Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Најлошо е кога треба да учиш од сопствениот родител каков не треба да бидеш. Искрено мавнете ми шамар и кажете дека не е мој родител. Не можам веќе на сила да го држам до мене, или си татко или не си, или ќе останеш најсебичносто суштество кое не знае да се однесува со своите деца. Зошто воопшто станал татко?! Ми фали татко, ми фалат моменти, ми фалат спомени, ми фали бре, а тој сепак никогаш нмам да се научи да се однесува како таков, ништо друго не ми преостанува освен да прифатам, имам татко само фигуративно. Не е секој за родител, а моето родителство не е ни споредливо со неговото, зошто јас се жртвував за моето дете, а тој не знае што е жртва. Неговото родителство ми е лекција, која ме тера секој моемнт да си бидам поблиска со моето дете, и да ја искорнам ракава за нејзе. Работев многу работи кои кај нас се понижувачки, чистев куќи, фарабав огради, учев, и сликав се во едно за да купам секој месец авионски билет и да си ја видам, за да и купам нешто, за да и дарам се', ама да не примети дека ми е тешко и сум сама во сево ова, направив многу жртви ќе направам уште повеќе ама знам дека е тоа за моето сонце, за мојата иднина. И таа го цени тоа. Доволно ми е кога ќе ми се јави и ќе ми каже те сакам.. и веднаш спушта, или ќе ми рече знам дека си најдобра мајка само имаше лоша среќа со тато.. тоа ми е е најголемото признание дека сум родител. Вистински. И знам што би направила за своето дете. Најлошо е кога имаш родител, а немаш..незнам зошто да одржувам нешто што е напорно и те исцрпува. Се откажувам од него.. едноставно неможам повеќе ионака никогаш не сум го имала вистински. Ах ценете си ги родителите и сите оние моменти што ви ги даруваат со Љубов, денес и тоа е тешко и скапо да ја добиеш љубовта и вниманитето од родителите.
     
    На ludoto19, Monna.Monna, JoxyTheFreak и 40 други им се допаѓа ова.
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Денес една година од кога повеќе те нема на овај свет.
    Кога помина, не знам ама знам дека недостигаш, недостигаш да станиш од креветчето во кујната, каде што беше покриен преку гла со ќебето.
    Сега тоа повеќе го нема, те нема ни тебе, а сите спомени останаа, баба ми остана сама, и неа не му е сеедно се познава, тешко и е, нема со кој да направи муабет, со кој да се скара и на кој да му подготви јадење, памтам дека секогаш и викаше, но тоа е кај сите парови кои се во брак некогаш се караат, некогаш е се во ред.
    Твоето, Куче на дедо најуба ќе ми бидиш, секогаш ќе го памтам и ќе го кажувам сегде и на секој, мобилниот мој, т.е по твое касетата, татко ми беше крив шо ми ја купи и број шо му давав на секој, ме смееше стално, ми раскажуваше се за твојот живот, како си го поминал и сл.
    Ми викаше стално дека ко ќе починиш од толку шо сум викала ќе сум те станела од гробот, но не ти повеќе не се враќаш.
    Пронајди го својот мир таму, и почивај си мирно, најди го другиот дедо што никогаш не ме запозна, а сигурна сум дека многу сакаше да не запознај, неговите единствени внуци, кажи му за нас со брат ми, кажи му колку прекрасни деца сме, кажи му за баба ми, кажи му за мајка ми и татко ми какви домаќини се.
    Ни недостигаш на сите, на твоите синови и ќерка ти
    Е-Судијата, Н-Докторката и сите твои внуци.

    Почивај во мир ;(
    Те сакаме сите. :l:
     
    На Monna.Monna, Pirana, cinderella5 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Мамо срцето ми се пара што морат да стојат вака работите. ;( Толку си ми блиску, а толку далеку. Сега сум на расксница од која заминувам на далечен пат, а тебе неможам да те примам во него, неможам да ти кажам каде одам. Посакувам да не беше се` ова, барем на еден ден да бевме блиски како вистински мајка и ќерка. Ти ме молиш да ти кажувам, а јас неможам уста да отворам затоа што знам што ќе се случи покасно. Знам дека со работите што ги правиш ми мислиш добро, но тоа мене не ме усреќува. Камо да размислувавме исто- ти како мене или јас како тебе или барем слично. Верувај ми, се` би дала да ти се отворам, ама неможам. Можеби си разочарана од мене, но знам дека кога би размислила подобро би сфтила дека не правам ништо штетно. Само верувам дека чувствуваш колку те сакам и тоа нека биде доволно кога неможе повеќе. :hug:
     
    На Sara123 и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  4. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Решив од утре повторно да му се посветам на најубавиот јазик на светот - францускиот!
    Толку долго имав желба да му се вратам на учењето на тој величествен јазик, но обврските секогаш наоѓаа начин да ме спречат. Конечно имам еден тон слободно време кое морам да го пополнам со нешто корисно.
    Овој пат е дефинитивно - од утре почнувам со повторното усовршување.
    Најдов еден сајт на нет кој нуди бесплатно изучување на било кој јазик, па така и на францускиот.
    Се почнува од нула, па се продолжува степен по степен.

