Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Незнам дали сме лицемерни спрема другите, или така присилно се лажеме самите себеси. Мрачно ни е, нешто одвнатре се превртува, а гласно се смееме. Мислев дека тоа е знак дека сме силни, дека не дозволуваме проблемите да не газат. Почнав да се сомневам, да не е случајно тоа самиот страв, да се соочиме реално, па се смешкаме, убаво ни е, можеме ние се. Осмех широк, метлата во рака, бутај проблемчињата зад мислите, тежината во желудникот. Па потоа болни. Како нема да бидеме...
    СДК дека не ја разбирам човековата потреба да се ѕирка во туѓиот живот, да се донесуваат заклучоци за одредени карактери, личности, па јавно трачарање, омаловажување. Незнам дали е тоа од потребата сами да се докажуваат како подобри или од стравот дека можеби и тие се исти такви. Мразам такви разговори, мразам кога некој ми кажува како Петко, Станко е ваков или онаков, а го сретнала само еднаш во животот и слушнала само една реченица од него. Мразам кога некој ми зборува негативно за некого само поради своето сопствено искуство со истиот. Различни сме, може мене ќе ми се допаѓа, можеби мене баш ќе ми одговара таква личност за разговор. Сега и јас сум иста како тој/таа нели? Па иде тука групно смешкање, вртење очи, сожалување...Навистина? Ах...
    СДК дека се почесто забележувам колку луѓето се осамени. Во секој дел од денот со било кого сакаат да си помуабетат. Зарем малкупати сте сретнале непознат човек да ве застане некаде, било каде, и да започне разговор со вас. Порано им се чудев, што ме интересира нели. Сфатив дека тие 2мин колку што ќе им се насмевнете, нив срцето ќе им го наполните. Доволно колку за до следната средба со уште некоја рандом особа.

    Јас решив да си заметам во умот повторно. Не сум јас за овие тешки мисли. Не сакам да ширам безвредност. Ајде да се сакаме, да се почитуваме и да преќутуваме. Полесно се дише во воздух полн со убави зборови.
     
    На Hipster, Miss.Ricci, zarah и 4 други им се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Чувството кога одите некаде,а не знаете дали ќе се качите на автобусот, после 6 часа патување од вообичаените 3 ,сменати различни автобуси,го гледате него и се гушкате и бакнувате најсилно на свет е Прајслес.
    Не одев во Скопје поради концертот,туку само за да го видам него и да бидам со него 6 незаборавни часа.
    Вака почна мојот авантуристички ден вчера драги мои:
    Станувам утрото и се договараме да одам за Скопје ,брачед ми ми вели дојди,но не знам дали ќе можи да се качиш бидејќи не се знае дали ќе има место.И јас си се спремив во рок од 15 минути и одам на автобус луѓе и ај шо се качив се качив Ок и ние како што бевме една клапа од 10 души ,а автобусот беше преполн па се преместивме во друг,па на останатите не им се допаѓаше како е внатре бидејќи беше премногу стар и во третиот кој што помисливме дека е трета среќа кај Велес ни пропаѓа автобусот,се појавува некој дефект и од таму 4-ти автобус со кој што стигнавме до Скопје. Му се јавив на моето душле, се најдов со него и заборавив на целото малтретирање и уморот само од еден бакнеж и прегратка толку силни што сакав да траат вечно.
    Фатени за раце шетавме покрај кеј,им се воодушевувавме на убавините на метрополата Скопје,Александар The Greate вистина бил The Greate,музејот кој што е прекрасен, толку беше романтично и прекрасно.Да,бевме и на концертот кој што беше прилично добро организиран и виртуозните Тавитјан заедно со маестралните звуци на тапаните и гостите кои што мислам дека сите требаше да бидат Македонци,но за тоа си има тема,таму на пошироко ќе го искажам моето мислење и впечатоци. И така по неговото завршување, се разделуваме со сонцето и одиме во потрага по автобусот кој што го направиле и ни кажаа дека е кај Америчка Амбасада,а ние бевме кај Кале и така ние си трапавме 40 минути за да го најдиме автобусот,а уз пат застанавме едни типој за да прашаме дали одиме по правилниот пат и ај шо застанаа,застанаа и излегува едниот и не прашува шо е работата и ние го прашваме и замислете типот ни кажува,а истовремено репетира пиштол,а потоа излегува уште еден па и тој го прави истото и ние ко видовме прснавме да бегаме и така мили мои стигнавме некако до автобусот ,се качуваме на него и на патарина пак ни се прави истото,тоа беше во 1 и 30 часот по полноќ,застанавме и до 3 часот чекавме да дојди друг автобус кој што не однесе здрави,живи и весели до Битола,во кревет бев во 6, до душа малку измрзната и не доволно спана,но среќна што сум дома и што ви го пишувам ова.
     
