Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Тажните луѓе имаат најубава насмевка, и навистина е така.
    Другарка ми еднаш ми рече, "не си свесна која убавина блесна од тебе кога очите ти беа полни со солзи а проба да се насмевнеш, колку искрено и невино изгледаше".
    Во тој миг не бев свесна што ми зборува, но од тој момент сум видела многу луѓе кои скршени од болка пробуваат да се насмевнат, и ја сватив. Можеби насмевката и тагата во никој случај не одат заедно, но го прават човека невин како мало детенце.
     
    На Beaty, Adi888, tweety26 и 28 други им се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Дефинитивно свашта во секого се крие. Треба човек ептен добро да го знаеш за да му се довериш и да имаш доверба во него, иначе ништо. Изгледот ништо не кажува, а она што се наоѓа во умот на секого е само енигма за другите, и секој момент може да изненади. Некогаш човек се надминува и самиот себеси, да. Па не сме сами на светов дојдени бе, колку е жално што тие што немаат семејство очајно го бараат истото, а тие што го имаат си го расипуваат.

    Море, златен бил дечково мој се сфаќам откако ќе се изнагледам секакви машки. Леле какви имааааа, бог да чува од нив!
     
    На Trendafilka, srcekrsacka и XMaN им се допаѓа ова.
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Да знаete понекогаш воопшто не сум скромна , а и не ми е гајле :) .Сакам ваква куќа со американски стил и никако поинаку :$ двор во кој ќе киснам сааати во текот на денот и несебично ќе се давам, за да ми биди убав за мене и моето семејство, потесно -пошироко.

    Друго сдк нема поубаво од искрено-насолзени -радосни очи на билдеров мој , кога ќе си го изненадам со некој скромен поклон (да се разбериме со последните пари што ги имам).Овој пат слика урамив и две чаши за мартини :) .Ни јас не занев дека сум воолку романтична хиихих.
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21, Hkikica, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Чувството кога по n-ти пат те пофалат дека си направила убаво јадење. :rock: :wasntme:
     
    На mims-89, bittersweet, zarah и 15 други им се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    ..И може колку сакам да се лажам и залажувам дека нема проблем, но мојата врска не е воопшто перфектна. Знам дека нормално е да не биде, но ова што се случува НЕ е нормално. И уште потрагично е тоа што само јас гледам проблеми а нему му е се на место.

    Разговор мора да се случи, вака неможам да се мачам. Неможам да се замислам цел живот со овој проблем. Не се случува прв пат, а нема ни последен да биде. Не ми е јасно како може она што цел свет го сака нему да му биде сеедно дали ке го има. Си направив терапија дома, се погледав во огледало и знам дека не е во мене проблемот. Кој си има проблем нека си го реши, само држи ме мене понастрана од тоа!
     
    На M.a.r.i.l.y.n и Sara123 им се допаѓа ова.
  6. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...Немаш појма колку некој ти фали, се додека тој некој не се појави повторно во твојот живот ;(
     
    На Name, Juicy03, Rozich и 2 други им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Од сите случки и настани до сега, мали и големи, пријатни и непријатни, посакувани и непосакувани, успеав да извлечам нешто, нешто што ќе ме води понатаму-

    Што и да правам, гордоста веќе не си ја прегазувам. :)
     
    На SOVRSENSTVO, Juicy03, M.a.r.i.l.y.n и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Сакам да кажам дека оваа држава не не заслужува нас добрите студенти. Секој студент со просек, што учи НЕ ГО ЗАСЛУЖУВА.... Се додека се буткаат само луѓе со врски без знаење(ако знае и нека го бутнат) НЕМА ДА НЕ БИДЕ.... Пукнете! :@ :@ :@ :@
     
  9. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    СДК денов ми беше ужасен. Само што се прибрав дома. :@ Прво автобусот доцнеше пола саат :swear: После гледам им почна сезонава на А: сакаш нешто? Б: Не. (А се враќа) Б: Еј, дај малце. Немам ни јас пари одвишок бе ало! :fubar: Последните железни парички ги дадов и пола да ми земе некој? Е да си :swear: тоа таквото.Тргај настрана по денар, два и после нема. Па нема! :punch: И секогаш викам дека е последно и пак истото го правам. Зошто, о зошто? :headbang:
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... ме испокараа маживе мои колку малку сум се разбирала од компјутери. :(
    - Еве ти РАМ меморија на попуст, ама не чекај, дали матичната ќе ти поддржува, а што матична имаш?
    :^)

