Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Како да игнорираш глупи луѓе ? Некој дефинитивно треба да напише книга за оваа тема ..
    Објаснуваш една работа пола саат а она упорно со главата во зид ...па чекај бре , џабе што си постара кога грам памет немаш . :^) Упорно делиш памет а немаш со што да се пофалиш ..па ќути си бре ,
    некогаш ќутењето е злато .. зарем никој не ти кажал ?И доста ги убедуваш луѓето ...сите знаеме што човек си ..Ако си помогнал на некого , па не треба да му го ставаш пред нос тој факт секој ден ...Ако си помогнал на некого , тој човек ќе го цени тоа без да го замараш ...!!!!
     
  2. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк имам премногу љубов во мене оваа вечер.

    Слободно можам да ја продавам, изнајмувам за без пари чисто онака да ги направам посреќни и поисполнети луѓето на кои им е потребна .

    Ви треба некој грам љубов ? :smirk: :wasntme:
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Сакам да кажам дека треба помалку да пијам
    то ест малце да знам помалку да зборувам кога сум во таа состојба
    Сте слушнале за валајца ?
    е то сум јас кога сум во алкохолизирана состојба само зборувам зборувам и зборувам а што е најлошо следниот ден не паметам ..
    што ми требаше вчера да се начукам 1 сат правев муабет со бившиот а денес не паметам ниту еден збор
    ми рече запамтија песнава пратимија во инбокс да си ја објавам а јас сирота не дозапамтив
    арно си реков да си запишам во пораче така ке си думам !
    ми се пружи шанса а јас не ја искористив
    Па што ми требаше да застанам пред пејачот и да играм заедно со една моја другарка која беше бетер од мене а на крајот пеачот не поздрави еден аплауз за Росана и Маријана -.-
    ее ке се убијам !
    затоа вечерва пивце се надевам нема да биде толку бурна вечерта
    и сакам да кажам дека редно е да си најдам нова љубов
    ама некој стварно згоден што ке ми легне на срце а не само женкарчина како овај последниот
    и саакам да кажам дека треба да се спремам а мнг ме мрзи :worried:
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.967
    Допаѓања:
    123.562
    :handshake:
    Да,да се поправив си имам меше,ама не сум бремена!
    На кафе бев со другарка,не зошто се разведуваме со маж ми (толку брзо како што рековте) туку зошто имам некојси социјален живот!
    Кај мајка ми бев цел ден,зошто сакам,а не зошто се скарав со свекорот и свекрвата...... |(

    Аман бе ,get a life!
    Сериозно,кој памет треба да го имаш за се занимаваш со вакви работи? Зошто не живеете бе луѓе,после животот не бил убав! :fubar:
    Сами си го правите таков.
    А за мене -има кој да се секира. Да додадам дека не ми е идеално,ама бар живеам и не се замарам со ѓубрето на комшијата! Гледајте си го вашето |(
    Не дека нешто псоебно ме погодија муабетите,дури и гласно се изнасмеав,шта чеш :lol:
     
    На slavica999, bittersweet, MandyLane и 16 други им се допаѓа ова.
  5. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Зошто секогаш кога ќе се погледнеме во огледало најпрвин ги гледаме работите кои не ни се допаѓаат? Зошто ги гледаме маните а не доблестите? :^)
     
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Го знаете вицот за Биле и Васка? -Си биле и Васка.. :wasntme:

    Срекен ден на независноста. :wasntme: Да се множат.
    освен ако не заврши светот на 12.12.12- еден ден по мојот Роденден. :party:
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Цело Скопје зрачи со снобизам. Еден куп снобови, купила Acessorize новчаник од 4000 ден. и внатре 20 ден. или го гледаш со прескапа кола ама без бензин. Не знам што е работава, кога луѓето почнаа да живеат за другите?

    Ептен неразумно однесување. Исто е и со одморите. Македончето оди на одмор 10 дена и живее како Бог и за на враќање позајмува 3 евра за вода. До кога вака не ми е јасно. Треба да се научиме да си ги пуштаме нозете до каде што ни е чергата.
     
    На Monna.Monna, cinderella5, Chica.Loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Па не можеше цела Македонија да дојде во Скопје.. Со гратис бус и за 20че карта тоа ти е :) Добро е што има и толку :) :up:
    Нека ни е честит празникот! :party: Среќен роденден Македонија! :^:
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... кај мене се околу 69 се врти ... Не сум бре до толку перверзна :wasntme:
     
    На cinderella5 и Hipster им се допаѓа ова.
  10. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ќе се истетовирам со текст :

    MY BOYFRIEND IS намќор :D BUT I STILL LOVE HIM .

