Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк нешто се сменило, дали јас или се` околу мене,не знам.
    Се разбудив полна со енергија за се`, но ништо од тоа луѓето околу мене ми ја земаа,како со цевче ми ја испија,вшмукаа и за мене ништо не оставија.

    Сите нешто бараат,чекаат од мене, а јас не знам од каде да почнам кога имам таков притисок и наметнато брзање. Седнав да си ги стокмам мислите и обврските и си се загубив.
    Не јас не сум ваква, кај мене секогаш се беше испланирано до секунда, до најситен детал, никогаш не оставав за во последен момент да испланирам.Никогаш не доцнам, не оставам да ме чекаат.

    Не го сакам септември ми создава некоја напнатост, ме гуши.
    Само побргу да помине, да можев деновите да ги истрчам до сега ќе беше декември и ќе имаше снег и топлина во душата.

    Почеток на месецов а јас веќе немам сили за него.
    А ме чекаат недопишани уплатници,недочекани редици,мрзливи тетки по шалтери,нови предмети, свадба,одлуки,разговори, средби,кратки патувања до Скопје, нетрперливи пријатели,незгодни посети,неотпакувани зборови.

    Некако премногу ми е.
    Нека минува побргу. :(
    I need just a simple hug and warm words.
     
    На crazylady, calliope, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  2. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    885
    Јас само ова ќе го кажам

    ‎''...naravno da će reći da je sretna zbog tebe,nasmešiti se i glumiti da je sve u redu...ali pogledaj joj oči...slomio si je...''

    Толку.
     
    На Adi888, TheCandy880, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ај да опцуеш еднаш , па уште еднаш тоа е ок но да бидеш ГАД гадосан на форумов не би сакала да кажам од кој збор ми се згади животот се си има граници ама некои .. мислам добро некои работи и во живо не се кажуваат на ТОЛКУ директен начин . Како и да е денес е убав денот овие денови ги сакам си дувка ветренце ,малку сонце . Убав е животов само да знаеш како да си ги наредш коцките :D
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Моментот кога сите твои симпатии ќе се соберат и ќе играат заедно кошарка :wasntme:
     
    На Adi888 и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  6. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Незнам дали јас сум виновна,незнам дали и другарка ми е виновна.Ама мене ме лути кога некој не може да одвои барем 2 минути за некој со кој растел од мали нозе,кои делеле речиси сите тајни,сите облеки и кондури,сите среки и несреки се затоа што "немала време".Се затоа што откако си фати дечко ја заборави другарката.И кога и бараш барем 5 минутно внимание ја истура целата вина врз тебе...А ти?секој слободен момент си одвојовал за нејзе за да и помогнеш во се.На крај ми се истури за нешто од времето на Дедо Ное...а јас тогаш бев со тебе,па тој ден па оној ден?Не бе...не ми вади глупости од ракав.
    Трагедија нели?
    Одамна престанав да им верувам на изговорите.Дали е до мене или не, не е важно.Само не сакам да ме прават будала и да ме теглат за нос.Таа ако нема респект кон самата себе,кога дозволува да се затвара дома само заради страв да не и раскине дечкото јас имам респект кон себе.

    Туку што сакав да кажам.Конечно сум задоволна од себе...Исчистив година,косата ми е тип топ(мојата најголема опсесија моментов,дури и плетенки си сплетов :wasntme: ) готвачките способности ми се подобруваат.
    Што би рекол тој,ај да не се фалам ама пак се пофалив :D
    И така :)
     
    На Spell и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  7. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Не знаеш што мислам? Нема ни да дознаеш! Ќе дознае тој што ќе си заслужи. Јас до сега се ми е заслужено, ама има нешто и што не ми е заслужено (посилно од се).

    Сакам мир, сакам квалитетна музика, сакам уметнички слики. Сакам чоколади ииии одреден тертип солени јадења (опуштете се).

    Понекогаш сакам да спијам сама, понекогаш имам несоница, а понекогаш фотографирам.

    Ја сакам и природата и нејзините убавини. 22 Април е денот на планетата Земја. Завршив со работата околу хербариумот и скоро задоволна сум.

    Сакам јога и обожавам нови асани (треба да почнам теквондо да практикувам).

    Сакам да ми љубоморат ако тоа не им пречи. Понекогаш ми смета оти ми е страв, понекогаш пак убаво ми е. Ме закачкаат оти сум мирна. Зошто да ми е убаво? Е нема да ми е убаво! Ќе биде по нивно и точка! Јас пак кога ќе ми се јави љубомора, се трудам да ја отстранам, за да не ми шкоди.

