Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.514
    [​IMG]
    Мора да си набавам една ваква тефлонска тава.
    Лека ноќ! :*
     
    На kate21, butterfly33, Calla.Lily и 26 други им се допаѓа ова.
  2. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rainbow16

    rainbow16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    22
    се се враќа,се се плаќа.
     
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Тато, бе тато :D Единствениот пример каков човек НЕ треба да бидам, ама знае па да ме насмее та дури да ме дрецне од земја :rofl:
    Во спалната кај мама и тато, има многу огледала и обично додека се фрцкам пред излегување одам во спална да се видам од сите агли. Кога ете ти го тато, задишан, сакаше да се бања брзаше за на работа, зема кошули ова она, излегува и се враќа после една секунда целиот во брзање вели "Туф, долен веш заборавив да земам " :rofl: :D :D Па ја на тоа, И подвезиците тато, и подвезиците да не ги заборавиш :!:
    Ама така женствено го изговори.... Како некоја млада девојка возбудена пред првиот состанок :rofl: И не се ни сети што рече, си зема од фиоката и магла во бањата. Јас, обично му дофрлам кога ќе направи некој лапсус.
    Жив и здрав нека е, не е човек за машала ама самата појава негова ме тера на смеење :rofl:
     
    На CIA, Monna.Monna, Micheleljubov и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    СДК,гледам MTV video music awards,и страшно се изразочарав,сето црнчуга до црнчуга,не сум расист,ама ова е претеризам бе,па и овие неколку бели што излегоја и нив ги фатила "мајата" YO па YO,абе јокнале та пукнале :devil: жими PINK шо ми се бендиса,си ја бидува типката,знај и шоу да напрај и се,одлична е,и ајде веќе еднаш пуштете го то клипчето од breaking dawn part 2 :envy:
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.514
    Другар ми ми го испрати твитов. Вака јавно да му се обратам на ИДИОТОВ,судејќи по јузернејмот дека е доктор у подем,а следствено на тоа можам да донесам еден заклучок - НИКАД нема да го биде за доктор и уствари поим нема од професијата за која се кали. Па да видиме дечки од каде уствари почнува да ни гние здравството-во самиот корен,со вакви КРЕТЕНИ,а замислете немаат ни здравствен проблем.Ако некој го фејвал или ретвитал, веројатно е еднакво закржлавен идиот како и него,а верувам и повеќе. Замисли, нечијата невина за својот ПРОБЛЕМ,паметниов ја дефинира како кретенизам. Ок е брате,јас ќе се напијам апче и сум борец за себе и својот свет,ама каде ти со твојот идиотизам?! Јел има апче за твојата ментална болест ничега изазвана?!
    Ако некој го познава,нека го испрати кај мене,да се упознаеме да му опишам што значи особа со хипофункција и да ги измериме нашите курци и мојата *некреативност* која обично ја крчкам во ситни саати под силен набој. Всушност човек со нормална функција на тироида,ВИДЕТЕ колку може да е креативен. ВРХУНСКИ ретардиран.
    Крајна докторска патетика и нерафинираност,под присила да биде духовит.

    Апел до Љубам или други активни твитерџики да го обавестат,заедно со евентуалните фејвери и ретвитери.

    Да го запамтам и еден ден кога ќе стане доктур да го ругам по цел народ.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Всушност хипофункција на тироидна жлезда навистина доведува до кретенизам, али за да бидеш обичен кретен, очигледно не треба да страдаш од истата. Неуспешен обид за хумористично доловување на „докторските маки“, со оглед на тоа што кретенизам и безидејност си немаат некои допирни точки.
     
