Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    СДК Понекогаш е навистина подобро да молчиш, но некогаш е потребно и да го скршиш ледот на тишината... Но, кршењето на ледот е како борба со самите себе, две страни гои се борат во нас, се борат за да пуштам глас. Еден единствен збор е потребен за да се скрши мразот, но додека да се изговори тој збор цела приказна се смислува се додека се војува. А, кога конечно храброста ќе се појави на вратата од моето грло, па пред да го кажам конечниот збор друг те претекол го скршил ледот, а сега ти веќе губиш право на збор, се затвараш во онаа изгубена димензија во која бескрајно се обвинуваш се додека не сватиш, завршил часот, завршил... а ти треба да се поздравиш со шансата за добар прв впечаток.... ;(
     
  2. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Некоја чудан смиреност ме има фатено во последно време не знам дали тоа се должи на моето меше кое секој ден е се поголемо и ми изнудува се повеќе насмевки или сум позрела па научив да не се замарам со работи и луѓе кој навистина немаат никаква вредност. Како и да е редно време беше и јас да се симрам малку, коцките пополека, поплека ќе се наредат. Имајте сите пријатна вечер, и дружете се само со луѓе кој се полни со енергија и живот.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Пиењето кафе е еден од ретките делови од денот кој си го посветувам сама на себе.
    Веќе одамна не пијам кафе само за да ме одржи будна или да ми го среди нискиот притисок. За ритуал се работи :!:
    Па ќе си пуштам музика во позадина кога го правам, ќе си ставам млеко, ќе си ја земам мојата омилена шолја, која патем е пукната и ѝ фали мало делче, ама јас си ја сакам. И во неа кафето ми е највкусно.
    Ќе си седнам лезетски на тераса, ќе се испружам на нишалката и ќе уживам.
    Врнело надвор? - Кафе пред Фемина. Уште поубаво.

    И додека пијам кафе не сакам никој да ме чепка!
    Тие петнаесетина минути, ве молам оставете ме на раат.
    Што би рекла една моја баба: А бре да не е кафето, не можам да седнам!

    Мојот најчест изговор...
    [​IMG]
     
    На ines.h, tweety26, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Јас нема да ти кажам а сакам да знаеш исто како што ти не си со мене а на друг не ме даваш.
     
    На anabel-a, martinuska, crazyinlove19 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Најголемо признание ми е кога некој ме пофали за извршената работа, убо ми е на душата признавам..

    Секој незнае да ти каже: ти си подарокот на нашата свадба со сликите што ни ги направи..

    Знам дека секогаш ќе сликам како да сликам за себе, тоа што јас би сакала да го имам..

    Хепи..
     
    На bittersweet, LilBaby, Waka-waka и 11 други им се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Денес во мене се побуни детето. Поточно тоа се буни секој ден ама денес претера :D
    Па така, го фатив патот накај факултет да си соберам оцени, па во рамстор, па во џамбо, па на сладолед.
    Сум си изнакупила секакви тетратки, моливчиња, шарени пенкалца, маркери, бележници за книги(дека веќе немам цело купче), тевтерчиња, папки ... абе се со ред, чиниш тргам во петто одделение а не во петти семестар на факултет :$ :D Крава една, сум се пикнала со малине деца и си бирам пребирам, разгледувам, пикам во корпата, се мрштам, се смешкам, па и награда од рамстор си земав муахаха една папка смотана, ако за ништо друго барем за на пракса да ја влечкам ќе користи :D
    Простата разлика меѓу мене и децата беше што јас си купував сама од моја уштедевина без никој да ми рече не може, а тие за раче со нивните мајки и само прашуваат може ова или може она или сакам ова или сакам она па почесто не може сега или не тоа добиваа како одговор. Видете, имало предност во тоа да бидеш олкава крава. :D Иако до негде ми недостигаат времињата мама да ме команда што може а што не, некако полесно беше :lol: ах нејсе...
    Па колку да не е само школси прибор во кесите си купив и некои женЦки работи марамици парфемче ова она, и сега погодете што ќе кажам ... тотален шворц сум :D
    Ама па многу ми е гајле.

    Завчера чинам беше наполнив љубовни батерии(иако љубавни статус је још недефиниран :wasntme: ), денес ги дополнив душевните а вечер и друштвените батерии. Едино ова образовниве се малку попразни ама ќе биде се. Па и да ви кажам не се многу замарам. 8)

    Па така денес убаво ми е на душата, да соберам малку сила и одам до кај моиве жени на кокодакање и хистерично смеење до ниедно време во ноќта со убаво јадење и пијуцкање, и тоа би било тоа.

