Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Се мисли дека некои врски се толку силни што можат да им одолеат на се‘, но тоа не е вистина.
    Довербата што бледнее, презаситеноста, погрешните избори, лажливата заведливост, долгите нозе на некои кретенки, неправдите на судбината; сето тоа учествува во убивањето на љубовта.
    Во тој вид нерамноправна борба шансите за победа се минимални и содржат повеќе исклучоци отколку правила.

    Имам интимно соочување со самата себе, со мојата самотија, со моите граници, со мојот страв. Микс од сето ова, со кафе, цигара, љубов и омекнувач.
    Понекогаш се обидуваш самиот себе да се казниш за нешто, а ни самиот не знаеш заради што...

    Кругот е таков за да се врти.
     
    На 1209, Bright, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Еј аман веќе со девојчето. |( Мислам сериозно. Не е ни прва, ни последна. Милиони ги има вакви. Jас не знам од каде им идејата на нашите сајтови за пишуваат за неа. Да сум на нејзино место, би ги тужела. Кои се па они да пишуваат за мојот живот. Таквите сајтови нема што корисно да објават, па затоа сите статии им се вакви, или за Ким и фамилијата, за тоа кој снимил секс снимка, кој со кој се плеснал. Ебати народот што сме. Во крвта ни е тоа бе. Глеј си твојот двор, за другиот ич не се сеќирај. Очајно молат за внимание.
     
    На Monna.Monna, Elenuskaa, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК у п*** ...Кај мораше мачката да ми се поболи и да трчам по ветеринари?Абе зошто баш кога морав да излегувам со пријателите?Оваа средба долго ја чекав,но зошто?За јас да се шеткам со мачката до ветеринар,земај мачката и колата и фувте на ветеринар а пријателите нека си чекаат..Зошто сум бе таков баксуз ? Еххх тоа ти е ....ама ај,добро е што се согласија да го поместиме времето..Ајде одам јас ..Ме чекаат ..имајте убав остаток до денот феминки мои.. :*
     
  4. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Колку што е мај надежен, толку е и септември очаен - стандардно.
     
    На malechkata, butterfly33, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.435
    Денес,ми фали уште мајка ми да извади кременадла од жирафа и ...скренав,готово!
    Децава у школо, жирафата ја донесоа,Камчев ќе и дава треФки (мммм трефки,сакам од тие треФки), внука ми збесна, тето мори да ја видиш како ме гледаше,абе мила теткина,најубаа од сите си ми,како да не ми те гледа,кога како прачка си висока во однос на сите второодделенци,мисли дека си и бебето жиравче! :D Пу,пу,пу,уште да ми расте. Ама радост... Тетките на шалтер уште се неуслужливи, јас сум пролетна (мене ми е пролет мадам,чао!), и се смеам... Многу. Имам родителски единици за гордост,што никад не би ме посрамиле и тоа ми е супер. Со кого и да се чујам на телефон сите ми зборат за жирафата!!! Епа ... тоа е народе,живот тука негде почиње...

    А да,и вака,така,СИ ЈА ВИДОВ СТВАРНО БЕ СИМПАТИЈАТА! У совршени услови ќе му ја дадев гумата со пчела на неа и ќе беше многу позрело него ли што се деси,сеа освен што се погледнавме пуни со омраза,ништо више. Тоа е таа натрупана сексуална тензија! :D Ама симпатијава ми е малку не со сите,а што е најтрагично е прво мушко кое икад ќе го ругам пошо СТВАРНО е сељак,а не е ни од Аеродром (ноу хард филингс дечки,тоа важи за мажињата у тренерки само :D ). Ама она сељак шо коа ќе се опие ти се лигави на врат,а ти учтиво го одбиваш и на крај ти вика дека нешо не е ок со тебе,Е Е Е ОД ТОООЈ ТИП.

