Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Си планираш, си планираш, и некој ќе ти го спопика :@
    Што не си учев карате од помала :devil:
     
    На FortuneTeller.xD, crazylady, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    Ех шо убаво поминат ден...можи не беше ништо екстра спектакуларно како шо понекогаш знај да биди, ама за разлика од некој претходни деној шо ми биле "пекол" денешниов баш супер ми помина,... значи си ја обожавам онаа моја другарка ми го исполни денот максимално добро, топло кафенце, уште потопло муабетче и на крај на денот добар филм во добро друштво (се разбира со љубави моја ) во добра атмосфера, ах да е вака секој деен :lol:
    Па драги мои феминки ве обожавам и ви посакувам слатки сништа ;)
     
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Малкумина знаат денес што е тоа човек. Многумина го чувствуваат тоа.
    Од денес почнувам да ги наслушувам поуките што жуборат во мојата крв.
    Мојата приказна не е пријатна, таа не е засладена и хармонична, како измислените приказни, таа мириса на бесмисленост, безумност, сон, каков што е животот на сите луѓе кои не сакаат повеќе да се лажат себеси.
    Животот на секој човек е пат кон самиот себе, показ на еден пат, навестување на една патека. Ниеден човек никогаш не бил целосно тој самиот, но секој се стреми да стане тоа, некој подмолно, некој појасно, секој како што умее.
    Ние можеме да се разбереме еден со друг, но секој од нас може да се протолкува само себеси.

    Имајте Добра ноќ. :hug:
     
    На Theodora, Divinebutterfly, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]!
     
    На sweet-cherry и Phyramide им се допаѓа ова.
  5. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Грдо е да се смееш кога ти се плаче, но утешително е...
     
  6. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    477
    СДК дека по овој свет уште шетаат неписмени луѓе
    [​IMG]
    Будалите го прават светот весел!
    :rofl: :rofl:
    Имајте убав ден :*
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Свадба...сите дотерани, музика фршти, певаљка - целулитка у микрофибер на штикли, пева па занаса на кривини, али у глобала, екстра забава, многу млади, секој дал се од себе да изгледа најдобро што може и за среќа, немаше ни една тоалета што личи на лампион или диско топка.
    Сватовите на нивоу, кумот малку резервиран, другарите при крајот голи до појас, врти заврти, се направивме авиони и тоа оние од типот - безпилотни летала. :lol:
    И прават фајронт, а ние продолжеток у кафич.
    И не беше страшно ништо кога се избацивме со длибоки деколтеа, шашави фризури и полу размачкана шминка, ама најсмешно ми беше што сопругот беше уфирцан у одело и отскокнуваше по својот стајлинг во онаа опуштена атмосфера, уште актовка му фалеше за да личи на оригинал стечаен управник. :rofl:
    Летеа тури, фрчеше алкохол, бевме исцерени како печени, уствари како на реклама за паста за заби...
    А сабајлетооооооо, ова ноч није био мој дан, што би кажала Пирамидка.Главата ми правеше : ДОООНГ, абе како олово да имав уградено.Испив 100 литри вода и имав рефлекси како на мртов коњ.
    Лудилооо од викенд...
    Ариведерчи! :bow:
     
    На sesilija, TeddyGrey и Phyramide им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    СДК Во Скопје не се диши,најзагаден воздух во МК имаме.
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    СДК ја сакам темава многу....Напиши си што ти лежи на душичката и терај понатаму.
    Денес е тмурен ден,дури и светло запалив во канцеларијава.Зелен чај и греалка до мене,убав начин да го започнам денов.
    Чуден е овој наш животец.Пред неколку години сонував да имам работа,кола сопруг,дете.Ете сега сето тоа го имам.И пак сум истата.И тогаш кога бев сама,без работа,кога мрзнев по постојки за да излезам,пак бев истата.Трепетлика,која не знае да ужива.Суштество кое за се и сешто си ја стега душичката.Докога вака?Изгледа засекогаш....
    А,колку ми беше убаво синоќа кога си играв со моето дете.Пресреќен беше...А,колку пати сум го одбила за да чистам,готвам или пеглам.Мизерија.....Трепетлика.......
     
