Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    пуканките и сите во темата за лајковите (преминување на нова платформа)...ахаам :nod: :smoke:
     
    На Adi888, Glossy-girl, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.993
    Пол:
    Женски


    Yeee :geek:

    Фала ти :*
     
  3. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Nisam,nisam devojka tvoga druga... Nisam, nisam nicija devojka... :emo:
     
  4. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    СДК...Некако и овој ден помина, полаку продуктивна ама на крај задоволна...

    Утринското вежбање ми даде поинаква енергија како на моето расположение така и на моето тело, но и да ви кажам попладневното спиење беше сосема поинакво од она кога си немал никаква физичка активно...

    После едно такво спиење заслужувам да испијам едно нескафенце на мојата тараса со лаптопот до мене и многу и интересен разговор од страна на една моја другарка...

    Феминки бидете во убаво расположение и уживајте во секоја ситница бидејќи тие се оние кои ни го прават животот поубав....Нема среќе живот има среќни денови :) :)
     
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк човек треба да внимава што посакува, понекогаш навистина се исполнува.

    Само што најчесто се исполнува во погрешно време или со погрешни луѓе. :|


    чоколадо и Фолтин, да се подготвам за она што ме чека .

    http://www.youtube.com/watch?v=2ipjtkZz0hA
     
    На kravce, Miss-Independent, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Леле штета што го избришаа блогот Gossip Girl XOXO,сеа нема да знаеме кој со кого сака да се мува(добро прибидејќи денешната младина е понапред со размислувањата)кој со кого се скинал. Леле колку сакав јас тоа да дознаам. |(
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Секогаш ми мрчи дека не го сакам, а всушност никогаш не сум му кажала дека го сакам.
     
    На ludoto19, CIA, Elenuskaa и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... со што ги ранат денешниве дечиња, многу сакам да знам.
    До храната ли е, до воздухот ли е, дома во кафез ли ги чуваат, како ненормални се.
    За неполн час ме акна главоболка од внук ми.
    Ајде почнавме со убаво, пушти ми игрица, ќе играм, ама зошто ќутиш, збори ми па! (ова со некој висок и пискав тон, како чукнато недај боже). |(
    Почнав да го прашувам нешто, за 2 минути слушаш - доста ма, нели гледаш дека играм, не можам да те слушам како збориш!!!

    :|

    Ајде на тераса, ајде.
    Не, сега ајде внатре. Ајде внатре.

    Топката за пилатес се претвори во баскет, ја трескаше и лупаше хистерично смеејќи се, па ми ги растури книгите, па ми ја скрши касичката да видел колку пари има внатре... од збор не се разбира, од забрана па никако.

    Едвај чекав да си отидат.
    И после кога ќе ми речат - дојди бе, зошто не доаѓаш на кафе?
    Важи, нема проблем.
    Чекај ме, јас сигурно нема да дојдам.

    И сега така си мислам во главата, колку мали дечиња на таа возраст од 5-6 години сум запознала салам, и ми текнуваат само тие две девојчиња на комшивката. Мили, воспитани, разбрани, да ти е ќејф да ги причуваш.
    Остатокот се ко недоквакани, не се разбираат од ништо, ем бесни, ем глупави.
    Живци да ти скинат.

    Па уште ѝ се лути мајкава зашто сум рекла дека детето ѝ е бесно.
    Ај не ти е, цветка за мирисање е. |(
    Една задача имаш седејќи дома, да го воспиташ детето, и во тоа не си успеала.

    И тој изговорот кога ќе го слушнам - дете е.
    Ајде куќата нека ја запали ако е дете.
    |(
     
    На ludoto19, bittersweet, Glossy-girl и 37 други им се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    и сеа? ти ги испука? амн со тие пуканки |(
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... По проклето створење од човек нема! ... Од рај се вратив во пекол. Ајт чао

    Да видам на форум сега како било ...


