Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Тину нину. Опасност. :angel:
    Кога ќе се појавам во дневна со една моја многу посебна фацијална експресија, мислам дека на татко ми му се темни пред очите во истата секунда :rofl:
    Хааааа. Некогаш од жал не можам ни да му соопштам што имам да кажам, а тој прекинува што и да прави, затоа што знае што го чека ја поткрева главата па малку ја навалува, сигурна сум дека секогаш се надева дека нешто ситно и неекстремно ќе излезе од мојата уста па смирено ми вели кажи дете што ти текна сега? А пустото не можам сериозна да бидам кога смеа ме пука зошто ме гледа со тој неговиот поглед што кажува знаеш дека ќе те поддржам што и да е ама кој ќе ја слуша после мајка ти? И уз пат деца ме П О Б У Д А Л Е В Т Е. Се тоа го читам од еден негов поглед еј. И се смеам како зелка се додека ми се смее, па сериозна седнувам спроти него како да сум некој адвокат што ќе води страшен случај, се изјаснувам, кажувам што имам да си кажам па фаќам магла од соба. Зошто секако(што всушност е интересен факт) 99,99 проценти од идеите ми се исполниле, а не штетеле на никој. :emo:
    Како недозреано говедо сум значи. :rofl:
    Лошо е лошо кога мене ќе ми светне во глава сијаличката со фикс идеи :D
    Муахахаха.
    Ах татко татко, јас не сум крива, ти си ме направил. :D
    My hero. :)
    Ах, камо еден ден и моите деца да бидат како мене, ќе бидам пресреќна. (Иако мајка ми не се согласува со ова мое изјаснување јас тврдам дека е точно) :D
     
    На ines.h, tweety26, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ми фали дожд, да го слушам, да го гледам. Сакам кога е сиво надвор, и не ме депримира, баш напротив, исполнета сум, а ги депримира оние кои не го разбираат и кои мислат дека летото со неговите 50+ степени е најубавото годишно време.
    Кому му пречи есенски дожд ви се молам, ма да што ако заврне сега би било летен дожд, нели календарски летото сеуште не завршило. 8)
    И за инает ќе ја слушам сега November rain, бидејќи во Ноември веќе очекувам снег! :D
     
    На M.a.r.i.l.y.n, sweet-cherry, tweety26 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... што нема работа, нема.
    Нема ни од оние попростите работи за 200 евра редовна плата и платени придонеси.
    Да не зборувам за сериозна работа, со поголем приход кој е неопходен за опстанок ако сакаш да си градиш со некого заеднички дом и семејство.
    А работа која ќе те исполнува и задоволува, во која ќе уживаш, ќе стануваш среќен и насмеан за да отидеш на своето работно место - што беше тоа? Утопија?

    Мака ми е, и преку глава да слушам паметосолачи и зачинки на манџа кои ме убедуваат како - од нешто мора да се почне.
    Драги луѓе, јас почнав. Трипати започнав кобен пат, за мизерна, нередовна плата, за лош нечовечки однос, за саати и саати прекувремено, без екстра платено денарче. Ниту едно благодарам упатено на моја сметка.
    А истите тие кои ми кажуваат како да постапам (оти за други најубаво знаеш да ја оправиш работата, нели, на туѓ грб не болат ниту 100 стапа) удобно се сместени во канцеларија, ден по своето дипломирање, од 8 до 4 и ни минутка повеќе, со плата која стигнува до 5ти во месецот и одмор кој може да си го земе кога ќе ѝ прдне.
    Или пак, го има луксузот да прифати некое работиче и од 10 000 ден. во Скопје, оти мама и тато уште се стискаат по дома, ѝ плаќаат дополнителни 8000 ден. да преживее, и топ ѝ е, она е толку самоуверена дека така треба да биде, дека е на вистинскиот пат, дека ти си мрзлива и неспособна, она ќе ти покаже како се работи, ти пребирачко една на работа! :devil:

    Јас до неодамна верував - дека ако се сака - се' се може.
    Дали сум живеела во некој американски филм и мислев дека Бог, Ѓаволот, Шефот, Кармата ќе ме наградат за мојот труд, моите солзи, моите саботи на работа, година и пол по ред, и дека ќе ми светне денот над тиквата како во песната на Кочо Рацин.
    Сум живеела да ви кажам право.
    Која глупача.