    Ту бре дете, полесно ќе ти одговорев колку пара гаќи и чорапи ми брои фиоката, отколку ова.
    - Па види М, видиии !!! :devil:

    Каде да видам, каде се кријат тие вражолии... :sweat:

    DDR2, DDR3, два слота, толку херци, онаа фирма, оваа фирма, тинтири-минтири, па уште и ми викаат и ми се дерат.
    Фер ли е сега јас на некој што не подигнал лажичка во животот да му објаснувам рецепт за тирамису и притоа да му се издеравам колку е смотан оти не сфаќа? :(

    Ах, поминаа тие времиња кога на прашањето каков компјутер имаш, можеше да си одговориш - црн, :D и да го шармираш момчето.
    Овие денешниве не се шармираат, се ужаснуваат од нашето компјутерско незнаење.
     
    На fashionista, Monna.Monna, teddybear и 18 други им се допаѓа ова.
  11. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    I hate negative people!

    Разбирам дека имаш проблеми, не ти е лесно, ама ти разбери дека и ние си имаме свои и никој не сака дополнителна негативна енергија. Доколку ти треба помош, совет, личност за разговор, јас радо би помогнала, но секој ден главна тема на разговор да бидат твоите депресивни кукања зачинети со крокодилски солзи, е не може бе сестро! Никој не сака покрај себе да влечка намќор и да изиграва бесплатен психијатар, никој не сака луѓе без волја за живот.
    Дај приберете се бе луѓе, што ви е? Што сакате да постигнете? Сакате да бидете сожалувани, да се зборува за вас? Да бидете во центарот на вниманието?
    Срамота, како не ви е срам?! Вие не можете да пребродите еден мал период од вашиот живот, а што ќе правите понатака? Да го занемариме фактот дека дискутирам за смешни работи, работи кои би се засрамила да ги споменам во категоријата на животни проблеми... :x
    Ако тоа ви е примарната цел во животот, ќе ве замолам од мене да бегате како од ѓаволот!
    Страшна работа!!!

    ...Evo priznajem, nije mi lako. Al nije slavno plakati javno!! :music:

    http://www.youtube.com/watch?v=Jf5WKKTH ... re=related
     
    На Salome, kravce, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    3.628
    СДК дека ве читам веке неколку месеци и денес конечно решив да Ви се придружам и да се зачленам и јас.. :)
    Се надевам на одлична дружба,а сега Ви посакувам убав ден. :D
    .. и уште поубава вечер. :P
    Љубов до Вас.. :* :l:
     
    На kravce, butterfly33 и Doozy им се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За време на испитна сесија, од ранобудник се претворам во ноќна птица.
    Ноќта ја користам максимално и тогаш сум најпродуктивна, па легнувам во кревет штом се појави изгрејсонцето. Секое утро околу 4 часот, на неколку километри од овде поминува воз. И ете, некако несвесно, си створив навика штом го слушнам татнежот, да ја затворам книгата и да направам пауза од десетина минути. Да излезам на тераса на свеж воздух и да протегнам нозе.
    Утрово си направив чај и седнав под месечината. Овде ноќта е многу тивка и вообичаено секогаш сум сама. Ама овојпат, спроти мене забележав една постара комшика како седи на нејзината тераса пушејќи цигара. Не ме забележа, делуваше како да е некаде далеку со мислите. Знаејќи ја нејзината судбина, не можев да останам рамнодушна и да не помислам на сѐ она низ што поминува. Па така, споредувајќи ја нејзината приказна со мојата, добив впечаток дека мене во животов рози ми цветаат. Моите проблеми почнаа да ми делуваат толку незначајни, тотално небитни, брзо минливи, пролазни...
    Мајка ми често знае да ми рече: Дете, имаш само 21 година. Премногу се оптеретуваш. Нервозите и вистинските проблеми допрва доаѓаат.
    А не можам да не помислам, каква судбина мене ми е скроена.

    Комшиката отспротива ја изгасна цигарата, јас го испив чајот, па двете влеговме внатре.
    Секоја од нас носејќи си ги своите обврски и маки.
    Таа со искуство од сѐ што проживеала, а јас со малку поинаква перцепција.
    Работите изгледаат многу поинаку кога ќе ги ставите на кантар.
     
    На antonina, Peppermint, Monna.Monna и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.440
    Сонувам како живеам во стара куќа,дури и мирисот на старо го осетив,а во соседството гледам нова куќа,а во неа домаќинката меси кифли. Знаев дека е до храната,знаев!!! Потсвест,знам што мислам за себе. Спијам,спијам,спијам, и осеќам во сон дека некој ме гледа,отварам очи,мачорот седнал и милно ме гледа, КОЈ ТРИП Е ОВА ЧОВЕЧЕ?! И само мачорот може вака романтично да ме гледа,дур спијам!