    Морам да кажам ... Трендафилке ова што си го кажала :clap: се ти е на место. :up:
     
  11. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК подобро ми е сега,благодарение на фемина и секако филмот што го изгледав..
    Зминав јас...
    поздрав феминки. :* :* :*
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Далеку од заморното и загушливо Скопје, со мокри купачи и удобна лежалко-лулашка, уживанција, уживанција во странција.

    Љубоморете ми, одам јас да се бањам...
     
    На cinderella5, Annath, la-chicka и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Синдром на септември...
    Слободно психијатрите во својата дијагностичка класификација можат да воведат ваква дијагноза Ф хх.х (септемвриска апатија, септемвриска депресија). Можни се повеќе варијации.

    Опис - Се јавува најчесто кај жени во средна возраст кои во текот на летото доживуваат целосна емоционална регресија. Се облекуваат во розеви фустанчиња, потпевнувајќи собираат полско цвеќе и за секое битно прашање само одмавнуваат - Има време, во септември ќе мислам на тоа. И така чувствуваат - како сите грижи одеднаж да исчезнале. За нив летото добива безгранична временска димензија. Склони се сите проблеми (проекти на работа, здравствени прегледи, неразрешени животни прашања...) да ги оставаат во септември.

    Во септември се соочуваат со секојденевната рутина и сфаќаат дека проблемите не се решиле сами по себе, туку само се насобрале-сите за септември. Чувствуваат немир, анксиозност, депресија, тага и носталгија за летото, по таа спонтаност и опуштеност.

    И сега чаре? Лекови...психотерапија...
    Една мудра жена ми кажа- Проблемите не постојат за да не мачат, туку за да научиме нешто повеќе за себе и животот. Ова ми даде полет...
     
    На Dentina, bittersweet, stylishh и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Денес на фризер се изнаслушав чудни и празни муабети. Ме шиша фризеркава и доаѓа ќерка и,мало девојче 4-5 одд. максимум ,после школо во фризерницата. Мајкава нормално загрижена ја распрашува како си поминала на школо. И тука следи еден многу значаен муабет. `Дали наставничката ве прашуваше кој каде бил на одмор? И се пофали ли дека годинава беше во Турција?` И ми се врти мене и ми вика `Така повеќе ќе ја цени наставничката ,а и другите деца од класот`. Ја гледам чудно ,сакав да и кажам дека го учи на глупости детето и дека му наметнува погрешни вредности, ама и јас своите вредности и права за кажување на мислењето секогаш и секаде ги премолчев во име на убавата фризура за која бев дојдена.

    Не поминуваат 5 минути и вика: -`А, Ана од твојот клас ослабена ли е? Ако продолжи така ќе се направи 200 кила, на што личи тоа, а ве лаже дека имала 30 , како може да има 30 кога ти имаш толку.`

    Јас си превртев со очите , се проклацкав на столот наваму-натаму и продолжив да си ја терам работата за која бев дојдена. Може поима нема од воспитување деца,ама какви фризури прави. :emo:
     
    На Feminkaa, cinderella5, eli25 и 17 други им се допаѓа ова.
  15. brokenHeartgirl

    brokenHeartgirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    15
    Сакам да кажам дека преку курац ми је дојдено од се!!!
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.458
    Значи да повториме, правете како вас ви е ќејфот,кога и онака на никого не му е гајле за вас сем на вашите родители. Па и газете ако треба! Ама потоа не се жалете кога истото ви го прават и вам!
    Е така... а исто така не се жалете вака како мене кога доброволно и своеволно помагате некому, а при тоа ве заебале. Е така,заслужено си е скроз,а вие сте мутави ко мене.
    Значи цело лето ќе бидете тука,ќе слушате рикања,кукања,жалења на нарцисоидни суштествија каде добивате впечаток дека нивните потреби и нивните глупости се на прво место и они се оние у главна улога и не поднесуваат кога вие добивате сјајни моменти во животот, кога луѓето кои ги знаат преку вас и вас ви значеле е самите во нивните очи си придаваат значење и сакаат да ви го пукнат душичето.
    Епа извинете,од утре некако повеќе ќе мислам на себе. (да де,така оди муабетот,бела лага да ми биде помирна душава)

