[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК
    толку морничаво се осеќам.Толку празно,едноставно.Не чувствувам среќа.Одамна не сум била среќна до тој степен да си кажам дека животот е навистина убав.
    Ме плаши новиот почеток,а старите сеќавања се уште ме мачат.Зошто дозволив да ме повредат,и повторно сето тоа да влијае на секоја сфера од мојот живот.
    Како да верувам во себе,кога се оди во потрага.Се што е во допир со мене.Толку ли не сум пожелна на овој свет ? :worried:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Колку едноставни и јасни животни правила ... Кога секој би се држел до нив би имало помалку разочарувања ...

    1. Секогаш бидете искрени спрема себе!

    2. Оценките и наградите не се секогаш најважни!

    3. Пронајдете кариера и работа која сакате да ја работите!

    4. Немојте да трошите повеќе одколку што имате!

    5. Ништо во животот нема да ви биде сервирано на тацна!

    6. Секогаш очекувајте го неочекуваното!
     
    На Divinebutterfly, fallenangel, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.768
    Допаѓања:
    162.876
    Да искуцкам твитер,тргнувам да пишувам *иронија*...и ете,потсвеста увек знае најдобро... Место каде владее архетипот за жена која е убава,популарна,паметна,духовита, смешна, успешна...а е најмалку од тоа,со чест на исклучоци и архетипот за маж кој е шармантен,популарен, интересен, стабилен...

    И веќе кога одиме на егобилдање,мајка ми ми вика,пф,ти го правиш најдоброто у Македонија у моментов, им го враќаш или барем се трудиш да им го вратиш данокот на луѓето,им ги отвараш очите МОРИ. И ете... дечки,таа сум. Ако се сомневате дека вишак сте дале,обратете ми се! Ма ни психијатар,ни доктор, ни враг! Умница на моите сум јас најумна! :rofl: Уште животов да си го средам,пошто више година дена малце како чакнат ми е и таа сум. Леле сега ќе ми дојдат луѓето на Грујо и ќе ми речат,нормална си ли мори ти, знаеш дека обелискот не е допраен?! Каде пари да враќаме?! Оно можда треба,ама НЕМА БРЕ!!! Океј Грујо,како ќе речеш! ;( Туку гледам од УМС на фејсбук што ги имам, у заден период многу ве ругаат... *си ги крева рамениците и се инѕа*,а чунки во младите беше иднината,не знам,не знам,вие си знаете!

    Друго, бившиот ми се јавува и ми вика, ја сретнав таа и таа бивша, МАЦЕ ЗА НЕА ВЛАДЕЕШ,МОЖЕ ВОДАТА ДА ТИ НОСИ и ...и МЕ ПОКАНИ НА КАФЕ УЗ ЛИГАВО ТОПЕЊЕ. Маце, секоја од нас имаше еднакви шанси да се бори, јас не се ни борев до душа,само ми те земав,уствари ТИ се подаде,па не е ни предмет на дискусија каква сум... МА ДАААААААА! Мил е бе,не е ваков трачар увек,ама си го фаќа стринка момент од време на време! :D И ете,моето его за денес е најадено со се шпаегетите со карбонара од пред малце,па дури и флека на гради си шљапнав! Одвратна сум знам,ама си мирискам на карбонара сега и ми е убаво! :D

    А вие мациња да знаете,секоја може да им биде сопруга,сервилна,да ги слуша и да мислат дека ја сакаат, да им роди деца,да се грижат взаемно,ама ретко која може да им биде ЖЕНА,е сега која ќе бидете,вие ќе одберете. Ама јас сопругите ги распознавам од 13 години, сакаат розе у почетоците и увек се у последна мода облечени потоа, обично имаат сестра со која си ја мењаат облеката и ги занима мушкото интересирање и се многу несигурни и увек бараат потврда,место сами да си ја дадат или нивните постапки да се потврдуваат сами,трето...па и да нема! У принцип се мамини и татини девојчиња. Јас сум момче на моите на пример...нејсе. Од вакви, никад не очекувај дека ќе ти бидат добри пријателки,а ниту пак девојки или жени,пошто при првите говна што ќе ги снајдат, цимолат, ако вас ве снајдат,гз преку глава ќе избегаат И НИКАД,ама НИКАД нема да ви помогнат(они тука се за коа треба да ти рече,леле цуци боље си од неа,поубава си сто пати,остај го ма кретен,не е за тебе, ти си за него измислена...да,да |( ). Нивниот величенствен гз е поважен од сечиј друг,ах и да... Од ЕГО никад не се јавуваат први на дечкото за искачање, коа се лутат,се лутат тврдокорно за ирационални и незрели работи и УВЕК,ама УВЕК кога не е по нивно РАСКИНУВААТ,долго им треба да се смират и НИКАД не забораваат. Ох колку е тоа зрело... Прсто ми оди да и врзам една и да и речам,злато,тебе ти треба татко ти,а светов да речеме дека и не се врти за тебе. Мене ваквиве на пример по дифолд ме мразат,не знам зошто,АМА МЕ МРАЗАТ БРЕ. Увек ме гледаат како некој независен бич,а они се движат у голутница кучки и живеат бесно на лејдис најт. Ма немој да ме јебеш бре!
    И мажот на пример се грижи за нив,увек. Толку. Ма они увек се некои замишљени принцези кои никад не созреваат и треба да им го береш гревот.