  10. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    Сакам да кажам дека одамна ме немаше на форумот,поради оправдани причини ама сега во ново руво пак ке си пишувам шо ми лежи на душичкава,....добро ве најдов феминки после долго време :*
    И да,тмурно времево,во пижами седната со полна шоља кафе и цигари за доручек, си се мислам what if...еее тие прашања константно у глава ми се вртат.А бе баксуз невиден сум туку ај...да не ја тупам....И онака затупането е времето мајке му.
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Имаше еден виц за жени во ПМС. Мажот ја прашува жена си - добро зошто една чорба готвиш во две тенџериња? :^)
    И оваа му се раздерува
    - ЕПА ЗАТОА!!!! :@

    Добро, сериозно се прашувам што е со рамнотежава во светов? Демек едниве ќе раѓаат, ќе работат, ќе крварат еднаш месечно на неколку дена, ќе бидат нервозни еднаш месечно, променливи со расположение, да не праам муабет за период на бременост, ќе јадат ама ќе се плашат да не се прејадат, ќе си масираат целулит, ќе депилираат скоро 80% од своето тело (ако ја изоставам главата нели), ќе готват ко Џејми Оливер, ќе бидат секс божици, ќе бидат принцези на улица....а овие другиве, дај им папучи, пиво, јадење, фудбал и кондом по потреба. Пошто нормално ти треба да го купиш истиот, а ако не го купиш глеј да лапаш анти-бејби пилули. А ако не лапаш, глеј да сносиш последици после тоа.
    И пак ги сакаме и не можеме без нив - а овие пак трпат кутриве затоа што создадени се да пополнуваат дупки и празнини во нивните животи, буквално и - фигуративно :D

    А јас ќе се препотувам и менувам расположение ко жена во климакс, ма едно 376 пати. Е таков ми беше вчерашниот ден. И блесна дури откако зајде сонцето.
    Еднава редовно тука за да ми подари несебичен убав збор, се прашувам од кое небо ли паднала, сериозно.
    Другава ме разнежни. До срж. Ја сакам.
    Третава ме изнасмеа до солзи, буквално :D Заспивав смеејќи се. Луда една.
    Четвртиов збунет ко по обичај, муабетов не ни иде неделава, дефинитивно а сладок ми е што да правам :D
    Петиов, мистериозен ко по обичај ама неверојатно секси. Ми рече што ми мисли а јас се почуствував скокотливо :wasntme:
    Шестиов - згоден бре! Ах. Воздишки.

    Мрднати деној. Денес сакам на менито: хамбургер со многу помфрит и многу кечап, мајонез и сенф. Кока кола. Цигара. Кафе и бисквити со житарици веќе имам. Сакам дебел шал. Топло парно. Убав филм. Супер друштво. Миризливи алишта. Грст прегратки. Тивки луѓе и по можност помалку кобилести чекори - ве молам. Ужасно ме иритираат во ПМС. Чекорете убаво и женствено. Ај муживе ќе ги толерирам ама вие?! Жени сте да му се сневиди.

    Али ај. Ќе ви простам. Крварите и вие неколку дена во месецот и раѓате деца. Па после сме се тепале меѓусебно. Искрено со вакво природно бреме кое ни е дадено - имаме право.

    Ма убав нек е петоков!
     
