Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Дедо ми секогаш сфаќа колку си ја сака баба ми кога таа ќе му кидне во бања на 10тина дена.
    Секој ден кога ќе отидам ми вика: - Туууу, сам човек за никаде е. Нема што да правам без бабава.

    Ах, море дедо, а кога ќе се врати пак ќе заборавите колку си фалите кога не сте заедно и пак ќе се кошкате за ситници. Ама ако, правете си да ви биде интересно. :D

    А сабајлево заборавив да му честитам роденден од што бев поспана и заборавена :| .
    Ама после кога ќе отидам ќе му однесам нешто, ќе го гушнам и ќе му честитам :hug: . Нека му се множат. До 101 и назад :)
     
    На thinkerbell и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  2. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК-Денес денов ми е мрзлив.Станав во 12:45.Јадев,се избањав и еве ме на компјутер.Си слушам Лед Цепелин и си читкам по Фемина.Па вечер кај на фамилијарен роденден.Кај вујче :D И да,нека и е среќен роденденов на нашава Македонија.Гушки од SweetChild :inlove:
     
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Љубам есен.
    Посебна ми е, од секогаш ми била.
    Тогаш заборавам на сите грижи. Се чувствувам комплетно.

    И така си сврве неделава - додека ги броев деновите не ја ни сетив.
    А денови бројам од навика.
    Живеам броејќи денови.
    После три месеци се собравме повторно, на истото место, во истото време.
    Некој пуштил коса, некој скроз ја ишишал. Жештиниве на сите различно влијаеле :D .
    Во гушките и топлите цимолкања дека не сме се виделе долго време,
    се гледаше колку сме си недостигале.

    Не ми се мисли, не ми се гледа некаде надалеку премотувајќи го времето, месеците, годините во моите мисли. За момент се чувствувам како да ми е доволно ова, тука, сега.
    Научив да живеам и да се сносам со овие работи околу мене.
    Среќна сум.
    Воздухот мириса на вино, на грозје.
    Градов слави.
    Сите ми се мили. И оние кои не треба да ми бидат (повеќе).
    Понекогаш посакувам да не морав да бидам оној човек кој ги направи работите кои требаше да се направат за се` да се смени кон подобро.

    Храброста и гордоста не одат заедно..

    Ми фали уште посвржливо време.

    http://www.youtube.com/watch?v=eu57i3r7Tyg
     
    На kravce, zarah, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ми треба одмор. Не мора да биде тоа некоја песочна плажа, уствари викенд во некое планинско село со друштво е нешто незаборавно...
    Посебно наутро, милина. Свеж чист воздух та дури белите дробови ме болат додека го дишам, оптоварени со овој загаден воздух кој ми е секојдневие...
    Размислував, подоцна, би сакала да си купам една куќа на село..Со прекрасна градина и да одам таму кога сум слободна. Да го има оној стар изглед, да ме врати во друго време.. А градината, ќе ја уредувам сама и тоа ќе биде нај убавата градина..
    И да, неколку животинчиња, не ми смета, би ги хранела, подобро ќе ги хранам нив отколку крвопијците тука во градов!
     
    На Chica.Loca, kravce, Micheleljubov и 3 други им се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Да не ја наоѓав убавината во малите нешта, досега ќе бев dеad man walking.
    Eте, гледам дека моиве не затоа што сакале, ама ме научиле да се задоволувам со малку.

    Пример, денес се радувам што мојата желба за ручек ќе биде исполнета, и ќе имам ќофтиња и пире, наместо кремвиршли и пире. И среќна сум, да не пукнеш. :D

    [​IMG]


    Hели и најубавите нешта се во мали паковања, нешто налик мене. :rofl:
     
    На thelittle17, L-enna и anabel-a им се допаѓа ова.
  6. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Среќен Роденден Македонијо! :l:

    Ама се пренајадов, ке прснам, тоа лазањите за 2 мин ги снема :D
    Еве ме :D :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    СДК убав е донов..
    Ја играм онаа ,,пронјди ги бројките,, играта и на 3тото ниво неможам да го најдам1...Знае ли некој каде е ?Пола саат го барам дали очорев или навистина го нема?Можеби побегнал..
     
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    17.196
    Го мразам денот, барем до сега ми е глупав.
    На лојзе од 8 саат сабајле. Еј за едно лојзе да те будат во 7ипол :fubar: .
    Ни ракија пијам, ни вино.
    Добро, ми беше убаво кога рачунав колку има за продавање и кога ги дадоа парите на брат ми :wasntme:, единствена убава работа во цел ден.
     
  9. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Моментот кога читаш стари фб објави на твојот профил и се чудиш како си можела да бидиш толку глупа. :смајлишосекрсти: :o :tmi:
     
    На Hkikica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    На Spell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Незнам од каде ми е енергијата и желбата да продолжам даље али ја имам, ја поседувам, од ден на ден се повеќе и повеќе. :!: Среќата е важен елемент во нашиот живот. Испреплетени се оние моменти кога сме среќни и тажни... Во последните неколку дена незнам што чуствувам... чувство на исполнетост? мислам дека мојата насмевка кажува се.

    Имав дугогодишен период поминат во длабока депресија и мизерија, испливав на површината и се завртев наоколу. И покрај се имам луѓе што ме ценат , подршка , и љубов. Понекогаш се чуствувам осамено, ама пак и после се, нормално е. Работите кои не ги сакам, едноставно почнав да ги ставам на игнор. Најдобро!

    И да, на крај морам да кажам дека, пред малку ги гледав фотографиите на Љубам, обично не обрачам преголема пажња ама сега и текако се заентересирав! Па да, не претерувам ама успеа да го разбуди она чуство во мене.. кое што е заспало со години! :!:
     
    На kravce, imelda, Miss.Ricci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ее.. Вака треба да почне викендот!!
    Ме оставија на раат да си го испијам кафето, си се труев со цигарите, ладна цедевита, лаптопот на тераса и вашите утрински постови.