    На левото рамо онака од ќеиф, и ќе летам од дома, гарант татко ми ќе ме избрка :D .
     
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    цел ден сум како некоја флегма само лежам и се влечам како гром да ме удрил но ми се јави мојто ''малечко'' да се видиме и како магија да падна од мене кога се ратрчав како да сум највредната на цел свет, туширање спремање абе мераци хаха ( несме се долго време виделе)
     
  12. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Лилитке, како ма нема каде :)
    дојди кај мене златна :D во двор имам лозници, полна е со преубаво грозје
    ем грозјето ќе го собереме, кафе ќе си пиеме и ќе си помуабетиме :)да ти помине меракот
    И со грозје дома ќе си одиш, за мама и тато де :hai:
    А и Горде била тука ^_^ па дојди и ти златна :hai: друштво да ни правиш :)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    :bow:
    СДК дека три дена ми мирисаа рацете на лук, сега три дена ќе ми мирисаат на пиперки. Не излегувам, ќе ме намириса некој, ќе помисли дека сум ептен домаќинка, ќе се заебе...
    СДК незнам дали луѓето од западните земји се толкави "патриоти" како балканците. Мазохисти до срж, ти земаат све, а ти ќе се тепаш по кафани и на улици ако треба, за да се докажеш колку си ја сакаш земјата...
    СДК дека човек за пари оди во војна, што не е ни негова, ни на својата земја...
    Краток фитил има овој живот, не ми е да се мавам во гради, нити да војувам за пари. Ќе станам земјоделец. Освен ако не заминам за Канада...
    http://www.youtube.com/watch?v=mWQf13B8epw
    Ох и да...иако немам, јас сеуште верувам во вистинска љубов.
     
    На 1209 и Chica.Loca им се допаѓа ова.
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Малите работи ме прават среќна, деновиве искрено заборавив и да се смеам, бев нервозна, тажна, лута и не обрнував внимание на никој, се гледав самата себе, викав без потреба и со тоа ги повредував личностите што ги сакам.
    Жал ми е за тоа, денес ми покажаа дека и покрај моите испади се грижат за мене и ме сакаат, мајка ми ме покани да ја носиме сестра ми во парк,
    ми вели: Знам дека ќе одговориш не, ама јас да те прашам сакаш со нас во паркот :?:
    Колку ме доболеа овие зборови, ме рушија, јас како се однесував а таа сепак со толку многу њубов ме праша, да и денес не бев расположена ама немав срце да речам Не, станав се облеков и заминавме, во паркот седнавме на една клупа ние две додека сестра ми играше, толку многу кажа за мене, ме познава од било кој друг на светот и без збор да и кажам она знае се, за џабе не е Мајка :!:
    Неможав да издражам и таму во паркот ја гушнав и почнам како мало дете да плачам, и не, не ми беше гајле дали некој ќе ме види, битно ми олесна, сватив дека и покрај се Таа секогаш ќе биде тука за мене и секогаш ќе ме трпи :!:

    На враќање беше поинаку се смеев со сестра ми која ни кажуваше вицови, па како у школо поминувале :D

    Друго, ич не жалам што не отидов на концертот
     
    На Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Тука сум, ѕиркам повремено, следам ситуација :D Обавезно доаѓам :D не мозе без мене :D :wasntme:

    Него, ќејф ми е што имам црна коса :D Озбилна и уште некој знајт зошто, само ние си знаеме :geek: се чувствувам ко од Марс да сум паднала :D
     
    На ozbilnazena му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Драги тинејџерки,
    автобус е јавно превозно средство во кое се возат луѓето за да стигнат од едно на друго место. Ако по некоја случајност осетите желба да се качите во истиот и да урлате што е можно погласно затоа што сте се начукале, или мислите дека е кул да глумите дека сте начукани, ве молам врзете си шамар и поштедете не нас обичните смртници, кои мораме да се возиме, од урлање и пеење песни од Фанки Џи точно над нашата глава.
    СМИЛУВАЈТЕ СЕ! :headbang:
    Благодарам.
     
    На zarah, Juicy03, la-chicka и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    СДК , сите се замараат онака за концертот кој убаво испеал кој не јас се чувствувам како флегма. Да го слушам концертот ама премногу ме мрзи да се замарам кој што и како испеал. Одвај се вртам накај телевизорот за да видам кој пее. Само ми трешти во позадина колку да не биде creepy атмосфера.
    Конечно добив желба за играње worms, неможам да ја најдам + не ми се пушта. Многу сум не-среќник.
    А и не кажав, вчера се утепав точно пред Колосеум.Точно на вратата. За излез :!: -> многу бе било тапа во дискотекиве, ептен!Едноставно некако дали растам ама се повеќе ми се смалува желбата за по дискотеки, повеќе сум за онака, лајт, по дома. Па што! :wasntme: Неможам, ама стварно неможам да ги трпам 15годишните девојчиња кои личат на 30 годишни, и кои личат на спонзоруши.
    -Девојче, дечкото од сепарето ти пушти пијалак.
    -Хехе.