    На ручек му кажувам на татко ми како се сретнав со некој пред некој ден и како се напна пошто не дозволив да ме гушне и дрн дрн дрн...си ја мава човеков ракијата на екс уз салата и ми вика-а па ти отвараше тегли од зимница сама на 4-5 години,ниту едно машко,особено слабич,не сака женска со силна рака,а и незгоден карактер,знае дека ти може и да го скршиш од ќотек! :rofl: Си ја сакам фамилијава бе! Сум отварала тегли од зимница на 4-5 години?! :D А да му кажам дека на бившиот му глумев на почетокот дека не можам шише со вода да отворам џоа у Ноутбук сум,ете колку сум била лејм! :D Тоа се вика неискуство, глумење дама,фрагилност! Ама учете деца,после тоа тетка Лилит имаше долга врска,значи упеца на финтата,се осеќал корисен! Колку независна домаќинка ќе бидам... тоа значи дека ок е и да останам стара мома со многу мачки!

    И муабетот беше,да... сто посто му било мука пошто мојот стисок дур му ја буткав раката е посилен од неговиот отпор! Колку би се тепале замислете...
     
    На cinderella5 и M.a.r.i.l.y.n им се допаѓа ова.
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ќе умре некое Магаре, јас и брат ми конечно седиме во иста соба и мирно разговаравме..
    мајка ми се чуди што немало дерења и лупање врати :?:
    Абе знае и он да е мирен, да разговара убаво, дури и да ми помага правејќи накит :lol:, само ретко кога можеме да го видиме таков.

    Многу мразам кога некој не ми верува за годините, и тоа пред полна пошта таа теткицата се дере
    Штооо ти имаш 23 |( :devil:
    абре жено дојдов да си земам пари и да продолжам да си бркам работа, а не тебе да ти полагам сметки за моите години |( |( :fubar: :fubar:
    Е вакви денот можат да ти го претворат во пекол :devil: :devil:
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    ^^Трендафил, не губи надеж еј, не се сите такви. Гарант бил некој тежок geek, признај :D Јас сега кога си купував лаптоп, му викам на тој, нормално на зезање - сакам бордо, другото не ме прашуј, глеј шо ми пишал тука другар ми.
    Не ме глеј така мутно, жена сум. Ама да видиш какви други ствари знам да праам, ха! ^_^
    :D

    Заборави во моментот што сум му рекла. И стварно си набавив бордо лаптоп бе па :D

    Него, скршен нокт е проблем...кога ќе ви отиде скоро цел. Кармата е стварно кучка. Јас цело време се зезам како некоја кука за скршен нокт, ама ова боли бе па :doh:

    Туку по свадби веќе не одам. Чекам уште една на блиска другарка за да ја истерам функцијата на старосватица :) и толку беше, однапред ви кажувам.

    Сакам да се забавувам, да рипам и играм, ама што е многу, многу е. Плус па и досадно станува ако е по еден терк. Ајде оро за зетот. Ајде сега нека го поведе орото старосватицата. Ајде сега кучето на зетот на старосватицата на комшијата најдобар другар.
    Добро за колку луѓе имаме песни бре?!

    Е затоа последниве свадби ми беа мелем. Нит орце, нит вибрирачки глас, нит шљокасти хаљини секаде.
    Опуштено, природно, убаво. Така како што треба да биде. И хип хоп диџејче кое си го почитувам премногу, абе се стопив кога искочи да пушта музика. Абе м!
    За мојата свадба го сакам него. Сакам да ѕенѕаат сите на хип хоп. Е така!

    Ама и покрај ова, сепак не одам повеќе по свадби :lol:

    Народен спорт у Македонија - идење по свадби. Луѓе бе кога постигате? Јас сили немам веќе.

    Си кажав. Ноктот сеуште ме боли. Ауч! Односно нокте немам, пардон прстето ме боли. Ауч - again.
     