    На Zlatusko, Strumfeta93, eli25 и 24 други им се допаѓа ова.
  12. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Расеана сум до максимуН. Не поминува ден да не го заебам тато за нешто, премногу ми е лут, ај што има право ама и претерува. Вчера ќе ја поплавев цела куќа за малку, ама не по моја вина, т.е повеќе беше несакајќи ама ете. Мислам дека ќе ме убиеше.
    Сакам да одам кај мама неколку дена, да се одморам, никој да не ми виси над глава, ама можно е да ми се налути, не би да го предизвикувам.
    Друго сакав да кажам. Официјално луѓево не се во ред.
    2837645 луѓе ми се обратија на чат, зошто не сум била ставена во врска на фејсбук. Ќе се ставиме бе што мора одма, "епа ајде, кога, да не те мафта нешто случајно?".
    Не, не ме мафта, знам зошто не може одма, и го разбирам и му верувам а вие завидливи луѓе можете слободно да си ги затнете муцките и да ставите лајк со тешка мука кога ќе видите.
     
  13. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Пријатно е чувството кога ке се разбудиш и полека пополека ке си ги исполнуваш обврските,една по една.
    Кога ке станеш и ке ја фатиш книгата за да се подготвиш за поправање оценка по историја.Кога ке набубаш се.Кога ке апсорбираш многу информации и години и знаеш дека си подготвен за првиот час по историја во петок.
    Кога ке повториш и по другите предмети и ке отидеш спремен на училиште и нема да се тресеш од страв и да се плашиш да не те праша баш тебе професорката.
    Иако научив,чувствувам страв и едвај чекам да помине овој ден.

    Петок! Со душа го чекав.


    А и.. Многу сум среќна што учам во клас со 31 машко и што сме само 2 девојчиња.
    Сега знам дека машките се многу подобри пријатели од женските. Позабавни се и разноразни.
    Не оговараат и коментираат.Не се подли и цинични.Не се себични и љубоморни.
    Кај женските е друга приказна.Поподло и поцинично суштество од женските,не гази сеуште на земјава.

    Две сме во класот и не пазат и чуваат како да сме од злато.Имаш другари со кои можеш да се насмееш и нашалиш.На кој можеш да му се отвориш и да знаеш дека тоа останува само кај него и нема да дознае целиот клас.Може да ти помогне во секој момент без барање возврат.
    Машките се златни другари и верни пријатели. :rock:


    Толку од мене... чаоооо,поздрав...... :lol:
    и
    за
    крај
    ....
     

    Прикачени фајлови:

  14. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    јас сум зомби за 48 сата имам само 5 сата спиене а 6 сата по болници поминато,како бе бактерија у мокрача сум закачила офффф сеа и по болници да се вртам,не бе неможе одморот одмор да биде во права смисла јок :(
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Можеби го направив најголемиот чекор и најправилниот досега во мојот живот.Избришав неколку личности од мојот живот и им велам добредојде на новите.
    Досега бев слепа и не гледав дека околу мене навистина имало пријатели кои ми мислеле најдобро и не ме напуштаат во најпотребните моменти.
    Посакувам да го вратев времето назад и да го сфатев тоа порано ама што е тука е.Од сега понатаму ке учам од грешките и нема да ги повторувам по трет пат.Животот ми даде лекција која ме натера да научам илјадници работи:да не попуштам и простувам секому,да не го давам срцето како да се наога на пазар во Шутка,да го живеам секој ден како последен и да не верувам секому.
    Оној кој што ке заслужи да биде во мојот живот гостин верувам дека нема да зажали зошто сум спремна да им надокнадам изгубеното време.
    А љубовта?Сама ке си дојде.

    Имајте убав ден и не дозволувајте некој да ви го расипе истиот :hug:
     
    На Doozy, crazylady, angel92 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Колку и да сакаш да се откажеш од Симс, неможеш. :| Заразна игра. :x :D
     
    На Cynthia, ines.h, ViktorijaMari и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    СДК.... Кој вика дека не се исплати да бидеш добар? :?:

    Денес бев добра золва жртвував 2,5 саата од животот да и правам друштво на снаата да гледаме Breaking Dawn(добро е што не ме тераше да чекаме ред прошлата недела па меѓу првите да го гледаме)а и добра сестра ако не одев јас ќе мораше брат ми, него го оставивме дома да биде daddy day care со 4 деца :lol:
    Не дека е којзнае каква жртва ама не ми се допаѓаат филмовите, книгите ми беа интересни ама филмовите се тапа, внатре во киното сите со палома марамчиња,плачаат, се радуваат Бела и Едвард конечно изгубија невиност :rofl:

    После киното дојде свекрва ми да си го виде внучето и ми донесе подарок..... две карти за концертот на Еminem другата недела, ги купила уште во септември ама да не побацам од радост, сега ми ги дава, како сега да кажам нешто лошо за свекрвата, жената е феноменална, пресреќна сум.
    [​IMG]

    Е ај сега не се исплатело да бидеш добар, како беше тоа фрли зад себе, најди пред себе :angel:
     
    На TheKiketoo, FortuneTeller.xD, x.Daisy.x и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    СДК...мама ќе биде сигурно задоволна кога ќе види колку вредна ќерка има :D
    Уште закачалката од стол да ја средам и впечатокот ќе биде комплетен !
    Идам да досредам и кафенце да се направам па се дружиме пак.

    Имајте убав ден !!! :D 8)
     
    На Shana и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Во моментите кога се жалиш дека е тешко да се живее во заедница со твоите, и сакаш да живееш пак сам, одеднаш татко ти набавува домашно, густо, кравјо млеко со еден прст кајмак од кое кафето добива неверојатен вкус. :inlove:

    Ја прочитав вчера статијата за татковците, и ми се решија некои дилеми :D - значи затоа јас покасно сум влегла во сексуалните води и сум созреала а :lol: поради добриот однос со тато :emo:
    Ах, колку си го сакам тој човек, се уште се однесува како со мало девојченце, а знае толку многу работи за мене, бил покрај мене во сите можни изданија, и никогаш не ги издал моите тајни.
    Убаво ми е кога знам дека имам еден таков човек да ме чува, човек кој што прави да се чувствувам посебно.

    Него, дојдов да пишам за кафето, и за тоа колку е убаво што постојат луѓе кои знаат со нивните зборови да те смират, да те пренесат во некоја друга димензија, да ти направат да го сакаш некое место кое што не го ни познаваш доволно, да ги почитуваш луѓето кои што тие ги почитуваат, настаните.
    Се чудам како после прочитани 3 текстови сум (кој збор да го употребам), како облагородена, ко да ми се разбистрила душата, и толку убаво заспав синоќа, ко некој да ми пееше успивалка.
    А се што направив беше тоа што ги прочитав тие три текстови.

    Знам дека претерав со зборчето чудно, ама навистина е чудно како некои личности дошле во вашиот живот, толку неочекувано, а оставаат такви траги, ама тие траги не ви се доволни, па сакате уште да чекорите некаде со нив, да создавате нови спомени, нови редови смеа.

    Денес сум носталгична, ама на убав начин. И ми се гушка, онака, пријателски, искрено, и од срце.

    А ќе одам на досадна вечера ]:) . Кој парадокс.
     
    На Mygirl, Strumfeta93, Theodora и 9 други им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... постојат личности тука кои иако виртуелно ги запознав, запознавам по нивните мислења, ставови ... солзи, радости, тага, љубов, среќа, позитивна и негативна енергија (понекогаш, нели никој не е совршен) по нивната мудрост, реалност, умереност, не наметливост, убавина внатрешна и надворешна ... уникатност итн. , станаа дел од моето секојдневие дел од мојот внатрешен свет и дел од мојата душа. Не се многу но се доволно за да ми го прават секојдневието убаво и полесно ... Си знаат тие кои се. :)

    За сите вас драги мои убавици

    http://www.youtube.com/watch?v=CrRPA25U ... re=related

    И не ова не е само површно лигавење, добив потреба да си искажам мои чувства
     
    На ozbilnazena, Strumfeta93, Theodora и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.