Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    не сакам да кажам туку сакам силно да извикнам
    те сакамммммммммммммммммммммммммммммм
    ти си мојот живот ти си мое се :inlove:
     
  2. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Сакам многу работи да кажам и да ги споделам со вас почнувајки од анализата на својата личност што си ја направив самата на себе до тоа како другите личности околу мене ме гледаат и како ме прифаќаат т.е како ме доживуваат .
    Сите велат чекорете во животот со крупни чекори и зграбете ја секоја шанса што ви се пружа а јас пак функционирам сосема спротивно од ова .Секогаш чекорам бавно и затоа секогаш изгледа дека сум еден па можеби и многу повеќе чекори подалеку од другите при вршење на обврските а всушност на крај завршувам во исто време и со оние кои трчале пред мене.
    Се прашувате зошто ви го кажувам ова ?
    Денес си размислував во себе и се прашував зошто јас толку емотивно,трагично и мачно ги доживувам сите порази ,неуспеси ,зошто понекогаш воопшто не се насмевнувам кога ќе ме повредат,зошто понекогаш сум толку многу огорчена личност која може да ги каже најтешките зборови ,се прашував каде е изворот и која е причината за сета таа негативна енергија? Си ги поставував овие прашања и во себе си велев чудна сум јас, кога сум сама сум најсмирена личност на светот ,тогаш копнеам по убави денови ,тогаш си дозволувам да го погледнам светот со розеви наочари,во мигови кога сум сама јас можам да одлучам што понатаму со мојот живот ,како да ги завршам сите обврски и по кој пат да чекорам,секогаш самата сум си ги поставувала правилата на игра не ми беше потребен патоказ од никого ,ниту од моите родители.
    Повторно се навратив на прашањата и почнав да трагам по одговорот во главата ми поминаа случки од детството ,имаше убави но имаше и неубави случки како на пример многу од децата не сакаа да се дружат со мене затоа што сум имала темен тен и ме сметаа за ромка ,всушност и нивните родители им бранеа да дружат со мене поради тоа што сите знаеле дека ја сум посвоена,моите браќа и сестри додека сум била бебе ми се радувале,но откако постанав тинејџерка па се до денес тие не сакаат да ме видат ,ме одбегнуваат,некогаш моите родители се добри но некогаш не ,прават непромислени работи кога ја им укажувам на грешките мојата мајка ме замолчува ти не се мешај .
    И доаѓам до следното прашањето самопочит ?
    Зошто јас немам самопочит кон себе си,зошто си имам комплекс на ниска вредност ?
    Многу јасно моите родители везден ми повторуваат едно па исто од тебе ништо не бива ниту човек ниту домаќинка (а зошто така велеа ?средував по дома,понекогаш готвам,перам ,пазарувам ,факултетските обврски ми се завршени :?: стварно што не е во ред зошто од мене човек не бива ?Колку глупаво чувство кога родителите не веруваат во вашите способности дури и ве третираат како неспособни,ви велат погледни се,не личиш на ништо ,а да не зборувам затоа како другите ме гледаат :x ми се потсмеваат,ме одбегнуваат ...
    Велат мислењето на другите за вас нека не ви биде важно но на мене ми е важно,се трудев да бидам добра личност,да се дружам, се трудев многуммина да ги насмеам ,да соработувам,да помогнам, но тоа што се трудев да им се допаднам и да им ги освојам срцата всушност беше мојата најголема грешка !
    Од сите овие мисли последно нешто што помислив е дека во мојот живот имало личности кои ме газеле,ме понижувале,ме навредувале,повредувале,ме потценувале,ме разочарале ,ме исмејувале... но потоа во еден миг во себе си помислив и се сетив на една поговорка и си реков на себе си верувај во себе и тогаш кога целиот свет се сомнева во тебе ,верувај во убавината на своите соништа и тогаш кога сите ќе мислат дека тие се нереални,неостварливи ...
     