    На Lepaaa, TheaEsposito, Ammy.Lee и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Цел ден ме мачи едно прашање, на кое упорно се обидувам да си одговорам...
    Дали јадам за да живеам, или живеам за да јадам?! :^)
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    :^)...
    ...не знам јас кој е поголема будала во случајов.Стварно!
    Дотичната проф. по француски,која во 3 година средно ми дава обврска да пишувам Curriculum Vitae(CV),или јас што час и половина тупам глава што да пишам...Богато професионално искуство,мхм шта чеш,мора тоа добро да се уклопи,па СV мајката,можда и некоја понуда за работа треба да очекувам.Чекај па Etudies...aаа да пишам основно кај завршив??? !
    |(
     
    На BlackSwan5 и Hipster им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Душа моја убава колку беше среќен денес. Одамна го немав видено така насмеан. Ме потсети зошто го сакам. Изненадно дојде ме викна да се шетаме попладнево. Јас сум човек што и не сака баш изненадувања. Сакам за се да сум информирана и се да ми е вклопено во распоред. Ама денес се препуштив и баш беше убаво.

    Си седевме во чаршија на чај, фино беше за промена. Го сакам затоа што се снаоѓа со сите луѓе. Не дели никого. Ниту јас,а ниту тој не признаваме раси,религии и националности. Светот ни е татковина. :)

    А,сега одам да рипкам како мало дете околу баба додека прави пишии. А,после заедно да си јадеме. :mm:
     
    На kravce, Anabelle, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.883
    Душата ми е стегната. Малата моја крена температура. Сега за сега не делува како нешто сериозно, ама после вадењето на крајниците и два и пол месеци на море, очекував подобро здравје, а ова ми дојде како шамар, и тоа силен. Уште е септември, а каде се цела есен, зима, и пола пролет.

    Уште сум мамурна од вчерашната журка по повод затворање на еден од кредитите. Во викендица, далеку од сите џандари, кои обавезно ми доаѓаат кога правам журки дома. Многу алкохол, ама ајде, оправданео е, поводот беше значаен :)

    Бев во музејот на македонската борба ова-она, и се разочарав од младичот што не водеше. Поточно не беше еден, се разочарав од двајца, зошто се испреплетоа две тури. Минатиот пат кога бев имаше една многу спремна жена, турата беше на англиски, и добар и беше и јазикот, и супер раскажуваше интересна беше, и имаше одговори за речиси сите прашања. Од овие двајцава денес, едниот водеше на англиски, врска немаше, и уште се испонаша, па се приклучивме на следната тура, на македонски јазик, со еден друг дечко кој прилично чудно се понашаше, и башка продаваше некои теории на заговор. Очигледно има и саглам луѓе кои можат да го работат тоа, па мора ли такви пациенти да ставаат?!? Како и да е, пишав во анкетниот лист, и баш ме интересира дали некој ќе направи нешто во врска со изгубените случаи.

    Следува нова работна недела. Времето лета. Дур да трепнеш, ете ти ја новата година...
     
