Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    СДК, дека вчера мили мои, денот уште повеќе ми го разубавивте.
    Ви благодрам од срце на сите. Благодарам на искреноста, на желбите и убавите мисли, на искрената љубов. Искрено не верував дека некој би ме препознал, но ми го докажавте сосем спротивното. Солзи радосници ми се тркала по лицето на секоја ваша честитка, додека ве читав.

    Девојки вашите честитки вчера ми беа најголемиот подарок. Најголемиот подарок на душата, што знам дека никој не го дарува или можеби е заборавен од многумина.
    Господ да ви дарува се, апсолутно се најдобро. Најмногу да ве издигне во душата, додека другото се ќе си дојде со тек на времето.
    Благодарам :bow: :bow: :bow:



    [​IMG]

    Од срце до сите вас :l: ,
    Серафима
     
    На Srekicka, Hopeful, BeYourself и 19 други им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Обожавател сум на помфрит со сиренце, така да си го мезам додека пијуцкам. А од вчера изгледа сум и фан на Миле Кузмановски. :D
    Убав ден вчершаен, би продолжила така и денес.
    Мирна глава, чисти сметки, домашни колачиња, трач сесија и латино за вечера. Малку се потресувам кога ќе видам колку уствари таленти за латино имало, неоткриени, што си денсаат во диско. Абе пола град родени за танцување. Гледаш и неверуваш. :wasntme:
    Јас би го скокнала едино делот кога возилото ни одите во неповрат и заличе на гужван картон. Цела среќа сите живи излегоа. Па што знам, во такви моменти ќе си кажеш Господ те чува.

    Инаку јас сум супер.
    Другарувам невиртуелно со луѓе кои дооооолго ги немав видено. Месецов ми е баш за тоа, обновување на стари пријателства. Времето дупка направило, сериозно голема и болна, ама мора да дојде момент да се пополни, закрпи, излечи... И коа ќе видиш уствари нема ништо поубаво од другарства, различни, шаренолики, посебни и прекрасни.
    И љубов.
    Иако виси на конче, очајно пробуваме да ја спасиме.

    Мене ми е веќе почнат, ама вие имајте убав викенд.
     
    На rossonerka, Strumfeta93, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Бегаш цел ден од часови за да одеш кај другарка ти, за да се испружите на спалната, да се давите во перничиња и да пушите цигари на некој кул начин, пошо нели ние сме секси, најпаметни и тотално незаинтересирани за цел свет. Главната преокупација беше да легнеш , да свиткаш нозе, косата да ја префрлиш на перницата и да го следиш димот од цигарата. Друго и така нема шо да се прави.

    Нема да се малтретираш во таа снобовска гимназија, за утрото да го поминеш кај Русинката и да ги слушате The Smiths, Depeche mode, Morphine, Portishead, U2, Duran Duran... и само една песна од Битлси - Норвешка шума.
    Знаете шо? Мислам дека ми треба гитарист во животот!

    Него... денот ме потсеќа на некоја девојка шо личе на праскичка, а внатре целата е металик сива. Седе на некоја клупичка, си игра нешто со рацете и со стапалата, има слатка потиштена фацичка на лицето и си вели форевар алоун!

    Животот е убав, а јас одам да си зафатам место под големиот јорган! :)

    Еден гооооолем поздрав за сите деликатни суштества :*
    http://www.youtube.com/watch?v=YYN8k4S8ic4
     
    На francais, Gunshine, beached и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Чај од нане, ко мир за стомаков.

    Си симнувам куп цртани филмови и ќе си уживам денес сама со себе.
    Книга, убаво ручече, ќебиња и миризливи свеќи од магнолија, тазе отворени, дури и незапалени ми мирисаат низ соба.

    Вчера се изнервирав зошто почувстувував немир, неочекувано чувство на страв од можна загуба. Сум се изгорела, па сега дувам и на матеница, што се вели. Но, разговорите секогаш се од помош. И искрените прегратки што живот ми значат.
    Сакав да се самоискажам вчера, ама толку бев изгубена, што на состанокот само ги впивав разговорите на околните колеги и си мислев нешто сосема друго. Како одеднаш да западнав во конформистичка зона, ништо и никој не ме интересираше. Ко да сум подвиткала опаш, или некое такво лејм чувство. А вистината е дека ми беше преглупаво да кревам нос и да барам нешто за кое со сигурност знам дека само ќе бидам потапшана по рамо со едно Ахам, и толку.

