Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Не, не го мразам понеделник. Убав ми е. Успани, успорени, неотрезнети, нервозни, ненаспани...ма секакви ги има. И сите гледаат да протрчаат низ денот, да помине колку што може побезболно и понетрауматично. А јас, ко сонце, светам и грејам. Пуштам музика, за полесно да оди работата и почнувам, зошто знам што ме чека нареден ден, ако оставам нешто несработено. И така доаѓа вторник и веќе е друга приказната. Истите тие се наспале, се одмориле, се вратиле во колосек и почнуваат со прашања, молби, се растрчуваат, документи фрчат на сите страни...што би рекла Покојна Милева "Хаос мачко". И така утрински си земам дупла кофеинска доза, демек мозокот да ми работи 300 на саат и да можам полесно да се справам со свега и свачега, ама не. Секогаш се наоѓа некој/а што за ситница ќе ми го расипе расположението уште од сабајле. Без промашај секој Божји вторник.
    И така официјално
    [​IMG]

    Уживајте во денов и среќна учебна година ученици. Само 5-ки да редите.
     
    На Anja98 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.573
    Допаѓања:
    43.056
    Пол:
    Женски
    СДК дека си мезам икрам, ме потсетуват на детство, на школските клупи и на Наташа со која ја делевме се` 7год во основно.Ги јадевме на секој одмор, а ако ни останеа, се прашувавме дали ни шуштат во устата и дали се слуша додека ги дојадувавме на часот.Е сега кога ми текна на Наташа, да ви кажам дека беше една фина девојка ѝ пеевме Наташа од трето три, а таа се лутеше, ние се смеевме.Иако тогаш несакав да си признаам дека е доста интелегентно девојче, сега и давам рака.Признавам малку ме нервираше со нејзиното јас знам се, а најмногу ме нервираше зошто учителот и беше дедо, па мислев таа има привилегии, дете шта чеш.Сега знам дека ништо не беше привилигирано, туку дека сум благодарна што ја запознав Наташа и дедо и кој беше и уште е најдобар учител кој некој може да го има.Со неа често си одевме заедно од школо, славевме нови години и си ги лскавме косите, си делевме симпатии и си се допишувавме на школската клупа, еднаш ми забоде молив во газ, во бутчето де, демек на шала, а мене ми остана мината внатре не и зборев некој ден, а сега имам вечна сива точкица, за спомен :D
    А сега понекогаш ќе се сретнеме ќе се поздравиме ќе си речеме дека треба да пиеме кафе и тоа е тоа, не сме седнале од тогаш.Смешно е, зошто делевме добро детство заедно, знам каде живее и блиску е, можам во секој момент да ми текне да и затропам на врата, ама ете, изговори...
    Да ви кажам повеќето не ја сакаа Наташа, ама мене ми беше мила девојка и имав најдобар другар од клупа, благодарение на неа.

    Е сега ме мавна носталгија читајки ве, дека тргнавте на школо...мене ми недостигаат некои луѓе и жал ми е што дозволивме да се заборавиме, знам дека тоа е времето и изборите во животот, ни останува само да ги следиме.
    Затоа радувајте се на школото, зошто ќе ви создаде еден куп спомени, кои никогаш, ама никогаш нема да ги заборавите.
     
    На MandyLane, Smilly и kravce им се допаѓа ова.
  3. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Колку и да ги мразите училишните денови, досадните професори, зададените задачи, уфилманите ликови по училишните ходници доаѓа денот кога се тоа ви надестига...
    Ви недостигаат и глупостите, бегањето од часеви, лажните оправдувања, расправиите со родителите за тоа колку (не)учите, барањето на симпатијата низ дворот и ходниците, кафињата после часеви и тн...

    Затоа на сите ученичиња им посакувам успешна година од која ќе имаат многу спомени, случки за раскажување и сеќавање и секако нека не заборават и да научат нешто бидејќи знаењето никогаш не е за џабе...

    Уфф ама носталгична сум станала... :wasntme: ама не сум единствената на форумов :lol:
     
    На bluegirl7 и cveke123 им се допаѓа ова.
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Море,сонце,песок...who needs more?
    Кожа со калифорниски шмек.
    ...Знаете,постојат прекрасни луѓе,не секој ден, ама во просек секој месец го откиравам тоа.Не сме толку лош народ ние македонците,а особено не кога сме во странство.
    Нејсе,се повеќе и повеќе го усовршувам пливањето,сите категории :wasntme:
    Мх мх м,сакам да ме следат со воздишки додека елегнтно лебдам над водата,а сакам и кога јас воздивнувам по луѓе кои пливаат како олимпијци.Уметност.

    Патување ноќе,обожавааам! А особено кога месечината е полна и голема,и и портокалова.Љубов.Па и ако во моментот на радио ја пуштат La Luna.
    Tажни воздишки по тиркизната боја со широка површина.
    А дома,на најудобниот кревет на цел свет покрај прозорецот,ме пречекаа меките и нежни нови пижамки,подарок од мама и тато,кои ги заборавив при пакувањето.