    Како да не ме боли што некој на времето прашуваше дали за време на екскурзијата до Атина ќе се поминува низ Белград, оти таму има роднини, па да ги посети, денес предава на дечиња од прво до четврто одделение?
    А млади и способни луѓе квачат дома.

    Како да се помирам со вакви неправди?
    И зошто побогу секогаш јас го кркам дебелиот крај од стапот - ама сине, таква ти е ѕвездата, мораш сега да почнеш пак, отпочеток, ќе бидееееее, трпение-спасение, а некој дебил да добива сервирано и изџвакано?

    Како за сите се најде работа, а за мене не може?
    Како некој од старт добива погача, а јас трошки?

    И кренав раце, и спласна ентузијазмот, и немам сили, немам молби, немам зборови, немам надеж.
    Ќе се мрднам пред триесеттата.

    Се прашувам - до кога ќе се трудиш со сите расположиви средства (младост, нерви, сингл статус, без посериозни обврски) да работиш некакви бедни работички - оти нема поарно, а ти мислиш на другите лесно им е? До кај 50тата година од мојот живот?

    Да, на другите фала на прашање - лесно им е, кој како се снашол и умеел си го покрил газот, нема да им текне да кренат телефон да прашаат како си. Евентуално за умирачка чекам да поѕвони некој, да соопшто сочувство и да си ја испере гнасната совест.

    Останавме сами, бевме добри додека помагавме на сите, сега сме заборавени и нервно уништени.
    Има Господ - каде е бе?
    Сте го виделе, слушнале, да го прашам неколку работи сакам...

    И нека има такви што прифаќаат работи за 8000 ден. - оти нема поарно, нека се множат, нека ги симнат и на 6000 ден, само напред, кој како сака нека сфати, не омаловажувам, не летам во облаци, ја знам ситуацијата, ама цркнала дома до крајот на животот, ќе си го ценам трудот, знаењето и можностите повеќе. Колку што сметам дека заслужувам.
    Медиокритетот никогаш и не ми бил посебно привлечен, ниту во мода, нема сега на овие години, со толку поминато зад себе да почнам да му се навлекувам ко на евтина дрога.

    Ме фати таков инат, бес и апатија, малтене сум на граница да ги сфатам сите оние чмајачи по дома, зашто и јас сум една од нив, веќе година и пол.
    Што сум јас - поневредна, поглупава, понеспособна од сите оние што си работат нормални работи таму надвор?

    Деца, фамилија |( ... има денови кога немам ни 100 ден. да излезам на кафе.
    Тоа е вистината.

    Пред некој ден мајка ми (одвеана си е некогаш со ветерот женичката, не дека мисли лошо, ама вториот пубертет ја акна изгледа многу силно) со цел памет ми вели: Добро бе деца, што сте се уплашиле толку?
    Ееееееј, ние да видиш како започнавме, ама од што се плашите? Ќе биде, еееее...


    Од што се плашиме? :^)
    Ако некогаш постоело време и место за паника, тоа е сега и овде.