    Си купив кило јаболка и кило круши и киднав кај момчето ми.
    Да си се сакаме, и ништо повеќе.
    Вечерта на работа со колешката моја умна, отворивме тема за театар. Оној, реалниот. Што секојдневно го глумиме, за да опстанеме. Мимикрија на современите лаги.
    И ништо, пак си ги отворив чакрите за заумност, и ми се приспа.
    Помфрит и остатоци од пица во 3 по полноќ е некогаш прекрасен благодет!
    Конкурсот за поезија веќе е завршен, ми пратија повратен меил дека ќе ме известат со конкретните објави за моите песни! За тоа се радувам. Искрено, оти тоа е мојот свет, хедонизмот да готвам зборови и музика низ нив. Да бидам дете, да си играм, без да има цел мојата игра.
    Ах, никогаш нема да го пораснам Детето во себе!

    Затоа што, од него сета искрена вибрација истекува.

    Класичен петок, ден за сублимација, инспирација, вечера со другарки и планирање викенд со готвење кај него.
    Ми е гајле што се’ е наредено.
    Сакам така да ми биде.
    Ваша Ш. :*
     
    На Hopeful, Strumfeta93, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Веро со новогодишни гајќи.
    Јас и тој во шетна ,побрза амин :lol: трц ваму трц онаму ,малц во овој дел на JUMBO малце во тој и на крај се вратив со празни раце ,само со една кеса коски за :toivo: кученценцеценце то ,а али за жена тоа е доволно ноооуп :devil: :@ :) .

    Туку иди нова година ќе се дигаат фустани ,хајлинки од дуќани како алва .
    Ќе се мрчи непотребно ....ќе се даде по некој подарок онака од срце за оние кои ги љубиш од истото толку многу што на моменти помислуваш ,може ли повеќе од ова ? :?: :?: .

    Чудно како секој ден се логирам на форумов со некој нов жар како штотуку да ги искусувам некои работи како кога прв пат ќе се заљубиш па се ти се чини убаво полетно страсно и ВОЗМОЖНО :)
    ве читам со ќеиф со радост ...абре неможам да го умишљам денот без форум-ОВ.
    Имајте убав ден ...одам јас низ темиве да не остани нешто не видено ;)
     
  6. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    СДК дека работнава недела ми беше толку прекрасни ништо не ми беше тешко, се ми одеше како подмачкано. А како шлаг на тортава ми беше типот од трамвај :D Значи кога и да решам да се возам со трамвај обавезно се наоѓа некој интересен тип, али овој беше посебен :!: не за друго туку што се симна на мојата станица за да се запознае со мене и да ми каже дека сум била многу убава!
    Улалаа... Епа стварно ова не го очекував, толку бев изгубена во моментот, со осмех од едно до друго уво, просто зрачев цела.
    Збунета сум премногу, незнам ни дали ми се допадна до толку... Ама едно знам нека си оди се полека ми е гајле...
    Е ова се вика недела од соништата.
    Просто морам да кажам дека зрачам со позитивна енергија, не ми се трга насмевкава од лице и се надевам ќе ве заразам сите со позитивнава енергија. Во позадина Колдплеј а Ника филозофира до бесвест...

    А вечер Будапест гет реди бикос Ника ис каминг! Оу јеаа... Ќе се празнат бутици :rofl:
    :inlove: :* :inlove: :*
     
    На Shana, la-chicka, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    СДК дека цела недела одвај можев да седнам на фемина и да ве прочитам...или зафатен компјутерот или сестра ми над глава ми се вртка па неможам ништо да направам :@
    ....ииии СДК дека многу ми недостасувавте :*
     
  8. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    СКД цела недела со некој немир.Со другарките две по цел ден на телефон млатам празна слама се смееме како блесави за сите наши минати и сегашни случки.Со златниов мој кога сум фина кога сум лоша менам расположение од саат во саат добро е и што ме трпи.Дома само за пари се збори се се нема ,а и фрижидерот се испрзни глушец да влезе ке умре од глад.Работаната недела помина,а да и утре ке работам поради денот на дрвото што не беше работен.Вечер сум на свадба ке свртам некое орце иако не сум расположена,фризура важно имам бев на фризер цела глава ми е во пунџа небива јас ке бидам невеста ,се нервирав и за косата ама баталив.Ми требат мидер-хулахопки не стигнав да си купам не ми останаа пари па до после и за тоа ке се нервирам.Денес бев канета и на роденден и многу ми е мака што нема да одам ама запнал мојот мил на свадба и по негово испадна.Деновите ми се монотони сакам нешто да ми се случи.
     