    У политика не се мешам, очи нека си извадат- исто ми се фаќа.

    Колешките ми се лутат оти ми заврши кризата. Е што да правам и јас нејќев. Кој рече дека алкатрас нема да не збере!?

    Бај д уеј си го најдов дневникот од пред десеттина години, па ете нешто така:

    Цитирам:
    „Не ја продолжив втората партија оти забравив се цела есен и цело полугодие. Тоа ми беше најубав период од 2002 год. Прво со Маријанините смешки, второ не плачев за тажните туку се радував на убавите случки. Тажните ги забравив. Бев зачудена шо сум толку цврста. На школо си поминав супер. Кога дојдов одма вежбав за писмената по англиски и тогај ја видов Маријана дека доваѓа накај дуќано и јас пукав од среќа се додека не ја видов како си оди.“

    Пс. Објективноста е добра ствар цврсто спакувана во челични живци.
     
    На kravce и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Некои луѓе многу брзо забораваат, све што имаш направено за нив.
    Боли кога исфрлаш некоја личност од твојот живот,а уште повеќе боли кога таа личност во минатото ти значела се..
    Секој си глеа за свој гз! По срање ден одамна не сум имала >.< :(
     
    На Sara123 и t.i.n.k.e.r.b.e.l.l им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    ПМС е овулација, овулација е ПМС или не, уствари ... како беше !? |(
    Нема врска, кај мене сè е испомешано.
    А не е ни до bad hair day.

    Ми мириса на ужас, иако од надвор ми надоаѓа и мирисот на печени пиперки - ајварки.
    Очи полни со солзи за „не знам што“. Ама стварно не знам.
    И ужасно, о колку ужасно ги мразам ваквите периоди. Тогаш мислам, се мразам и себе си. Се чувствувам како отров да струи низ мене, ги трујам и оние околу мене, посебно најблиските и најљубените. Го трујам и него и знам дека нема да ме трпи довека. Блазе си му на челичните нерви, досега од бетон, ма железо да беше - ќе попуштеше и ќе кренеше раце. Очигледно ме сака, а јас како падната од онаму, не знам да му возвратам.
    Глупаво девојче.
    ...
    Кога ќе пораснам, не сакам да бидам ниту манекенка, ниту професор, ниту инженер.
    Сакам да бидам добар човек, пред сè - човечна.
    Сакам да имам деца кои ќе ја имаат мојата коса, а сепак ќе личат на него, дури и карактерно. Затоа што, јас сум сè освен јака тогаш кога треба.
    И сакам да научам да го игнорирам малото глупаво и лигаво човече што полека се вселува во мене и се јавува тогаш кога треба да зборувам. Тогаш кога треба да се расчистат недоразбирањата. А јас - му се спротивставувам со ... молчење. :headbang: Го мразам. И знам дека сите го имаат, ама факт е, дека не секој знае и може да му се спротивстави. Барем јас, таква сум - признавам.
    Ех, како би му ја врзала една наопачки, да не му падне на ум никогаш повеќе да се врати.
    Кукавица сум. Најголема.
    А најсмешно е тоа што, тешкото тек следува.
    Се надевам дека ќе се смеам на овој пост со чашка домашна вишновача за некое време. Ужасно се надевам.
    Себична сум, and not proud of that, навистина.
    Зошто, зошто сум толку проблематична и комплицирана !?
    Сама сум си крива.

    Ponedeljak je pred vratima
    al' niko ne sme ni da ga pomene ...
    http://www.youtube.com/watch?v=-yGPasZ6Dek
     
    На lunicka, kravce, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    И се уште сум без коментар, неможеа повеќе да ми погодат, неможеа! :o
    Ама до ден бе? Озбилно? :x

    На 6 септември Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во лав, вашиот сектор на долгорочните планови. Вашите разговори со партнерот ќе станат посериозни, затоа што ќе бидат насочени кон вашата заедничка иднина. Многу шкорпии ќе преземат голем чекор...
    Цитирано од месечниот хороскоп за шкорпија.
     