    И да ја одпоздравам за мојата некогаш многу ценета Челава ти мама, ама у случајов е многу у право. Ми се дешава,6 месеци. И 6 месеци прашувам,а шо замараш?! А шо ме бараш?! Спуштам и ме доживува као...каооо... откачена,забавна,као тоа да ми е стилот и да се понашам така со сите мои мили луѓе, или е мазохист,не знам,стварно не знам.Као сите ми го трпат бич срањето,о не...дарлинг...
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ахх камоли да бев на местото на сите кои што жалат што се на училиште и што не сакаат да одат.И јас бев едно време ко вас ,но сега ми фали тоа време кога кенкав бидејќи не ми се учи,другарувањто со моите соученици,учењето на песнички и тремата пред секоја писмена пишувајќи ми текна на првата моја симпатија со кој што седевме еден до друг и ја имавме онаа прва најневината детска,платонска љубов.
    Тој беше мирно,добро,повлечено дете кое што ги имаше сите петки и мене ми поткажуваше на сите писмени :lol: .А тој пустиот само за да ме слушни секој ден ми се јавуваше да ме праша што имаме за домашно,не дека не знаеше туку си наоѓаше изговор типот,па ми помагаше да решам задача по телефон математика :$ :lol:Се дружевме констатно со Игор до 8-мо одделение,откако се запишавме средно изгубивме контакт,се гледавме но не толку често како претходно.Потоа дојде факултетот и уште повеќе се оддалечивме,но сепак мило ми е што кога ќе го видам сеуште си правиме муабет како сме,што сме постигнале до сега,а некогаш знаеме и да се потсетиме на неговите телефонски разговори,јас ќе му кажам ех Игоре се сеќаваш ко ми се праеше на Тошо со изговор дека не знаеш што имаме за домашно па мене ми се јавуваше :lol: Тој секогаш ќе ми се насмевне страмежливо и потврдно ќе одговори.
    Ах ,колку е само убаво тоа чувство кога си безгрижен,кога карањето на мама и тато да учам повеќе ми изгледаше како најлоша казна,а сега се би дала да се вратам назад за да ме караат за мое добро и да се тука до мене заедно да учиме и правиме состави со мама,а математичките задачи да ги решавам со тато.Тоа ми беше најубавиот период во мојот живот иако училишните проблеми ми изгледаа најстрашни на свет,но сега би сакала да ги имам тие проблеми.Мислев само на учењето,а чат пат и на Игор :D ,не мислев дали ќе најдам работа за тоа што го учев,дали се ќе излезе како што треба со душлето и еден куп други проблеми.Но,сепак животот е таков процес во кој што се си тече и не може да се запри.Затоа си го сакам секој период на животот и секој си го доживувам на посебен начин.
     
    На eli25 и kravce им се допаѓа ова.
  7. Whatsername997

    Whatsername997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    ле-ле , од чиста љубопитност го отворив ова и- што да видам - Моника, значи до 7мо учевме заедно, не ме чуди што ја изгубила невиноста туку како можела тоа да го каже јавно :tmi:
     
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    На Sara123 и kravce им се допаѓа ова.
  9. Juicy03

    Juicy03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Се’ би дала да живеам некаде на село, да имам и брат и сестра, и скромни родители кои иако нема да можат да ми пружат се’ во животот, ќе ме сакаат премногу и тоа ќе ми биде доволно. Ме боли тоа што нема на кого да се потпрам во вакви моменти, сите секогаш ја гледаат надворешната фасада, а дали некој се прашал што всушност се случува одвнатре? Преку глава ми е од лажни насмевки, од лажни пријатели, лажни моменти. А секој ден е се полошо и полошо, да знаев како може да ја поправам состојбата, се’ би дала што можам. Родителите се тие кои треба да те подржуваат во остварувањето на твоите цели, а не оние кои секојдневно те прекоруваат колку си дебела, колку си глупава и колку токсини ти се собираат во телото. Ако на 15 години изјавувам како ми е преку глава од сето тоа, што понатаму?
     
  10. Z.a.l.ju.b.e.n.a

    Z.a.l.ju.b.e.n.a Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пред само месец плачев за дечко,а сега кога го имам се би дала да го отскам,да не мислам толку на небитни работи,зашо вака не иде,тој е мноооогу далеку,а јас... |( :@ :tmi:
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Убав ден, излезена со другарки на сладолед, ги користиме последните сончеви денови, шетавме долго, муабетевме за се и сешто, ги гледав првачињата кои одеа во школо имаше некои што се пресрќни, и некои што не сакаат да се одделат од мама и плачат.

    Се сетив на мојот прв училишен ден, ахх колку бев возбудена, едвај чекав да ја запознаам мојата нова учителка, новите другарчиња, тогаш ја запознав и најдобрата ми другарка, седевме заедно во иста клупа, задно одевме на училиште, заедно пишувавме домашни, не делеше само едно спиење :) И ден денес е така, неразделни сме, се разбираме, тука сме една за друга во добро и во лошо.

    Да им посакам на сите убава школска година, оние кои се во основно и средно да редат само 5-ки а оние кои се на факултет да редат само 10-ки :D
     
    На Elenuskaa и Sara123 им се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.827
    Пол:
    Женски
    И се каравме. Цел викенд, до ниедно време. Си склопувавме телефон, се докажувавме, небаре повисока оценка ќе ни стават.
    И ми кажуваше извини, ќе се сменам. А јас бев глува. И плачев. Од бес, од мака, затоа што ми доаѓаше да викам.
    А денес само сакав да ме држиш за рака. И заборавив се.
    Сфатив... Јас не сакам да се смениш. Ваков те сакам. Искрен.
     
