај станав, не стигнав да се средам како човек, за малку ќе задоцнев, не видов многу позитивни лица и никој не се радуваше на никого, класната дробеше пола саат без потреба стандардни муабети, а тој во ходник се испонаша како да ми е прв братучед и рече дека од нашиот последен разговор сум му ги отворила очите во поглед на љубовта и имал нешто да ми кажува. Е само ова ми требаше, сум средила мое-па ќе оправам туѓо љубовно поле, и тоа негово. Која иронија!
    Ставив се на игнор и се вратив дома ко покисната, а овој ден не може да биде полош!
    Подобро да си легнам, бидејќи наспаното попладне е попаметно од нервозното утро.
    И така...
     

    Прикачени фајлови:

    На M.a.r.i.l.y.n, Magnolija и butterfly33 им се допаѓа ова.
  19. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Криво ми беше само што не ме предупреди, да си земам шампонче, купка, крпа :rofl: :rofl: :rofl:
     
  20. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.777
    Допаѓања:
    93.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да сум прваче-нема поубав "чин" на светот!
    тоа е неповторлива и уникатна еуфорија,гордост,многу знаење на грбот кое полека оди во главата..
    убавини...
    Со среќа првачиња-мачиња!
     
    На kate21, Trendafilka и Sara123 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.