Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Денеска ме разбуди еден многу пријатен повик од сестра ми да одиме на кафе, јас, таа и ќерка и (внука ми). Можам само да кажам дека ја имам најдобрата сестра на целиот свет. Само таа ме разбира, и кога поминувам со неа време ми е најубаво бидејки знам дека таа е последната личност кој би ми забила нож во грб. Бидејки сме разлика 14 години често кажувам дека имам две мајки, онаа вистинската мајка и сестра ми.

    Типично очајно за мене ја замолив да ми најде работа, да се распраша бидејки сум очајна. Верувам дека ке го стори тоа бидејки таа е човек од збор буквално. Секој кој сум го замолила за работа завршило со тапшање по рамо и мизерните зборови -“Не се секирај, ке биде!“.

    И никој не знае дека поради таа невработеност синоќа кога си дојдов дома здраво се исплачав бидејки она што беше најдобронамерно кажено и направено за мене беше понижување. Толку се почувствував безвреден паразит што ми дојде нож до грло и си реков дека повеке неможе така. Мора нешто, било што да се работи. Срцето ми се кине кога ке видам некои кои не знаат колку се 2+2 и се крајно глупави како сајла имат месечни примања од најмалку 400 евра а се дури и помали од мене.

    Не за џабе е кажена таа -“Роди ме мајко под срекна ѕвезда, па фрли ме на буниште“. Ништо, само ми преостанува да се надевам дека овој е само еден тежок период тест, кој треба да се издржи и дека најдоброто допрва доаѓа. :)
     
    На Annath, ViktorijaMari, Elenuskaa и 25 други им се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Крај краева, Боже мој ... сите сме твои чеда, ти не моделираш како сакаш да изгледаме.

    Реченицава секогаш си ја повторувам кога не сум расположена, инстант расположение ми нуди.
    Мене дедо Боже од помалите калапи ме напраил ... :!:
     
    На Elenuskaa, anabel-a, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Епааааааааааааааа ајдееееееееееееее ПОЛОЖИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИВ :party: :party: :party: :party: :party: :party:
    Фала ви на сите што ми држевте среќаааааааа!
     
    На Plavusa.17, Annath, tweety26 и 36 други им се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    И јас не би сакала да се вратам назад, не би сакала да не знам што правам ни што сакам.
    Никогаш не ми било јасно тоа воздигнување на средношколскиот живот, 95 % од средношколците немаат никаква цел, само некои си индивидуални бубачки во главата. А од толку што заморуваат плитки вредности, ништо друго не можеш да видеш.

    Па ќе кажам, носталгијата е некогаш подобар избор, а јас чисто сумјам дека ќе ја има соуууу... си се радувам што одам напред :)
     
    На tweety26, anabel-a, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Кога тргнало со полагањево, да се пофалам и јас дека откачив уште еден испит. :rock:
    Знаев дека ќе положам, но сепак те копка некоја доза де.
    Ама, она чувство кога ќе видиш само 6 положени, меѓу кои си прв со +10 поени разлика од вториот, е тоа е она бесценетото. А, драги мои, да бидам искрена, книга немам допрено. :lol:
    Нек се множат.
    Уште еден рандом скроен план за друштвено патување и пасење мозок.
    Сакате ваму, имам организиран превоз? - Сакаме. Идеме? - Идеме.
    Обожавам вака кога работите сами по себе се случуваат, зошто, вистина е, што повеќе човек напнува, толку поголеми му се очекувањата и секако, разочарувањето на крај.
    Нека тече вака, непланирано и непредвидливо. Тоа е она што барам.
    Ма, знаев дека убави работи ќе се случат денеска. Ви реков, нели?
    А, денот уште не е ни готов. Очекувам уште од него. ^_^

    Сум симнала едно кило, онака, од ич ништо. Ма, си се свиѓам сега у пм и назад.
    Ко Џони Браво у стил who's that sexy beast? :D
    Мириса на есен, од далеку низ прозор ми влегува мирисот на печени пиперки кој го обожавам, иако не ги јадам истите. Набргу ќе закрчкаат и костените. Мх... :inlove:
    Мириса на освежување, на крцкави лисја под неуморни чизмички и весели чекори по широките скопски улици. Посебно во приквечерина. Тогаш, магијата е на дофат на дланката.
    Спремна сум за промени кон подобро.
    Септември, ајде, можеш ти да бидеш и добар.
     