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Во животов немам слушнато толку глупава работа. Не читам книги зошто ме отупавуваат! Тоа е губење време. Молам??? Во минатото само аристократите биле единствените што успевале да го имаат задоволството. Од секогаш било и ќе биде симбол на учени луѓе. Денес кога ја имаме можноста да си ја зголемиме фантазијата, имагинацијата, осознавањето на нови светови за толку ефтини пари, некој се лишува зошто било губење време или го отупавувале. Некогаш нема да ги сфатам, и не сакам да ги сфатам оние луѓе кои не пронаоѓаат задоволство во прочитама книга. :x
     
    На bittersweet, GarpovaV, Phyramide и 14 други им се допаѓа ова.
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Сликата заменува 1000 зборови ! :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • osamen.jpg
      osamen.jpg
      Големина на фајлот:
      81,1 KB
      Прегледи:
      239
    На AnaKarenina, Lady-Cha, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Зошто не може секој да си прави што сака? Зошто освен законите и општата култура вклучувајќи и некои непишани правила, кај нас мора да се почитува правилото: Што ќе рече народот?
    Живееме како по некои напишани правила, како се да ни е однапред напишано на некој список, па мора по него да се движиме. Жално. Поради ова, не верувам во она што го зборуваат луѓето дури не се запознам лично со проблемот или личноста.
    Не сакам да кукам каков бил светот, народот итн. зашто го мразам тоа, зашто ако се пожалиш не значи дека и ти не си таков, ама не ги можам овие режисериве, радозналиве лица, на кои единствената точка на подвижност во животот им е да разберат нешто за некого, и да го пренесат понатаму изрежирано и лошо филовано. Како што реков - жално.
     
    На Divinebutterfly, Lady-Cha, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Петок е .
    Отсекогаш сум преферирала да се соберам со другарките на некое тивко место и да се изназборуваме.
    Не , не е заради монотонијата во градот . Тоа ни е само во потсвеста дека е монотонија , а да сакаме да се смени можеме и те како да го смениме ноќниов живот. Само ете, се нема најдено тој некој што е повеќе креативен да дојде со нови идеи .
    Прво би требало да се почни од фејзбукот. Да не се користи како место за ловење женски туку за договарање кога е неопходно и кога немаш кредит на телефонот. Јас пред 3 дена го деактивирав профилот ..И воопшто не ми фали . Тоа значи и повеќе време за фемина :)
    Тие луѓе што ми требаат си ги имам во срцево и ништо неможе од тука да ги избриши ...него не го деактивирам :)
    Пракса како пракса неможе да помине без чај. Толку ни се погодени муабетите со апртекаркава тоа чудо едно . Башка тоа што е млада па и ептен се уклопува бе . Едно 20 теми сменивме се знае да ти каже :wasntme:
    На враќање отидов да си ја подигнам добивката од лото :lol: ( ќе се подновам ) .
    Да ви кажам ми тргна со игриве на среќа , дури и страв ме фаќа да не се зарекнам . Ама ветувам дека за коро време ќе прекинам пред да почнам да губам . :) Или храбрите среќата ги прати а :D
    Си зедов книга од библиотека , среќна сум што ја имаше таа што сакав .
    Имајте убав петок :*
     
    На Divinebutterfly, srcekrsacka, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Човекот како митолошко суштество се одликува како сатир.
    Повремено ја покажува својата животинска карактеристика. Некогаш е едно мирно повреме диво, наивно суштество. Љубител е на розевата страна на светот, гледа низ еднобојна, совршена призма која води кон идеален живот. Себеси се карактеризира во суперлатив.
    Нај - највозвишено, најидеално, највлијателно, нај, нај, нај.
    Мислаам.. далеку од реалноста, ама..

    Од другата страна, јужно од Атлантикот, северно од Русија ја покажува својата суровост и безчувствилност исполнета со беда, страв и егоистичност. Омразата ја шири како канцер во белите дробови. Цели кон некоја своја совершеност и мисли дека се наоѓа во една екстремно голема просторија каде што се наоѓаат куп такви како него, а сепак тој сместен во едно ќоше, изолиран ама сепак, гледа себеси да си удоволи. Јас и никој друг.

    И секој втор на тој начин мисли дека ке се доведе до правиот пат.
    Но.. победникот е сам, осамен и без ниедна трага од себеси која оставила за некој поединец или за една нација.
     
