Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Иако нели утрото е попаметно од вечерта, секогаш одлуките сум ги носела пред спиење, анализирајќи ги до најмал детал. Ситничар сум за тие работи. И ете сега не можам да спијам цела вечер, очекувајќи го тоа што утре ќе зачекорам една стапка понапред, да си ја исчистам совеста и навечер мирно да легнам да спијам, и уште многу работи ќе се променат.. веројатно на подобро.

    Само уште храброст ми треба,
    ништо повеќе.
     
    На Buttterfly, anabel-a, ljubam и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Браво за мислењево :bow:

    Уште колку ли бедни работи ке слушнам за некогашните мои најдобри другарки :| :tmi:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Кога се сака, се може!
    Какви се речиси невозможни работи сум правела кога сум сакала да постигнам нешто.
    Кога трчав низ автобуска да раситнам евра што ги зедов од кај мајка ми се за да го видам него, бидејќи он беше во друг град. Да да, зедов, и не велам украдов, бидејќи кога е заљубен човек прави многу будалаштини но не со лоша намера. Кога станував наутро да фатам автобус 2 минути пред да тргне, а притоа криејќи се од татко ми кој заминуваше на работа. Кога го баталив професорот со кој разговарав за многу важна оцена и проект и го оставив да ме чека, само за да му се јавам него, да му објаснам некои работи бидејќи единствено тогаш ми се пружи шанса. Кога се спротиставив на сите, кога сум трчала низ тешко невреме, страшни секавици, невреме какво што ти е страв да го гледаш низ прозор а не да се "бориш" низ улиците со него, само за да го видам...
    Да не набројувам, има уште многу за пишување.
    И, будала? Не, јас не сум будала, јас сум заљубена. Во љубовта и војната се е дозволено.
    Можеби за некој е смешно, денес ова го ословуваат со "папучар", обично некои плитки умови кои не знаат да си ги прошират хоризонтите.
    И после некој ќе ми каже, не можело ова, не можело она, не можел да најде време...се е лага и безволие.
    Ех колку само може да се најде време и во вистинско невреме.
    И не жалам.
    Јас љубам, и љубена сум.
    И се надевам на едно, оваа среќа да потрае!
     
    На Libera, ripkata, Juicy03 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Le Fabuleux Destin d’Amélie Poulain - го изгледав филмов пред половина час, а досега си ги прибирав импресиите.
    Не е дека не сум го гледала порано, но тогаш сум била премногу малечка за да ја разберам вистинската поента на приказната.

    [​IMG]

    Ах, колку сум воодушевена, толку неверојатна, необична, но сепак вистинска љубовна приказна.
    Одамна не сум гледала филм со толку добра љубовна приказна, не е очајно клише.

    Сакам среќни краеви и слаба сум на истите.
    Сакам љубовни приказни, ме прават среќна, иако не ја раскажуваат мојата љубовна приказна.
     
    На Peppermint, cinderella5, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    Среќа што форумот е анонимен (колку-толку). На некои мислења не знам дали да се смеам, или да плачам. Среќа што личностите кои ми предизвикуваат такво двоумење не се во моја близина, и воопшто не знам кои се.
     
  7. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ја следам целата ситуација со кутрата Мони и медиумскиот бум кој го предизвика последниве неколку денови, и се натажувам. Мене целата ситуација не ме смее, туку ми е жална.

    Којзнае колкупати имате слушано како порано било подобро, поубаво се живеело, децата биле деца, а возрасните - возрасни. Ако ви е преку глава од такви постови, прескокнете го и овој. Но морам да го кажам моето мислење на темава.

    Изгубила невиност на 13 години (ова според најновите информации)! 1 3 г о д и н и. Што знаев јас на 13 години? Завршував седмо одделение, мислам дека таа година почнав да купувам Браво. Од Браво почнав да учам за првата љубов, првиот бакнеж и се останато, а страниците со прашања околу сексот срамежливо ги читав насамо и го криев од мама. Мислам дека сеуште имав еден млечен заб на 13 години. Уште се немав бакнато на 13 години. Да се заљубиш, во мое време (што и не беше така одамна), значеше да си размените поглед и насмевка. Почнав активно да излегувам тоа лето, почнав со другарки да одам на базен. Се кикотевме, одејќи зад симпатиите низ чаршијата. Ако веќе си имате едно „здраво“, на коњ си.

