Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Tренди, да и тоа шо викаш, им е гајле на некој дека ние сме славеле независност, ама како што можат цел свет да гледаат слика за независност на САД, Франција,Германија и други држави, зошто сите еден ден да неможат да ја гледаат и онаа слика наменета за нас, глупо се почуствував бидејќи сме беззначајно државиче, и во политика и во се не вртат,затоа реков изиграни :( ....

    Иначе концертот... мака ми е шо не бев, последната песна,Калиопи,огнометот,тапаните.. едноставно совршено,солзи радосници... Нека е вечна Македонија!!! :inlove:
     
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Која независност?
     
    На Stoimenovska, zarah, Trendafilka и 11 други им се допаѓа ова.
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Ех Дузи, а со 6000 денари 5члено семејство ...
    Нејќеш да знаеш, никој нејќе да знае. Да даде Господ никој тоа да не го осети. Еднаш веќе пишував за ова, не би пак детално.

    А во тие 5 члена, еден студент. Повеќе не зборам.

    Од камен да си, дали тоа ќе го издржиш. Фала богу, животов денес ми е многу поубав. Не е совршен, ама од дното е поубав.
     
    На zarah, bittersweet, anabel-a и 14 други им се допаѓа ова.
  4. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Постот на Дузи ме испровоцира да напишам неколку реда и да исфрлам дел од гневот кој го носам постојано.
    Дур читав се потсетив на едни мизерни денови,ма кој денови,цела година траеше тоа.Сега фала Богу малку сме стабилизирани,колку да се рече има леб на маса....
    Минатата година почувствував на своја кожа што значи да немаш корка леб на маса.Еееј која мизерија,речиси цела недела дома јадевме само варени компири со сол,само тоа имаше.А кога ќе имаше леб,само тоа имаше,немаше со што да го јадеш.Секој гледаше да јаде што помалку за да има за другиот.Мајка ми скришно плачеше,да не се растажиме и ние,знаете,мајки.
    Во овој 21 век,во оваа демек европска земја,поголемиот дел од луѓето барем еднаш го доживеале ова,а којзнае-кај некои веќе е навика.

    Еее мој драг народе....Од што сме навикнати на животарење,не е препорачливо да осетиме паричка в џеб.Добро,барем не наеднаш.Срце ќе не стрефи. |(
     
    На Stoimenovska, zarah, slavica999 и 35 други им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Бљуткав вкус на јазикот. А и бљуткава цела јас. Не ми ни текнува кој ден е, а не ме ни интересира. По - numb не сум била. И поигнорирачки настроена кон луѓето околу мене. Затворена во своето меурче, кога ти се работи за живот и смрт, немаш време баш за такви работи. Време беше, можеби.
    Сега се молам се да се среди и ништо од вчера да не се повтори.
    Толкав страв во живот не ме фатил и ми текна на оние кои реално се борат за своите животи во многу потешки ситуации како им е и колку сили имаат. Си плеснав два три замислени шамари и почнав да се борам и јас.

    Еднаш имавме апсурден муабет со колега колку е тешко да се самоубиеш. Ти и да сакаш, телото пружа отпор инстинктивно и се брани.
    Чудни суштества сме. А колку малку знаеме да го вреднуваме она што го имаме додека е релативно се во ред.

    Стискај заби цел живот, ама живеј го до даска. Тито беше тој што кажал мислам - не оставај за утре, она што можеш да го сториш денес. Е! Колку бил во право.

    Јас сега се разбудив, и ми се пријадоа палачинки. А што не би могли, а? :)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    http://www.youtube.com/watch?v=MJU1Fc9iBwI

    Да си жива и здрава уште 1000 години МАКЕДОНИЈООООООООООО!!! Со оглед дека сме безвременска и evergreen држава :), во било кое време може да се јават патриотски побуди, а нема подобар ден од тоа од 8 септември. :) Пенетриравме малку во 9 септември, но да ни е вечна државата! :)

    Ќе направам comeback на форумов, кога и да е, а можеби е и сега дојден моментот. :D И така немам обврски после долгото и топло лето, имам апсолутно уживање барем месец дена додека пак да биде жешко и густо на факс во последната година од моето студирање. :) Па ајде да почнам да ги нижам постовите како во најдобрите денови... :lol: :P
     
  7. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Многу убав ден! Денес ми е роденден! :dance:
    Да ве почастам сите од тортава! :* :inlove:
     
    На kate21, Elennaa, ludoto19 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Чувството ко ќе се залеташ да ја отвориш вратата од колата а заклучена е :swear: и ти се вратат долгите ти нокти на назад OUCH :'( и после цел свет ти е крив :@
     
  9. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК вечерва каква креативност ме обзеде :wasntme: Конечно го почнав цртежот за во детската, си боев и ја слушав манифестацијата. Сега некако досадно ми беше, па си реков ај да гледам DIY клипчиња, се инспирирав абе шо :D Од понеделник купвам мониста, нитни, ја вклучувам имагинацијата и ќе почнам да правам накит и да ги украсвам алиштата :wasntme: Барем ќе се занимавам со нешто. Одам јас да ги догледам клипчињата, ве гушкам :hug:
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Не ме читајте, за да не ви се расипе расположените. Морав некаде да се испразнам..