    На Pirana, Annath, crazyinlove19 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Не е првпат да ја согледам вистинската вредност на моите пријатели, кои иако не се многу, сепак докажаа дека се тука за мене баш кога ми е најпотребно. Но денес беше нешто посебно. Знам дека се додека имам пријатели, среќата не ме напуштила! :l:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Елене, за тебе една посебна тегла чувам. :wasntme:
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кога сме кај првачињата, јас лани си најдов една тетратка од трето одделение, во која сум пишувала песнички. Членував во литературната секција секоја година, па си имав посебна тетратка. И во очи ми падна една песничка, па еве тука ќе ја споделам :$

    Првачето Верче

    Едно мало прваче
    по име Верче
    утрово отиде во книжара
    да си купи гума и моливче

    Љубезно го поздрави продавачот
    и му посака добар ден
    а потоа му раскажа за приборот
    кој од мајка ѝ го бара везден

    Тогаш продавачот ѝ подаде
    молив, острилка и гума
    па ги стави во кесиче
    и ѝ ја побара точната сума

    Верче му даде парички
    со кои сѐ му плати
    но нешто не можеше
    никако да сфати

    Но, јас немам кутиче
    во кое ќе ги ставам
    па затоа мил чичко
    од вас барам

    Продавачот љубезно
    ѝ даде кутиче шарено
    а Верче насмеана
    кон училиште тргна безгрижно

    И долу сум се потпишала Ана 3то б :lol:

    Па се потсетив на првиот школски ден кога бев прваче. Имавме цела манифестација, не читаа со име и презиме и ни ставаа машнички. На едното одделение црвени, на другото плави. Па се фаќавме за рака двајца по двајца, да не се изгубиме. Толку добро го паметам првиот школски ден, што знам дури и со кое девојче се фатив за рака. И се сеќавам дека плачев кога си ја изгубив гумата за бришење. Цело школо го кренав во вис, мислев светот пропаднал :lol:
    Дете...
     
    На Annath, tweety26, Ognenija и 6 други им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Чувството кога ја сонувате LUDOTO како MENA SUVARI :D незнам што си барала во мојот сон мори :P ;) .
    Такво мало палаво симпатично , добро сега јас лично LUDOVO не ја познавам иако како форумски лик си ја почитувам и сакам да си ја читам , ама од кај па кај мене во сон појма немам.

    Инаку сакате да знаете што праеше во сонот |( -Имала страшно голема љубов со некој тип, ама нешто има се забрљало и она тажна на искушение , а и тој ја љубел страшно многу ....но нели во таков период биле кога не им одело .Така девојкава напишала поема за НЕГО која ја читала пред толпа народ , а народот останал зенемен од чувствата кои биле изнесени во посветата .Пошто се надевам и типов паднал на тоа па си ја средиле работата :) .Така девојки не се чудете ако утре другиден некоја од вас ми дојде непоканета на сон и ми режира вакви претстави .

    Имајте си убав ден , сите мора да се нсоиме со убавите и НЕтолку убавите работи во животот, кои како и јас ги имате и сите други.
    А ти лудо лп како се осејќаш :D
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  10. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Преку глава ми е од луѓево што мислат дека ако некој нема фб нема ни живот!
    А повеќе од очигледно е дека истите луѓе, посебно оние хејтерите се обидуваат да ми го „расипат“ истиот правејќими лажен фб профил.
    Тешко неа/него/нив, ако разберам кој стои зад ова ! :devil: :@
     
    На cigarce и Dvolicen им се допаѓа ова.
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    [​IMG]