    На CIA, kravce и green.eyes им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    уште во 7 часот будење со алармот, појадок набрзина спремање-дотерување и на ЕЕГ снимање на Неврологија-како и секогаш , прво заверка нели, па бидејки не беше дефинирано во колку часот е снимањето седиш и чекаш едно 2-3 часа се додека не те повикаат-па уште сестрите на твоја сметка каде си , што правиш :envy: и ти кажуваат во 1 и 30 биди тука, за да докторот ти го прочита ЕЕГто ,бидејки твојата докторка не е тука оти била дежурна а со резултатот пак кај неа-кај неа одиш со години-порано не беше едниот доктор да ти го чита снимањето, туку ДОКТОРОТ што те води ти го чита снимањето ама ете министерот внел промени во играта-а ти имаш на располагање неколку часа и тргнуваш во потрага по Ортопедија-нели требаа да те прегледаат , бидејки така рече докторката од Румунска болница(не може директ Кклинички, од кај матичниот си одиш во Румунска или Воена болница, па ако треба тие те пракаат за таму) талкаш, прашуваш, и КОНЕЧНО доагаш до вистинскиот шалтер каде ти даваат тел. број, и ти велат јави се во текот на неделата, објасни што и како е , и ке ти кажеме кој доктор прегледува-партиципација од 40-150 денари, и на крај се вракаш кај доктоот од првобитната клиника-инаку си личат со Боки 13ка физички и имаат ист глас, и уште едно нешто имаат заедничко-ЖЕНСКИ ПАРФЕМИ :lol: и тој ти вели, излези надвор ме деконцентрираш :fubar: а потоа ти вели добро ти е ЕЕГто,со резултатот кај колешката-во превод значи ти во Четврток ти пак треба да одиш кај докторката со резултатите, и да ти напише на упатот АЕД-да видат колку од лекот има во твојата крв, дали го пиеш редовно, и си доагаш дома, преморена и си велиш АМАН со овие доктори, и го прегледуваш и корегираш цв то за аплицирање, одиш да го принташ и дечкото што треба да ти го принта ти вели-девојко јас не можам да губасм време со твоите корекции :^) а тој заработува од твоето цв :fubar: се вракаш назад, го принташ на друго место, еден фин дечко ти помага за се, фолија, слика, и одиш да го однесеш каде треба, ама :!: ти влегуваш во лифт и наместо лифтот да те однесе горе, те носи на паркинг и те фака паника, немаш кого да праша, и тргнуваш по едни скали-испага дека се вистинските и стигнуваш таму, влегуваш со :) го оставаш цвто и апликационото писмо, со слика-прво те прашуваат дали имаш слика и дали имаш тел. број ако не џабе ти е се, и си купуваш еден сладолед-освежување аа продавачот еден убавец-само да го гледаш, седнуваш на клупа и 8) гледаш дошло време за ручек-па те барале од дома, доагаш дома, седнуваш на столче не можеш да станеш :D ручаш и седнуваш на Фемина и си мислиш доста ми е за денес :P
     
    На anabel-a и Doozy им се допаѓа ова.
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940

    Кога ти викале, што не си ги прашала „ А вие знаете посно гравче со лут пипер да правите?“ Не знаете :!: :D


    СДК Денес како млад напален мајмун се шетам низ Скопје. :$ Бре, бре хормони што ми направивте, ме запустевте. Згодни младичи на секој чекор, а ја запустена .. Работава, а ти Маро мори, од секс абер да се немало...

    Инаку др СДК татко ми си купил педерка ама кога дозна дека ПЕДЕРКА се вика, му е срам да ја носи и секој ден на работа работите во педерка ги става а педерката во кеса . :D
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Дојде време кога неизмерно многу се радувам на интерпукциски знаци и писмени луѓе!!
     
    На Monna.Monna, Bozica1980, SOVRSENSTVO и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Положив еден од поважните испити, и тоа со солидна 8ца :party: :party: . Веќе се бројат на 1 рака предметите до дипломирање. Ма пресреќна сум. Камен од срце ми падна кога се видов на списокот, арно не ме удри по нога :)
    Ноќеска сонував лош сон, проверив во соновникот тука на фемина и има што да видам ВИ ПРЕСТОИ ГОЛЕМА ЗАГУБА :o :( . Уште ли проблеми господе, не ти беше доста од мене |( ?? Растргната на сите страни,и немам многу време за себе. Дома мириса на компот од праски, убавини, ме мами да седнам на тераса и со часови да дремам... Ова мажулево мое цел ден го преспа, а ме фаќа криза за кафе со него (и нешто друго :lol: ) колку за опуштање :) . Од утре па до 15ти септември ( се осеќам сеа како Б.Ц) ќе живнам малку, без нервози без книги околу мене,и ќе удрам еден добар пред есенски шопинг! Ете така женски :*
     
    На Ph0enix, Lux, teddybear и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.