    Од денес имам нов начин на живот, ќе живеам само и само за сегашниот момент без да се потресувам што ќе биде понатаму(а за минатото никогаш не сум се потресувала). А не ни има потреба.
    Е така.

    Ајде да си имате убав помин вечер кај и да одите.
    Ве поздравувам сВите.
    :hug:
     
    На antonina, bittersweet, lunicka и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    [​IMG]

    Денес цел ден се осеќам како маченцево погоре. Не ми се дише, не ми се мрда, ништо!
    Така сум денес шашардисана уште од раните утрински часови.
    Сакам да бидам по продуктивна ама времево се шегува со мене. Таман вчера ми се израдува душичево дека ќе заврне, тоа трт мрт се мачеше, повуци потегни, и ништо од дождот мој.
    Барем тогаш најмногу инсипрација ми се собира во главчево, па можам да творнам нешто, вака само лежам и денгубам.
    Ете сега се радувам малце затоа што фудбалот ќе ми почне, па ќе пцуеме со либево по фудбалериве наши троноги :devil:

    И така, нит сум за на форум, нит за у живо муабет праење и делење мудри мисли, абе за ништо не сум.
     
    На MandyLane, anabel-a, butterfly33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Колку е добро кога ќе ти се падне некој ептен згоден и убав професор на училиште. ^_^
    Со црна кратка косичка, озбилно фацле, згодно тело, убав стил, начитан, образован и паметен. А погледот, да ти се стресат колената. Гласот убав, машки, полн со самодоверба и почит.
    Уф бре, што ми е мене ? Зашто вака размислувам, кога имам некој што ме сака и јас го сакам ? Никогаш не верував во тоа дека срцето бира кој ќе го сакаш и ти неможеш да го спречиш тоа, но една работа што ме тера да верувам.
    Ау ау, мојов ако го прочита ова - затвор за убиство ќе лежи. We don't want that ..

    :D
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Научена сум да ги слушам другите додека зборуваат, па макар тоа мене ни трошка да не ме интересира. Не толку затоа што е така културно, туку чисто од почит спрема нив. За возврат го сакам истото, а не да добивам зачудени погледи, неумесни забелешки, и десетина пати прекинување додека го кажувам тоа што го мислам. Нашле погрешен начин да се докажат дека се паметни, учени и со завиден коефициент на интелегенција, кога сево ова го докажува сосема спротивното. А кога е нешто различно од нивното целосно затупавено мислење, подобро да молчат, да слушаат и да учат. Ете така. :)
     
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од прошетка со една другарка и нејзината едногодишна керкичка. Најпрво бев кај нив, па решивме да излеземе да прошетаме малку за малата да може да заспие. Колку сум само јас далеку од оној живот кој таа го живее. Го остави факултетот, бидејки остана бремена, не работ- нема потреба бидејки мажот и носи големи пари има добра работа. Дома кај нив насекаде играчки, колички, креветчиња се во знакот на најмалиот член на фамилијата. Не знам како издржува жими се. Да се има дете е навистина многу голема одговорност. Не е тоа кукла која може да ми е интересна ден два и после немора да си играм со неа. Тоа е нешто живо кое најмалку 22-23 години ке биде зависно од тебе. Јас кажувам јавно јасно и гласно, не сум зрела за деца, и ги замолувам сите подалечни роднини и пријатели да не напињаат да се мажам |( . И таа велеше така но бидна. :wasntme:
     
  11. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    СДК денов ептен убаво го поминав. Претходните ми беа лоши малку па не знам дали е до крстената вода што се измив вчера ама битно ми тргна на подобро. Сабајле си станав рано рано иако немав обврски. Си уживав во утрото. Попладнето ми помина во смеа со школските, уште не почнале предавања па така интересно е. Се вратив дома. Не бев нешто гладна па малце муабет со домашните и си седнав на компјутер да разгледам феминава, старо ново што има и сега чекам фудбалот. Ако нема радување, пцуење ќе има сигурно. И тоа е нешто. Ама ај, со среќа нека ни е. И немој да се случи да изгубиме, зошто нема да победиме. ;) Почнав да јадам навечер, ме исцрпуваат попладневните обврски, навикната наутро да си завршам се и попладне слободна да бидам ама ете.. Оваа година така ќе биде. И тоа ви велам.. туку што ми беше зборот. А да, за утре концертов ова не успеав да се организирам да отидам па на телевизија ќе си гледам (ваљда ќе даваат на Мтв :?: ). Инаку, имам само обични фармерки потемен/посветол тексас (неколку пара), едни црни и едни бели. Сеуште не сум купила од оние во боја па се мислам дали и какви да земам.. А ако им помине модата? Не дека нешто многу се вознемирувам ама не ми се инвестира во нешто што ќе го носам една сезона и после ако го облечам ќе ме гледаат ко под око, мада и не ми е гајле нешто многу ама ај. :| И така.. сега се мислам што да земам да прикаснувам додека гледам фудбал. Боли ме брига што е касно, јас не гледам телевизија навечер без да гнетам нешто. :wasntme:
     