    На Peppermint, lunicka, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Не знам што не е во ред со фасонката ама сијалицава се гаси повремено и ме вади од такт.
    Страв ми е од темница.
    Се осеќам подобро кога можам рационално да размислувам, а при тоа да не го исклучувам од функција сетилото за вид.
    Цел живот ја поправаат и никако да ја поправат. |(
    Туку не дојдов тука за тоа.

    Сакам да споделам едно видео со вас.
    Мислам дека ако одвоите дестина минути да го погледнете, нема тоа да биде изгубено време.

    http://www.youtube.com/watch?v=7SWvDHvW ... ture=share

    Сега ако ме извините ќе одам да видам зошто лае моето кутре надвор.
    Па, толку ли немаат осет овие мачкиве да го вознемируваат ова време? :^) :lol:
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Септември...крајно неубаво ми се понашаш. Нит си во пмс нит во менопауза. Ме залажа со љубов, па ми ја преплави масата со паломи и чајчиња. Не е убаво, септември, не е убаво воопшто. Ти благодарам и за алергијата. И за деновите што ми ги одземаш во топлите чаши. Имав други планови за нас, заедно...
     
    На Peppermint и lunicka им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.491
    http://vrabotuvanje.com.mk/soveti

    Мудоста - извинете што пишував долго,затоа што немав време да напишам кратко?! Правописни грешки, литературни грешки, граматички грешки... Форматов на текстов. И утре некој ваков ќе ме интервјуира...бич плиииз! О мила реалност... е*и се.
    Текстов е иронија сама по себе. Сериозно ми оди да плачам.
     
    На Annath, Sweety-Tweety, Miss-Independent и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    -We live in a world where losing your phone is more dramatic than losing your virginity!
    Мудро, многу мудро..!
     
    На Miss.Ricci и anabel-a им се допаѓа ова.
  7. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Моментот кога професорката ви дава по еден комплет книги, ти гледаш и не ти се верува - колку сочувани книги, како никогаш не отворени. На брзинка ги вртиш страните, гледаш нема ни скинато ни шкртнато нешто. И сега на корицата, да видиш кој бил тој што ги вратил такви какви што ги добил.

    Гледаш и се стаписуваш .. - бившиот! Прајслес! :rofl:

    Ипак не биле џабе дрндањата за да учи повеќе, ако ништо повеќе јас си добив скоро некористен комплет книги. :rock:
     
    На Hayley, Lov3, Buttterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Kако да престанам да мислам на еурокремот што стои во фрижидерот, а?
    Ме искушува... :wasntme:
     
  9. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Пред некое време прочитав една многу убава реченица која идеше нешто вака: Визија е способност да гледаш под површината на човечките животи. Почнав да размислувам многу на оваа тема.
    Што значи тоа да бидеш визионер? Кои луѓе се визионери?
    Размислував и сфатив дека сакам да бидам таква. Да бидам визионерка. Да размислувам со отворен ум. И знам дека не е лесно. Не е лесно да се биде таква личност. Полесно е да живееме како што не водат ветровите, да живееме по инерција и да го правиме само она што од нас се очекува. Потребна е смелост да искочиме од шаблонот на вообичаено размислување и да собереме храброст да ризикуваме.

    Такви сме ние луѓето, сакаме да пловиме по веќе оформеното а не самите да го длабиме коритото на реката наречена живот. Секогаш е лесно да одиш по веќе поставениот пат, потешко е сам да пронајдеш нова патека до целта.

    Но ете денес си ветив дека нема да бидам од оние кои го живеат својот живот шаблонски, од оние кои им робуваат на навиките.

    Од денес ќе посегнувам по сите мои соништа и ќе ги правам реалност.

