Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    17.911
    Пол:
    Женски
    Многу често ни се чини дека туѓата мака е помала а туѓата среќа е поголема. :^)
     
    На SparkyAngel, Sara123, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    СДК дека не сакам веќе да сонувам. Аман :@ :@
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.573
    Допаѓања:
    43.056
    Пол:
    Женски
    Eден од моите омилени цитати од книга :) Толку вистинит.


    Инаку јас сакав да кажам дека мене ми мириса на есен веќе.Иако е сеуште топло, сабајле излегов да го прошетам кучето и воздухот ми мирисаше на суви лисја, на дождец, на почеток, на прв школски час, на лупење пипер и фамилијаен гроздобер.Есента ми е метафорично, љубов, таква топла, обоена, понекогаш ладна и променлива...убавини.

    Додуша мене се ми е љубов, кога сум таква љубена.
     
    На anabel-a, Sara123 и kravce им се допаѓа ова.
  4. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    СДК ми се спиеее , цела вечер кошмари
    Од глава не ми излегува нејзината иронична и со потсмев насмевка .
    Мразам такви луѓе што се ситат на туѓа мака , се нервирам што си дозволив една таква подла и ниска личност како тебе моја одамнешна пријателке да ме изнервира .
    Зарем не ти е доволно тоа што се ми зеде , се е твое , ти оставив се и продожив да живеам .
    Што сакаш уште , што уштеее ?????
     
  5. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    17.911
    Пол:
    Женски
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Незнам од каде да почнам. Од филмовите, музиката, облеката, јазикот, литературата, културата, револуциите, луѓето, љубовта.
    Го гледав Ема пред некој ден, филм според книга на Џејн Остин. Прочитав некои критики дека ова била најдосадната книга на Остин. А јас без да трепнам го изгледав филмот, па според општото правило книгата да е подобра од филмот, верувам дека не се во право. Сакам такви приказни, такви љубови. Танцовите и погледите и зборовите, кога допирот на рака разнежнувал, говорел, обединувал. Да се биде дама, достојна и почитувана, интригантна. И едноставноста на уживањето кое денес толку тешко ни е да го најдеме. Да се размазувате себеси, во соба преполна со прозорци каде сончевите зраци тенко се пробиваат и оставаат траги на лицата, како на убавите портрети. Или мала веранда над која се спуштаат цвеќиња и зеленило и мириси, да молчите со ликот кон небото свртени, и да потонете во сите тонови на класичната музика. Ах бре...убавини.
    Само бубачките мои не би останале мирни во ваква околина. Па јас би се сместила и во 70тите. Annie Hall, не поради Дајен, која патем е преубава, ниту чувај боже, поради Вуди Ален, туку поради долгите разговори, неисцпрното филозофирање, отворањето на умот кон недостижни граници. Кога и за љубовта се дискутира, толку страсно колку што се и сака. Кога во душата се чисти и нежни, а во умот прави борци, па се стремат кон промени, не за себеси, за целиот свет. Само извини Дајен, јас никогаш не би го напуштила Њујорк, колку и да бил мрачен во 70тите. Дефинитивно не за Лос Анџелес...
    И, извинете ми за храброста, ама не би ми сметало ни да сум му Бејби на Патрик Свејзи во Dirty Dancing. Па да ја соберам сета храброст за една наивна девојка и да се предадам на страста (сте виделе ли каков задник има човеков во Road House?). Не, дефинитивно нема да ми смета да сум му Бејби, па да ме врти и тресе како сака, додека со нозете му ја стискам половината... :wasntme: 80тите, кога хуморот беше далеку подобар, Фреди Меркјури беше жив, па и Тито, кога Том Хенкс имаше најдобри комедии, а Џон Кјузак сигурно бил сон на секоја тинејџерка...а мене дури сега ми е...
    А јас се родив во 87ма, како да пропуштив векови да бидам дел од нешто феноменално. Сега претпоставувам треба да им се радувам на скулптурите во центар, затоа што тоа е од моето време...
    А не би, да заборавам, на Midnight in Paris, кога секој сака да биде дел од времето што изминало. Па можеби сите овие мои времиња што ги љубам, биле крајно несовршени.
    Можеби е време наместо да жалиме за минатото, да креираме сегашност која вреди да се памети. Да создадеме идно минато, во кое и самите би посакале да се вратиме.
    Извинете што не одлетав до прво одделение, и не ви раскажав за мојот прв школски ден. Кога ќе го пуштите умот слободно да лета, ќе проживеете многу, а сепак ќе останете на истото место. Затоа ги сакам книгите, затоа ги гледам филмовите, затоа се топам во музиките.
     