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    И конечно го видов малиот леле срцка е, како зборува ко навиено :inlove: :inlove:
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Се ежам. Да си имам свое детенце и да ми биде болно, ќе останам со него до последен здив.. реков и велам не е секој за родител.. барем се надевам и молам сонцето да се опорави и да го посвојат во иднина..

    http://www.bezpardon.mk/brachna-dvojka- ... a-naditsa/
     
    На VayaConDios, Annath, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Зошто насмевката не остава траги на лицето подоцна како што солзите оставаат црвенило во очите долго време та цел свет да те разбере дека си плачел?
    И славниот изговор, не плачам, настината сум, не плачам, ме чеша окото...
    Не ме лажи, знам дека си плачела, исто како што знам дека до пред еден саат беше совршено здрава!
     
    На Buttterfly, Monroe, Juicy03 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Мајка ми доле чушки лупи, па помош има од сите сосетки бидејќи сите заедно прават.
    Комшиска традиција.

    Зборувам јас на телефон со татко ми, а во исто време мајка ми, ми вели :
    - Земи ја книшката и рецептите, најди го фрижидерот и земи пари. Се дере типката што е најлошо.
    Се симнувам доле, мавам еден мафијашки поглед и и велам :
    - А машината за перење и шпоретот ?
    :lol:
    Мајка ми мислела за паричникот, забуна мала. Си се изнасмеав јас, а и богами комшиките. Едната замалку не се препрчи од столот. Таа па, седнала на тој со две ипол ногарки.
     
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ми го разубави денот со тоа твое мило глаче, едвај чекам да те видам и друго ништо не сакам :*
     
  17. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека како што размислував многу отворено без предрасуди пред тоа, сега откако почнавме на училиште сум со уште поотворен ум. До каде ќе одам вака не знам. :D
    По зборовите на некои професори само размислувам околу некои работи и мислам дека ако не престанам ќе се мрднам тотално. :wasntme:
     
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас лажам дека се проѕевам :yawn:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :o :o :o :geek: :x .Секакви лудаци има .Никогаш не би си опростил да и го напправам ова на мајка ми па уште и да го објавам на интернет :puke: .Не делува дека е изрежирано :wasntme: ,но незнам дали е смешно или жалосно чувството после гледањето на клипот http://tocka.com.mk/8/74630/go-snimil-mesecarenjeto-na-svojata-majka-i-stanal-hit-na-jutub
     
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Нема да ја сетиш болкава - дадов заклетва,
    но јас сеуште сум истата - малечка со лажна насмевка.
    Погледни ја девојкава со безброј стихови,
    залеј за да не горчат овие празни сини погледи.
    Па повели во мојот свет без боја,
    затвори очи - под пајажината се крие солза.
    Те молам бегај, зошто боли песната,
    дело на малечката со ништо во насмевката.
    Оди кај што дождот стивнува, бура поминува,
    кај мене листот е мокар и со солзи пишувам.
    Стишува тишината во води немирни,
    знам дека заслужувам - па гледај ме со презири.
    Но запомни - нема да видиш ништо,
    лажна насмевка и празнина - сеуште е исто.
    Сеуште е сиво и залеано со вино,
    со едно големо ништо како причина за живот.
    Не ме прашувај зошто, сврти се и оди,
    остави ме со скршен молив и мотив што горчи.
    Гледај површна - доволна е насмевката,
    не ја барај вистинската - остана во сенката.
    Уште една претстава - перфектно одиграна под маски,
    балот на големиот вапир - на смртниот залив.
    Не се врти - бегај таму кај што е надежта,
    подалеку од оваа малечка со лажна насмевка.
     
    На fallenangel, MSkorpionka и velesanka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.