    А денес?! Што прават денес фејсбук генерациите?! Од најмала возраст изложени на експлицитна содржина, нецензурирани текстови од песни, провокативна облека и напрчени муцки. Посилните издржуваат, а послабите завршуваат како Мони. Искористени и со трауми уште на 15 години. И таа носи вина, свесно го направила тоа, па и го споделила со целиот свет. Но кој ги воспитува децата?

    Кога сум тука, да го прокоментирам бедниот, сеирџиски народ во Македонија, како и уште победното новинарство. Јас навистина не знам кој ги води македонските портали и кој ги пишува нивните содржини?! Дали тие луѓе воопшто заслужуваат да бидат наречени новинари?! Океј, смешно е, кој видел – се насмеал, кој не – никому ништо. А не, не, не. Тука мора статии, па слики, видеа, коментари, што пишала Мони на статус после видеото, како Мони се кае за тоа што го направила...are you fucking kidding me? Тоа зафаќа место на нашите портали?! Секоја чест за нив, што повеќе да коментирам.
     
    На fashionista, SparkyAngel, Doozy и 25 други им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    ^ Тие неа и обрнаа толку внимание,ами славните што ги следат постојано? Ги жалам,жими се.Убаво ми е вака нормален живот да имам,несакам да сум славна. Некогаш и по грешка "славен" ќе те направат,како докторката сега што беше обвинувана и учителот што го обвиниле за педофил,па чукај си ја после главата.И тоа за шо? Дека некој погрешно разбрал,недоиспитал и ОДМА објавил наваму натаму. И оние работи со случајот со убиството,што измислија секакви приказни...Катастрофа се медиумите,не ни заслужуваат да ги гледаме,па уште и бараат поголеми права. Е каде?

    И мене ми е жал за чупето,не е само таа крива,родителите исто,социјалните мрежи,па и опкружувањето и нејзината генерација. Има многу како неа,ама ете,неа ја прикажаа,еден пример од многуте,за жал...
    Жал ми е што дојде вакво време,дури ми е страв што ќе биди понатаму.
    Почнаа и мајките да се понашаат ко деца и да не се грижат за да имаат децата правилно детство.(Секоја чест на исклучоците)
    Јас ќе вложам се и сите сили да си го воспитам правилно детето и да му обрнувам внимание,пошто ова веќе на ништо не личи. :x
     
    На kravce и Oxymoron им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    -Зошто се смееш?
    -За да не плачам.
    Подобра причина здравје.
     
    На Peppermint, Lov3, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Понекогаш мразам да сонувам.
    Мразам бидејќи во поголемиот број случаи, нештата се или предобри или прелоши за да би биле вистинити. А, мене очајно ми треба некоја реалност.
    Мразам и кога сонувам кај што кажувам нешто паметно. :D
    Нешто исфилмувано и реално. Со поента која би допрела до било кое човечко срце.
    А, потоа се будам и за миг ги заборавам зборовите.
    Прошле ми кроз главу ко воз кроз кукуруз, што би рекле соседиве.

    И, ме чуди зошто сме такви суштества што постојано се вртиме во круг?
    Дали никогаш не ја учиме лекцијата, или си ласкаме дека сме толку моќни, што би можеле да измениме веќе испишани и затворени поглавја?

    Иако ми се лигав претеризам, се сложувам со едно нешто кажано од Блер.
    I'm not a stop along the way, I'm a destination.
    Мислим, сите ние се “самоиздигнуваме“ на некој начин со обидот некому да сме најуникатни, најинтригантни, нај life-changing цури и дечкици кои некој ги сретнал. Знаете, како во филмовине, кога секогаш постојат оние најпосебните што оставаат белег за цел живот и на кои секогаш се враќаш на крајот. Хепи енд за секого. Curtains closed. Мех...
    Во реалноста, некој мора да биде и тој stop along the way на кој неодлучните се навраќаат на минување и по потреба, нели, дури не се најде посовршена дестинација.
    Но, тој стоп нема да бидам јас. И не за него.
    Од друга страна сум нечија дестинација, но овој пат дестинацијата го избегнува патникот. Е, ај... :D
    По заслуга.

    Се враќам назад во кревет.
    Можеби пак ќе кажам нешто паметно, макар во сон, со тенденција овој пат да го запомнам. :D
    Добра ноќ.
     