    И , црвени усни најубаво стојат на бронзено лице.
    [​IMG]

    И покрај се,ја љубам есента.Не е монотона!
    Љубам и кожени чизми.Вампирско црвени...плачат за мојот плакар.
     
    На antonina, Elenuskaa, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  5. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Човек навистина треба да излезе од кругот на познатото, од т.н. зона на комфорот за да се почувствува ослободен и прероден.

    Вчера се вратив од одмор, бев во Грција.
    Тој одмор беше токму тоа што ми требаше за да ги избришам од главава некои лоши случки, да го снема уморот и да ми се врати свежината и вистинската насмевка на моево лице.
    Цело лето го чекав тоа.
    Сега не можам да се пожалам дека имав неисполнето лето - моето лето беше прекрасно, исполнето до последен момент, малку со работа, малку со одмор и забава, одлично.

    Пронајдов едно, за мене, ново списание - се вика SENSA.
    Тоа мое ново откритие, содржи толку внимателно одбрани текстови и мисли, што тешко е некој да остане рамнодушен. Прекрасно списание, а плус сѐ уште мириса на море и ме потсетува каде бев до вчера.

    Мудра мисла: „Светот е книга. Кој не патува, чита само една страница.“ - Свети Агустин
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Брат ми и сестра ми станале рано за на училиште, само јас академскиот граѓанин дома си седам 8) ... ама па ни вика не е убаво. За точно една недела ќе си заминам во Скопје, а воопшто не сакам. Почнав преѓе да си ги пакувам подебелите блузи и џемпери и паника ме фати... како ќе биде, што ќе биде... Оваа недела цела во трчања ќе ми помине... колку работи треба да си докупам уф :tmi:
    На сите што почнаа на училиште им посакувам многу среќа и успех и секако многу 5ки во дневникот.
    И што да кажам друго... се сеќавам во овај период кога бевме мали пишувавме едни безврска состави кои почнуваа со Дојде есен. Птиците летнаа на југ. Есента ваква, таква... ах леле кога ќе ми текне не знам дали да се изнасмеам или да се изначудам.
    И така си чекам 17 часот да си одам со другарка ми до Парфимерија Меркур па после на математика :geek: ... И се надевам дека денес или утре конечно ќе си видам една личност што ме исполнува со многу позитивна енергија и што многу ми недостига :*
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Z.a.l.ju.b.e.n.a

    Z.a.l.ju.b.e.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Ех Сноу да си ми жива.Денес сум како жив мртовец или мртов живец незнам што,само негативно размислувам,ама ете имало некој барем еднаш да ме расположи,ама како што идат деновививе не ке е на арно...
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Еми ај и јас да споделам искуства од првиот училишен ден :D За среќа, немаме нови класови туку си остануваат старите, не се поделени по подрачја и ќе се делиме само за изборните предмети. Подобро вака, сепак во текот на две години ги запознавме сите личности во класот какви се.
    И така...многу ми се спие :tmi: Искрено не ми се верва дека помина распустот, малку се 2 и пол месеци, треба поќе :!: :D
     
  9. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Убаво е во школо . Колку и да не ви се учи пак ќе научите нешто не може одма да пораснете . Јас многу сакав да пораснам си мислев дека сите се против мене во средно , основно дека се сите дебили , дека немам среќа во животот :lol: и што ако пораснав сега ништо не е толку интересно ќе се утепаш од барање по огласи за работа , ќе трчаш наваму натаму и на крај ништо пак дома ќе си останеш ма џабе и факултет што ако си завршил џабе се . Ах да можам да се вратам ..
     
  10. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Вчера баш си поминав убаво, најадено и напиено, и пред се весело - за мерак. Ај заврши и Пиволенд. И сега сигурно ќе следува затишје пред бура, овие недела дена.

    Понеделник е, оваа недела доаѓа нешто големо, прекрасно и убаво. Нешто долгопосакувано, нешто што одлично ќе ни дојде. А денес, одам да ја пречекам жирафата во Зоолошка :lol:

    И како што Холивуд не ја признава Ким Кардашиан (ЈЕС!), и јас не признавам волку жежок ден на почеток на септември. Ајде бе есен, побрзај!
     
    На Sara123, Elennaa и cveke123 им се допаѓа ова.
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Со проценитеве си утнала малце ,сигурно си мислела 99,102 % :D
     
  13. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Не го мразам понеделник...
    Уморен е... Почетнички...
    Ама денес не ми е прав понеделник...
    Утре ќе ми биде...
    Ајде ќе помине се`...
    Се` поминува.
    Нели?
    Нелииии??????????
     