    Во тешка депресија сум.
    Вечерва е депресивна.
    И кога се сожалувам дека се е во ред, излегува дека НИШТО не е.
    Постојано живеам во заблуда дека малите работи ќе ме направат среќна. Ама кога големите не се во ред, џабе е за малите.
    Има денови кога лично сама си се тешам, ќе биде се во ред.
    Реалноста ми вели обратно.
    Мајка ми вечерва легна рано. Легна депресивна, тажна зашто нејзините луѓе ја навредија, ја направија од гомно подоле.
    Сега лежи во соседната соба, со скршени сни. Зар е фер некој сонувач како неа, борец во животот, да биде предадена од блиските или од животот.
    Никаква среќа немала. Никогаш не била од срце насмеана.
    Зар и јас ќе завршам вака? Со скршени сни? Зарем е толку беден животов? ЗАрем живееме за да умреме?
    Која е поенатата?
    Дури и да е шала животов, не ја сфаќам. Се колнам.
    Зарем една насмевка од некој треба да ме усреќи? Зарем една прегратка ќе ме стопли? Што потоа?
    Се плашам од себе. Од животот. Во ноќи како оваа, немам желба за ништо. Само да лежам.
    Незнам дали само јас сум незадоволна, дали премногу барам. Или незнам што барам.
    Некогаш се тешам има луѓе што болни легнуваат, што легнуваат со празен стомак. Што барам јас повеќе? Некогаш се прекорувам, дека не правам ништо, дека има луѓе кои го достигнале врвот на светот. И сега? Што ?
    Што е судбина? Ако некој уште сега знае што ќе се случи, зашто воопшто ми ја дал улогава?
    Ако не е судбина, значи се е коинциденција. Ако е само момент, што ако ги пропуштам сите коинциденции? Значи дека јас одбрав така да живеам..
    Ништо не сфаќам.
    Не сфаќам.
     
    На Miss.Ricci и Tenkai им се допаѓа ова.
  11. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    All you need is hug baby. Ти праќам lots of hugs. :hug: :hug: :hug:
    http://www.youtube.com/watch?v=9g3ODGasaw8
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Зошто не се родив глупава ќе ми биде вечно прашање.
    Зошто, во ваква глупава држава со ваков глупав народ, каде единствено може да ти биде убаво само ако си глуп, туп, и упорно одиш со главата во ѕид, јас не се родив како сите?
    Зошто кога вечерва сите, од цела Македонија, си одеа нагоре накај стадионот јас брзав надолу? Зошто јас не сум глупава да ме радуваат вакви мачкања на очи, да се гордеам со својата татковина, да не се прашувам утре кај ќе се вработам бидејќи ќе бидам доволно продадена душа за да си земам партиска книшка која ќе ме вработи, да не се прашувам дали утре воопшто ќе имам пари да си ги платам сметките туку да си потпевнувам на концерт за 20 денари, да не се думам за што се можеа да бидат искористени парите за организација на роденденот на мојата држава, зошто?

    Ги гледам братучетка ми со другарките, абе уживаат, отишле на концерт, мислиш провод столеќа било, и ич уво не ги боли бе. И зошто да ги боли. Не се будали да се замараат они со државни прашања. Има кој да краде место нив, тие важно утре и да завршат во некоја конфекција ќе бидат среќни, бидејќи нема да им текне дека животот може да биде подобар од ова.

    Таква е Македонија, одгледува глупавост, сее глупавост, жнее глупавост, додека добро не пушти корен глупавоста во душата на Македонецот, доволно длабоко да не може да се ослободи од неа, и цело време да и биде наклонет. Најдобро се владее со будали, ние сме пример за тоа. При ваков народ, кој не би сакал да ја има Македонија?
    Јас си ја сакам државата, многу си ја сакам, ама таа мене не ме сака.

    Туку, ете ви Скопјанишча, да видите како е Охрид кога е сезона, цела Македонија во еден ден да ти дојде :D
     
    На BoaVista, Marbella, zarah и 16 други им се допаѓа ова.
  13. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Си се изнаплакав. Две недели барам салам филм во кој ќе се утепам од плачење и конечно го најдов.

    Го гледав по втор пат Перл Харбур. Подобро потрошени три саати во мојот живот не сум имала во последниве недели.


    Битно, јас сакав да се изнаплачам и се изнаплакав. И не испаднав. Нити го гледав тој спектаклот за независноста.

    Ништо.
     