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Добро зошто ако девојче отиде само во ресторан сите се ѕверат? Гладна бев и отидов да јадам. Нема да чекам друштво да дојде за да каснам меѓу една и друга обврска. Па и тој келнерот знаете ли што ми вика:`Ќе нарачате кога ќе дојде друштвото или како?` Не,ќе јадам сега. Не ми треба некој да ми соџквака. И да ви кажам баш на раат си се најадов. Лезетски. Без некој да ми шлапка,крцка,тропка и раскажува додека јадам. Не дека ручекот во друштво не е убав,ама некогаш ми е поубаво вака сама. :mm:

    И уште нешто, не носете лелеаво фустанче на ветров. :$ :D
     
    На fallenangel, bittersweet, Miss-Independent и 29 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.579
    Допаѓања:
    43.086
    Пол:
    Женски
    СДК дознав убава вест.Мојата драга другарка ќе стане тетка и ќе имаат снашка во куќата.Среќна сум за неа, ја гледам како е збркана целата, возбудена па и како нема да биде :) Воедно кога веќе почнав тој беше и мој прв дечко, сега ќе му играм на свадба.Ако ако се најубаво да им е :)
     
    На kravce, Mrs.Cuper, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Знаете, она кога почнуваш некој разговор, а знаеш дека се што ќе кажеш е излишно, и додека збориш знаеш дека е џабе и колку и внимателно да слуша личноста нема ништо да те разбере, и постојано за време на зборувањето си велиш Зошто воопшто трошам зборови, та после 2 минути си уморен и едвај ја тегнеш устата, не од што многу си се уморил зборувајќи, ами од што си се уморил да и зборуваш на личност која нема да те свати. Од лево влегува од десно излегува...
    Уф...
     
    На Monroe, kravce, M.a.r.i.l.y.n и 5 други им се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Вчера, Пирамитка чинам, беше спомнала за поврзаноста помеѓу несреденоста и налетувањето на фаци кои баш и не биле пожелни да те видат во тоа издание. Денеска, потписујем.

    Ко Срцекршачка ќе ви звучам, ама морам!
    Видно изнервирана од расипано јајце во салатата од фамозниот ручек, одам на чупање. Ме средуваат, излегувам сета со светечка кожа над веѓиве поради алоето, пудрата на пола чело стои, на пола извадена благодарение на восокот, нешто ко јинг и јанг, ама во црвено-пудрести нијанси, косава соберена во една палма, позади цвета т.е. се дели на резанки од што е мрсна, едни шалвари и маица начукана во нив без врска и впечатливо ланче што на ништо не оди, кое го ставив за камуфлажа, да одвлекува внимание од гнаснава појава. :D
    Нозете распарталени со 4 жуља, розови папучи расцветани од страна, оти друго ништо не можам да носам, ми се јавува другарка да сум пречекала мајка на друга другарка, за некои скрипти и така оправи госпоѓицава да чека и фотокопира. Тоа е кога едната живее на еден крај на град, другата на сосема друг, а јас во средина, па сум им ко поштар кога им треба услуга.
    Ко да веќе не се осеќав доволно мизерно, ме вратија од најблиската книжара со изговор дека само документи копирале, па одев таква зачукана по центар, за да ми свират 40 годишните мажиња соберени во кафанчето преку улица. Типот во книжарата беше толку љубезен, што испотрга 300 ранци само за да ме услужел, зошто срамота било да ме враќа. Ко капак, моливчињата со бубамарки кои ги меркав, ми ги даде ко подарок. Треп треп. :wasntme:
    А, јас во земја пропаѓав гледајќи си ја појавава во стаклото. :x

    Толку? Не. Топ-Шоп и тоа не е сѐ.
    На влез налетува комшијата со кого делев клупа во основно, ми отвора врата чиниш Војводката Кејт сум, па ме тапша братски по рамо: Бреее, комшика ли си, што ли си, со месеци те немам видено. Види машала како си се сменила, алал. А?! |(
    Луѓе, мене ко потсмев ова ми дојде и едвај чекав да излезам од лифт!
    Не знам дали смрдев, ама и тоа фалеше да осетам, за комотно да се фрлам од тераса.

    Па, ова е ултиматумот кој морам да го исполнувам за да бидам привлечна?
    Или само се мајтапеа со мене?
    Второто ќе да е. Кога сум средена никој не ме мари! ;( :D
    А, нашиов народ има смисла за хумор и сарказам. |(

    Епа, Марфи, стварно на мајка ти! Три пати!
     
    На fallenangel, bittersweet, Sanniii и 25 други им се допаѓа ова.
  15. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Само што си ги средив нозете, ги накиснав, ги изрендав со каменче, туприја.. Се налакирав.
    Најмалку хигиена имаат сироти. Најгаден дел од човечкото тело ми се нозете, секаде со нив газиш, бактерии. А сега моиве се чисти си ги сакам :inlove: :D
    Посебно петите, сега ми се, мед да лижеш ( како што вика Цацко Коњопишки )

    И еве зашто... http://www.youtube.com/watch?v=Yh-7ENgb ... ure=relmfu ^_^
     
    На calliope, MandyLane и Doozy им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Се вратив од фризер, па задоволна сум. Од должина не ми одзеде, форма не ми смени, иако имам уште за кратење колку што и реков толку си скрати жената од изгорените врвови. Уф, добро е.