    На Doozy, sesilija, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Ding Dong....The witch is gone :rofl:

    Со мерак се измолкнав од топлиот кревет во 2 саат сабајле да ги чувам внуците додека брат ми и снаа ми ги носеа нејзините на аеродром, за родителите и брат и ми е жал што си отидоа ама сестра и :devil:
    Еј ама било мачно да имаш гостинка која патем и не е баш поканета, во сопствената куќа се устручаваш, да неможеш на раат безобразлуци да правиш :D

    Си дојдоа моиве и тргнав накај дома, си одам по улица во 5 сабајле и се стрвам како ќе му се фрлам на мм какви палавости му спремам, влегувам дома, одам во спална кревам покривката.....мало натрапниче во креветот ]:)
    Ги гледам истите пижами и двајцата, истата поза на спиење со прекрстени нозе, глава до глава, срциња, прав кодак момент, ги сликнав и ги оставив да си спијат, палавостите можаат да почекаат :lol:

    Посакав прв пат уште едно дете, овој пат да личи на мене да си имам mini me, којзнае колку му е убаво на мм да се гледа сам себе во синот, сакам и јас така :)
     
    На Adi888, Bozica1980, teddybear и 33 други им се допаѓа ова.
  8. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Непрестано се жалам оти нема на кого да му се обратам и да му ги наредам сите мои проблеми, оти немам со кого да се исплачам оти немам рамо на кое ќе можам целиот мој живот да го изложам а..................... потоа............................ ќе ја погледам мајка ми, цврста како карпа и ќе се сетам дека она била сираче, не го запознала никогаш својот татко, додека јас барем знам кој ми е татко и неколку години од животот проведов со него.. и ќе се сетам колку сум разглалена што дозволувам да се самозалажувам и сожалувам и станувам уште помека, додека мајка ми со едната нога е во кујна со другата на работа со едната рака ме прегрнува со другата се грижи за домот и плаќа сметки а со усните само ме бакнува и не ги злоупотребува да се жали и да куди за работи кои не се важни. Таа никогаш не ги брои ниту лузните на нејзиното тело што и ги создава физичката работа ниту лузните на срцето кои се надевам дека ќе и ги излечамм ако еден ден станам добра ќерка и личност пред се. Мама моја :)
     
    На julie77, kravce, Anabelle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк некоја лутина ме дрзи веќе подолго време, мислев ќе ја нема, ама уште е тука :worried:

    Безчувствителноста не е добра работа, само прави другите да не ја поднесуваат, а и го оддалечува човек од другите, па дури и од блиските.Ах тоа его...само кој да разбере...
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    -Дишии длабоко, диши длабоко !!!

    Тоа сакав да си кажам сама на себе.



    Ух.
    Се на куп се таложи,времето ме притиска.
    Сакам малку мир,не барам ништо повеќе.
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Sdk kako ne sum kreten,poubavo ke mi bese vo zivotot.
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Да можев да читам мисли, многу подобро ќе беше.
    Неможам да сфатам никого, а најмалце самата себе.
    Еднаш нешто сакам,друг пат не сакам.
    Сакам да се опаметам веќе, на истите камења секогаш се сопкам.
     
    На Juicy03 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  13. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    сепак господ знае на кој начин да ме развесели да ми покаже дека не ме заборавил и денес кога се почуствував без подршка разочарана од сите далеку од љубениот да ги поделиме проблемите, господ ми го покажа патот преку една личност која одамна не бев зборувала а добоо ме знаеше само ме потсети која сум , како секогаш стоев цврсто на земјата, сама ги вршев работите не барав помош зошто знаев дека ја нема, изгледа љубениот ме разгалил па заборавив :$ , колку бев весела и тоа без да знае ништо за мене последниве годинии, благодарам што ме потсети за тоа што полека го заборавував , и благодарам што ме потсети на реценицата што јас ја кажувава Лугето не се менуваат, туку времето низ кое минуваат ги прави такви какви што се ...
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Многу сум уморна..
    Цел ден шетав, сега си се прибрав. Додека не почнам со факултет, гледам да шетам.
    Како што вика дедо ми „ Уживам човечки права“ :D И јас денес цел ден ги уживав правата.
    Само додека доажав дома, ми беше одземено правото за ваздух, бидејќи, луѓево немаат ОСЕТ. Сфаќам да се запотиш, ама на урда да мирисаш не сфаќам. :?:

    Денес бев кај дедо исто. Човекот е закон. :D Има 80 години скоро, и не се плаши од смртта, работи за да не мисли . Ужива. :D И пола саат ми годеше кај него. Си направивме муабет. Ме почасти :$
    Ич не е скржав, последната пара ќе ја даде за нас. Внуки. Утре ќе одам да му усисам. Да му зачистам :angel:

    Сакам да ве прашам нешто, како да знам дали некој ме цитира или ме спомнува?
    Стварно не можам да одам од тема у тема и да проверувам, пошо заморно е :D
    Фемники ме поздравувале ја абер неам. Сеа видов :angel: :D
     
    На linguaragazza и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Во паралелен универзум пеперутките тетовираат лик на некреативни дрољи на газот...
     
    На bittersweet, feferona, creshicka и 6 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Никогаш нема да преболам што не можам да те гушнам, што не можам да ти кажам 'бато'. Ме боли, многу ме боли. И не, нема да биде подобро. Без разлика колку години и да поминат никогаш нема да биде подобро. Си замина, онака, неочекувано. Не си верував на ушите, а не можев да ги сопрам очите да не тагуваат. Знам дека и Бог ги сака добрите кај себе, а ти беше најдобар. Ме остави само со една цел: Да бидам и јас добра со надеж дека еден ден ќе се сретнеме и да дадам се од себе да успеам, за да ме гледаш од горе и да се гордееш со мене. Те сакам бато.
     
    На bittersweet, kristince51, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Само јас го мразам Скопјето, м?
    Ич несакам гужва.
    Утре одам за Скопје, на болница .. сите да ми држите срекичка :inlove: :*
    Ај сега добра нок :) :)
     
  18. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Сликата кажува се'...
     

    Прикачени фајлови:

  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    "Ooo Ричи, си пуштила стомаче, оо Ричи си зголемила задница, колку килограми се во прашање? :wasntme: " :yawn:
    Да, може сум пуштила стомаче, сум качила некое кило, тоа барем значи дека ми е убаво. А вашиот мозок? Колку грама се здебелил? Или треба да прашам колку ослабел? Нема напредок како и да е.
    И зошто некој би се замарал со моите килограми? Па ја бре не се мерам, дома не ми водат сметка колку килограми слабеам се дебелам, та не некој од улица. Да биде уште по трагично, првото прашање не е Како си ричи, туку Си се здебелила? Мајке ми. Сум се здебелила. :emo:
    Која е сатисфакцијата некој да ужива во моите килограми било да се 2, 3 плус-минус?
    Та и братучетка ми ја гледам, Пф, ричи, се замарам дека сум била дебела а види ја онаа каква е, слон! Моллииимм? Црна жено проклета била, таа не ги носи и твоите килограми алооо, таа не ти ја носи душата!!
    Штета што се замараат со вишок килограми а не вишок здрав разум.
    И здебелена сум!
    И убаво ми е!
    И на Него сум му убава, море најубава!
    И на Мама сум и најубава!
    Е така!
     
    На creshicka, CIA, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Викендов си го поминв ептен релаксирачки,без непотребни гужви и небитни луѓенца .Ве читав и читав и еве сега си уживам и се спремам за еден добар сон и убав почеток на неделата 8) .Одморете од секојдневието и уживкајте малце со мене :tmi: :*

    http://www.youtube.com/watch?v=yi06Tiu1OCM&feature=fvsr
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.