    На Magnolija, Micheleljubov, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Денеска имам насмевка на лицето :) .Без некоја посебна причина.Можеби од вчерашната венчавка на другарка ми,или затоа што добив убав мејл..или зашто се засладувам со чоколатчиња мерси.Не е важно ,важно е дека се смешкам.Повлекувам вчера што кажав за дугарка ми.Луѓе, тие се сакаат.Немате поим со каков сјај во очите ја гледа,допира,бакнува.Баш ми е мило,само нека биде среќна тоа е најважно :rock:
    Во склоп на тоа и попладневен ручек,смеења до солзи,разглобување животни вистини и нивно откривање. Не сум ни била свесна колку ми недостасува дружењето со неа :wasntme: И немој некој да ми каже дека среќата не го разубавува човекот,таа буквално беше како од насловна страница :inlove:
    И така се уште се смешкам :)
     
    На bittersweet, Juicy03, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Станав рано од сабајле за да повторувам , ах овој факултет |( се надевам ќе положам овој пат, не го можам веќе овој глуп предмет :devil: :devil: после факултет фаќам правец за Куманово кај либето , оно на работа а јас ќе се правам домаќинка, ќе чистам низ дома :P :lol: 8)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Се нервирав за фустанчето и накитот од ebay ,побрзо да стигнат, каде се што како .
    Сандалките од Лукас ми се продале за пола саат па се туфкам пак , како тоа најважно да е . Секундарно се појави ненормална болка во стомакот и си клекнав ,почнав да плачам ,се молев да престане што побрзо .Јас со сета моја горделивост и непокажување на чувства пред другите плачев се виткав да ,посилно беше од мене .Сакав што поскоро да ми ја стават инекцијата ,а имам фобија од игли ...
    Алергична сум на доктори ,болници ,лекови, матичната не ме познава зашто се гледаме еднаш на 3 години.
    Заминаа по вода плановите . Што се случи ,како се случи ?
    Зошто јас ,не само јас зошто било кој ?Зошто болка ?
    Бактерија,кристали ,луди леукоцити ,ненормални граници на секоја течност што е во мене .
    За ништо друго не ми е гајле,само нека се среди ...

    Требаше да биде убав исполнет ден ,требаше...
     
    На lunicka и kravce им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.964
    Допаѓања:
    123.553
    Убав ден,а се ближи и викенд,толку многу планови can't wait ! Сосем обични планови,јас веќе заклучив дека само малку ми треба за да бидам насмеана и да почувствувам мир.Некој може планира викенд во странство и тоа да е big deal за него,а за мене доаѓањето на мојата најдобра другарка и три дена со неа.Телефонот,скајп,фб ми е малку,доволни ми се неколку дена за да ме наполни со енергија.Бидејќи секогаш знае што да ми каже.Фамилијарни ручеци,кафиња на тераса,смеа и по некоја неизбежна ситна кавга-го сакам секојдневието :)

    Не знам дали да се мразам себеси што сум премногу скромна,или тоа да го сметам за доблест :^)
    Знам,дека цел живот ќе останам скромното девојче,како што ми вели дедо.Тоа сум јас.Кога ми давал пари од пензија како трештена сум бегала :lol:

    Денес,во светот на алапачи и огромни усти за лапачка на живи души,само јас се задоволувам со ситни работи,а чудно тие и ми се доволни.Амбициозна сум и отсекогаш сум била,но дали ќе успеам покрај мојата скромност? Само јас сум единствена што одбива службена кола,и останува да оди со автобус на работа.Цела зима и лето се жалев дека не ги можам автобусите,а ете пак ми се некое секојдневие кое го засакав на некој начин. Знам со кој автобус кој ќе се качи со мене,каде ќе се симне,кој секогаш с е успива и трча по автобус,заедно мрчиме дека касни автобусот,заедно ќе се симнам со дедото кој живее до мене и кој сака да шета,а бабата ќе го пречека на врата со карање дека пак излегол без да и се каже :lol:
    И додека сите ми велат да зграпчам што ми се нуди,јас по старо.
    Свесна дека тоа не е добро за мене,не можам да се сменам.Само некој да не ми стапне на нерви ]:) ,бидејќи се си има своја граница :wasntme:
     