    8) Ахх јас во некои денови
     
    На kravce, Ph0enix и potterholic им се допаѓа ова.
  12. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Како будала се тресев од возбуда, нели прв училишен ден во друго школо.Не беше лошо како за прв ден.
    Ново друштво, нови деца сосема непознати фаци.. Профосери што се многу построги од тие во основно..Некако имав сосема поинаква представа за тоа како ќе изгледа..
    Треба на почеток да се стегнам,морам да сватам дека не сум веќе во основно и дека оценките нема да ми ги пишуваат на стара слава.
    Некои викаат дека средношколските денови/години биле најдобри во животот..Точно или не, сега ќе го видам тоа.Искрено се надевам дека ќе биде така.
    Признам дека малку ми е страв како ќе бидам прифатена од децата..Се надевам на најдобро :)

    Секогаш надевај се на најдобро,но очекувај го најлошото. ;)
     
    На happY-smiLeY и Sara123 им се допаѓа ова.
  13. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Life is good =)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК го видов него...Не ме ни поздрави..Не ми рече ни здраво,а кога јас му реков прва(ова ми се случува за првпат)морам да напоменам дека тоа не бев јас,кога се свестив дека на никаквец му реков здраво се згрозив од самата себе си ...Се мразам,зошто јас?посилно беше од мене...не беше моја вина,признавам лоша сум ,горда и никогаш не би му рекла здраво на таков човек и тоа прва, а знам дека ме виде ме гледаше,прво убаво ме изгледа па го сврте погледот на страна и продолжи да вози и тоа толку брзо,се чудам во меѓувреме како од толку брзо возење ,што ја дувна успеав да слушнам дека рече здраво!? :| Сакаше да избега од мене,а всушност и јас,како да ми должи нешто па несака да го врати долгот...?ДА,ми ДОЛЖИ,ГООЛЕМО ИЗВИНУВАЈНЕ!!!!Ова ти е последен пат што сум ти дала бар малку внимание,последен се колнам!СЕ КОЛНАМ,НИКОГАШ ама никогаш нема да ти прозборам,бегаш ли од мене,но зошто?се срамиш за твоето однесувајне?Богами и јас да бев на твое место би се срамела,но ете за тоа требало да мислиш пред да ме невредиш!Ти простивЈас,но гледам самиот не можеш да си простиш?Нели?Епа душо,така ти е,кога мислиш дека ти си се и дека се се врти околу тебе...Кога си еб** нарцис,и јас сум понекогаш,ама во себе..Среќно душо!Ти одбра вака,ти дадов шанса,ама ти што одбра?Се сеќаваш?Знам дека се каеш,но сфати дека сум поголем човек од тебе ,иако не мислеше така на почетокот... ;(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Вчера бев на свадба и супер пројдов. Нозеве не ги чувствувам.
    Преморени од вчера, кој кај се соблекол таму останал, фрлени алишта, кондури, и сабајлево, кучето да влегло во ходник, кога ги земал чорапите на татко ми, партал ги направил. Татко ми доаѓа, го облекува чорапот, цела нога компири . Дупка до дупка :D

    Леле, леле вчера еден момак кога ми се залепи, пијан, како слепи миш, ништо не гледа пред себе, ама ме фатил за дланка, врти врти, мафта :D И татко ми, оп, се фаќа меѓу мене и него и ми намигнува ;) Кој е фраер сега демек :D
    Абе срцка е татко ми, ама овој пијаниот фати дајре и да чука со него . Потоа се дурдоса накај мене , си викам , ако му го акне дајрето од глава смешки ќе има на свадба :D

    Денов е поспан. |-) Ми се спие, ми се плаче.

    П.с дечко ми излезе заштитнички кон мене вчера. Негова најдобра другарка изела гомна за мене. И овој истото го земал како навреда кон него, и не сака никаков контакт со неа. Абе срцка е. Многу ме сака. Јас сум му инспиративна муза :D Блазе мене што го имам. Само жал ми е што многу рано се запознавме..

    :!: да не заборавам, дај дишете малце, вакви дрољички и лесни жени имало секогаш Таа не е ни жена. Па мене по трагично ми е што видеото и го објавиле, од тоа што имала односи. Па кој нема односи денес? :^) Не се возбудувајте. Живејте го вашиот живот, не го пикајте носето кај што не ви е место.