    Септември те сакам. Ти си мојот месец на промените. Ти си мојот месец на почетоците.
    http://www.youtube.com/watch?v=K9mIIt7rHo8
     
    На Peppermint, MandyLane, antonina и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Никогаш во мојот живот не верував дека ке се разочарам од брат ми за кој го давав животот. Многу ми е тешко, бедно се чуствувам. Се прават скришно со моите родители, се. Ама ако се се врака. Плачам и неможам да сватам дека е толку подмукол. Секогаш бев тука за него ама он стана алчен. Не знам дали секогаш бил таков или во позадина игра улога неговата поубава половина. Нели свати дека мене не ми треба ништо само да не ги прават работите скришно и подмукло. Ми го зезна роденденот годинава. Не дојде кај мене на роденден за убаво да си поминеме туку за да му потпишам. Свесен ли е колку тоа боли. Сепак јас му простив што сака да ја земе земјата на подмукол начин во игра со моите ама сега и станот. Доста е веке, навистина е доста.
     
  11. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Пак ќе ви кажам случај за на компетентност.
    Бракот, насилството, злоставување, работа, факултети - децата од 12 години.

    Што знаат тие за бракот бре, па да кажуваат мислење. Уште учат како да пишуваат и газот да си го бришат,извинете за изразов, тука ми се истакнале. Господе боже, ојте читајте книги бре деца, да научите нешто, не само пред компјутериве и само друго што рекол нешто да се кажува, со своја глава никако мислење. Не како тоа ќе се умори мозочето, потоа што ќе се прави.

    http://www.youtube.com/watch?v=yZKofkMCKnc
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Моментот кога сфаќаш дека уште многу малце остана... се договараш со сите посебно за да се видите и да си поразговарате пиејќи го најубавото кафе на Широк Сокак, додека луѓето минуваат нагоре-надолу некои трчајќи да стигнат дома, некои да си ги покажат новите штикли, некои да најдат место да седнат. Ех, Битола, градот на конзулите( попознат како градот на билдерите и манекенките во денешно време и по Паљото).
    Оваа жената дома не се разбира од збор... и викам јас нема време веќе, се ми е потрошено, купи ми пудра, моливче за уста и креон, таа чекај има време. Ќе ти кажам убаво има време... како ме нервира значи... ако се радувам за нешто, тоа е затоа што нема да ја гледам неа еден месец. Често читам како сите си ги сакате мајките и ви се најдобри другарки итн. и итн. ама ете не било можно тоа кај секој. Некогаш некој едноставно не е створен за да биде добар родител. Ама сепак јас си се снајдов си пораснав итн. Не сакам многу да сум емотивна така да нема ни да бидам.
    Ќе почне уште малце се да мириса на пиперки... мирис што ми е НАЈОДВРАТЕН. :puke:
     
  13. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
     
    На fallenangel, Salome, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК ми се спие..
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Јас, таа без трпение, трпев, трпев, ама и мене ми пукна филмот. За сите на мал радиус од мене имам што да кажам, тие пошироко ајде де. Ама вие, кој од кој, да почнам нема да има крај за вас бре. За сите си имам скриено дебело досие во мозоков, кое како денес често ќе си го отварам и еден по еден ќе ве чешлам и ќе ги разгледувам сите околности. Едно е јасно - сите сте со бројни маани и сите ми имате згрешено бар еднаш, бар најситна грешка, ама важно сте ми матни. Е сега, од магла до магла има, ама дефинитивно не сте чисти. И сите сме грешници не викам не, ама брате не ја претерувајте. Не го тестирајте човековото трпение, добродушноста и попустливоста. Ах бе, ако ова го викам јас што не важам за трпелива, попустлива и од типот на „попаметниот попушта“ личност, што да речат другиве што тие особини ги имаат во група доблести бе?! Кажете си се што имате, прво на себе а потоа на другите. Плеснете се во фаца. Поарно така него да си се дробиме во себе. Од тоа аир нема. Абе нека кршат глава безосетните, никој не е вреден за нечии нервози, солзи итн., а никој па и не е дужен да се нервира ради неписменоста, простотилакот, немањето осет и нечие слично идиотско однесување.
     