    На julie77, mims-89, Miss.Ricci и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    СДК дека положив влезен испит кај Родна. Тие што студираат/студирале на правен знаат колку значи тоа :whew: во
     
    На Hipster, Monna.Monna, starbucks и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.435
    Секој има право да ја слави својата среќа,ама луѓе што прогласуваат национален празник од три дена за роѓенден и било какво славје кое е нивно и само нивно,ок,го прифаќам првиот ден и се радувам,мило ми е, ама више од вториот ме смара тотално. Мислам нема потреба мајкин, големи сме више, треба да се учиме на скромност и да прифатиме дека не сме посебни. Али тоа е таа шема на понашање само и само кај медиокритетот,па дури и помалку од медиокритет. А останатите ќе се губат измеѓу. Значи не ми се веруваше дека (рика) магарица од 23-24 години дува свеќички на розе торта и вика абе за децава шо ми дојдоа од родниниве на роденден да се радуваат. А чекај ти као уште имаш и роднини со деца на гости за роденден?! :o Не,нешто не е ок во сликава. На роденден,мој,на блиски одам и се начукувам без дување свеќи и фама. И го сакам роденденецот и го бацувам и гушкам и славиме...

    И друго,моите вчера ми рекоа...кога се брукаш за други по собиранки,пиеш,прекини со тоа. Имаат право... Сега скоро имав момент од типот на виц седи си сваќе како што си седеше... у превод, постарата членка на фамилијата седеше со раширени нозе и сите и ги видовме гаќите...на прослава... Како да не пијам тогаш?! Како?! Ах и да... откако ќе сум се поднапиела некоја татко ми го цитирам - ти се гледа у очи вистината,ти пршти и ич не знаеш да изглумиш,у секој момент очекувам да направиш скандал со многу вистини... И ете,зошто не треба да ме викаат на прослави. :D Стварно не знам шо да правам со овој мој срам кога одам по туѓи свечености,увек се прават наглупите ситуации...бар да можев да се изнасмеам,ама онака жал ми е бе. Не могу ја ова да гледам ...

    И това е,што очекувам од народот,коа некоја си Јана?! чинам беше,кај Трендо пишува колумна, трепки,пердуви и не знам што и при тоа ТРЕНДО химслеф не прифаќа критика и се исмејава јавно со писма од читатели во кои добива конструктивни критики дека глупачката ама АПЛА не ја бива... Онда и Трендо е глупак. А рака на срце, увек ми бил лејм, иако пролетва го видов на точак у рано утро со штипки на ногавиците,па ... Па и другарка и на Јана,Емили. Кој кретен треба да си да одиш на одмор и да пишуваш текст за италјанските сељачишта што носат кошуљи? Екскуза,ама муж у кошуља,со завратени ракави,па уште и исончан ти е чист посврш,а ти сестро немаш поим шта причаш. Матрица на понашање на одреден човек претставник на одреден народ во странство е таа, како можеш да искочиш од шемата?! Си видела ти како се понашаме ние на пример?! (http://commonsensehate.blogspot.com/2012/09/3.htmlЈас би додала тука уште минимум три!) Пф ама типично македонско понашање,гледај ти комшијата и тој до комшијата! А и ако зборам за себе, летово на одмор еден ми се обрати гласно ЈУ ТАВЧЕ ГРАВЧЕ?! Јес,ми тавче гравче и прави на стомакот ОООООО и се смее. И сега ... јас сум сељанка Македонка шо праам муабет за тавче гравче у вукојебина?! И ете тавче гравче како и италијанските шпагети е ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА,точка!!!

