Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.494
    Добро бе да му ебам мајката,како успеав после усисано да згазам боса на срча?! А? А и крв ми земаа од сабајле и ова избербатив и тазе перени теписи од пред една недела и све, да ми ја вратат крвта од сабајле зошто вечер сакам да пијам!!! Абе хаос! ХА-ОС! Си го гледам мевцето како ми светка,расцветано! ;(
    Леле...срам ми е да ви раскажам како е незгодно да ти речат,имаш влакно во урината! :D Лаборантка - женска,гледање немо очи у очи...и упс,ама не,не такво влакно...влакно од коса! АХАХАХАХАХАХАХААХАХА!!! У супа влакно,срамно влакно,ама у урина влакно од коса... Епик! На кој до шо му е! Колку умирав тивко во себе зошто не можам гласно да се рикнам од смеење!
     
    На Mikako, antonina, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    ... преку глава ми е тоа што немам работа, што се збудалив од досада, и што се ме нервира.
    Човек :!: со толку голема желба да работи, а ни р од тоа, баш штета.
    Како и да е барем добро се најадов и покрај тоа што апетитот ми е на 0.
    Пријатен ден на сите. :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Го сакам денов. Во овој миг сакам да лежев во кревет, во некој топол џемпер, да читам книга, или само да седам и гледам преку прозорецот. Капкиве дожт ме мамат надвор. Едвај чекам да дојде 5 часот и да излезам. Без чадор.
     
    На kravce, cinderella5, thinkerbell и 4 други им се допаѓа ова.
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Она, сам себе убијал и у земЊа пропаѓал, кога ќе наидеш на свој лански пост со ванаби мрчење.
    Да имав еден каљаш до мене, имаше така рафално да се упуцам во колено, што ногата ќе ми се откачеше ко задњи вагон кроз кочанско поле.
    Мислим, вришти идиотизам. Captain Obvious на рапорт со квази сарказам.
    Епа нека. За брука.
    Смешно, глупаво и детски. Алапача работа. Зашто не сте ми ја опалиле по една?
    Абе, знаете, јас ако спомнам т.е. промрчам, готово, од корен ќе се сменат работите. :!:
    Ко лајф чејнџинг говор друга Тита у града Крагујевца. Моќно и незаборавно. Уште на VHS да ме овековечеле и секој викенд во локална биртија да се пие ракија во чест на моите мудрости што би течеле во позадина, пропратени со срцепарајуча музика.
    И дури си се замараме за онлајн репутации и лајкчиња, дури вклучуваме штоперици да мериме кој и во рок од колку секунди станал популарен, реалноста бега и ја боли задник за нашиот комплекс.
    Captain Obvious strikes again. :bow:

    А, ова морам да споделам. Како бе после да не ги сакаш охриѓани (така ми делува според пишаното, ама може и се од друго југозападно местенце)? Имат немано. :D
    [​IMG]
    Нека заврне. Ох, да, уште тоа ми фали за совршен ден, и ништо повеќе не барам.
    Сакам дождот да ми удира по прозор, а јас да се склупчам со вруќи пуканки, овошен јогурт од банана, голема шолја нес и да гледам Сексот и Градот, со желби и тенденции истото да го правам во блиска иднина, ама во Њу Јорк. ^_^
    Чиста спротивност сум со времево. Кога тоа е намуртено, јас сите ги сакам. :lol:
     
    На Micheleljubov, cinderella5, Elenuskaa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Оние денови.
    Тоа се тие денови кога немаш добиено,а пак ги нарекуваш оние.
    Или како што мојата забранета страст љуби да ги вика, тетки.
    Седам во неред,ама не креативен.
    Правам планови и пресметки. Триста чуда.
    Продуктивност, книга никаде. Ама ветувам, да го завршам ова мое пишување и ќе почнам, дали стручна или парапсихолошка ќе размислам.
    Денов е за никаде. Вртам по телефони, мака им е да кренат слушалка.
    Дали фиксните веќе се излезени од мода или нивата на фејсбук треба да се навади, евентуално да се испече некоја виртуелна торта или да се погоди we found love на songpop, којзнае.
    А, јас упорна.
    Можеби овој мој телефонски повик е најупорното нешто во животот што сум го направила.
    И повторно не крева.
    Би пцуела како дама, мајката да и ја ебам, но не помага.

    Де бре. Досадно ми е. И многу денови ми било вака, само порано повеќе имав што да кажам и за што да размислувам. Сега немам многу за што да размислувам. Типични проблеми, обврски, неостварени желби, љубов.
    А, толку незнам како.
    И толку незнам зошто.
    И зошто незнам што.
    И каде исто така.
     