    На Chocolate.me, MandyLane, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  16. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Ми се чини дека само јас сум возбудена за почетокот на новата академска година, прва за мене. Сите останати другарки не се. Не им се напушта родниот град и не им се учи :lol:
    Ваљда јас во учењето сакам утеха да си барам, и занимација, за да не ми бега мозокот на сите страни кај шо не треба. Ај нека дојди побрзо... :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Лиги ми течат кога ја гледам програмата 24 Кitchen. Па тоа какви десерти прават, па какви вкусни јадења. Мњам. Џејми Оливер ми е прв на листата на луѓе кои ме инспирираат. Во последно време се’ за моите готварски вештини зборам и пишувам. Што да правам, тоа е она со што највеќе се гордеам. Утре пак нешто благичко ќе им направам да не зборуваат само дека имаат лоши ќерки. |(




    http://www.youtube.com/watch?v=OrXYwc0usQM&feature=share

    Хит ми е последните денови. Нешто прекрасно.

    Едит: И јас едвај чекам 17. ^_^
     
    На JuLleE, 1209 и Annath им се допаѓа ова.
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    ...Одамна не сме се читнале, без некоја посебна причина...ќе излажам ако кажам дека станува збор за недостаток на инспирација, ќе излажам и ако кажам дека деновиве сум пресреќна, ќе излажам ако кажам и дека сум депресивна...моментално сум недефинирана - во секој поглед, поаѓајќи од бојата на лакот на ноктите кој почнал да се лупи, па се до глупавата насмевка што ја монтирам кога некои луѓе си земаат за право да ми постават прашање кое едноставно не заслужува одговор.
    ...Искрено се надевав дека овој втори во месецот циклусот ќе ме прескокне за наредните девет месеци и за живо чудо ДА, ме прескокна, ама само еден ден. За мене и не беше некое огромно разочарување, но уште не ми е јасно, зашто мајка ми упорно мисли дека на мои цели 30 години времето ме гази за раѓање второ дете? И иако сметам дека тоа веќе е исцрпена тема за разговор, секогаш и го оставам последниот збор нејзе, нека мисли дека е во право...
    За се нешто во животот, го чекаме вистинскиот момент, но како знаете кога тој навистина дошол? Некогаш од премногу исчекување и кроење планови, егото се презадоволува и почнува да губи интерес за остварување на целта, не затоа што истата е невозможна, туку затоа што е префорсирана. Јас никогаш не знаев дали сум 100 % сигурна дека делувам во вистинскиот момент, исто како кога имаш несигурен секс и постојано размислуваш дали си го трефнал плодниот ден.
    Најубаво е кога нештата се случуваат спонтано, тогаш се чувствува вистинска радост...
     
    На Ariel, Peppermint, julie77 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Моментот кога си пред легнување, се тегнеш, се трткаш, се врткаш, не ти се спие ама не ти се седи, мораш утре да станеш рано и само кликаш махинално по темите на фемина... И во еден момент се освестуваш дека читаш за оплодување, за скинати кондоми, за прекари и за вошки. :tmi:

    Барем рецепти да гледав. :D

    Бог да чува, да одам да си легнам, не ќе е лошо. :rofl:
     
    На JuLleE, Peppermint, CIA и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :clap: Сдк читајки те понекогаш добивам впечаток дека мн твои постови како да сум ги напишал јас за себе,премногу сличности во сваќањата ,начин на размислување и искажување на емоциите .Мислев дека сум чуден кога не ме разбираат одредени луѓе но не било до мене 8) :D .Едноставо не сме на иста фрекфенција.Баш сум пријатено запрепастен ,продолжи со ваков стил во постовите ,ретки се оние што се искажуваат вака искрено а јас да ги разберам и да се пронајдам во нив :bow:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.