    На bittersweet и Phyramide им се допаѓа ова.
  14. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Се ближат празниците, секаде е веке украсено, за почна еуфоријата... Стандардно се ставам во непотребни дилеми, а го знам одговорот уште пред да си ги поставам прашањата.
    Да вртам оро по кафеани не доаѓа во предвид, од друга страна нема ни со кого - Моји су другови бисери расути по целом свету.
    Да се оди на планина со две мали деца за дочек ми нема логика (и пари :^) ) бидејки пак ке треба да останеме во соба, нали. Да одиме сами, од една страна би сакала да се дружиме, од друга страна неможам да замислам да не ги гушнам малите кога сказалките ке се поклопат.
    Дружби во домашна атмосфера ми се сооооо 80ти, ниту сакам некого да служам ниту да ме служат вечерта.
    И така ке ги избегнеме сите непотребни шопинзи, ке си кснеме сармичка, ке го гледаме огнометот и децата ке не успијат после полноќ - стандардна сабота во нашиот дом.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк, чудно човече сум јас изгледа :wasntme: абе само да ми се јадело |( изгледа ќе почнам да барам апчиња против брз метаболизам |( :D ми се смачи, харикири ќе му направам на стомаков :D :wasntme: па уште кога ќе ми рече некој „ ти јадеш нешто“? |( Господе ( смајли шо се крстит :D )
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    |(
    Е сега да си речам ли-Ели кој те тераше да правиш нов ФБ профил,арно ми го хакнаа :D

    Инаку како сте вие драги Феминки?
    Сакам само сите да ве поздравам пред да си тргнам домче,kонечно најдов време :( :*

    [​IMG]
     
    На Phyramide, Divinebutterfly, Magnolija и 3 други им се допаѓа ова.
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    4.768
    Сакам снег, несакам зима... Чудо од човек сум.... Многу е досадно, вам ви е?
     
    На Divinebutterfly и BeYourself им се допаѓа ова.
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Веќе трети ден сум без кафе.
    Без турско, макијато, капучино, нес, експресо... ама баш никакво кафе.
    Се трудам да им одолеам на кутичињата полни со пријатна миризба кои ми се смеат од полиците секогаш кога ќе влезам во кујна. Почнав да ја одбегнувам кујната.
    Велам „не, фала“ на секоја понуда за кафе и бегам од бифето на факултет, небаре ќе ме проголта.
    Паѓам во искушение.
    Не ми недостига кофеинот, навистина. Имам поголема потреба од сон деновиве, ама издржувам.
    Она што мене ми недостасува е целиот тој ритуал на пиење кафе кој секојдневно го практикував.
    Онака лезетски да си седнам на фотелја во попладневните часови, и да се насладувам со вкусно кафе додека одмарам. Да размислувам за идните планови и животните прашања додека го впивам мирисот со секоја вкусена голтка. Да го пијам животот. За кој пак ќе се излажам дека е толку сладок како кафето.
     
    На PrinceOfPersia, Divinebutterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Нетипичен петок денес.

    Без Антена 5 до факултет.
    Без грав и лутеница со фурнаџиски леб.
    Без гужва во автобусите.
    Без Госип грл до Велес.
    Без пречек на автобуска.
    Без кифлички на баба.

    Ме фаќа страв од ваквите несекојдневно секојдневни денови. Не знам што да очекувам, не знам како да се однесувам кога многу работи не ми одат по планот. Што сум отидена во едно меланхонично размислување и затупување, напнувам наоколу. ПМС бе, ПМС. :devil:

    И јадам кечап. О Боже мили, го јадам еден од моите најголеми непријатели, чудото што во себе содржи повеќе шеќер од мене. Го јадам за појадок, за ручек и за вечера, во секое време и невреме. Го јадам со се и во се, сигурно додека месечарам навечер, одам и јадам кечап од фрижидер. Уште малку ќе почнам и на бананите и јаболката да го ставам. :D

    Велат дека го јадеш тоа што му фали на твојот организам.
    Е, што му фали на мојот организам ?!
    Нешто црвено, течно, луто, огнено, жешко, што ќе ме придвижи, ќе ме натера да летам и да се смеам и ќе ми даде сила за се и за сите глупости на светов и што ќе направи да размислувам помалку за кечапот.

    Чудното е откако го напишав сето ова, од моето несвесно опишување на енергијата од глупавиот кечап, сфатив што ми фали, само да не паднеме во самосожалување. :D

    Друга работа, за која ќе тупам во тупење е помислата, поттикната од една книга што ја читам е... Ако ме снема денес, се изолирам тотално од се и од сите, кој ќе тргне да ме бара ?! Чисто заради тоа што сака да ме види, без никаква корист, му значам, го расположувам, го смеам. Баш ме интересира и ме замисли тоа.... :?:
     
    На PrinceOfPersia, Magnolija, BeYourself и 2 други им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.352
    Допаѓања:
    286.322
    Како ке го промените мислењето за најзгодниот тип у класот?

    Kога на среде предавање ке поЧне да си потпевнува : I'm a big big Girl in a big big World... :^)
    WTF
     
    На Phyramide, Divinebutterfly, Lady-Cha и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.