    Возбудливо е. Едвај чекам.
     
    На kravce, 1209, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Понекогаш изгледа како да плачам и да се нервирам за глупости,за некои небитни работи.Но не е така тоа не е за една работа,туку за повеќе кои што со тек на време се збирале...збирале и потоа само една најобична кавга,или недоразбирање може да те скрши.Се што ми е тешко со месеци го збирав во мене,преќутував на се,и на моите и на него,ама неможам повеќе се скршив,за момент ја снема мојата храброст и посакав да ме нема.Се почуствував сама,сама на овој свет.Прво кавга со татко ми , потоа со мајка ми,сега со баба ми и на крај го навредив и единствениот кој секогаш ме поддржувал во секоја моја одлука и ме охрабрувал.Плачев...плачев со часови,сега се пресушија и моите солзи.Заминав на едно место кое ме смирува,седнав на тревата како и секогаш кога ми е тешко,и го гледав небото.Го запрашав бога за многу работи,но не најдов одговор.Го замолив за другите,не за мене.Потоа кај мене дотрча кучето,легна на моите нозе и ме гледаше така жално,што почуствував дека само тоа ме сваќа,знае како ми е.Разговарав со кучето,некој ќе ме помисли и луда,ама навистина се чуствувам подобро кога разговарам со него.Го прашувам,а ако е потврден одговорот ми мафта со опашката :) После долго време се смирив,и си реков оди Ејми,оди испразни се во сдк,некој можеби ќе те помисли луда,ненормална..Но помислете,единствено овде можев да си ја испразнам душата и да ми ја снема цела тага.Еднаш си реков земи пенкало и лист и испразнија таму душата,но не.Несакам да се навратам некогаш на мојата тага,овде го пишувам ова и нема да го погледнам повеќе постов...
    Сакам само да ви кажам дека ве сакам,навистина ве сакам сите инаку не би го споделила ова тука.
    Можеби не го разбирате мојов пост,ама несакам да навлегувам подлабоко,така повеќе би се растажила.

    Уживајте во прекрасната вечер :hai:
     
    На kravce и mon4i91 им се допаѓа ова.
  6. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    сакам да кажам дека е мајка ми болна ;(
    Да оздрави побрзо мајка ми !
     
    На PinkGir123 и Sara123 им се допаѓа ова.
  7. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    На Aleks96 и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Кога и да видам маж и жена со бебе до нив, веднаш ги замислувам во кревет како го правеле.Перверзно, м?
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ми требаат обврски,ми требаат исполнети денови,кога правиш многу работи а сепак имаш време за сите околу тебе.
    Летото ме ослободи од обврските,добро ми дојде малку одмор.Ама сега,едвај чекам да се вратам на старата рутина кога постојано трчам натаму-наваму,без да кажам неможам повеќе.
    Почнав да се чувствувам како паразит.
    Со душа чекам да поминат уште овие малку денови кои преостануваат и со нови сили пак да го искористувам секој ден максимално.

    Почнав да ги одбројувам деновите.Незнам колку ми е тоа паметно,бидејќи знам дека бавно ќе поминат се додека ги заокружувам на календарот и додека му дојде ред на последниот ден.
     
    На starbucks, cinderella5, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  10. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    СДК дека ова е страшно, НЕЧОВЕЧКИ, како може да постојат вакви НЕЛУЃЕ......



    Несовесните родители се откажале од двомесечната Надица и ја оставиле на Детската клиника откако лекарите им кажале дека таа има срцева маана...

    Наводно, немале доволно пари за операција. Сега за бебенцето се грижат сестрите и лекарите, пренесува телевизија Сител

    Според лекарите малата Надица е подготвена уште утре да биде однесена во кардиохируршкиот центар во Бугарија каде може да ја спасат, но нема кој да ги плати трошоците.

    Бидејќи е поведена постапка за доброволно одземање на родителското право, судбината на малата Надица е во рацете на државата.

    „Се работи за вродена срцева маана која е оператибилна, и сме имале случаи кои се успешни.За жал го добивме овој случај кој е од Кавадарци, целосно успеавме преоперативно да го подготвиме, па потоа целата постапка им ја објаснивме на родителите“, изјавила за телевизија сител д-р Азпасија Софијанова, директор на Детската клиника во Скопје.

    И покрај укажувањето на лекарите дека после операцијата детето ќе биде добро, родителите не се предомислиле.

    „Јас лично со нив разговарав 2-3 пати, дека може да се оперира, дека ние сме тука да помогнеме, дека е нивно дете, но тие сепак одлучија да се откажат од детето“, рекла д-р Софијанова.