    На Doozy, Peppermint, M.a.r.i.l.y.n и 11 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Знам дека сум досадна ,ама што да правам кога ми се прави муабет,А не можам да редактирам.Пу бе.Ич немам услул :wasntme: Плус сега компјутерот ми е слободен попладне нема да можам ни да се доближам прашината да ја избришам :D
    Значи што сакав да кажам а да ,за да успее некоја врска потребно е

    ~Убавина- битна но не и пресудна.Ама и тоа не чини кога е екстремна.За девојката -сите ќе ја бркаат,за посилниот пол-може да стане страшно нарцисоиден.Значи треба да се биде умерено убав
    (како мене на пример) :emo:
    ~Интелигенција и образување-Тоа е многу важно.Ако не е интелигентен тогаш нема што да разговараш.
    ~Уредност-Тешко е да се живее со постојани купишта немиени садови,гаење на габи и бактерии,и расфрлани неспарени чорапи
    (во ова со чорапиве го препознавам маж ми)
    ~Способност-ова звучи сурово ама ако партнерот не е заинтересиран за животна трка,како да имаш автомобил без гуми
    ( а до гуми во денешно време течко се доаѓа)
    ~Брзина во работење-Ако имаш успорен снимак до тебе-цел живот ќе си чекаш и цупкаш
    ~Умереност-во се,во разговор,замисли да не можеш да дојдеш до збор од неа/него,во шопингот-тој/таа во секунда обрсти се по рафтовите и на крај ладно провлече картица :devil: ,во јадење-останеш гладен порај него/неа
    :^) Ги нафрлав причиниве филозофски.Вие не мора да придружувате на нив,кога веќе и авторот не ги почитува :tmi:
     
    На Peppermint, ines.h, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    СТОП за сељачизмот,пикање нос во туѓи животи,лицемерни лица,НЕГАТИВА НА СИТЕ СТРАНИ,лица од типот рекла казала,лажги,манипулаторки, лоши "мангупи" од типот wanna be тони монтана,ниски неартикулисани девојки што мислат дека ке стигнеш до нешто само преку креветот над претпоставениот итн итн ...
    лошо ми е од таквите ,често не им се замарам но вчера беше исклучок се извадив од контакт од едно недораснато детенце девојченце незнам како да ја наречам .
    ДА за ИСКРЕНОСТА ,позитивата , ДА за добрите луѓе што може да се избројат на прсти .

    ете тоа сакав да кажам ...
    а и да имајте убав ден ,зречете со позитива и ич к*р да не ве боли за онаквине горе .на крај краева кој високо лета ниско паѓа или барем така викаат којзнае :?:
    и едно поздравче за ѕие шо имаат "добар слух" :D
    http://www.youtube.com/watch?v=EmDQFWNjHpA
     
    На kravce и Mayyya им се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Утрово едвај станав, може да се каже дека уште спијам.
    А во автобус само гледав да ги сокријам ноктите кои ми пожолтеле од вчерашното љупење пиперки кај мајка ми :^) а немав време да ги налакирам.
    И без многу да филозофирам, ќе си признаам дека ми доаѓа да земам слободен ден само за да отидам сега додека се готви малиџаното, зашто најслатко ми е кога си топам од шерпата со лепче, ахх ммњам мњам.
    [​IMG]
     
    На thinkerbell и kravce им се допаѓа ова.
  18. brokenHeartgirl

    brokenHeartgirl Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    15
    Никој не е таков како што изгледа дека е. Сите само прават фаци и ни ги замачкуваат очите. Сите почнаа да стануват тоа шо викаа дека никоаш нема да станат |( Сите само се преправат дека се нешто што не се, на пример за еден дечко сите викат леле колку е добар ово-оно а усвари тој никаков да ти биди, пие и којзнае што уште не |(
     
