Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам дека секогаш кога се обидував да ги решавам задачите по математика, секакви црни мисли ми доаѓаа на памет.
    Некогаш задачите ми одеа толку лесно, што дури и самата се чудев, ама подоцна ја прочитав оваа мисла
    Животот е како математика, штом се оди лесно значи не е нешто како што треба, и сватив, Па јас си измислував нова математика, со кратенки плус! :rofl: Па кога една задача која бараше најмалку една страна јас ја решавав во 1 ред :emo:
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21, Stoimenovska, M.a.r.i.l.y.n и 8 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Пиењето кафе доцна навечер има само една последица.Се шуткам натаму наваму низ куќава, а не знам што правам,постои нервоза,лупање на срце,убрзување на мисли како кога пуштите грамофонска плоча со 33 обрти (се сеќава ли воопшто некој како тоа звучеше :D ) и секако море на глупи идеи во пола ноќ зашто не можам да заспијам :?:
    Како да се вработам [​IMG]
    Се мислам како ги наоѓааат оние имиња на лакови за нокти на пример
    ОPI - Sand in My Suit
    Deborah Lippmann - Bitches' Brew или
    Urban Decay - Asphyxia
    Туф бре што не сум таа среќничка да најдам ваква работа .Само нека ми дадат шоља кафе а јас ќе римувам и мозгам смислувајки ги најнебулозните имиња ,за најдосадната беж боја,на пример бело лале :D
    Или да се вработам како дегустатор на чоколада.Мљац. :P
    За беља го испуштив фестивалот во Англија,вработуваа вештерки,се што треба да работам е да се облекувам во црно,да се насмеам на глас како вештерка ,да скрчкам нешто во котлето и да ми плаќаат за тоа 50000 фунти годишно.Веднаш ќе ме примеа да не имав проблем со британското државјанство.И пак политиката замешува прсти :devil:
    Ех толку идеи,толку ентузијазам,ми останува уште да магистрирам,можеби полесно ќе се вработам :wasntme:
    Со закон треба да ми се забрани да пијам кафе навечер...не, со устав!
     
    На Monna.Monna, DeMelo, julie77 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    И јас се приклучувам во клубот на несредени жени . |(
    Бев со дечко ми кај другарка да си седиме , и викам што ќе се дотерувам за таму, на дечко ми не му е сефте да ме види несредена , ни на другарка ми. И со мрсна коса, патичиња, една маичка како за на плажа и еден џемпер одозгора . Џемперов како од бачило ми е. И имаше промашено копче. |( И не претерувам, мизерија бев. Јадев сончоглед и на забите имав црно, бидејќи немав како да го извадам . Ночарите ги ставив и изгледав на грев. ГРЕВ.
    Како врв на ова, како шо сме одлепени двајцата, додека чекав такси, он го чекаше татко му, сме се фатиле играме орце двајцата. Како во градинка што игравме, фатени под рака и се вртиме. :D
    И татко му застана, запали светло , ме измерка, ми напраи некој муабет и се смееше под брк
    Додека ме возеше таксистов ја се смеев, сигурно мислеше дека сум ненормална .
    Како баш сега ме фати и ме виде? Сеа којзнае што ќе си мисли.
    Ако се скараме со дечко ми сигурно ќе му вика, „ Остави ја мизерија. “
    :D


    Сдк, има многу напичени луѓе у СКопјево.
    Значи на улица до кафиќ застанал ала сељачиште, и нешто се дере као она била од село , курва, и се дере не му чуе бе. Гледа у мене у стил, „ абе маче ја колку риби сум легнал “ И го имаше стилот на Тошо Малерот. „ Ја батка... “ Со цирагето во уста.
    Значи од вакви куртони, ме боли фрфуљката. Сериозно.
    АКо има проблем нека и каже у фаца, а не она сељнка, се издерава на улица . Демек е он нешо АУ, богат, паметен |( Абе дечко ама си ситуиран и школован, по белата панталона на четвртина гс, и жтата боксерка видов. Се надевам алфа мажјаците ќе станат изумрен вид.
     