    Иако е родена со срцева маана Надица успешно напредува. Не е повеќе на апарати за дишење. Сместена е на одделот за детска кардиологија.

    Откако родителите се откажале од неа сега останува на надлежното министерство да се изјасни дали ќе ги плати трошоците и ќе ја спаси малата Надица.
    http://www.preventus.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2596%3Anadica-srceva-maana&catid=35%3A2012-01-12-22-17-51&Itemid=54
     
  11. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Се чудам каква е таа неблагодарност насекаде околу мене.Даваш добронамерен совет, изразуваш желба за помош, а некој да ти врати така дрско. :x
    Едноставно кажано, незнам дали да се чудам или па да не се чудам.Затоа што веќе НИШТО не треба да не чуди. :)

    И така, со нова неотворена кутија цигари, силно кафе и уште посилна главоболка се селам на тераса. Имајте убава вечер! :P
     
    На anabel-a, Springy и Hkikica им се допаѓа ова.
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    Не заслужува секој да биде родител ! :!: :bow:
    http://www.preventus.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2596:nadica-srceva-maana&catid=35:2012-01-12-22-17-51&Itemid=54
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Аман бре ;(
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Македонче, taking patriotism to a whole new level!
    Бабичкана што ја упропасти фреската на Исус, ја знаете веќе.
    Дека има конкурс за тоа кој најсмешно ќе ја унакаже истата онлајн - можеби знаете.
    Дека покрај толку Џокери, Педо-мечичи, Мона Лизи и остало, ќе најдете наше знаме - impossibru! :D
    Чисто ко за сликовита споредба.
    [​IMG][​IMG]
    На бившата најдобра другарка и’ е роденден.
    Ако пред некое време се радував повеќе на нејзиниот отколку на мојот, и ако трчав уште во 8 сабајле да и’ дадам подарок спремен уште пред 2 недели, денеска нема ниту да и’ честитам. Не заслужила.
    Life goes on.
     
    На Mishela, cinderella5, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485


    :( :worried: .Незнам колку тажен суров и лош живот да има некој НЕ е никакво оправдување :fubar: за вакво дело едноставно заслужува да биде казнет.Но и малце чудно ,би требало според мене јавно да ги осудат ,можеби ке им проработи човечноста и чувството на одговорност и родителска љубов .А сепак на крај суров е животот со такви луѓе,да се надеваме ке се појават искрени личности кој што со години очекуваат да посвојат бебе ,иако тажно ваква сторија да прочита човек,но очекувам убав крај ,барем да можат нешто да направат (државата и ситемот) :sweat:
     
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.474
    Допаѓања:
    17.174
    Ух, ја дочитав конечно книгата.
    Времето седење пред компјутер и читање ми бише најпаметната работа што ја направив ова лето. Искрено.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Секогаш истата приказна: таа посрана љубовна болест која руши се‘ пред себе, тие моменти на среќа, толку непостојани што бараат плаќање на огромна цена за нив.
    Ноќ и ужас. Плус сето тоа што не‘ боли и убива. Нашите стравови, фантоми од нашето минато. Сите тие се овде и ги гледаме в лице.

    Јас и тој не можеме да дишеме еден без друг, ниту еден со друг.
    Боли мојата трансформација во второ лице еднина.
     
    На Marge му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Абе не приметувате оти социјалниве мрежи и телефоните полека го уништуваат и другарството?
    Ајде за љубовта веќе знаев, ама почнувам да приметувам дека ми влијаат и на другарството.
    По цел ден си пишуваме на фејсбук, на мобилните, се гледаме на скајп, а кога се видиме во живо како се да и искажано. Па уствари и Е, де. :|
    Се што ни се случи преку денот, одма се пренесува.
    Го нема веќе она исчекување до утрето да и кажам што ми се случи, кој ми се јави, што зборувавме, што било, како било.
    И тогаш доаѓа на сцена оговарањето. Нашето е веќе се добро познато па мора да се занимаваме со туѓи животи.
    Жално...
     
    На Doozy, Divinebutterfly, Calla.Lily и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.875
    Пеколен беше денов. Не сакам вакви денови.
    Морав да пресудам, од двајца колеги да се одлучам за еден. И тоа без грам емоции, а ич не сум таква.
    Едниот - помлад, ама со искуство точно во тоа што ми треба, а помалку го знам.
    Со другиот работам со години, одличен работник е, ама не во тоа што ми треба.

    Се решив за првиот. Имам страшна грижа на совест, зошто вториов има фамилија, а и јас сум била во истата позиција, и многу добро знам како е. Ама ако се решев за него, ќе морав јас да ги вршам тие работи, и пак немаше да постигнам, на моја штета ќе беше.

    Тешко е кога решаваш за нечија судбина. Уште потешко ако милион пати си се нашол на истото место.
    Цел ден ми се лоши. Ќе ми се лошеше во било кој случај, како и да одлучев.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.