    Едит Се сеќавам на првиот школски ден во прво одделение. Учителката не ни кажа дека ќе имаме 3 часа ама со одмор измеѓу, и она после првиот час, отишла да земе нешто и јас оп, ранчето на грб, домче. И утредента им кажала на мојте дека сум изегала на првиот ден :tmi: Затоа 11 години подоцна сеуште сум „бубалица“ .
    АЈде поздрав
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...дан тмуран, ја мамуран :drunk: Вчера цела енергија ми ја земаа САРС, а и Рибља Чорба, по малку.Тоа Радлерот, да ти бил многу гаден, две голтки и го истурив.Фино лепо сакав да си земам Лашко, а они мене, пробај Радлер.Абе, не заебавајте, како сок да пијам |( И така, ја преживеавме и таа гужва без големи последици, освен омилената маичка која заврши потопена во пиво.Е која беше логиката во фрлање пиво во воздух?Ах бре луѓе, да се немало два грама мозок во глава :devil: Следната година пак, само со уште повеќе пејачи и групи и поубаво пиво :lol:
     
  17. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Еве го и тој ден, судниот ден :lol: Од денес па натака со ранец на рамиња и мрш нашкола. Пак ќе ставаме списаниа на средината на книгите и слични глупости :D Со среќа на сите "ученичиња" :hug:
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.322
    Почна сезоната на пити !

    Стандард уз пеглањето зборував со мама на скајп. Во тие моменти се чуствувам како некој терорист а нејзе ја доживувам како моја жртва :$
    Бидејќи меретново пегање трае саати а се ни е веќе кажано, вртиме стари муабети и некои згоди и незгоди.
    НА потесниот круг од мојата фамилија им е добро познато дека при секое мое идење дома (иако е преретко) јас добивам една иста нарачка од малиов мој.

    Пред шест години кога дојде он да ме посети, имаше прилики да ја проба највкусната македонска скара, пита, бурек...
    И од тогаш јас шверцувам пити во куфер, плус и некој ражнич или плескавица :tmi:

    И додека муабетевме што како, неговите реакции и впечатоци ми дојде и мене иштав за пита.
    Имав се што ми треба, замесив тесто и сега чекам. Нема некој посебен повод али ете во штимунг сум денеска(или што би рекле на арните) па ќе направам цело мени, салатичка, супа, имам еден ролат само ќе го запечам.
    Ќе го изненадам.
    Не знам кој повеќе ќе се радува он што ќе има полна маса, или јас што барем денеска се чуствувам како супер домаќинка :rofl:

    Жена цел ден сама дома и врти сучи околу чистењето и јадењето.
     
    На imelda, slavica999, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    од како памтам за себе само проблеми, болки во стомакот, проливи АМАН веке
    колку Линекс до сега имам испиено,толку не сум тешка-тоа што бев лани на колонографија не ми помогна воопшто-не е баш секој ден, ама кога ке почне, нема престанување :x
    не ми е јасно КАКО ке живеам јас вака? џабе тоа што внесувам храна, и :!: не ме чуди по некое време да се сторам 40 кг(кога ке помислам на ова ми се ;( а како и секоја девојка имам планови и цели во животот, кои се попречени заради овие здраствени проблеми) што живот ке беше ова :worried: :@ ;(

    единствено нешто што ме израдува денес е Авон-нивната љубезност-дури и си добив примерок од новиот каталог :$ кој уште не е постиран на нет
     
  20. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    http://www.bezpardon.mk/ispoved-na-15-g ... -me-skina/
    Ццццц...а има само 15 години...и раскажува како било првиот пат :o Епа да се чудиш и пак да не се изначудиш.Кај и е паметот,каде?Па она е уште дете,сега за прва средно :o И уште си раскажува без срам и на крајот си мафта со раката и вика Па-па :fubar: Па ало? Како што кажа Hkikica она уште незнае газот да си го избрише тука ќе губи невиност.Па уште не се каела :fubar: Па на оваа возраст како што кажа meU ти уште треба да играш ластик на улица а не невиноста да ја губиш :fubar: Ама толку и сече :fubar: |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.