    Дечкото приоѓа,и следниот момент, оп цуп гледаш се дават од бацување. Алооо! :fubar:
    До кај стигнав?
    Така, се фалев дека сум родена под ... небо. Не под среќна ѕвезда туку.. Под небо. :doh:
    П.с. Овие браќава Тавитјан колку ми се одбивни, тоа не е можно!! :puke:
    П.П.С. Сабајле го забораив дечко ми, и имав 40 пропуштени повици, нормално е тоа?! :wasntme:
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kikiritka89

    kikiritka89 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    10
    Јас сум девојка со мои принципи. Не се мешам никаде кој што сака нека си прави. Туку испитов што го спремам ме дотепа. Математика 2 кој ли ја измислил математикава :^)
     
  19. OneStepCloser

    OneStepCloser Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    64
    Непроценливо е чувството кога ќе ти се исполни нешто што искрено, ама најискрено си го посакувал долго време. Непроценливо. За многумина, веројатно ова што ми се случи мене, не би значело ништо, ама јас едноставно летам. Како срцето да ми е поврзано со бесконечноста по остварувањето на оваа желба.
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Да ти се плукнам во државата, со извинение на денов.

    Секогаш кога одам кај тетка ми гледам една реална слика, која за моја голема среќа, не ја гледам дома и во моја блиска околина. Тетка ми со нејзиното семејство ми е приказ на тоа како преживуваат добри 80% од државичкава јадна и страдна. ПУ, ПУ и ПУ!!!!! :@

    Луѓе значи се нервирам кога ја гледам, а не можам да и помогнам никако.

    Не знам стварно како преживуваат месечно со десет илјади. Стварно не знам. Значи математички е невозможно.
    Не знам како му е на тоа јадно дете, кога другите имаат, а таа нема ништо.
    Не знам како истрпува жената пред се психички, кога животот и е таков, никаков, кога има притисок од сите страни, а поддршка од никаде. Греота е жената, заглавена е во еден вртлог од кој колку и да сум јас оптимист, можам да ви кажам - нема излез.

    40 години, модерните најубави години, станува наутро во 4, во 4 и пол веќе е на лозјето, до 5 поручек. Еј, јас вчера си легнав кај 3 и дуфтав до 12 сабајле како најголем идиот, таа се потела на Сонцето. Се враќа, вода нема, општината решила да прави рестрикција. Додека седи со земја како најдолно суштество, препотена, смрдосана, не може да се избања бе... Седат така 2-3 часа, комирани, на крај легнуваат такви, никакви. Се грозат од самите себе. Знаете ли колку е понижувачки прво за неа како жена, жена како жена, што сака да биде средена, дотерана. Кое средување, најобичен сапун и шампон има во ВЦ. А што повеќе да имаат, масла од Авон, регенератор од Нивеа и течен сапун? Тоа третина од платата ќе им отиде.

    Потоа јаде, се комира и спие до наредниот ден, кога пак се се случува одново. Кои пријателки, кои роднини, црно пред очи им се гледа, едни со други не сакаат да се гледаат.

    Од умор. Од безволност. Од песимизам. Од мизерија. Од проблеми. Од сиромаштија. :puke:

    Девојчето има проблем со тежината, порано дедо додека беше жив им помагаше, се хранеше здраво, подослабе. Сега... знаете како викаат... Дебелината е болест на сиромаштијата. Како да се храни здраво со вчерашен леб, со ајвар и со кристал коцка маргарин? Како да ми објасни некој, ве молам? Како кога килограм патлиџани е 50 денари, а секој ден по едно и требаат за да прави салата??? Кој ќе плати, дедо Боже???

    И седиме, го гледаме концертот за прославата на смрдената република што вака ги малтретира и се изживува врз луѓето, се коментира како картата е 20 денари, а гратис добиваш ЦД. Вика жената, па кој иначе ќе им купи ЦД од 200 денари? Леб ќе си купам со тие пари, а не ЦД.

    Им притребало ЦДиња на луѓето, не можат од мртва точка да помрднат во животов. Стварно се нервирам, а помош, нема... Опаднати со духот, работат механички, се чека први, тек е деветти, пари нема, а први е далеку, се штеди за некој ден детето да се прати во школо, се прави се за да се преживее... какво живеење, среќни се оти и вака преживуваат.

    :(
     
    На BoaVista, Stoimenovska, imelda и 57 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.