Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Во последно време почесто се фаќам себеси како се депримирам. Едната работа ќе се тргне на страна, другата на врата.
    Се разочарав од работата, од никаквиот приход, од тапкањето во место, од загубата на волјата да станам наутро со цел нешто во денот да завршам. Ми стана рутина, а не предизвик. А сакам предизвици. За оваа плата можда и би работела да се случува одвреме навреме нешто, нешто што не е 10ти или 25ти во месецот, некој, набрзина извештај, што во последен момент му притребал на шефот, или некој расипан компјутер/принтер што очигледно никој не знае дека само му се извлекол кабелот...
    Не ми требаат многу пари, не сум голем трошач. Имам заштеда, не сум без ништо. Немам ни луксузни потреби, нити семејство за кое треба да се грижам...сега...Ама, до кога вака? Ќе мрднам ли од ова место некогаш? Не сум капетанот, па да останам на бродов додека не потоне. А друго се нема...
    па ете така, ќе се депримирам, нервирам, па ќе кренам глава. Некој ќути и трпи, друг додека молчи и си крои планови. Јас, јас чекав, ама некако не се дочекува.

    Имаше еден период назад, кога ги гушкав сите дрвја во пресрет. Сега ми се чини, таа храброст, залет кон светот, како да умрела...
     
    На antonina, DeMelo, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Колку убаво мириса дождов. Сакам да врне.

    Туку денс ми рекоа дека треба да се извинам секој што сум го повредила, зарем мене ми се извинуваат кога ме повредуваат и ми го кршат срцето на милион парчиња :^) туку не им е гајле, решив да бидам како нив, ладна и незаинтересирана, можеби тогаш ќе бидам по почитувана и поразбрана од сега :^)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Слободна сум да ги спакувам куферите и да заминам,готова е секоја приказна овде.
     
    На teddybear, L-enna, Miss-Independent и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    :^) Зошто бе љуѓенца не го сакате дождот? Читам по интернетов ве прави тажни..??!

    Дожд.Ме инспирира. Прекрасна мелодија од дождовни капки, и свеж мирис.
    Ме прави среќна.

    Let it rain over me... :rain: ^_^
     
    На M.a.r.i.l.y.n, Monna.Monna, Doozy и 17 други им се допаѓа ова.
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Мали нешта што ме прават исполнета...
    На пример ноќно трчање па добар туш и фемина.

    Мириса миризливо стапче и се ми е полно-рамно.Бар моментално моменти на мир и спокој.

    :bow: Сакам кога мириса на спокој и љубов во позадина.

    http://www.youtube.com/watch?v=sGxecPnhFlo
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Леле колку лошо мислење имам за врскаџии. Познавам луѓе прави гастроскопи,напикани во задникот на еден куп повлијателни од нив.

    На школо гледав улизување за оцени,сега за уписи и стигна работата да оди до обично одење на лекар. На лекарот му е должност да не прегледа,зема плата за тоа. Дополнителни облетувања околу него освен благодарам не се потребни. Лично јас дури би се навредила од тоа.

    Колку гнасно функционира се тоа. Овој е добар овој не е. Што се имаат да си кажат лекарите еден за друг меѓусебно. И колку ми се жални себепрогласените специјалисти,кои имаат лошо мислење за некој од нивната бранша што завршил во странство. И уствари вистински се разбира од тоа што го работи.

    Една гуска докторка, што патем не по моја желба ми е во околина, ме распрашува нешто за ќерка на едни наши пријатели ,инаку ептен успешен специјалист што работи и се усовршува надвор од Мкд. и ми вика аа ја знам, срцка таа,колку блиски бевме. А,после дознавам дека не се ни знаат. Улизување и продавање лажни вредности.

    Завршила факултет и дошла да ми раскажува пикантерии за пациентите. Срамота.

    И најсмешно од се е што си имаат формирано клан. Права бела мафија се. И си примаат само синови и ќерки. Едниствениот услов за да влезат е да се дебили.
     
    На antonina, Annath и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Чуствувам немир, толку ми е лошо што и желудникот почна да ме боли.
    Сакам да си се наспијам, а еве 2 дена имам ужасна несоница. И таман да си пишам дека не знаам зошто чуствувам немир, си велам: :!: Кого лажеш ти!? Те боли што си заминуваш и што го оставаш сам.
    Ах од една страна е Скопје од друга тој. Се надевав дека тој пред мене ќе замине, па нема да морам да бидам јас онаа која остава. Ама по се... ќе бидам.
    Овие месеци, колку што ќе бидат убави, ќе бидат и болни. Ама не сме ни првите ни последните, знаам дека ќе издржиме... мораме :| .
    Од друга страна пак, се радувам на новиот почеток. На новата шанса која ми помага да се сменам. Чекор по чекор, ќе успеам :D
     
    На Doozy, bluegirl7 и Ema.Sk им се допаѓа ова.
  8. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Крај краева, добро е што постои ПМС, добро е што жената има одвишок хормони, солзи и хистерија, добро е што одвреме навреме беспрекорно си ја докажува и штити женственоста и нежнотијата!

