Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски

    I know what you mean ;)
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Ич ама ич не знам да читам меѓу редови.

    Јасно ми е само ако кратко и конкретно некој ми каже.

    Уште на времето кога влегував во светот на возрасните имав еден кој имаше такви некои поматувања на свеста,па почнуваше да прави проблеми,никогаш не бев сигурна што сака да каже,....другарка ми ми кажува нешто во завиена форма,комшивката чудно ми се смешка,и на крај овој мојов фино лепо ако сака секс нека каже ,па да бидеме на чисто.

    Ако некој сака освестени луѓе тоа сум јас .А често имам работа со оние кои тоа не се.

    И не се трескам до земја да разберам некој кој ни себе не се разбира. :drunk:
     
    На Dvolicen, marama, Gea и 8 други им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Sdk esenta doagja sakale nie ili ne!
     
    На Glossy-girl и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    СДК дека поголем педер од него, нема!
    Ме гледе како кокошка некоја, ехе само да ми се укаже прилика има така да го испезам што нема да го заборави ова пезење цел живот!
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сдк нема човек што ќе си дозволи да биде повреден.И не е вазно човек каде е, туку со кого е.
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ја сакам есента само на слики.
    Во реалноста?
    Прекрасен есенски дожд, каливи улици, ти доаѓа да облечеш јакна зимска од студ,а гледаш тоа 12,09 да ти било.
    И така Ашлинг шлапка со апостолките,белото фустанче и се влечи по калта, додека од шахтите се прави ненормална поплава. Си доаѓа дома,а дома нема топла вода!
     
    На marama, Stoimenovska, Glossy-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Попладнево ќе го преспијам, а вечерва ќе ги ставам слушалките и ќе си шетам низ град слушајќи музика, ќе си бидам сама свое друштво и ќе си посветам време себеси.. :)
     
    На anabel-a, Elenuskaa и cinderella5 им се допаѓа ова.
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Уште не расонета во омилените пижами седнав на фемина :) се навикнав тука најсериозно, кафенце, цедевита и Фемина, хм моето омилено друштво, го пијам првото утринско кафе со моите виртуални пријатели - прекрасно.

    Туку вчера ми беше втор роденден ЕДНА година откако сум на Фемина, откако се дружам со вас, само бев премногу збунета со онаа CV-то па не успеав да ви кажам :wasntme:

    Have a nice day my virtual friends :hug: :hug:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На AnaKarenina, Pirana и starbucks им се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кој рано рани, очите патлиџани. :D
    Првпат летово да станам рано, барем порано од вообичаеното. И не е многу убаво. Како трудна жена имам мачнини во желудникот, очиве ми се залепени, а подочњаците ми се до колена.
    Убаво е кога немаш што да правиш, и имаш тон време да си посветиш на себе, ама јас годинава претерав со моево. Време ми е да се вратам на нормален живот. И да завршам по некоја обврска.
    Септември ми е гз преку глава. Само уште да не ми беше толку тешко да му кажам официјално крај на летото. Офффф.....
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    И покрај сите неубави денови годинава се надевам дека денес ќе бидам малку среќна и ќе ми биде убав овој ден.Можеби не сум толку активна,но ве читам сите затоа послужете се !!!
     

    Прикачени фајлови:

  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Убав план ми е зацртан за викендов, па добив желба да ви дадам слика на нашето другарство :)
    Таа ми рече дека сака кога сум директна, а јас од истото понекогаш се срамам. Се менува, не е повеќе толку смирена и тивка, па се чинам ги менуваме улогите. Па додека ја се срамам од прашањата што ми се моткаат во глава, таа од никаде ќе се појави со желба да иде на пијанка. Па побогу, таа секогаш сокче пиеше во кафич :D Сега јас пијам минерална вода, а таа земала голема кригла пиво. Интересна ми е, и убава. Поубава и од најубавото расцветано цвеќе во мај. Кога ќе избрзам, ќе ми се налути, па после ќе ми рече –Еј ај смири се, што ти е денеска, немој да ме караш :) А јас, јас глеам репризно просечни женски филмови за неа. Зашто таа такви сака. Па се залетуваме кон светот, ми вели –Никогаш нема да те оставам, каде јас таму и ти. Муабети како ќе си бидеме комшивки во Мексико, Канада, Шпанија, Норвешка, Австралија...Сонуваме.
    Тој, секогаш сме на рамно. Ќе се испокараме, па ќе се испогушкаме. Обожава да ги оговара моите бивши дечковци, ми вели –Ти можеш подобро од тоа. Искрен е, зашто тој е таков, кога правиш нешто глупаво веднаш ти кажува за тоа. Понекогаш толку размазено се однесува, па ме нервира. Па тој ќе ме откачи поради моето нестрпливо однесување. Ќе се налутиме, па за неполн час ете сме, се смееме на нешто сосема трето. Такви сме, исти потполно. Не се замара, не трпи глупости, не му е гајле ако на некого му сметаат неговите постапки, ама тој е пријател...Би ме носел на грб ако ја повредам ногата и нема ништо да ми пререче, со трпение. И не, потоа никогаш нема да ми го шлапне тоа во фаца, како –јас за тебе ова го направив. Па ќе излеземе и ќе танцуваме како чудаци, без грижа за околните погледи. Колку што го сакам, и го мразам. Како и себеси за истите постапки што и тој ги прави :)
    А Таа...мојата најдобра. Најтопло срце. Можете колку сакате да и газите на нерви, таа најљубезно ќе ви одговори. И ќе се нервира, премногу, ама не и излегуваат зборовите. И се чудам понекогаш колку е фина, со сите, со мене. Се градевме слични, а сега сме толку различни. Ќе и се лигавам како за некоја друга има време, а за мене не, па ќе ми рече –Ти секогаш ќе бидеш тука, тие ќе дојдат и ќе заминат. Ти ќе разбереш, тие нема да ме сфатат. Во право е. Ќе и бидам кума на свадбата. Благодарна сум што ја имам, а не се сметам достојна да сум и другарка. Па се трудам, да и вратам за секое добро, да бидам подобра со неа, за неа. Да не и упатувам извртени цинични коментари, со мисла дека нема да ме прочита. А таа толку добро ме знае што од поглед ми чита. Така секогаш сме се разбирале. И во тишината и во смеата, и во тагата. Па јас, како Тој, ќе и се насмеам за некој нејзин бивш, а таа ќе ме кара зашто не сум била фина со моите бивши. Ќе споделуваме среќа и солзи, па некако чудно ќе се прегрнеме, зашто такви сме, ние тоа ретко го правиме. Се сакаме со срцата, не со допирите. Сродна душа, излишни се зборовите...
    Убаво ми е на умот и на душата. Лесно е да се биде благодарен, кога нивната љубов ме опкружува. Затоа имам верба во другарството, затоа сум комплетна и среќна. Ќе гледаме некој лигав филм, со мартини во рака и маслинки низ него. Едната ќе испие две, три, другата само малце ќе цуцне, а јас ќе ја лижам маслинката, зашто не сакам многу благо. И тоа ќе ми биде совршената саботна вечер, подобра од било која друга и со било кој друг.
     
    На Hayley, eli25, cinderella5 и 23 други им се допаѓа ова.
  12. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Koнечно најдов дупка во совршенството...Како што се вели влакно на јајцето :lol:
    И така вчера се радувам за нарцисот си велам еве душо моја ќе има шеги на твоја сметка. Малку ми даде мотивација оваа информација зошто денот ми помина така анализирајќи една случка од летото и си велам;
    Глупачо една,глупачке :( Каде испушти таква прилика ама што да правиш било поминало и како што се вели не паметиме денови туку моменти...Момчето со очи како небото :wasntme: ама ајт било и не верувам дека ќе дојде пак :|
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Росно утро, убаво претпладне, се надевам на уште поубав ден ^_^
    Нескафе во омилениот црвен џиш филџан, така добро ми е сега, што не би го напуштила овој радиус никад, ама никад :wasntme: Од сабајле на маса ме пречекаа смоки со играчка(во кои ми се падна еден глупав беџ :( а баш очекував дека внатре ќе си најдам мали слатки пластични срциња обетки :angel: ), Моја Кравица и писменце со задача „свари го гравчето“ со препознатлиот кос и најситен ракопис на мама :wasntme:
    Ете, бидна и гравчето од мене, зачинето по моја желба, но по вкус на сите, куќава ми мириса на босилек и нане, баба се напи ракиичка за да ме блосој и сега можам да уживам до бескрај. Аурата околу мене е сјајна и се прелева, блика енергија.

    Ееех, колку ги сакам ваквите слободни денови...
     
