Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... се јавивме да им честитаме на две-три дечиња кои тргнаа вчера во нулта-групата, па со мајка ми ги крстивме - нултичиња. :D
    Импресии кај сите нултичиња, збунети и исплашени, на никое не му се учело, никое не го допирало подот со ноџенцата, пукнав од смеење. :D
    Едново од Карпош веќе добило комплет книги уште вчера, задолженија, распоред, беџ со неговото име.
    Другово од моето НЛо, едвај ја видело учителкава, прошишала набрзинка. :D

    Познавајќи го дотичното основно во кое ја имав честа да учам само осмо одд. а затупев како за 3 години минимум, сметам дека ќе ги добијат книгите некаде во ноември.
    Таман додека се уходаат, ќе дојде Нова година. :D

    Во секој случај, убави се овие моменти, еднаш се биднува прваче, т.е. нултиче.
    Мене мајка ми ми потури вода кога излегував низ вратата, а носев ранец 2 пати потежок од мене.
    Моравме со братучед ми да се држиме задолжително за раче до школото и назад, се додека јас не си фатив другарки и го откантав после една-две недели, зашто беше срамота да се водиме за рачиња.
    Паметам дека ме нарече кучка безобразна. :D

    Другарка ми еднаш рече - јас имав прекрасно детство, за разлика од тоа колку животот денес ми е посран.
    Им посакувам на сите да имаат убави детски спомени.
    Зашто секој ги заслужува.
     
    На sweet-cherry, Hopeful, antonina и 20 други им се допаѓа ова.
  2. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Животов ми е солза.Тажна,солена,среќна,проѕирна,искрена,детска,љубовна,иронична,бесчувствителна,сакана....солза,која полека паѓа и се губи....
     
  3. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Судбината не доаѓа така лесно. Тој ме запозна, бевме заедно 3 месеци, се беше совршено, ме побара за жена и сега сме во брак. Убаво е, но не е тоа тоа. Да беше судбина, ќе ме побудалеше и повредеше. Вака, знам дека не е.
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Како се зафркнале мажите?
    :D :rofl:

    Вака некако изгледало кога Бог го создавал светот. Бог го создал магарето и рекол: Ти ќе се викаш
    магаре. Ќе ринташ по цел ден и ќе те викам глупав.
    Ќе живееш 20 години.
    Магарето одговорило:
    - Ух, тоа не звучи како добар живот. Може ли да живеам 5 години?
    И Бог се согласил. Потоа Бог го создал кучето.
    Му рекол:
    - Ти ќе се викаш куче, и ќе живееш како потчинето животно.
    - Ќе се храниш со остатоците од масата и ќе ја чуваш куќата.
    - Ќе живееш 35 години.
    Кучето одговорило:
    - Тоа нема да биде баш лесно, може ли јас да живеам, ете само 15 години?
    И Бог се согласил.
    Потоа Бог го создал папагалот.
    - Ти ќе се викаш папагал.
    - Ќе седиш во аголот на дневната соба, ќе повторуваш што ќе кажат луѓето и ќе го иритираш секого. Ќе живееш 75 години.
    Папагалот одговорил:
    - Звучи малку досадно, а како би било да живеам 50 години?
    И Бог се согласил.
    И тогаш Бог го создал мажот.
    - Ти ќе бидеш човечко суштество, маж, и ќе живееш одличен живот.
    - Ќе бидеш мудар и паметен, ќе владееш и ќе одлучуваш на овој свет. Ќе живееш 20 години.
    Мажот одговорил:
    - Тоа звучи како добар живот, па не ли може да живеам барем малку подолго?
    (тука мажот за прв пат ја искористил својата интелигенција)
    - Може ли да ги добијам оние 15 години што ги одби магарето, оние 20 што не ги сакаше кучето и оние 25 од кои се одрече папагалот?
    И Бог се согласил.
    Од тогаш мажот живее одличен живот додека не наполни 20 години.
    Следните 15 години рмба по цел ден, се жени и го нарекуваат глупав.
    Потоа добива деца, живее од остатоците на масата и ја чува куќата наредните 20 години.
    Последните 25 години седи во аголот на дневната соба, повторува сè што ќе кажат другите и ги иритира останатите.
     
    На Hopeful, Srekicka, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Скоро ја извадив есенската облека. Речиси се е спремно за новиот почеток. Јас и тој за рака во нов ,огромен предизвик. Силни сме,трудољубиви и паметни-ќе успееме. Не за друго туку ниту јас,ниту тој не се смируваме за ништо помалку од успех.
     
    На Hopeful, anabel-a, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Еден млад, симпатичен доктор со кого порано поминував саат во денот, еднаш ми рече: Блазе си ти, и од татко ти и од дечко ти си разгалена! :^) Ох, докторе што ми го лечеше грбот, не знам зошто тогаш не ми ја извлече душата :D Најсериозно не знам од каде луѓето си вадат такви претпоставки некои чудни и неповрзани.