    На JoxyTheFreak и Lilit им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.514
    ^ Тоа е точно дека доведува до кретенизам,НО се знае точно КОГА и во КОИ случаи те во раниот развој на децата. Не може здрав и нормален човек да се покретенчи само затоа што во даден период му се сјебала *пеперутката*. Морон. Еве баш му ги читам и другите твитови. Толку егоцентрично и глупо копиленце кое пишува само за ниски страсти и плачипичкари на мачо начин.
    Баш би сакала да го запознаам и мајчински да го прегрнам,судејќи по твитовиве реско му била кратена мајчинската љубов или го задушила пустиот, па очајно бара да ги супресира тие лоши трауми.
    Жалости што некои вакви утре ќе ве оставаат на клиника да чекате по 3 часа пошо му е мука. Овој дека и далеку нешто ќе дотера,тешко...
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    многу сум среќна што имам шанса пак да сум покрај тебе...бевме заедно се разделивме и сега пак се сакаме и двајцата неизмерно се трудме пак да бидеме заедно, никогаш и не требаше да се разделиме но ете господ гледал цело време дека се скааме и ни дава нова шанса која што знам овој пат правилно ке ја искористиме :* фала ти боже шо ми го испрати тој ангел во мојот живот
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ветришта, ситен дождец, тмурни сивила без некоја надеж за сонце. Потем, капутчето закачено се израдува што конечно му дојде ред. Бааги чекаше. Само се мислам како мојава завршна трудничка фаза ќе се стисне во зимската струкирана топлотија? Предизвик?Хм...
     
    На blond, kravce и Mayyya им се допаѓа ова.
  11. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    СДК дека е многу тешко да мораш да заборавиш некој што го сакаш и да се преправаш цело време пред другите дека се е ОК а додека буквално се кинеш во себе,се тешам со помислата дека ке ми беше многу потешко ако останавме заедно,но бев подготвена да се откажам од се заради него,мислам дека ке умрам додека да ми помине оваа фаза,како што се вљубувам тешко мислам дека никогаш повеке нема да засакам некој,зашто секогаш мора да сум толкав малер
     
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Уште една не проспиена ноќ, не спиев ни пет минути, до 4 гледав филмови, потоа се обидов да заспијам ама неуспеав, се преметкав во креветот.
    Сега ми се спие седам на компијутеров ама очиве ми паѓаат, и не нема да си легнам зошто кај и да е сестра ми ќе стане морам да и помогнам со домашното, да направам појадок, да ја испратам во школо, мајка ми е на работа па тоа е моја задача :wasntme:
    тек онда ќе легнам да одспијам.
    Аплицирањето за работа го оставив за во Понеделник, да почниме со убави вести Понеделнички де :D

    Имајте убав ден!
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ни јас не сум спана цела нок-како би можела да заспијам, после шокот што го доживеав вчера :|

    и СДК дека некои луге премногу си дозволуваат-тој што ми беше колега, статус женкар невиден, уште и за пријател на ф.б. ме аднал, и чека да му потврдам пријателство(бог да чува и да брани) и секако на профил не е тој туку син му-го жалам детенцето каков татко има, да имав јас татко како него или ке го избркав од дома, или ке се откажев во весник од него :!:
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Ако за бракот може да се каже дека е друг вид на врска,а не знам друг збор во тоа својство,и ако јас би била Carrie Bradshaw , а не сум,тогаш мојот брак нема никаква допирна точка со нормален(а) relationship туку со relationshit! :devil:
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Мрзливо и облачно петочно утро.
    Всушност, кога си безработник ко мене, а факултетот уште не е почнат, секој ден ти е петок.
    Но, не е тој филинг.
    Ако порано си легнував ова време, сега сум веќе саат време станата.
    Напредок? Мхм.
    Барем сега имам сила да средам низ дома, да вклучам машината, да си направам појадок и да се депримирам со Fashion TV дури јадам. Ефективна терапија. :lol:

    Денеска во план е ручек со другарките. Типично женски.
    Времево се погоди, уште да се најде што да се облече. Вечната дилема.
    И дури си кројам комбинации низ глава, од кај комшијата ечи тетрис музика, а јас ко деденце си читам вести. Сосема небитни.
    Да видиме:
    Бред Пит во Величенствениот. А? :?:
    Ким Кардашијан ги истакна облините. Tell me something new.
    Цаци се породила со ќеркичка. Е, арно де.
    Вејн Руни се здебелил. ОМГ!
    Ко за крај, стуткани у метерину, ставиле некакви си небитни сообраќајни несреќи. Ме заболе мене ако погинал некој, род да не ми е?
    Битно можеби Бред ќе ја остави Анџелина поради султанките. Едвај чекаме да видиме како Анѓата ќе си чука глава од ѕид, има темана за султанот да наполни 10.000 страни.