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да ви кажам дека денес е убав ден.
    Сакам да кажам дека се заразив со tumblr, виновна е другарка ми за таа моја нова зараза.
    Ме разбудија ептен рано меѓутоа нема врска зошто максимално го искористив утрото.
    Сонував дека сум си купила штикли, жолти и најубави на целиот свет. Па и уште еден пар гратис ми дала продавачката. Будалесто дете.
    Вчера сторив една грешка, од оние кои се добар материјал за да се покаете подоцна, но јас нема. Затоа што кратко речено уживав док траеше. А некои грешки се вредни и за повторување.
    Мојата своеглавост ми носи многу проблеми во животот ама се трудам да стојам цврсто на земја. Се клатам понекогаш, ама добро е до сега. Се надевам дека некогаш ќе ми се исплати тоа што секогаш секоја една работа ја правам онака јас како што ќе зацртам а не како што некој ќе ми рече дека треба. Секогаш си ги следам моите инстинкти, моите мислења и моите ставови. Уз пат, се учам и на нови работи. Задоволна сум до сега, не велам не. Може и многу подобро, ама кога ќе видиш може и многу полошо, а битното е дека чекорче по чекорче одам нагоре не надолу. И тоа е тоа.
    Не знаете колкава болка носите во душата додека едни две рачиња ве гушкаат, две очиња ве гледаат и едно 5 годишно усте ве прашува, а ти сега се разведе од бато миле(рандом име)? Лицето ви добива некоја кисела нијанса, и смешкајќи се му викате па неее бе сонце зошто да се разведеме, а тоа ви враќа и немој да се разведете зошто добар е и го сакам, а вие му враќате и јас го сакам и го стискате тоа душиче во прегратка мислејќи си што понатаму.
    Во главата мозокот турбо ми работи, со срцето водат некои чудни дискусии кои јас се обидувам да ги игнорирам, со сета сила занимавајќи се со други работи. И успевам.
    Не знам што ни носи времето, не знам што ќе биде со мене, него, нас. Знам дека секундите без него болат и дека го сакам назад, но знам и дека треба да заслужи. Двајцата грешиме, но овој пат повеќе тој отколку јас. И свесен е да, ми кажа вчера. Само што јас повеќе не сакам зборови, сакам дела.
    Што треба да биде нека биде, јас малку сакам да се посветам на тоа мојот живот да си го средам, и да го гледам во огледало тоа што сум замислила дека треба да го гледам.
    Животот не е лесен, но на нас е додека живееме колку што можеме да си го олесниме.
    Си реков ќе ви кажам дека е убав денот па троа се прошири постов.
    Ако сте за ладно нес, повелете.
    И така.
    :hai:
    :hug:
     
    На AnaKarenina, innablood, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ќе се отруев еј.
    Одам сабајлево до продавница и си купувам цигари и сок,доаѓам дома и бидејќи сокот беше од тој битолскиот,го ставам во фрижидер. Си правам кафе и си се смешкам бидејќи знам дека ќе уживам заедно со сокот.Ама не уживав.Таман се излади,ставам во една чаша,и си викам задоволи си ја душата 100% портокал е ова.Почнувам да пијам,нели требаше да ја испијам цела чаша без да запрам,арно ама после две голтки почувствував такви кислини,такво грозно нешто. Ајде немав ништо во близина,па морав да направам поплава на тепихот.
    Лута и изнервирана го земав сокот и отидов до продавницата.Влегувам и таа продавачката ме гледа со милни очи (изгледа си помисли го носам сокот за да му оставам орден).
    "Сокот ви е расипан"-и реков.
    "Не е возможно"-ми рече,притоа погледна на датата и злобно ми кажа
    "Па еве до 9 септември има рок". И реков дека не е до рокот,туку сокот има вкус на кисленина,добро е што не завршив во болница.Згорна на се продавачката ми вели "Aa девојко,нормално е тоа,па ова е 100% портокал,таков е вкусот".
    Овде ми се споија жичките и мислам дека ќе ја истуширав со тој проклет сок.
    Пробав да и објаснам дека јас знам каков вкус треба да има тој сок,арно ама овој сок нема вкус на сок,овој сок е расипан.
    Не можела да ми го врати..

    И така дами и господа,ако по утрото се познава денот,проценете сами каков ќе ми биде овој ден.
    Па и кога се вратив дома морав да го чистам тепихот. Ајде што сум баксуз,па и сум без памет,сокот пак си го вратив во фрижидер,без да размислам што може да се случи ако го испие брат ми.
    Ама ако,ќе му кажам јас кога ќе се разбуди.Го чувам за да и го покажам на мајка ми,и заедно со сокот ќе кренам револуција. Што да му правам јас сега? Да си го чувам? Да го испијам?
    А тоа што така ми отидоа 60 ден,нема врска а? Има цигарче пари,ќе си купи нов :talk:

    Златна вода од чешма,отидов да си се напијам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.