    Се плашам дека нема никогаш да најдам работа. Остави што нервно и психички ќе попуштам и ќе се мрднам, ќе го мрднам и дечко ми. Кутриот, зар заслужил некоја хистерична и невротична да му ги цеди невроните... може да си дозволи да биде со каква сака. Сигурно нема мене да ме трпи, мојата немаштија, моето вечно - не можам да дојдам таму, не можам да излезам онаму...
    Преполна со болка, фрустрации и гнев, ќе си ја уништам врската. Се обидувам да ѝ го кажам тоа, она не сфаќа. Не ѝ е јасно што ѝ зборувам.
    Можно ли е да не сфаќа?
    И блиските пријатели те одбегнуваат кога си таков. А каков да си поинаку ќе ве молам?
    Они разговараат за импресии од одмор, ти си молчиш.
    Они ти покажуваат најнов телефон, ти пак си молчиш.
    Они ја продолжуваат вечерта на трето место за излегување, ти си чекаш автобус во глуво доба на Рекорд за дома. Не можеш ни такси да си приуштиш сама.
    Грев е да се каже и не сум верувала дека ќе дојдам до вакво дереџе некогаш - ама парите те оддалечуваат од светот и блиските.
    Следниот пат кога ќе видите намуртен, тажен, асоцијален човек, не донесувајте заклучок пребрзо.
    Не му ја знаете маката. :(

    Јас се извинувам за моите кукања на оваа мизерна и бедна тема.
    Се надевам дека ова е мојот последен испад во врска со темата работа во црната дупка. :|
     
    На Artemission, Ognenija, velesanka и 42 други им се допаѓа ова.
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    "Те гледам цела вечер, стануваш, поминуваш покрај мене, можда намерно а можда и не, се враќаш, седнуваш, се смеете со твоите размазени другарки, можда за мене можда и не, пиете вино затоа што само тоа не дебелее а радо би дрмнале по една дупла, те гледам, се смеам, убава си, нема да ти пријдам од инает, не ти барам ни број, не прашувам за тебе, мирисаш на некој чуден парфем што само ти го имаш, никој те нема видено со дечко, муабети кружат дека си чудна и безобразна, можда си уствари осамена а можда и не, а можда и јас сум заљубен а можда и не"... :)))
     
    На martinuska, M.a.r.i.l.y.n, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Супер поминав на испитот, овој пат ќе положам, осеќам :rofl: Врнежливо и тмурно е Куманово, а јас сама дома без ханито :( ајде уште малку и ќе си дојде :wasntme: али кога ќе ја види сметката од продавница :o :tmi: епа што сум крива јас се беше потребно :angel:
    И сакав да кажам дека не можам некако да се навикнам на градов, како ладно да ме пречекува кога ќе дојдам :| Колку и да го мразам понекогаш Скопје, заради гужвите, семафорите на секој чекор, автобусине, пензионерите во вторник и петок,35 минутното патување до центар |( сепак тоа е градот во кој израснав и сега гледам дека навистина ќе ми недостига ;( Посебно е Скопје, има нешто во него, што го нема на друго место, нешто што ме прави да се насмеам и да осетам топлина кога чекорам по неговите улици :inlove:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Готово.Само два дена среќа и толку,сега немам желба за ништо,повторно како да сакам да умрам..јеботе животе,јеботе...Мамурлаков уште од сабајле ме држи,а оваа теткава ќе ме докрајчи..
     
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Целосно планиран ден,со непланирани моменти и излезе совршен. :wasntme:
    Си станав сабајле си се спремив толку расположена :makeup: и среќа ми се погоди бато да ме носи со кола и натаму и наваму,барем да не се моткам по автобусите.Одам на факултет да полагам,кога тоа професорката не била дојдена а не ни планирала да доаѓа. :^) Ххахаха и тоа се гледа да. :lol:
    Од таму правец во црква,си запалив свеќи,си се измив со крстената вода,си се помолив и многу поубаво се почувствував. :)
    Отидов низ Џамбо и од таму со другарките правец на договореното место.Богами добро се снаоѓам на места каде што само еднаш сум била,се сум запамтила. :wasntme:
    Пред да отидеме таму,низ паркот видовме лулашки.Која радост не обзема.Како мали деца се стрчавме и почнавме да си играме,а сите од страна се смееа и се чудеа. :lol:
    Стигнавме таму,си се изнаслушавме некои работи,си искочивме задоволни и два саати си ги кажувавме импресиите,но до заклучок не дојдовме. :lol:
    Еве сега домче си ги средувам сликите од денес.А вечер...вечер ме очекува романтична вечера,само јас ќе се правам дека незнам. :wasntme:
     