    Ми текна на ова зашто преска заклучив колку луѓето сакаат да си смислуваат приказни, да се убедат; за на крај удобно да живеат во нив. Тоа и е свое добро утро, добар ден и добра вечер, за на крајот со лека ноќ да си ја затоплат душичката со ќебенце од чисти лаги.

    Си дадов право да се ослободам од идејата да му докажам на некој дека не, не е розево, има други бои кои пречат можеби. Ама не, нека биде темнина ако тоа значи криенка на сомнежи, ако тоа значи дека нема да не зазори за конечно да продолжеме во животот. Смело! Глувчешките дупки се многу топли или..? :!:
     
    На antonina, Salome, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Во секоја работа можеш да си најдеш насмевка...среќа...само ако сакаш.Ако умееш да ги гледаш работите на добрата страна...тогаш се е полесно...ама...ако умееш :|
     
    На Hopeful и Gordana10 им се допаѓа ова.
  8. kikiritka89

    kikiritka89 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    10
    Имате уште еден член повеќе :D Јас сум кикиритка и случајно слушнав за овој форум и се зачленив. Се надевам ќе се дружиме. Поздрав.
     
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ејјј среќа, се објави нешто корисно на фемина, трикови за полесно забременување или јас како што милувам да ја наречам - еве што да избегнуваш при секс.
    Туку, нема крај со жени, тврдоглави суштества, фала ти господе што не се родив маж...или лезбејка. Некогаш си мислам дека треба да шеткам со блокче во ташна, за да нацртам некому. А и овде на форумов, покрај другите новитети, треба да се воведе и опција нацртај, за да можат некои луѓе подобро да сфатат.

    Инаку, тотално без врска со муабетов претходно, многу сакам тајна градина да имам еден ден. И ќе имам зајчиња и верверички, и по некој еж, и ќе си одам таму секогаш кога ќе сакам нечија глава да експлодира и да го снема од лицето на земјава. Онака најладнокрвно, наместо да кршам чаши, јас си земам чај, млеко, шешир и правац во градинава, на попладневен чај ко англиски сноб. Ќе научам и некоја песна од Снежана за поголем ефект. И кошничка за цвеќиња и моркови ќе имам. И сакам да има таков стар клуч за вратата, а вратата да биде покриена целата со зеленила. Колку ќе ми биде убавооооооо :f:
     
    На anabel-a и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  10. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Имам многу работи на ум, многу мисли, прашања, одговори, ми се моткаат низ глава, само изгледа немам доволно храброст да ги кажам, молчам и собирам се во себе, знам дека тоа не е во ред али ете поинаку неможам.
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Се подмочнувам од среќа што сум црвенокоса иако не сум баш цела. Мајка ми па ме урочи што сум и лична, па на сите ме пофали. :lol:
    И одам на тетка ми после мојот неуспешен обид да се офарбам и ми вика- така ќе си ја носиш. Како бе така, смислувај нешто. Смисли колку да ми ја исполни желбата иако одамна ми кажува дека не сака да ми ја уништи косата со бланшови, фарби итн. Ама па кога го виде резултатот, бре, бре :lol: :rofl: :wasntme:

    Денес цел ден во постела. Вчера се истоштив премногу, па денес ни крстенава вода која ми ја даваат против уроци не ми помага. Море и темјан да запалат по дома нема да помогне.
    Чаре? Штикли!? :wasntme:
     
    На M.a.r.i.l.y.n, calliope, Speechless и 5 други им се допаѓа ова.
  12. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сдк
    http://grid.mk/read/news/71948262/83631 ... haa-od-nea
    :x Во последно време се прашувам каде отишол светот, дали е можно ние луѓето да сме толку сурови.Мајка која што го носела своето дете во утробата 9 месеци и два месеци го хранела,заспивала,гледала и на крајт решила да го остави поради тоа што е болно. :x ПА што да очекувам после ова не знам.Не можам да си објаснам на самата себеси бидејќи е необјаснливо сето ова што се случува. За жал денес преовладува злобата во нас луѓето и затоа полека се уништуваме еден со друг. И после се чудиме зошто стапката на бременост кај малолетниците се зголемува,зошто секое второ девојче има прв сексуален контакт на 15 години,а момчињата ги гледаат како предмети.Кој е за тоа виновен?Родителите,децата,општеството? Не, за тоа е виновен брзиот начин на живот во кој што гледаме само да заработиме пари,ние сме ко машини,а не гледаме што е случува околу нас.Тоа не прави да сме без чувства и да не размислуваме за последиците од нашите постапки.
    Желосно е што се случуваат работи кои што самите не ги одобруваме,но и покрај тоа по некое време од нас некој ќе го направи истото.Ајде барем 5 од нас да размислат пред да направат нешто за да ни е подобар светот во кој што живееме.
     