    И цмиздрењето за џабе не е за џабе! Кога ќе те фати блага депресија и те спукува криза од нигде никаде, се трефнува да се исплачеш на неговото раменце и себично се дереш „ти си крив за се“, „ти не си во право“, „ти мене не ме сакаш“, а тој благо те гали по грбот и бакнува во челото наредено со ситни нитни(некоја си претсостојба на акни |( ) и само ти вели „те љубам“, е нели ти иде да си пораснеш од милина, и да се признаеш општонародно дека си најсаканата жена на светот, м!? ^_^

    Е тогаш на раат можеш да си плачеш од среќа!
    Љубов бре! :inlove:

    Ла ла ла ла :dance: ^_^
     
    На antonina, ines.h, teddybear и 11 други им се допаѓа ова.
  9. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    11.215
    Пол:
    Женски
  11. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Жена.Жената не е жена ако не промрчи. :yawn: :)
     
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Аyyyyy AЈ нека донесат кај нас вакви :o .Не би било лошо да ги има и во вид на автомат .Си одиш на пауза место на кафе, пијучкаш коктелче :inlove: .После цела фирма весела ПА нормално има да тече работата како никад :D


    http://www.youtube.com/watch?v=PPeBXMwA ... _embedded#!
     
    На Monna.Monna, crazylady, Hkikica и 2 други им се допаѓа ова.
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Празни ветувања и неискрени "пријателски" насмевки...
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Зарем толку ви е тешко барем еднаш во животот да ме одржите без преговарања :^)
    Не паметам ниту еднаш да сте ми рекле:
    - Ако мислиш дека тоа е добро за тебе направи го, ниту еднаш :!:
    Постојано приговарате и не дозволувате да си го живеам животот,
    велите дека сакате моите соништа да бидат остварени, епа дозволете ми го тоа без ниту еден збор, барем еднаш верувајте во мене, верувајте дека ќе успеам :devil:

    Знам во што се впуштам и верувајте дека ако западнам во проблеми нема да дозволам вие да ми ги решавате, што сум посеала тоа и ќе жнеам.

    Само ве молам верувајте ми :!:
     
    На Ognenija и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Утре ќе се шишам по долг период, сантим-два ако ме сфаќате. И ми се плаче. Ни милиметар не ми се дава од косава. Стварно никогаш нит сум била, ни сум а ни ќе бидам ептен задоволна после шишање. И зошто фризерите секогаш преувеличуваат?! Мислам, сфаќам да не им идело математика ама па греота сме ние од понежниов пол, секогаш патиме по косата. Држете т.е. пуштете ми среќа утре да не ми одземе од дужина зошто многу ми требаше да си ја пораснам косата!
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Добриот вкус за музика умре.
    Каков замав земаат пролазни хитови од турбоdicksuck изведувачите..срам ми е да кажам. Младината оглуве :x


    За луѓето со уши , вид во истребување
    http://www.youtube.com/watch?v=CbCHnonKiVQ
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ми е толку многу тешко затоа што бев сигурна дека никого на светов нема да сакам колку него или затоа што не можам да се помирам со фактот дека толку лесно се откажа од нас. Со денови ги држам солзите во мене и не сакам да си дозволам да плачам. На некој начин не сакам да си призанаам дека не можам повеќе,а толку е очигледно. Бев повредена. Се откажа од мене. Пред се,се откажа од нас. А јас толку многу се борев.Но,вистинската љубов секогаш победува,зар не? Ах, тоа прашање...тогаш зошто толку чувствувам дека тој е тој. Дека тоа е тоа. Дека никогаш повеќе нема да се почувствувам поисполнета и никогаш повеќе нема никого да љубам толку многу.
    И повторно се залажувам себе си. А не треба. Се што треба да направам е да заборавам. Да ги заборавам оние морници кога ќе ме допреше,оние виори кога ќе ме бакнеше,онаа насмевка кога наутро ќе се разбудев до него. Сосем едноставно. Само треба да заборавам. И можеби некогаш ќе успеам. Скршено,залепено и никогаш исто. Но, со срце или без срце тоа е единствениот избор кој го имам.
    Се чувствувам како губитник. Скршена,сронета,исцедена до последна капка. Скитник кој ја бара неговата љубов,но залудно. Она изгубеното веројатно никогаш и не било мое за да го барам. Но човек учи дур е жив.
    Секое лошо за добро е,што и да е ќе помине.
     
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.459
    Пол:
    Женски
    “Што е среќа штом без тебе сум јас, што е љубов без допир и страст..“

    Колку моќна песна, во целост! И по толку слушања, ми предизвикува ежење одново и одново.
    Текст феноменален со потпис на мојата некогашна комшика, одличен вокал и многу емоции од дечково!
    Се пронајдов во секој збор, како за мене и него напишана песнава...

    Добра Ви ноќ, и само искрено љубете, нема ништо почисто од искрена љубов.

    http://www.youtube.com/watch?v=YwyeQUUw ... re=related
     
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    :lol: :lol:
    [​IMG]
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.