    И едно нешто никогаш не ми стана јасно... зошто фризерките имаат катастрофални фризури? :^)
     
    На antonina, anabel-a, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Девојката што ја глуми глувонемата балерина во спотот на The Script за песната Hall of fame многу ми личи на Марама :)
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...Овде во градов нема невработени, сите работат еден против друг ! :@
     
    На srn4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    СДК и пишувам на другарка ми со која не сме се слушнале долго време.Нејзините карактеристики се кога има дечко никаде ја нема, ништо не ја интересира е ако се скарат ее каде си? , ајде ке излегуваме вечер?! (А инаку сега во моментот има дечко)И јас нели другарка сме , да ја прашам што направила со факултетот.Јас целата среќна кога и пишав бидејќи баш тој момент проверив дека ме примиле на факултетот и баш се израдував...Јас-Ее каде си ма , ..... :D добивам одговор јас не сум адриана туку андриЈана.Кажи? Па сигурно после толку време не сме се чуле ни виделе очекуваав поубаво одговарање ама нема веза.Значи мразам негативност , сега ако не била расположена нешто или пак не сакала да ми одговори не морала.Ништо не бидува на сила.И да да спомнам секое прашање кое ке го поставев добивав одговор со еден збор.Ауу што мајка ме тераше и јас па да и пишам сега и мене да ме наполни со негативност.. афф |(
     
  20. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Додека сите го обвинуваат Дизни за нивните високи очекувања од мажите, јас ги обвинувам романите.
    Ма дајте, сите знаеме дека во вистинскиот живот нема принцези, принцови и магии.
    Само малите девојчиња веруваат во тоа. :!:
    Но, авторите на романтични бестселери умеат и тоа многу добро да го привлечат вниманието на патетично романтичните комплицирани суштества (читај: жени) кои иако знаат дека fairy tales не постојат, се уште веруваат и се надеваат дека некогаш ќе ја пронајдат онаа совршена љубов.
    Некои можеби дури и ја закопале таа надеж некаде длабоко и веруваат дека можат да бидат среќни и да се задоволат со она што го нуди реалноста, други ја идеализираат својата далеку од идеална врска, но во секој случај сонот за happily ever after никогаш не можеме целосно да го искоренеме, нели?
    Ех, жени. :)
    Мислам дека не треба да им дадам помалку значење и на романтичните комедии од кои секако имате погледнато некоја, колку и да ја негирате вашата нежна страна и сакате да ја покажете вашата издржливост. Поправете ме ако грешам. :wasntme:
    Романите и филмовите ни изгледаат доста реално. Ликовите се соочуваат со проблеми, па така ние се поврзуваме со нив, ги гледаме како вистински личности кои имаат вистински животи...
    Но, упс, на крајот проблем.
    Ликот после толку борби и порази конечно доаѓа до победа!
    Јупиииииииииииииииииииииииииииии!
    Стоп! Не е толку едноставно.
    Тоа е само трик. Само трик да ве намамат вас да верувате дека всушност тоа е возможно во вистинскиот живот.
    Не дека не е, не сакам да ги рушам вашите надежи и сонови или да бидам скептик, но за разлика од филмовите и романите, крајот на животот е не секогаш толку совршен.
    И за жал, ниту можеме да го предвидиме, тешко дека можеме дури и да го контролираме, а уште помалку можеме да извлечеме гаранција дека се ќе заврши среќно.
    Можеби нема.
    Можеби некои од нас никогаш нема да бидат толку задоволни од својот живот за да можат да кажат дека се среќни.
    Тоа е животот. Нема гаранција за ништо. :|
    Бајки, принцези, принцови, Пепелашки, Снежани, Заспани убавици - bullshit!!!
    И, не, не сум разочарана од љубовта и од овој свет.
    Овој свет е се што имаме и се што знаеме и мене ми е сосема доволно.
    Но луѓето секогаш сакаат повеќе од тоа што може да си дозволат, тоа ни е во нашата конфигурација, секогаш повеќе и повеќе и повеќе ... и на крај разочарување.
    Соновите не се ништо друго туку производ на нашата природна незаситеност!
    За среќа, никогаш не наштетиле никому, па ќе продолжам да сонувам.
    Бидејќи сум човек. И време е да го прифатам тоа.
    Сепак ако нешто сфатив до сега, сета таа магија на љубовта дефинитивно има поголемо влијание во свет каде што всушност постои истата. :)
     
    На M.a.r.i.l.y.n му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.