    Не знам,стварно не знам,дали на каменот на розета ќе го најдам одговорот за егоцентризмот на луѓето и нивниот тежок препич!
    И преку таквото од таквите кои мислат дека СИТЕ ГИ МРАЗАТ зошто им љубоморат! И преку таквото од таквите што се доживуваат како јаки муда чиниш од ти-рекс и дека само ради тоа не се општествено прифатени. И преку таквото од луѓе кои за своите несовршености, своите фалинки, своите срања ги нарекуваат слободоумност,а сите оние кои ги осудуваат ОГРАНИЧЕНИ У ТЕМНАТА КУТИЈА! Значи не, ти си говедо, ти си просек, ти си неморален, ти си злобен човек, а гледањето на твојот гз, промискуитетноста и сличните глупости кои се прават ради твоето его кое пати од булимија ...

    Жими се ќе одам ќе протестирам со оние од АМАН со додавка на се тоа - ПРЕКУ КУР ОД ВАС СУЕТИ ЛУЃЕ! УСТВАРИ И ОД ТАКВИТЕ КАКО ВАС ТРПИМЕ СЕ,ЧАК ШТО ВИШЕ И ЕВЕ СЕРИОЗНИ РАБОТИ!

    Е така!
    Не ми приоѓајте дур не станам милионер. Секој пат кога се трудам да дадам дел од себе и да решам нечиј проблем се губам од својот пат зошто се вложувам безусловно и на крајот,пак ќе си ја усерат работата,ама ќе си ја усерат така што ќе ја изманипулираат и другата страна. Каде живеат прекрасните луѓе на светов?! Не сум цвеќе за мирисање,ама нешто што почитувам е ДО-СЛЕ-ДНОСТ!
     
    На creshicka, mims-89, Juicy03 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека преку глава ми е од учење, доста за денес!
    Идам да се издувам |(
     
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Те сакам како поезија
    Те сакам како голтка топол чај во есен
    Те сакам ти височино, мој недостиг..
    Ти илузијо
    ти зајдено сонце
    темнино


    Често ми се случува да бидам параноична. Да кренам паника. Да неможам да земам воздух.
    Да се исплашам дека крајот доаѓа, дека ме престигнува. Ме зема, ме оцнува. Потонувам.. Се плашам од себе, од животот. И се плашам од се она што ме чека.
    Ме боли замислата од неприсуството на луѓето што ги сакам.
    Се прашувам, која е смислата на моево постоење?
    Што правам јас ? Вчера еден пријател, ми рече „ Сакам како го живееш животот .“ Сум живеела според моја агенда. Правам што сакам.
    Но јас чувствувам дека нешто сум пропуштила, и сеуште пропуштам. Сакам да живеам лудо , да го живеам секој миг, зашто можеби нареден нема да има. Сакам да љубам. Сакам да ме љубат. Сакам да го закочам времето. Да поживеам повеќе во овој миг од она што трае. Сакам да живеам додека не се доживеам. Не сакам да си заминам, се додека не почувствувам дека треба. Сакам младоста да ја оживеам во овие вени.
     
    На MandyLane, cinderella5, calliope и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Од каде ни е правото секогаш да се ставаме во 'добрите', секогаш кога се дискутира за нешто да сме на страната на мнозинството само за да не бидеме 'каменувани'?
    Исти ку*ац ти е, ако си спротивен на толпата, ти фали нешто, ако си со нив, дволичен си-глумиш.
    А ние сите сме "Ангели" пратени од Бога :angel:
     
    На Name, Annath и kravce им се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Баш разочаран за откажувањево ,немав прилика да го чујам во Охрид и мислев дека ке биде вистински спектакл целиот концерт.После сите оние за мене не значајни концерти ми беше мило што ќе имавме настан за паметење .Имав големи очекувања ,покажување на вистинска уметност и љубов искажана преку негов стил и музика што знае да те крене на посебен начин :rock: .Како и да е ,те очекувам"e" со убав концерт :rock: набрзо 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=zLDIcIrZO8Y
     
    На MandyLane, DzingrlakaDzikica, Miss-Independent и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.