    На kravce, cinderella5, lunicka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Јас сабота идам Скопје :D

    Која од вас ќе оди на концерт? :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Епа толку беше народе, 2 дена мир, третиот чукај си ја главата од насобрана совест...или обврски. Ме јадат одвнатре. Ко некој црв да ми прави лавиринт во мозоков, уште малку и ќе ми излезе низ ушиве. А душава ми е ко некој молец кој трепери околу некоја светилка.

    Се почесто сум сведок на тоа како гордост може да уништи некого. И јас сум уништила многу убави работи со истата. Ама како гордото македонче што може да копа по нерви, никој. Коренот на сите зла.
    И така, и неа ќе си ја попратам по ѓаволите. Имам став, имам почит кон себе, тоа е и повеќе од достојна замена за гордост. А плус, имам и колку-толку здрав разум, за да ги бранам. Абе јас сум ти да ме грабнеш и да бегаш :D

    И се надевам дека има посебен круг во пеколот за фановите на Лесли Нилсен, зошто ако тој сам по себе беше лејм со хуморот, тие се уште полоши зошто го обожаваа. Ако не Лесли Нилсен, барем човекот што му ги пишуваше сценаријата.
     
    На kravce, eli25 и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Дека имам само пофални зборови за форумов . И за членовите секако . Врз основа на моето досегашно искуство со слични страници , пријатно сум изненадена :)
    Една огромна ѕвездичка за сите :*
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Welcome autumn.
    Јес да кај мене прилично не си добредојден, но ете, колку да се каже.
    Дува, не дува,врне, не врне.Па мајку му стара, јас не сум за вакво време.
    Јас кога ќе почне есенва сакам само да спијам, да да,некако ми дава АПЕТИТ за спиење. Сакам да лежам, да се изналежам. Ако може и некое гушкало до мене, ама да не мрчи. Само нека ме гушка.
    Баш, како на песната на Грин Деј, и мене разбудете ме. Не ја сакам есента( don't blame me),а воопшто не ја сакам и зимата*иако се радувам на снегот како мало дете*.
    Монотоно ми е некако....
    http://www.youtube.com/watch?v=NU9JoFKlaZ0
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Не го сакав училиштето, всушност го мразев. Нити моите родители, а нити наставниците не можеа ни да го претпостават тоа, затоа што бев одлична, поточно супер-одлична ученичка.
    Немав родители на позиција, не бев нешто посебно снаодлива, не умеев да се умилкувам...ми преостануваше само да учам за да успеам.
    Училиштето за мене секогаш било асоцијација на една досадна рутина, сувопарни лекции, уништување и запоставување на младешката креативност. Неправди, фаворизирање на поединци, сериозни наставници од кои учев се, но не се сеќавам дека научив некоја животна лекција.

    Можеби денес е нешто сменето, но јас не го чувствувам тоа. Лоши учебници, сомнителни истории, непотребни податоци по географија... стерилни училници, недопечено лиснато како оброк. И повторно неправди, фаворизирање, поклонување оценки....

    Пред неколку дена една пријателка ми раскажа нешто што многу ме растревожи и замисли. Нели во понеделникот преку медиумите беше соопштена една страшна вест за самоубиството на две млади момчиња. Настаниве се совпаднаа со почетокот на учебната година. Синов на пријателката инаку шестооделенец кога слушнал (а црната хроника на вестите е друга приказна) прокоментирал дека децата се самоубиле затоа што почнала учебната година.

    Во последниве години постојано слушаме за реформи во образованието, компјутери во училиштата, е-дневници, екстерни оценувања. Се прави се, освен - учениците да го засакаат училиштето
    Останува едните да учат, иако тоа за нив е измачување (како јас на времето), стануваат премногу сериозни за годините, забораваат на игрите и радоста која ја носи детството. Најубавиот период од животот им поминува во стрес, а неретко и со невротски манифестации. Други пак отпорот го манифестираат преку недисциплина, хиперактивност, одбивање да учат иако имаат пристојна интелегенција. Добиваат разноразни етикети од типот на безнадежни, глупави..

    Јас на син ми му велам -учи, редовно исполнувај си ги обврските, но не го сфаќај училиштето премногу сериозно. Наутро кога ќе станеш, наместо леле математика, хемија...помисли ќе ја видам Магдалена/Симона...

    А ние секојдневно ќе слушаме за реформи во образованието. Вести од типот дека ги реновирале тоалетите во некое училиште. Еј, во 21 век - пристојни тоалети нешто што не треба ни да биде доведено во прашање, а камоли да се соопштува на вести како подвиг...
     