    Е не знам како да ви реча,коа тргнувам да анализирам што не чини во државава,почнувам од најмалата суштинка на истата. А тоа е народот. И почнувам да го анализирам концептот на понашање од ситници, па до големи нешта. Е тука веднаш гледам дека на вакви тешки медиокритетчини со желба за внимание уствари и им се придава тоа внимание кое го сакаат, се маргинализираат оние кои не се дерат гласно за да бидат забележани и оп,се скренува пажња на луѓе кои апсолутно никако не ја надградуваат интелектуалноста на јавната маса која има за цел да го извика остатокот од обичните и да му помогне. И онда... врзи ги посериозните теми со се политика енд шит...
    Така што,подлизурковци...немојте,доста. Еве на пример другар ми се ретвита баш со оваа Јана на твитер и му викам,зошто бе брат? Абе глупа е,да му ебам матер колку е глупа и грда (е ова не е баш убаво од него,ама мора да се согласам),ама знаеш како оди во земјава и социјалните мрежи,тоа така и ти си правиш маркетинг,ќе ти треба некад некој да те спомне по добро. А така... е така... ми дојде да го затепам,ама тоа си е.

    Денес ми се шета и ми се пие кафе по чаршија. И нешто така ќе го правам,под услов да не качам температура! И ми се гушка!
     
    На mims-89, malechkata, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.330
    Допаѓања:
    17.911
    Пол:
    Женски
    лилитке ти праќам гушка :hug:
    [​IMG]
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=VUjKht1C ... r_embedded Кабадајска работа :rofl:

    Вторник дојде, уште 6 дена ми остануваат. Почнав по малку да се спремам и сфатив дека ми треба од оние најголемите куфери хахаха. Па кога се троши, се се троши... и пудрата и креонот и моливчето за уста. Ама тоа е ќе си купам нови. Колку ми е убаво кога некој ќе ми рече, да да доаѓаш тука, враќај се... тогаш сфаќаш дека ќе му недостигаш иако директно не ти го вика тоа... ама ако сепак е слатко.
    И пак ќе кажам не вреди да се караш со некого за фб. ФБ е едно, реалноста друго. Понекогаш луѓето многу сериозно си ја сфаќаат работата и ако нешто не се совпаѓа со реалноста веднаш има бурни реакции и кавги... ама зошто... тоа е само фб... реалноста е друго. Не знам ама мене ми е смачено од такви кавги и не можам за глупости да се расправам. Тоа е тоа :*
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Сакам да кажам дека животот е многу убав кога си го сакаш... :inlove: ;)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Роденден е денот што го чекаме цела година, цела година :D :party:
    Ете и мене ми дојде роденден :D Па 22 и не е мала бројка :wasntme: Роденденски расположена ќе го испратам брат ми во школо па после ќе се фрлам над книга :geek: Нема да се видиме со ханито само ради глупиов испит :devil: ама затоа во четврток ќе надоместиме :wasntme:
    Останете ми вие во добро расположение и земете заблажете се, јас частам :D :angel:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На bittersweet, fallenangel, starfish и 23 други им се допаѓа ова.
  13. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27

    , најмногу со самиот себе .
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. American.Virgin

    American.Virgin Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    20
    СДК ми се спие ! |(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    сдк ај ако сака некој што има полагано сега брзо тестови за возачка нека ми пише да го прашам нешто :D
     