    На anabel-a, thelittle17 и cinderella5 им се допаѓа ова.
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Многу мразам кога одредени личности се мешаат во работи за кои не се компетентни.
    Политика и спорот со името.
    15 години има и напишал статус како грците не чинат како народ, како се безобразни и лоши. На училиште незнае 2 чисти да сврзе, ама за политика и омраза и пцуење прв е ! Што сакаш бре да се мешаш, има луѓе соодветно обучени да тераат таква работа. Живеј си живот ти, не се замарај. На ова се сетив поради Пиволенд. Бев саботата, при крајот настапија едни искулирани типци од Тесалоники, Грција. Во прв или втор ред идиотка една со знаме бре, знаме ! Јас се мислев дали да земам ташна на Пиволенд, тие знаме донеле. Не сме таму бре за национализам бре, за забава сме. Ако имаш нешто против оди буни се.
    :swear:
    Зборот ми е, немам ништо против нив. Морам да признаам имаат прекрасна музика, :dance: сум се изнаиграла за сите пари на крајот, телово ме болеше од кршење и рипање.
    http://www.youtube.com/watch?v=RonrRBXW ... re=related
     
    На Trendafilka и Waka-waka им се допаѓа ова.
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Си отидов до факултет,демек ќе полагам.Битно си се прошетав и си поминав убаво.Испитот нареден пат здравје. :lol:
    Си го земав документот од суд,си ја платив сметката.Ја направив порачката.
    Си се наспав некако ама се разбудив целата здрвена...
    Си испив нес кафе со него на лулашка кај мене.
    И оп ете ја неа,девојчето со кое се запознав неодамна.Не ја знаев добро,а и не можев да ја проценам убаво.Превртлив карактер има,но не ме чудеше рак во хороскоп што може.
    Ме вика веќе долго време сама кај неа на кафе,а бев веќе предупредена да не одам.Испадна дека била многу злобна личност. :?:
    Ми должеше пари па вака или онака јас морав да се видам со неа.Ме викна денес и ајде некако се договоривме да се најдеме на пола пат.Но кога реков ќе дојдам со него,имаше така бурна реакција...сама па сама.Не отидов сама се разбира,а на тоа ме очекуваше еден многу оштар поглед.
    Се прашувам само што ми требаше да се запознаам со неа,бидејќи сега незнам како да ја оддалечам од мојот живот.Не сакам такви чудни луѓе во моја близина,еднаш имав,се изгорев...веќе не! :^) |(
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Читав за бебето кое го оставиле неговите во болницата затоа што било болно, како можеле такво нешто да направат не ми е јасно, како :fubar: што е криво тоа, што се родило такво :(

    Извадок од текстот:
    Според лекарите малата Надица е подготвена уште утре да биде однесена во кардиохируршкиот центар во Бугарија каде може да ја спасат, но нема кој да ги плати трошоците.


    Добро а државата што прави :^) градат споменици, Каде е нивната хуманост, офф како ме нервираат вакви вести :devil: па и таа каква мајка е што си го остава детето и тоа болно :!:
    Што срце имаше па да го направи тоа :x Некои стварно не заслужуваат да бидат родители.
     
    На Adi888, Ingvild и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Иди иди, несаницее, да не видим твоје лицее...!

    Добро, кога ќе заспијам? Ова нескафево во Чао добро беше, ама не дава сон изгледа. Како што не пијам кафиња, и тогаш коа ќе се напијам одма ми дејствува, фала. ЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ! Добро ај. Нема врска. Ќе одам да си каснам нешто пак, може ќе ми се приспие. Она бурекон од Вегера е царски! Свака част. Абе обожавам вкусни јадења, брза храна...абе вкусно да е ми е гајле. Омномном. Вистински муабет во вистинско време. Така?


    Не, не сум отишла на спиење. Само да додадам уште ова, дека многу ми се пее нештоооо шабанско такво нешто од типот на: конобариииииииииииииице! И такво нешто :rofl:
     
    На thelittle17 и Ingvild им се допаѓа ова.
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум сосетката од карши што во четири саатот сабајле по узврат гаќи спружира алишта на тераса :hai:
    Пријавете ме на надлежните ако мислите дека имам проблем.
     
    На kravce, crazyinlove19 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Епа епа..младинава на овој Бибер збесна еј, мислам без коментар :x
    Фејсбукот преплавен од актуелната девојка и нејзиниот другар,се прашувам дали немаат некои поголеми роднини,братучеди,па да искршат некој стап или сукало од нив.
    Што убаво си го слушаа Бибер и си кубеа коси по него ...
     
    На blaa, Spell, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    3.628
    СДК ( читај - да се пофалам ) дека имам цветче !
    :f: - нека го врне дожд :rain: нека го пече сонце :sun: :P
    Оууу јеааххх... Like a boss сум сега ! 8) :rock:
    СДК дека одам да нанкам... :yawn: |-)
    Се читкаме утре... :*
    Слатки соништа и мноогу љубов до Вас :l:
     
  20. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Убичу се!
    родена сум за срамни & глупи ситуации значи!
    Зини земјо голтниме. Одма.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.