    На Divinebutterfly, Annath и cinderella5 им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Попладнево си седам во соба, читкам лево-десно, па одеднаш добивам желба за кафе.
    Се упатувам кон кујна, поминувам покрај дневна и слушам: еден-два, два-два, три-два, четири-два...
    Правам ваква фацка :^) , па се враќам наназад да видам што се случува. Кога ги гледам мајка ми и татко ми легнати на под како желки, прават вежби за грб :lol:
    Ќе си пукнев од смеа! :rofl:
    Ги растргнале масите, ставиле сунгерасти подметачи, пуштиле музика во позадина и вежбаат.
    Одма се фатив за апаратот, таков момент не смее да се испушти!
    Па татко ми ми вика: Не ни се смеј, физиотерапевтот ми рече такви вежби да правам дома :!:
    Мајка ти друштво ми прави.

    Туку, си направив кафе и седнав во дневна да ги гледам.
    Вежбаат, се смеат, се тегават лево десно, циркузи беа.
    Ги гледам така и си мислам: Џабе им се годините, кога они си се млади во душата.
    И не е чудо што секој им дава барем десетина години помалку од тие што ги имаат.
    Се надевам во гените ми е нивниот младешки дух :)
     
    На Stoimenovska, Ognenija, LilBaby и 34 други им се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Посветено. Ако не сакате да си го расипувате расположението не читајте, а јас денес сум таква-депресивна во склад со времево.

    Помина уште еден од деновите во низата во кој нема ни трага ни глас од тебе. Ни каде си, ни со кого, ни зошто. После тој ден се ми остана во магла.
    Сите ми се чудат како толку брзо сум се опоравила, а никој не ја знае вистината. Сите ми се чудат на храброста, ладнокрвноста, гордоста. На она површното што им го покажувам. А ти беше тој што ја знаеше мојата внатрешна, ранлива страна.
    Ми остана прашањето, зошто неможам да се помирам со оваа разделба? Дали е нешто поразлична од сите други со кои сум се соочила? Дали е поболна? Разделба како разделба... неизбежна, ама викаат дека оној што си отишол отстапил место на некој подобар. Каде е тој?
    Мислев дека скршеното може да се залепи. За жал трагите уште ќе останат.
    И многу ми е жал што после тебе почнаа да ми пропаѓаат повеќе аспекти од бедниов живот. прокоцкав многу шанси, направив многу грешки, кажав безброј лаги, манипулирав со некои што не го заслужуваа тоа, самата си ја повикував несреќата. Кога останувам сама, се прашувам каков човек сум јас?
    Незнаеш колку ме боли, а подобро и никогаш да не дознаеш. Порано не ти посакував среќа со друга, сега ти ја посакувам од се срце. Ти беше дел од мене, барем тој дел нека биде среќен. Јас ти простив за се. :)
     
    На ViktorijaMari, lunicka, kate21 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Обожавам вака продуктивни денови како денес. Го шкртнав и одењето на забар од to do list за летово. Сега на раат си пијам какао и го гледам хаосот што го оставив позади мене. :D

    И кога некој ќе ме праша зошто јадеш во Mcdonald`s кога реално не најадува сендвичот од таму. Им кажувам дека во голема мера ме најадува љубезноста на персоналот таму. Мислам дека за тоа треба да бидат пример на многу ресторани и кафанчиња низ Скопје. Затоа со мерак јадам таму. :mm:

    Имајте убава вечер ,исполнета со многу нежност,страст и самодоверба. Тоа е тоа што и треба на секоја жена. :)
     
    На sweet-cherry, Miss-Independent, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Ах школо ,школо...Ќе водиме војни ? :rofl: :devil:
    Аххх...А што убаво ни беше на распуст... ;( :@
    ЛЕТО-ЕДНО И ЕДИНСТВЕНО СИ,НИКОЈ КАКО ТЕБЕ! ;( Ајде врати ни се лето .... ;(
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Занесена во филмот слушам некој вика:
    Ени, Ении
    излегувам надвор и го гледам комшијава и му викам:
    Еее специ што е што викаш
    и овој:
    А кој те вика тебе, си ја барам мачката, си ја крстив Ени :o :o

    Е :clap: :clap: бе комши од толку имиња ти најде по мене да го крстиш мачето |( |(

    Туку едвај чекам да заврне, ми фали дождот, го сакам дождот ме смирува, сакам да гледам како врене, да слушам како трпаат капките на прозорецот.
     