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Сдк дека само што отворив очи, осетив болка во стомакот. Знаев.. Ми каснеше два дена но сепак ми дојде. Сега лежам, пијам апчиња и уживам во болката. Цело време сум на исто место, сакам да се тргнам од тука, неможам повеке се гушам. Исти места, исти луге, исти муабети...доста е !!! Немам желба за излегување во последно време, така претходната вечер дојдеа другарките на гости игравме карти, си пиевме вишновка и супер си поминавме. Ми останаа само уште неколку дена и ке треба да почнам да се пакувам, да се средам со се, и да одам да се вселам. Кога ке замислам што се ме чека оваа година ми се плаче, па и ова 3тата баш најтешка е , ама ајде се надвам ке биде се во најдобар ред, борец сум јас, не се откажувам така лесно ;) 8)
     
  17. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566

    Си повлекувам се што си реков.
    Признавам,грешка сум бил.
    2ри ден на училиште и веќе се осеќам прекрасно.
    Незнам зошто ама спокојство ме обзема кога сум таму.
    Деца на моја возраст,секој со секого се знае и секој со секого се дружи...засега.
    Имам чувство дека ова ќе ми биде најдоброто искуство до сега. :)
     
    На Hipster, antonina, butterfly33 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Kога ќе видам какви се луѓе одат на другиот свет, премлади, кои со ништо не го заслужиле нивниот крај толку рано; а на овој несвет да вегетираат амеби кои не прават ништо во животот освен што нивно најголемо достигнување е употреба на безброј супстанци кои допринесуваат да бидат во хај положба - ми доаѓа лично јас да им пресудам, и да си го спасам видикот и денот и себеси и на многумина, па и на самите нив.

    Tребало да ги жалам . . . така викаат, односно еднаш татко ми така ми кажа.
    3ошто побогу да жалам некоја исушена во мозокот личност, која самата од чиста мира или немира решила на потежок начин лично да си пресуди. A уште не си ни пресудила, и со години гледаш се влече по улици, питачи, краде, и сега јас треба него да го жалам.
    Jас ги жалам луѓето кои доживеале несреќа, кои изгубиле најблизок/најблиски и кога ќе ги видиш истите тие луѓе се борат самите низ овој свет, и успеваат, и се амбициозни за да докажат на себеси и на најблиските кои ги изгубиле дека вредат. Hа таквите ќе се угледам, и капа ќе им симнам.

    Hе на некој мрсулко кој при најмал проблем зема трева, а богами и повеќе за да избега од дома и од проблемите.

    Tака паднаа во жалење за еден младич што умре од предозираност. Демек, не очекувале? :^)
    Oд ведро небо дошла информацијата. Mореееее . . .
    Mаката си ја имал човекот.

    Mене ми се гади бре да ги гледам, ми се повраќа, денот наопаку ми тргнува, ако веќе не успеале да се освестат нека ги снема бре, ич нема да ги жалам, ни да плачам, ни да бидам трогната од нивната смрт.
    Hиедна причина не е доволно за некој да си го упропасти животот на тој начин, па кој сака нека ми парира на ставов.

    Aбре има луѓе на кои им се дивам што се успешни, паметни, амбициозни . . . нема на пропалитетиве да се огледувам, и да си го величам животов, споредувајќи го со нивниот. |(


    3грозена сум, секој ден се повеќе и повеќе.
     