    На SimplyElegant, Monna.Monna, M.a.r.i.l.y.n и 8 други им се допаѓа ова.
  4. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Вчера вечерта не можев да заспијам... Размислував за буквално се'. Решив да одам почесто на гробишта, да ги посетам вечните почивалишта на сите мои блиски кои се на небото. Незнам за вас, ама јас откако ќе одам на гробишта сум среќна, сфаќам колку е животот краток. Ги паметам зборовите на баба ми, кога ми велеше да сум среќна, да не дозволам тагата да ја потисни среќата. И се трудам, среќна сум со моите најблиски и го ценам она што го имам, се обидувам да го живеам секој ден како да ми е последен...

    http://www.youtube.com/watch?v=hvVIq2MWJyY
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.529
    Нема,нема,па кога ќе се исклучам од овој виртуелен плевел ( и не мислам на фемински де), па кога ќе се препуштам на некои драгуљи во мојов живот,душава ми постанува бавча. Ги сакам! Луѓе кои не ги гледаш многу доооолго, ама кога ќе ги видиш е како да не си ги видел од вчера и ја гледаш енергијата,таа убава енергија на бескомромисно разбирање,смеа, разговор,кој не е празен,кој не е блед,кој не се заборава. Еве, отпечатоци на нивните дланки на моето срце.
    Луѓе без суета,его, луѓе кои не патат по вртоглаво внимание,а прават чу-до,прават да ти е меко па дури и кога паѓаш. Толку природни,толку вистински, толку едноставни,толку...толку ЛУЃЕ. Сакам кога ќе си заминам да мислам на нив и она кое ми го кажале,прераскажале.
    Благодарам,многу благодарам што ве имам!

    И стварно не очекував дека толку многу жени сакаат исто тавче како мене! :D Се изненадив,мајке ми! Билке,чуеш ли,како жена на жена, за осми март по едно тавче за секоја од нас,иф ју ноу уат ај мин! ;) :D
     
    На SimplyElegant, lunicka, Miss-Independent и 4 други им се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Нека ни е за многу години празникот !

    Пак со мојата омилена "Само сонцето е постаро од Македонија" !
     
    На fallenangel, Marbella и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ке се убијам од пуста болка од sinusi и веке неколку дена ме болат но како сега никогаш неможам веке да дишам дури и срцето почна да ме боцка :devil: ми се воспалиле сите и челни и фронтални и маскуларни дали знаете некој лек за синуси ? дали некој имал искуство со операциа ако знае нека сподели бидејки немам друго решение неможам само да пијам вентори се иструв... извините што тука го ставив овој проблем знам дека има и страна на синуси но не е толку прегледна треба да чекам 2 дена за одговор а пуста болка ме изеде неможам ни 2 мин да чекам, па ако имате некој совет вечно ке ви бидам благодарна
     
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Скопје, утре доваѓаммм :D
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.529
    Е не ми се верува дека и на гугл стигнавме,па ми паѓа незгодно пошто не ни планирав да честитам еден ден кој постои само да ја поддржи македонската фантазија на фактичкото постоење на нештата.
    Ама ај...нек е са сречом. И едвај чекаме да ни го начукаат пак по американски терк,со многу отворени прашања за да ништо не ти биде неизвесно,а нали народ се плаши од непознато и ќути како попче.
     
    На Lov3, 1209, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Работава со нашата мила, мала и напатена Знаете-која, е - Сваког дана и у сваком погледу све више и више напредујемо! :geek:

    Се плаќа ли бе тоа логото на Гугл, а? :D
    Да не стигне некоја сметка после, ние ќе ја плаќаме, да не ја мислите.

    Како вика дедо ми - Дајте више, аман, само не зафркаваат... три посто, пет посто... покачи ја цената наеднаш 100 посто и више аман, па раат од две години да видиме. Е не бе, ќе се заебаваме. :D

    И праќа ли Владата по 21 парче торта во секој дом? Или барем по 21 сметка нека платеа, или 21 илјадарки плус... нешто симболично де. Да се обележи. :rofl:
     
    На nela.oh, Lolipop23, Micheleljubov и 25 други им се допаѓа ова.
  11. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Уште еден сосема непланиран ден.
    Станав сабајле и ме дочекаа производите.Им се порадував,се дури не ме пекина телефонскиот повик.Морав веднаш да завршам некоја документација во центар,така да се спремив најбрзо што можев и со него правец во центар.
    Завршивме со тоа и од таму се упативме кон плоштад,па накај парк и скршнавме во луна парк.Се возевме на електричните колички.Денот стана навистина забавен.Од таму продолживме во Џамбо и секако на крај да јадеме во Мк доналдс.Си уплативме и ливче лото заедничко. :)
    Дојдовме дома,си седнавме на лулашка,си се напивме нес да не освежи малку.
    Дојдоа после гости си поседовме со нив,пријатен муабет со бело винце.И еве сега дремката веќе ме фаќа па го гледам креветот како најдобра опција во моментов. :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Сдк нешто не ми беше ок вечерва. Си велам ај викенд да излезам со другарките, отидовме во еден кафич во кој имаше добра музика, но сите беа по 14-15 години. Се осетив старо за прв пат. Си поседов , си испив две пива, и ајде викам малку во дискотека. Кога стигнав одвај влегов бе на врата, народ ке се тепа за да влезе, гужва невидена, мислиш панагур е. И си викам не ти е вечерва тебе за журкање оди дома легни си, најпаметно :lol:
     