    На zarah, AnaKarenina, La.Reina.Del.Sur и 14 други им се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Орка, Орка, Орка се вика жирафата бе. Ако не ја сликаат како држи ќеса орка за максимум два месеци јас глава сечам. Орка....

    Ова Songpop е троа заразна работа кога имаш за учење. И филмови, и серии кои ги гледам по 100 пат. Се е заразно освен здравиот патем. Додуша никој го нема за да не зарази сите.

    Многу ги сакам оние моменти кога другарката ќе ти каже, ти многу си нервозна во последно време. Јас, нееее никогаш, јас уживам во моментите кога јас, ти и дечко ти се шетаме по улица а јас зборам на бандери затоа што вие позади три метри се лапате. Па јас живеам за тие моменти, јас и бандерата.

    Си ја видов симпатијата на Пиволенд. Јас на два метри од него, а дотичната ајде да идеме да седнеме некаде, гужва. Гужва на Пиволенд, ма неее.

    Обожавам сарказам. Ме разбира. И јас него. Не можам да го кажам тоа за другите.
     
    На zarah, Monna.Monna, IndieGirl и 18 други им се допаѓа ова.
  14. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
     

    Прикачени фајлови:

    На Cacy, Miss.Ricci, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Отупевме, баш. На продавница денес, како и обично отидов да дополнам кредит. Продавачот пред заминување ми вели "Ех Ричи, вие младиве денес ништо не знаете. Што било тоа висење по телефони, кога не сте на телефон се допишувате, се слушате на секои 5 минути. Порано, ех порано бре беше она ВИСТИНСКОТО. Одиш на корзо само заради неа, шеташ, чекаш да помине, а кога ќе ја здогледаш ти се тресат и рацете и нозете, поминува ти се насмевнува и толку, другото и го препушташ на фантазијата до следната средба. А вие, вие се доживувате уште пред да бидете заедно, по телефон ќе си кажете се, во меѓувреме по пораки, на фејсбук отвараш и гледаш каде е со кој е. Тогаш немаше ништо од ова, и она што вие сега го 'доживувате' преку тие профилите на социјалните мрежи, ние го доживуваме реално. И верувај ми, многу, многу поубаво ни беше!" Хм, јас, ако верувате само се насмевнав, и му реков Тоа е, не успеав ништо да му вратам, а што би му вратила кога знам колку е во право и колку немам ни еден аргумент што би го побил сето она што го кажа. Фино човече, секогаш по некој совет дели.
    И тоа.
    Живот.
     
    На Name, tweety26, zarah и 28 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Јас и кога грешам, грешам без грешка :(
     
    На srcekrsacka, crazyinlove19, cigarce и 3 други им се допаѓа ова.
  17. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Преку .... од досадни, лицемерни, користољубиви луѓе.
    Ми се гади...ај џст нид а брејк!!! :puke: :puke: :puke:
     
  18. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Прв пат во животот липав од среќа. Така не се имам потресено никогаш. Вести кои не ги очекував ги слушнав од сосема неочекувана личност. Ах господе фала ти.
    Мирисам на љубов, денес му е роденден. Го гушкам силно и се молам да не оди. А тој знае дека пред него ќе заминам, се надевам само дека оваа љубов ќе е доволно силна за да издржиме толкава далечина.
    Го сакам, претерано многу. Толку години бил покрај мене како пријател а дури сега знам дека тој е баш она што ми треба. И додека ги пакувам куферите, мачкава преди до мене и се мази. И таа е среќна. Ах среќа на сите страни. Само да потрае :!:
     
    На kravce, Doozy и anabel-a им се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк ретки се луѓето кои знаат да ценат, почитуваат.Колку само има вистина во изреката - Човек не треба да се плаши од надворешните непријатели, туку од внатрешните.Само јас си знам, ама ете некои работи не се баш секогаш како што треба..што вреди ако човек некогаш помогнал некому? Се е џабе, џабе патот работава.Незнам до кога вака ќе си земам се при срце...прави добро за на крај да ми се случи, тоа што ми се случи лани, кога едвај дишев, се борев за здив, а претпоставувам што би се случило потоа...се знае...лошото...ми се плаче кога ќе се сетам, да не знае човек дали ќе се разбуди утре.И сега разбирам дека некои луѓе не ценат нечија помош, да не зборам за други работи.Потполно сум разочарана од некого, па и лута до толку што не ми се збори, мака ми е веке...Ама ете зивот продолзува понатаму, но треба да научиме дека треба да се почитуваме, инаку ништо не правиме.

    Егото мора да се симне од престолот, се додека човек го истакнува,секогаш ќе биде во конфликт со другите.
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    [​IMG]
     
    На Name, anabel-a, Buttterfly и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.