    И така... Бидете ЖЕНИ,со МУДА,побогу!!!
     
    На NoellePage, bittersweet, Waka-waka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    За тебе ќе кажат толку многу, како да си 15 луѓе во еден. А 15 глави мислат повеќе од една. Употреби ги.
     
    На Feminkaa, Anabelle, zarah и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Денов толку убав а толку кус.
    Во последно време сите денови ми се покуси од порано. Тогаш деновите ми траеја со години бре, немале абер да завршат, а сега? Сега вдиши-издиши = чао, денот прошол.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Зашто недела е тоооолку катастрофален, утнат ден? Пицата во Енрико одлично ми дојде, амаааа... остатокот од денов пак е безвезален. НЕКА ПОМИНЕ ПОБРЗО! :@ :tmi: |( |-) |-) |-)
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Што то волим овај режим.
    Лежим, ама не е тоа режимот. :D
    “Ееј, срцка пушти се на фб, ми требаш нешто.“
    Срцка бе. Од срце ти се испилив, па срцка. |(
    Одбивно ми е така кога ќе ми се улизуваат, срцка, златце, душиче, цуци итн итн. Мрш, мрш!
    И веднаш знам дека после тој збор следи некое барање за услуга.
    Мех, tell that to someone else, sister.
    И четири пати до сега врти, а јас ладно си гледам во телефонот и не кревам.
    Ама она беше тужна. И јас бев сестро, ти си ја ладеше, кај беше тогаш?
    Упс, нисам одавде, нисам видела.
    А, па, матер ви ваша покварена.
     
    На bittersweet, sadangel и M.a.r.i.l.y.n им се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.007
    Пол:
    Женски
    Во денешно време, човек треба да биде среќен ако е дел од голема фамилија во која никој со никого не е скаран. А јас сум една таква среќничка.
    И толку ми е убаво кога ќе се собереме сите на трпеза, кога ќе дојдат сите блиски роднини во Скопје, па ќе се изнаприкажеме. Куќава денес зрачи од смеа и убаво семејно расположение.
    Мојот покоен дедо не учеше дека во семејството секогаш треба да има слога. И веројатно тоа не држи сите сплотени, иако фамилијата ни е растргната на сите страни - едни живеат во Скопје, други во Куманово, трети во Црна Гора, четврти во Шведска... За среќа, во фамилијата често се прават свадби, па тогаш имаме можност да се видиме.
    Баба ми ме кани кај неа во Котор, на море. А јас и велам: Да завршам со испитиве, да најдам малку слободно време, па ќе се качам во автобус и ќе дојдам. Добро би ми дошло малку јод и морски воздух.
    А таа ми вели: Ќе ти направам зелник, прсти да си излижеш!

    Недела е ден кој вообичаено го посветувам на семејството.
    А баш вчера го гледав Dark Shadows и во очи ми падна една изрека...
    [​IMG]
     
    На Stoimenovska, teddybear, Annath и 23 други им се допаѓа ова.
  9. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Никогаш не сум се радувала повеќе што е Септември!

    Најпрво, со душа чекав да го активирам умот малку во школо, посебно математиките. Не лажам, па затоа не ме зафркавајте после ова, ама одвај си ги дочекав книгите по математика за домашна да напишам. 2 саати ги потрошив, сепак 3 различни предмети се. Се помачив. Супер беше.

    И Скопјето вчера.. Секоја година овој празник е прекрасно организиран. Искрено, не видов многу од концертот и не жалам, ама затоа пак се изнашетав и изнакупив колку што душава ми плачеше. В кино бевме, онака мераклински (пусти ние кичевчани, и тоа го немаме), и сме се изнасмеале од срце. Не дека не можев со тие 200 денари да си купам некоја маица на попуст па да си го спуштам филмот дома, но едноставно не е истото. Цело внимание е тука, па и глуп филм може да те воодушеви.

    Утре му е првиот роденден на моето мало сонце. Ќе го изгњавам повеќе од вообичаено.

    Сега ќе ми почнат и сите серии, наскоро. Ете ја Glee уште некој ден, па How I met your mother, Dexter, Gossip girl, можеби има уште некоја на која што не се сеќавам.

    Очите ми паѓаат од умор ама никако да легнам. Ќе си уживам уште малку во денов.