    На julie77, bittersweet, zarah и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Не спиев убаво,ме боли главата,ама сепак ќе помини.Знам,не е само од спиењето...Ама ќе поминат и овие нерви,само да издржам уште малце :doh: Како што вика Серафима,трпение спасение :) ЌЕ издржам...
    Еве,кафето ќе го пијам со вас,стои на масата штотуку направено и миризливо.Го обожавам : ) Иако не ми делува многу пошто се навикнав на растворливите,ова ми е мерак кафе,со убав мирис и вкус.Исто така ги обожавам и на Jacobs.Еднаш,се возев во автобус во Бугарија и нудат кафе кој сака и викам јас сакам едно и кога го донесе,кога го пробав,така топло и миризливо,а надвор ладно и дожд врнеше,си викам колку е убаво,да ја прашам какво е или не? Си реков,ајде ќе го пронајдам : ) Одтогаш си ги сакам Jacobs Monarch.А на факултет кога одев,секое утро кога тргнував од домот без кафе не тргнував,имаше машина долу на влезот на домот и земав кафе,го носев в раце така топло,малце да се олади и да го испијам додека поминам 5 минути,пазејќи да не се извалкам во одењето.Навика ми беше : ) А мораше да сум расонета за вежбите на факултет,а и за да не ми падни притисокот.Некогаш и ќе каснев бисквита или 2 коцки чоколадо,колку да не е на гладно.Никогаш не одев гладна бидејќи иначе се случувало да ми се сврти,па така се научив на кафе и доручек од рано.За време на сесија,пиев по неколку на ден,4-5-6 :D и до касно учев ама со кафето беше се супер.Го дочекував и утрото,5 часот и бидејќи преку ден прупуштав,во 5 ко ќе немав концентрација,го гледав 1001 ноќ :lol: со едвај отворени очи и легнував.Колешката секогаш ме прашуваше што филм е тој што остануваш да го гледаш? И викам убав е многу,гледај го.ТАа не го гледаше тогаш,ама кога почна и во Македонија сите сфатија за каква зараза зборувам :D Исто и со Зет домазет,тогаш го даваа кога ќе стигнев од факултет дома,преку ден и не пропуштав епизода пошто беше единственото нешто на телевизија кое знаеше да ме насмее од срце :D А и сега пак се смеам со нив.Можеби пошто и мојата приказна многу наликуваше на нив,а и многу вистинити работи има во нив,на смеа на шала,пола вистина.Некогаш заедно со цимерката ги гледавме,се смеевме заедно...Многу ми недостига сето тоа. Ми недостига собичката каде знаев и да уживам и да учам и сите обврски да ги средувам,да примам гости,да одморам,да пуштам музика,да седам со кафето и да го гледам дождот,да се смеам на виножитата,да го гледам изгрејсонцето (сепак бев на 11 спрат и имаше прекрасна гледка) да готвам специјалитети :D , да се смеам и да плачам,да ја уредувам,да седам со саати и на фемина,па после да си ги довршам обврските,да се пакувам ноќта и после се да проверам дали е во ред и да ја оставам средена собата...Само таа толку години знаеше како поминав : ) Имав и едни луди но прекрасни цимерки во соседната соба,секогаш пиевме кафе на поручек,готвевме заедно понекогаш,купувавме сладолед во 12-1 ноќта,пуштавме музика гласно (не можевме без музика) учевме заедно до касно и се бркавме со бубачките околу светлото :D Убави моменти имавме...Пред тоа имав други,и тие беа супер,бевме како семејство : ) Понекогаш кога ја немаше едната,јас останував да спијам таму кај другата и не се досадувавме така.
    А и градот ми недостига! Со сите прошетки,паркчиња,кафичи,пицерии,дискотеки,трговски и маркети со попусти,растрчување низ него,се! Можам уште долги приказни да пишам,ама доволно е ова за денес...
    Никогаш нема да си го заборавам студентскиот живот,пошто многу научив и многу преживеав.А ви посакувам и вие да го доживеете сето тоа,бидејќи колку е мачен,толку е и убав : )
    А јас веќе го допив кафето и се потсетив на убавите моменти,во друштво на Фемина :) Па така,имајте убав ден и памтете ги убавите мигови бидејќи еден ден како мене сега,ќе ви стават насмевка на лице и се ќе ви помини :*

    [​IMG]
    Уффф сакам некогаш и вака да си го пијам кафето : D
     
    На tweety26, Serafima, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    ...џизас холи крајст...
     
    На teletabis4e и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.