  13. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Мамичке, многу те сакам Заедно ќе пребродиме се, сите пречки ке ги совладаме, со таква радост што ќе изгледа како и никогаш да не постоеле. :)
     
    На Miss-Independent, kate21, Hiii и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Чувството кога повторно ќе влезеш во едни од омилените фармерки е неописливо ^_^
    Денеска го осетив и сакам уште десет пати истото со различни фармерки да го почувствувам.
    И нека бидам досадна со оваа тема, што да правам кога се се' ми се врти околу тоа, морам да го овековечам моментот со овој пост.
    Радост, зголемена самодоверба дека правам сигурни чекори и чувство дека одам на вистинскиот пат и дека се приближувам до целта. А, тоа што ме собраа е доволен показател дека ја правам вистинската работа. :!: Конечно си го знам моето тело, како најубаво функционира и што му треба. Ќе научам да си го сакам и со вишок килограми. Веќе си го сакам и вакво со 6-7 кг плус. Ама уште 8 да ги симнам ќе бидам на коњ. Осеќам дека до 4ри Ноември ќе пишам еден пост овде како сум ја остварила желбата за мојот роденден сум си поклонила најубав поклон -убава фигура. :inlove:
    Рабтоава кај мене е полека, но сигурно. Така треба да оди се, умерени и мудро донесени одлуки носат подобри резултати од тие што се донесени набрзина колку ради реда. :P
    Денеска цел ден врнеше, а јас пак со татко ми најдов време да појдеме да ми го скратат сатот зошто ми беше голем.
    Го сакам Септември врнежлив и го сакам и дождот. Денеска открив дека ги сакам сите годишни времиња подеднакво затоа што сите си носат со себе свои убавини и посебности.
    Го сакам :sun: сонцето заедно со водата и плажите во Лето, го сакам снегот во Зима, :rain: дождот и паднатите листови во Есен и расцветаните цвеќиња и дрвја во Пролет. :)
    Тоа е тоа за сега, додека моите се расправаат што ќе јадела сестра ми, јас со моето јадење завршувам уште во 6. Барем нема да се думам што треба да јадам и што смеам, а што не смеам.
    Уште поубаво се чувствувам што така самиот организам ми се програмира па апетит после 6 за чудо немам. И го обожавам чувството кога ќе легнам на вечер и цревјата ми кркорат, а не осеќам глад.....
    Ништо паметно не ви кажав, ни измислив некој нов пронајдок, само напишав дел од моето расположение денес кое сакам да продолжи, посебно чувството кое е непроценливо.
    Морам да го осетам уште најмалку десет пати. :up:
    А денот 16.06.2013 како некој важен историски настан ми е, се надевам само убави работи ќе се случуваат тогаш, ќе направам нешто на тој ден поврзано со мојата долгогодишна голгота со битките и поразите и победите со килограмите. Да сме здрави и живи до тогаш.
     
    На Annath, lunicka, Ema.Sk и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Конечно нешто паметно во Македонијава при толку манијаци ..
    http://www.reagiraj-bidibezbedna.mk/
    Се надевам дека нема да остане само на статистика туку ќе се превземе нешто .
     
    На Monna.Monna и cinderella5 им се допаѓа ова.
  16. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Не знам дали се сеќава некој, но пред два-три месеци постирав линк од една моја колумна која ја напишав под псевдоним. Бидејќи страната за која пишував одамна ја запоставија, решив мислите да си ги истурам на друго место.
    Цело лето копнеев да отворам блог во кој ќе си ги запишувам мислите (а, во мојата луда глава виреат многу мисли кои копнеат да бидат запишани и објавени), но немав време поради тоа што одев на работа да му се посветам на пишувањето.
    Сега имам еден тон слободно време, па конечно почнав да пишувам.