    На Ognenija, antonina, slavica999 и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    На Sara123 и Mayyya им се допаѓа ова.
  12. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Како традиција е, Wake Me Up When September Ends во септември, November Rain во ноември..
    Веќе се губи смислата на песните.. А двете се толку прекрасни..
     
    На anabel-a, cinderella5, AnaKarenina и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Денес сум прилично ненаспана, а па и ова времево што цел ден не може да се реши дали да врне уште толку ме успива. Ама ако, среќна сум си. Абе колку чуден човек сум јас, ептен се радувам на ситници. Денес ми стигна едно мало парче накит што го порачав од интернет, а кое чини цели 50 денари, т.е. 1 долар. Кога го видов, се прерадував! Па цел ден си го носам по дома, го гледам и задоволно си се смешкам. Шта чеш, жени :) Мада, на поскапи работи уште повеќе се радувам :D

    И се збудалев по чизми. Сакам нови, некоја добра, црна, кожна чизма до колена. Уф! Што ми требаше да манијачам чизми на нет :fubar: кога немам вода у очи што се вика.

    Туку, баталете тоа. Иако е вакво времево, мене сепак ми е убаво. Ветренце дувка, а јас си пијам кафе на тераса и уживам. И како и секогаш, премногу размислувам за се’ и сешто. Зошто бре мора се’ да анализирам до најситни детали, да мислам што, како и зошто? И зошто мора, кога работам нешто, по 20878689 пати да го проверувам и да барам грешки и неправилности таму каде што ги нема?

    Насекаде пишува и се зборува дека кога на интервју за работа ќе те прашаат што ти е маана, да не одговараш дека си перфекционист, зошто тоа било најклише одговор што постои. Можеби и е, ама јас навистина сум перфекционист до коска. Се мразам себеси понекогаш заради таа моја особина.
     
    На anabel-a, kravce, cinderella5 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Денес времево грдо и депресивно.Не ми се шета,не ми се чита не ми се прави ама баш ништо |(
     
    На srcekrsacka, Sara123 и Anja98 им се допаѓа ова.
  15. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Не дојдоа лоши времиња туку лоши луѓе.
    во денешно време треба да си заебан играч за да успееш ,уствари му доаѓа заеби за да не бидеш заебан...
    а ние добрите ке си патиме епа ке си патиме коа покушаваме да бидеме добри а испаѓаме глупи :x
     
    На cigarce, Lov3, IndieGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека многу е убаво кога човек знае точно што сака и што очекува од животот..
    Јас секогаш сум верувала дека не постои такво нешто како судбина, дека секогаш сам си ја кроиш..
    Но, многу е убаво чуството кога знаеш дека нешто не сакаш и така продолжуваш да го бараш тоа што го сакаш а најубаво е кога си задоволен од твоите избори и не се каеш за ниту едно нешто..!! Ете тоа ми се случува :)
     
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Значи само што сакав да го напишам истово.А дојде септември-одма Wake me up when September ends.А исто и ноември-одма сите Noveber rain.Е аман бе луѓе,не ли е легално да се слуша November rain или Wake me up when September ends во јули ?? :D
     
  18. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    И на крај сите станаа такви, какви што тврдеа дека никогаш нема да бидат!
    Околностите и разните карактери на луѓето (или нелуѓето), дефинитивно ми ја потврдија оваа теза.
    Никој никогаш нема да стави рака во оган за оној за кого цел живот вели дека во секој момент е подготвен да се жртвува. Но, не. Дефинитивно не...
    Постои љубов, постои пријателство, ние имаме потреба од внимание, совети, чувство да бидеме сакани.
    Но до кој степен сето тоа може да постои и опстои ???
    Во последно време ме тепа опасна депресија, разочарана сум од секого, а излезот го барам во самотијата. До кога ќе биде ова само...
    Празнина.
     
    На cinderella5, L-enna, Miss-Independent и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК ако ми е, кога толку многу мислам за доброто на другите тоа и ми треба, да ми забијат нож во грб. Од вакви ликови што не знаат да ценат ништо треба да се бега што подалеку. Си добиваат се на готово, а после ниту фала не ти викаат бе :fubar: :fubar:
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк во зивотот за се има време ако човек сака да направи нешто, па макар работел две нешта истовремено.Поарно е да се казе дека нешто не е од ќејф, него со сила да се казува камуфлирано.Незнам какво фајде има глумата во зивотот, за разлика од таа глума за во театар...

    Него, ми иде се да оставам овде и да кренам раце од се тука, па кој, како знае нека се снаоѓа.
    Лута сум, ама ќе ми помине :D :wasntme:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.