    Па што вредна бев после тоа. Направив ручек, ја спремив бојата за моите одма да почнат да кречат горе, го исчистив долниов спрат. Татко ми ми вика- Кога ќе се омажиш ќе му кажам на маж ти да те остави на раат да го испиеш кафето затоашто само така си продуктивна.
    Е сеа, ова незнам како да го разберам.. Комплимент или сарказам. У секој случај, фала ти татко мој.
    И нели мора секогаш да има еден лапсуз.

    Си ги рибам јас надвор теписите, косата веќе мокра и залепена за суратов, ми тече пот, мајцата крената мислиш сама сум во маалово, боса шлапам низ вирови у двор... И ете ти го новиот тип у маало по кој сите вртат глава. Ни издигнаа зграда тука па се вселил пустиот. И така јас во најубавото издание, кога ете ти го пред портите мои ми вика Добро утро комши. Ја дал да бегам дал да го шармирам таква залепена цела. Го пуштам цревото на земја, нели малку да ја тргнам косава од фаца и му мавтам, кога ова пустото од силен притисок почна да шета низ двор. Па јас паметната го зимам и додека да приметам дека го држам во него насочено.. И тој стана утоп. Сосе патлиџаните, тиквичките и паричникот во рака.
    Ете ти сега беља. Си викам сега мила моја, ништо. Растајемо се со типот фор евр. А тој да неможе да престане да се смее, па уште ми вика од сега ќе имаме плус една тема за разговор.

    И се убаво заврши, јас се упатив со мојот пингвин денс накај дома да се средам да заличам на човек.
    Па сега дури кога го нема него, сум со измиена коса, мирисам на ванила и опружена седам си пијам нескафе.
    Марфи друже, јас и ти ќе бидеме верни сопатници. :bow:
     
    На Hipster, bittersweet, CIA и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.268
    Допаѓања:
    157.700
    Не знам за вас,ама мене ми се оди на гроздобер,а немам каде!
     
    На Amaia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК сите му се заблагодаривме на гоогле, среќни дека сите ја гледаат сликата, а всушност само ние ја гледаме, цел останат свет ја гледа сликава:
    [​IMG]
    Тажно,што на таков начин не изиграа... :@
     
    На Sara123 и phoenix4235 им се допаѓа ова.
  15. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Не знам дали досега овде сум кажала ама и да не сум сега ќе кажам: Мразам менструација!!!!!!! Ете толку.
     
  16. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сдк тешко ми е. Ќе фатам веќе цртки на ѕидот ќе гребам од мака. Трет ден, ни малце не сум подобра.
    Оваа болест ме победува и психички и физички, многу боли. Само да оздравам побрзо, ништо друго не барам. Иако знам дека уште долго опоравување ме чека. Вчера ми се јавија милите и милиот, заедно биле во паркче. Колку што бев пресреќна што ги слушам, толку ми беше и претешко што знам дека уште долго нема да ги видам.. ;(
     
  17. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    ^Хахаха и јас претпоставував дека само ние ја гледаме сликава на гугл :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Тунајт ис д најт енд итс ЛЕЈДИС НАЈТ, аген!!!
    У стилу "Sex and the city" , само што ние сме шест, но со исти теми на разговор. Прво шетање на гзот у кафана и невино смешкање до третиот пијалак, а по третиот, гласно смеење, со жлебини во прв план и правење „ЖИВЕЛИ“ пред секоја голтка и почнува натпреварот три на три. Едната тројка мажени, втората немажени. Вагиналните монолози преминуваат во зајадливи дијалози, секој фаќајќи сеир на своја сметка, едните што се заебале и свечено (пред матичар) и религиозно (у црква), а другите што „најдобрите“ дечки у град се или зафатени или у странство, па шансите за квалитетна врска се сведуваат како размер на Европа на географска карта - 1 : 1 000 000 !
    А заедничка тема?!!! Секако - СЕКС! На масата се растрзаат пикантерии , описи во сите димензии на неговото височество Mister Dick, трач рубрики за рекла-казала неразјаснетите мистерии и слични теми карактеристични за интелектуалки во благоподнапиена состојба. А уз мрсни муабети, следува и мрсна храна и троа малку повеќе алкохол од дозволените граници. И така се до полноќ и ситните саати кога со уште поситни чекори , отечените нозе на штикли претрчуваат до сите кафичи и прават фајронт у рану зору, зору, зору...
    И финишот се става со јадење бурек и јогурт на кеј, распослани по клупите, со полуизбришана шминка, со собуени чевли, смеењее до бесвест...
    Детаљите...УТРЕ!
     
    На Doozy, kravce, lunicka и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Уште си титкате луѓе ?? Јас знам титкање е за да ми се јави некој кога ми треба во моментот . Вие уште титкате ?? Мислите на некого демек ?? Тоа уште постои ? :lol: Ох гаш значи не можам да престанам да го јадам кремчево не е нормално колку е заразно . Фала пријатно убав , среќен, весел празник :hai:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Зашо не кажа порано? Ама ако сакаш да ја надгледуваш ферментацијата на виното... има време :D

    Ех, минаа тие денови кога се братучедите качени на столче го беревме грозјето. Старт со пишии и печена кокошка финиш. Се мотавме околу нозите на нашите и само чекавме да биде конечно. Никогаш не сум научила да уживам во тие разгаламени утра, секогаш сум сакала само да се повлечам и да се замотам во темна соба. Колкава романтика сум пропуштила ;( ама затоа виното да го пропуштам... никогаш!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.