    На zarah, Pirana, butterfly33 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Она кога немаш јајца, ама ти ги отечат со Миле Китич и некаков си Јужни Ветар, цел Божји пат!
    Што ти се србомани во душа. Бре!

    Јас? Ко очекуваното од сабајле.
    Под импресии? Оо, да.
    Малку напиздена, малку сентиментална.
    Догодина одиме во Косово да им ја испееме “Едно име имаме“, нема смисла само тие да не удостојуваат со нивно присуство и величање на Ој, Косова. Срамота!
    Од друга страна, нема поубаво чувство од она на припадност. Меѓу свој народ, па каков-таков, барем сложно викаа УУУ! :lol:
    Најјак момент е кога ти се плаче од некои стихови, па да не седиш со насолзени очи, се правиш дека пиеш газиран сок и се муртиш демек од газираното ти се такви. :D
    Доброто е што никој не ме мареше, па си минав незабележано. :rofl:
    Но, некои моменти на гордост се бесценети.
    И најскапите дестинации да ми беа понудени, пак ќе изберев да сум таму. Ко што имаше, Андријана Јаневска чинам, една постара песна “Своја на своето“, е, тоа! Ништо поубаво од свое.
    Уште еден Марфиев закон: Кога си сингл, околу тебе сите се парови, и обратно.
    Зашто Марфи си такво педерче, м?!

    р.ѕ. Фак ми ајм фејмс. Два пати ми вртат дека ме виделе на ТВ. Уште за таму бев. Нус појава. :D
    Добра ноќ, јас сум веќе полумртва. :hai:
     
    На Ema.Sk и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    (во контекст на претходно напишаните мислења)

    Еден стар дедо често знае да рече: Ние во оваа држава не живееме, ами преживуваме.
     
    На Cacy, kravce, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Мистериозна а да ми пратиш линк од филмчето, ми треба и мене за плачење :?:
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Мистериозна дај стави тука линк,мислам дека на многу девојки им треба оваков филм.
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    На Adi888 и CIA им се допаѓа ова.
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    6.668
    колку ноќи пред да легнам сум посакала да не се разбудам.и оваа е една ваква ноќ.и оваа ноќ го посакувам тоа за утрото да не ми носи поголема бол. оваа ноќ толку ми е ладно.само една вистинска прегратка може да ме стопли,да го растопи мразот во мене.долго време не се чувствувам како жива.однатре сум замрзнала.сите мои чувства,надежи,желби се претворени во санта мраз.е затоа не чувствувам ништо,затоа до мене ништо не може да допре.мртва сум однатре.повеќе ни солзи не ми течат.а зошто би плачела кога ништо не може повеќе да ме повреди.во мене само една голема празнина која ни со време не може да се пополни.порано чувствував омраза,лутина,бес.но и тоа се чувства.а вака ништо,како една голема дупка во душата да имам.и секогаш се надевав на подобро но тоа подобро никако да дојде па со тек на време си се навикнав и се помирив со некои работи.само се надевам дека нема да се покајам поради некои одлуки кои ги донесов.само овој пат да не погрешам бидејќи во мојот живот има еден долг список на грешки.и никако бре ука да фатам од нив.секојпат одново и одново една иста.но покрај се што се случи станав посилна.е сега можам да се спротивставам на се.само застанете ми на патот,нема да имам милост.и не се плашам зошто овојпат нема што да изгубам.тоа што го сакав вие ми го зедовте,ми го зедовте мирот и спокојот.ме лишнавте од мојата среќа.едноставно ми ја украдовте.ми ја зедовте од раце.е затоа сега ќе бидам безмилосна.
     
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Да се придружам во клубот плачки..
    Всушност, имам толку работи кои би ме расплакале ненормално, но молчам, траам, се смеам... Та уште и планови си правам за наредната недела, насмеана до уши, а не ми цвета розев цвет пред мене..моментално ништо не ми цвета, ама со баба ми си фаќаме сеир... Ми го продолжува животот жива и здрава да е..
    Со него, пред некој саат, го гледавме Love and other drugs. Моментот кога се разделуваа ми дојдоа солзи, се завртев скришно накај него, и знаејќи дека ништо во животов не е сигурно, си помислив Што ако... и не се осмелив ни да си ја довршам мислата... Веќе ми потекоа солзи, тој е тука но деновиве некако го чувствувам далечен..проклети чувства некои безвезни, до ПМС ќе да е...
    И можеби тотално беспотребно, без причина, некој товар носам на грбот... Ми тежи...
    А тој, тој многу ме сака, тоа го знам...

    И да, чудно е како кога ќе му се налутиш на тој што го сакаш, во моментот единствено нешто што сакаш е да си заминеш, а откако ќе го сториш тоа, се би дала да се вратиш и да го гушнеш...
     
    На kravce, PinkGir123 и Micheleljubov им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.