  13. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    СДК дека се разочарав! По толку ветувања,молења и климнување на глава велејќи работата е завршена,немај мака,уживај се е средено,на крај ништо од тоа, празни ветувања полни очи со солзи,плачење и луге околу тебе што велат "се ке биде ок" а и самиот знаеш дека тоа е лага.Знаеш дека ќе те зафркнат лугето кога ти се најпотребни!! :!:

    Помогни му на човек кога е во неволја и тој ќе се сети на тоа кога повторно ќе биде во неволја.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Денеска, поточно вчера, беше петок. А јас се свеснав за тоа кога ми се јави другар да ме најде кај сум да ме почасти. Прво се чудев зошто би била некаде ова време, ама сега ми текна дека е петок вечер.
    Само мене петок вечер не ми е тоа што беше или...?
    Ноќниот живот во Македонија, цела недела си добра девојка, дама, и оп доаѓа петок и ти си качена на шанк со 10та текила во рака, луфтираш мишка на рандом сељак или андерграунд бенд (кој е толку андерграунд што секој втор викенд прави свирка).
    барем навистина да имаше некоја да се качи на шанк па да не е монотоно, ама ја сфативте поентата
    Изгубена во време-просторот. Сепак подобро отколку клишето луда ноќ.
     
    На calliope, Ognenija, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Сакам да кажам дека подфорумот Секс почиња да наликуе на гламстик.
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК нека ни честит празникот 8ми Септември денот на независноста :)
     
  17. demilovato4ever

    demilovato4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    220
    СДК сестра ми ме напиња да и направам фемина профил ,а ја неќам,а како што испаднува морам ,ме уценува малата -.- :@
    п.с ај честит празник македонци :D
     
  18. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    И официјално од денес Македонија може да пие алкохол во сите земји. :D
    Живели.. [​IMG]
     
    На Lov3, AIT, LittleFairy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Вечер сум на роденден кај Татковинава.

    Знаете, ќе биде интересно, многу интересно. Ова ќе биде вечерта кога ќе се тргнат настрана религиозните определби ко ВМРОвци и СДСМовци, па сите ќе бидеме сложни патриоти и ќе пееме Македонија цела да е, секој да ја знае, ко најголем знак на патриотизмот. Врв на иронијата ќе биде доколку дозволат некој од братскиве изведувачи да запее наша, патриотска песна.
    Мислим, да, искрено и јас сум поласкана кога ќе ја повикаат, рецимо, Каролина, и и’ дозволат да ја пее “Ој Козаро“ на Српски државен празник. Тоа е знак на здрави меѓусоседски односи, само што никогаш не се случила таквата чест и од двете страни.
    Утре. Е, утре ќе се споделуваат импресии по социјалниве мрежи, пропратени со по некоја слика од најубавиот провод, по могучност со патриотска маица или знамето на грб или во позадина, за веќе од 10ти се продолжи празнично со “Тибам државата посрана.“
    И, да. Во право ќе бидат, бидејќи влада т.е. “држава“, и татковина т.е. парчето земја на кое живееме, не е исто. И љубовта спрема истите не може да е иста! Но, иронијата е во тоа што баш горенаведените патриотизмот го поистоветуваат со имањето партиска книшка, па им пропаѓа кажаното во вода.

    Gotta love this country's people. (Намерно на англиски, непатриотски да е!)
    Среќен нека е, и уште многу години да подмочнуваме од радост кога ќе не има на Гугл. :lol:
    р.ѕ. Не ме мразете, не значи дека помалку ја сакам и ценам Македонијава. :wasntme:
    Убав ден и убав помин вечер. Се гледаме на трибини. :hai:
     
    На tweety26, Monna.Monna, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК - Секоја чест на гугл за ова ! :D (изгледа гугл денес слабо ке биде посетуван од јужниве :lol: )
    [​IMG]
     
    На Ema.Sk, Squirrel и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.