    На kravce и Sara123 им се допаѓа ова.
  14. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677

    Што се чекори по земјава ќе речам .. И ај после не биди за абортус ..Какви генерации доаѓаат , мене ми е срам од нив а камоли на нивните родители .. :^)
    На типкава што уште незнае газот да си го избрише , како слатко би и се изнасмеала ..Глупите луѓе може да направат да се осеќаш многу глупо ..дефинитивно ..

    [​IMG]
     
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
  16. Z.a.l.ju.b.e.n.a

    Z.a.l.ju.b.e.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Омг ова сега го видов. Не ми се верува дека е она? :o :o :o Не беее. ЦЦЦ. Мн добро ја знам,ама ова беше... :x :x
     
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Се беше убаво вчера,преубава атмосфера и на САРС и на Рибја Џорба. Ма да кога почна веќе тако званиот Бора Џорџевич веќе се вжешти се заклучно со него, бидејќи и тој беше однапред вшежтен(пијан) 8)
    Иако не знам некои песни *читај не ги знам сите песни* сепак рипав скокав, мавтав со главата и слично.
    Убаво дојде на сето тоа Радлерот, али прскањето со пиво насекаде стварно не го сваќав. А и тепачките при крајот исто. Мора ли секогаш тепачите да уништат цела атмосфера.. И така ние се тргнавме од пред сцена, и отидовме на страна. И така ми спомнаа,ај да се возиме со бродот во циркуз ,и јас таква, АЈ што, валјда не е страшно, мислам прв пат ми беше. Ете така ми се расипа таа интересна вечер.
    Јас и мојот паметен дечко си чекавме нормално ред ете така гледам сите уживаат, има гласна музика таму ќе си слушам музика ќе си се гушнам со него и ќе преживеам некако, и нормално сите седат на крај, и нормално ЈАС НЕЈЌЕВ НА КРАЈ.Но нормално тој се инаетеше, и нормално следниот круг ние се бутнавме скроз на крај. Ајде седнав се беше убаво на почетокот СЕ ДОДЕКА НЕ СЕ ЗАЛУЛА МНОГУ. Оп нагоре идеме, аха убаво добро, ОН НАДОЛЕ ИДЕМЕ, ГЛЕДАМ НАПРЕД МИ СЕ КРЕВААТ ОРГАНИТЕ ЌЕ УМРЕВ.
    Важно: Ако има некој што ме познал во приказнава, ваљда, мислам не валјда туку сигурно ми се смеел, :$ па нека пише ЛП :rofl:

    И така јас се одлучив да не глеам надоле,се гушнав со дечко ми и му зборев гушни ме, кажи ми кога ќе прекине, го пцуев што не ме гушка, и така јас не глеав надоле туку бев со главата бутната во неговиот врат. Тие пред мене ми се скинаа од смеење, што и јас би се скинала од смеење доколку некој таков има.Во тој момент мислев дека е готово со мене, во тој момент се смеев, плачев, замислував дека не сум таму. И дури му кажав на дечко ми ако умрам кажи им на моите дека ги сакам :( И кога се симнав, ми се тресеа нозете. АХ! Веќе адреналин кревање НЕ!
    На никој не му препорачувам, кој сака така како мене да проба само, СТРАШНО Е,ДА! :wasntme:
     
    На Anja98 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Ај дека не можете сите да напишете во темава за тоа девојчето! |(


    А посебна тема да отвориме специјално за нејзе? М? :?:
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.957
    Допаѓања:
    123.541
    Што се однесува до првото болдирано,нормално дека во школо не смеат да се носат тренерки! Точно,фармерки панталони и до глужд,зар до г'з??? Утрово одејќи на работа,видов неколку основки и средношколки во тексас шорцеви и рамбовки.Се вртев по 2 пати накај нив за да се убедам дека навистина времето до толку се сменило па да одат така облечени :| Кај им се очите како прво на родителите а како второ да сум професор не би ги пуштила во школо.Колку невкусно.Јас како што знам,ние не смеевме да носиме кратко,сукња до колена,и маички на рамки не-само со ракавчиња.Денес едноставно бев ваква :o кога видов во автобус какви се појдоа на школо.

    А што се однесува до второто болдирано,слушај си ја мајка ти,од искуство ;) Навистина ќе ги бараш најубавите години :)
     
    На Sanniii, mims-89, Magnolija и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.815
    Допаѓања:
    25.450
    Пол:
    Женски
    Полноќното кафе од татко ми, ме остави без минута сон, но ја искористив долгата ноќ за да направам една ретроспектива на се што ме научи животов изминативе 3-4 години...

    Ги анализирав сите промени кај мене, се присетував на личностите поради кои созреав емоционално пред се, и се што можам да кажам е дека сум навистина среќна што научив да сакам со умот, а не со срцето.

    Се трудам да бидам доследна на она што сум си го ветила на себе, и на сите замислени критериуми кои ги имам поставено за тоа што сакам од животов. Можеби ја губам спонтаноста, но затоа добивам сигурност која што, како што поминуваат годините ми е доста поважна...
     
    На antonina, thinkerbell, malechkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.