    Едит: постов над мене ме потсети што заборавив да пишам.
    Јас немам голема фамилија. Средно голема, но раштракана на сите краеви на светот. Половина не ја ни познавам. Посебно тие од страната на татко ми.. Само 2 баби знам. И толку. Од кај мајка ми, мал дел од австралијанците, и се разбира, баба, дедо, тета, вујко. Едно семејство во овој град што ми е фамилија и сме така, просечно блиски. Не знаете колку се радувам што конечно се освестив за вредностите во животов и луѓето на кои треба да им посветиме повеќе внимание. Повторно со братучеда ми сме најдобри другарки. И не ми треба други.
    Еве, сега тета и вујко ќе ми дојдат од Германија, за една недела. Уште од сега еуфорија и радости.
    Посакувам да ми беа тука нон стоп... Само тие што имаат блиска фамилија некаде далеку ја знаат болката на разделбите, и тоа гледање еднаш годишно, само на 3 недели.
    Можеби затоа што немам многу луѓе околу мене не ни сакам да имам.
     
    На anabel-a и kravce им се допаѓа ова.
  10. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    577
    СДК на форумов научив многу работи и прочитав убави и корисни совети за нега на коса, тело... Плус темите за мода и за нови промоции, може и сте приметиле дека ми се омилени :D
    Добра работа е феминкава наша :$
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Koга започна, а веќе за час ќе ми помине...
    Еве веќе тече втората недела, кај и да е, и останаите ќе летнат пред моите очи.
    За септември сум емоционално поврзана, пола од моите најзначајни, го прославуаат роденденот, вклучувајќи се и себе си.
    Збркан месец, полн со гужва, забави, многу алкохол и трошоци, многу трошоци.
    Емоционално сум врзана со годините, не ги давам, за жива глава :D
    Не дека толку сум сутена во однос на тоа, но одбивам да пораснам, барем духовно.
    Нема нешто поубаво од тоа да си дете, па така и јас, вечно си го носам тој буделест карактер и желба да сум дете, не физички, туку духовно. Од друга страна, духот е нешто што не старее, нешто со што се раѓаш и завршуваш а овој свет.
    Деновиве сум претежно замислена, таква сум пред секој роденден, си ги собирам коцкичкиве во глава, што како и каде понатаму, каде сум стигнала.
    Како вчера да беше кога се запишав во средно, кога коси кубев за матурата, па уште бетер за полагања на факултет. Ми недостига тоа време. Да океј, следува уште поубави педиоди од животот, но сега имам право барем за миг да бидам носталгична.
    И си најдов нешто кое ужасно ми одговара :D
    [​IMG] 8)
     
    На BoaVista, Mrs.Cuper, La.Reina.Del.Sur и 20 други им се допаѓа ова.
  12. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Одамна не сум дошла на темава
    Денес се чуствувам некако празно но не би можела а искрено и не сакам тука за тоа ...
    Незнам дали само на мене ми се случува но некогаш се мразам самата себе и денес е токму таков ден јас против самата себе !
     
  13. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Јадам сладолед на ладново...ихихихихих :rofl: :lol: :D
     
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Леле бе... Не знам како е можно, ама јас сум нон-стоп гладна. Последниве 2 дена само на јадење мислам! :tmi: Којзнае ПМС-ов каква револуција ми прави во организмот. И ако се здебелам, тој ќе биде виновен! :!: Против своја волја имам зголемен апетит.

    Фала Богу, имам нормална тежина, соодветна на висината. Арно ама, во последно време се фаќам себеси како цело време поткаснувам по нешто дома меѓу оброци, дали сончоглед, дали чоколадо, смоки и сл. И знам дека тоа е поради вишокот слободно време што го имам. Кога работев, што убава си бев, не ми ни текнуваше за јадење. И ете ви, пак на крај излегува дека работата (т.е. невработеноста) е крива за се’! Те тера да правиш нешта што никогаш не си ги правел.

    И така. :wasntme: Туку, чинам некоја феминАРка имаше спомнато пица. Пица... мммм... Me hungry :angel: ^_^
     
  15. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Уф леле, навистина е многу ДОСАДНО! Чиниш времето не минува! :o:
     
  16. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Ако има некој љубезен што знае германски, да ми преведе краток текст од македонски на германски, да ми пише во лична порака. Ќе ви бидам многу благодарна. Фала однапред. :)
     
  17. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Нема вода а морам да се бањам,уфффф упм*...
     
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    ;)
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.726
    Сдк.. црвееена сум! :) Тоест прошарана сум, зашто ми се потроши тоа на пола ама нема врска, и баш си се свиѓам ваква, може и ќе се офарбам понатака. Туку, главава почна да ме боли, стварно незнам од што ми е.. И одвај чекам да помине и оваа школска година, иако само што почна и одвај чекам веќе да наполнам 18 години.. језда станав веќе рамнодушна на се што велат ТИЕ, и не ни ги слушам. Ама ако, тогаш барем ќе бидам слободна, многу послободна од што сум сега.

    И...

    http://www.youtube.com/watch?v=jzgUS5B87K4
     
  20. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Сакам да се фарбам плава..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.