    И штотуку ми изумреа 483,6 мозочни ќелии.
    Одам да си ја дочитам книгата, а потоа некој филм.
    Ако не сум мрзлива. Исто ко и утрово.
    Добро нека е.
    На ви едно сунце калајсано. :sun:

    Едит: Ах бре, Срцекршачке, I envy you. Камо ние да имавме вакви проблеми. :rofl:
     
    На antonina, CIA, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  16. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК дека треба да учам но ме мрзи..
    И да,срцекршачка,и јас морам секој ден да се справувам со луѓе кои си дозволуваат не премногу,туку незнаат за граница ниту за ,,премногу,, сфаќам како е,но не ги сфаќам нив....Ај,не се замарам толку со такви луѓе кои знам дека не вредат ..Не вредат за мојата лутина,и не вредат толку,не вредат дури ни да се нанервирам за нив и да си кинам живци,утре пак истото ќе го направат,кога некој не сфаќа од еднаш,нема потреба да се објаснува уште еднаш,тој што си е таков,и на рид да се качиш,нема да го промениш..така да...
    Поздрав феминки.. :*
     
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Чувството кога влегуваш во продавница и гледаш дека личноста што не ја поднесуваш работи таму... :tmi:
    Баш најдов од каде да купувам. И да, мораше да сврземе 2 реченици муабет оти нели сепак се знаеме а јас едвај ги склопив тие 2 реченици оти бев сеуште во шок од изненадувањето па мислам дека изгледав идиотски... :?: :worried:
     
  18. stefigirl

    stefigirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    124
    http://www.youtube.com/watch?v=hPQoYF99Ndk

    Today is gonna be the day :rock:

    Станав у 9 и ко што глеам телевизија ми се затвараат очите никогаш не ми се спиело волку :lol:

    Иначе добро утро на сите феминки.. :hai:
    Иам домашна да и напишам на македонски нешто за у манастир коа сме биле
    и ја се сеќавам на тоа дека мочав таму :wasntme: :$
    И што да и го пишам тоа кје ми го опне кецот..
    БОлје кје си најдам на интернет кје препишам кје измислам нешто
    Колку само напорна жена ее ни дава испрашување одма
    Квачка жена..
    само збори за нејзината ќерќичка се фали |(
    УФФ :@
    ми иде да и речам наставничке ова час е по макдедонски јазик или по вашата "мила" керкичка :devil:
    се испоизнервирав
    ајде доста негативно зборам..
    феминки нека ви е весел денот
    знаете петок е,вечер се излага ова она..
    па ви посакувам убав провод :P
    бај бај бајјј :f:
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    Многу е тешко кога нема кому да му се пожалиш, односно и тој кому можеш да му се пожалиш си има и свои грижи кои не сака да ги сподели за да не ти биде тешко. ;(

    Многу е болно кога ќе дознаеш дека оние за кои си се борел цел живот и се радуваш дека се промениле, всушност воопшто не ги промениле своите намери. Напротив, станале уште поодлучни во старите намери. ;(

    Неподносливо е кога тие кои требаат со сите сили да се борат за тебе, се однесуваат како да си последен партал, како да си нивен стар непријател со кој допрва треба да ги израмнат сметките. ;(

    Само видувањето со саканата личност ќе ми помогне да смогнам сили да го преживеам овој ужасен ден. ;(

    Теси сака, Теси простува, но доволнo е уште една рана да ми направат на срцето да заборавам на нив засекогаш.
     
    На lunicka, girl.23, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Моментот кога одиш во банка да поднесеш барање за електронска картичка, а неписмената личност која работи таму и не знае да го обработи барањето, те прашува: А што планираш да купуваш од интернет? :^)
    Молам?! :^)

    WTF? Не знаев дека треба да и’ поднесам детален извештај на службеничката во банка за тоа што планирам да си нарачам од нет, и дали воопшто планирам нешто да купувам. Усул да се немало за приватност.

    Mind your own business, bitch |(
     
    На la-chicka, anabel-a, sunfemina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.