    Ако некој сака да ме чита и да ме следи, еве повелете линк:

    http://darkbloomv.wordpress.com/

    Можно е да ви изгледам малце лигаво и напатено во овие два-три поста кои ги имам објавено досега, но такво ми е расположението оваа недела - поради неколку причини.
    Како и да е, разгледајте, па ако ви се допаѓа читајте ме одвреме-навреме. Ќе се обидам редовно да пишувам, се надевам нема да ми недостига инспирација. :)

    P.S. Не се некои белетристички дела, поезија или проза, тоа се само моите мисли - да не дојде до забуна.
     
    На antonina и MandyLane им се допаѓа ова.
  17. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Велам дека ќе се променам и дека нема веќе така да постапувам,но јас пак продолжувам по старо...
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Денес се случи една многу убава работа ^_^ , која со задоволство би ја споделила со вас. Но бидејќи се почесто ме препознаваат, веќе ме фаќа страв да пишувам за луѓето околу мене и се почесто пишувам само за тоа што мене лично ми се случува. Параноја или не, не е баш пријатно кога ти пишуваш со цел да се испразниш а некој те чита со цел да дознае што повеќе пикантерии за твојот живот. Затоа, само за мене си пишувам, за тие околу мене, устата ми е зашиена. Како и да е, знајте дека сум многу среќна што важна личност во мојот живот стигна толку далеку, нешто незамисливо за истата личност, доколку и било речено дека тоа ќе се случи пред 20 години, немало да верува. :)

    Друга работа, што денес следува една ПОУКА! :D

    Пред неколку месеци изигравав курирче и трчкарав низ факултетите во Скопјево. По толку трчкарање, заглавив на еден (познат) факултет и морав да се измочкам некаде во НАЈКРАТОК можен рок. Првиот човек што го видов го заправ, и го прашав дали знае каде е ВЦто. Човекот беше многу културен, љубезен, лично ме однесе до таму, дури и ламба ми пушти. Јас заклучив дека е нешто како чистач, или некој од портирница, кој и да е, ми се најде. Деновиве благо се шокирав кога влезе во иста просторија во која бев и јас и испадна дека лично Деканот ме носел на мочкање. :D

    Поуката на приказната - Никогаш немој да престанеш да бидеш пред се, човек, па се друго. Познавам многу кои заборавиле кои се, што се, од каде дошле и кои биле порано, а мислат дека се некој и нешто денес. Ако го бришеш минатото, како ќе се објасниш за личноста која си станал денес, м? :wasntme: Јас нема да заборавам дека бев дебело и влакнесто детенце од 95кг со војнички панталони, иако сега сум средно дебело и депилирано со тесни фармерки. :D И деканот, и чистачот и тој од портирница се луѓе од крв и месо и тие некој ден барале или ќе бараат ВЦ оти ги фанало пролив и не заборавиле како им било тогаш. :!: Шала настрана, бидете луѓе секогаш и во секоја прилика. А не идиоти. Најлесно е да бидеш идиот, а многу е потешко да бидеш човек. ;)

    Одам да ги набилдам малку моиве затупавени мозочни ќелии со некој филм, ми пресушија сиротите летово. :D
     
    На iloveyou29, VayaConDios, Mishela и 31 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.495
    Друг пат кога ќе планираш да врнеш, те молам гледај или да имам некој битен у креветот или да сум у нечиј кревет. Не друго да ме чешка и кафе да ми прави. Ете толку. Море глава не можам да кренам од низок притисок.
     
  20. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    2 саати бришам некој глупи сликички од фејсбук. :o И ми останаа уште околу 250-300 :tmi: .
    Ми се чини дека раката ќе ми отпадне од кликање со маусот. Преку 1500 беа, па шта је ово бре? |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.