    На cinderella5, bittersweet, teddybear и 7 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Моментот кога се прашуваш дали бедната заштеда да ја потрошиш на :
    ~козметика
    ~зимница
    ~патики за децата
    [​IMG]
    Пуста сиромаштија ќе ме уништи [​IMG]
     
    На eli25 и sunfemina им се допаѓа ова.
  15. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    И само по поминати 12 часа од мојот пост во СДК еве некоја цура ми постира на фб како ја поздравува мојата врска. Колку благородно од нејзина страна. А истата таа под око го шмека мојот споменуван. Лицимерие и завидливост на кило. Не, немам ништо против неа. Ја сакам многу, сепак од исто родово дрво сме. Растевме заедно секое лето. Али пораснавме во сосема различни цури (каков збор). И двете донекаде и убави и паметни лееле - лееле. Но едната со неопислива животна цел. И тоа да го следи мојот пример на живеење. А.А како? Да си најде добро платена работа и по некое време да даде отказ и да иде за УСА. За Уса да ја извади од калта во која се гуши. А паметна е препаметна. Ама сака да ја мати водата во другите дворови. И дирекно вика дека и се може истото. Но до кога така и немој да остане само таму кадешто е цел живот. За реална, реална е, барем. Јас далеку од тоа, по си фантазирам. Имам свој свет во кој не сум зависна од комплексот сите да ме сакаат. Ниту пак да ме опсипуваат со внимание дечковците на другите девојки. И и викам честопати ` Дај олабави се, не е убаво толку жештина да праќаш намерно кон сите.
    И знаете иронијата е чудна особина. Порано не ја сакв бидејќи ја обожавав/м и практикувам искреноста. Тоа и го очекувам за возврат. Секогаш се да се шлапка во лице директно. А не ко пи.ка :$ . Но сега сфаќам дека со некои луѓе мора да се тера така. Само иронично, па побогу што има да се карам со сите и да докажувам дрн дрн јариња. Мојата потрага по подобро утре ме дистанцира од светот. Што да се прави бррре... бррр.

    И да јас сум љубоморна, нескротлива, емотивно нестабилна, уплашена (барам добра бајачка, препораки). Затоа и јас тапкам во место поради затупеноста на туѓите умови. И сеуште не сфаќам дека не може злобата да ја променам, ама баш кај никој жив.

    Јас никогаш како ти, нема да сакам да имам дечко како твојот? И олабави ме ти се молам. И најди си работа веќе во ГооЛемата Фершпед ти се молам. Стани богата и уживај. Да не ти слушнам глас, ќути и гледај си да најдеш дечко како мојот.
    Ајде девојки кои немате пари за лепче, а им ги зимате парите на вашите за да купите дооБро парче Фустанче: Дека сте добри пи.иња.
    http://www.youtube.com/watch?v=sSg_rv6zqmA
     
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Од секогаш знаев дека е емотивец како мене,ама не знаев дека еден ден тоа ќе ми го каже и тоа само на негов суптилен начин. Вчера уз смеење почна сосема спонтано да ми реди стихчиња. Негови, за нас. И колку сака нека е патетично, ми беше убаво. Не толку самата замисла туку потребата да се зближи со мене. Преку работи што ќе допрат до мене.

    А,најубаво од се е што за сега имаме 2 строфи и уште цел живот да ги докалиме наредните.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Уште една борба да напишам CV незнам која по ред, 1000 пати направив пиши избриши :sweat: незнам како да го почнам :devil:
     
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Солзи на очи доааѓаат од овие тажни приказни а сепак влеваат надеж .......



    http://www.kafepauza.mk/zivot/prikazni-vo-koi-vladee-iskrenata-ljubov/
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Може ли една шоља кафе и убава музика да ти го напрват денот? Мммммм и тоа како.... :dance:
     
    На Bright и anabel-a им се допаѓа ова.
  20. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    СДК.одамна не сум пишала некој пост се нешто сум зафатена,или учам или се некаде брзам..сеа од фах се вратив па онака ми надојдоа убави мисли па да си ги споделам и со вас...
    Убаво ми е денеска .. се осеќам убаво, исполнето .. можам да кажам „среќна сум „ само нека потрае вака ..
    Возејќи се во автобус размислував за многу работи.. за љубовта .. па се прашувам зарем поминаа 3 години?? Летнаа толку брзо што не ги ни осетив,само почуствував многу среќа,тага,лутина,омраза,бес,каења,љубов во овие три години .. Да драги мои со мојата љубов направиве 3 години откако сме заедно .. го изненадив многу .. не дека му подарив којзнае што туку земав ги извадив сите наши слики (појќе од 300) ги стаив во албум,напишав посвета и му ги подарив .. се израдува .. ко мало детенце беше..ме гушкаше силно .. па заедно ги гледавме и се сеќававме на убавите моменти .. се радувам и јас ни се враќа оној жар во врската,онака како на почетокот,убаво ни е пак .. ги снема караниците и одбегнувањата по дома (еден во една,друг во друга соба)..

    Се оди напред ..а од друга страна се осеќам ко да стојам во место,тешко ми е на факултет,морам да сум упорна,да успеам..ова е тоа што отсекогаш го посакував и ќе успеам,се ближам кон целта..

    Ми недостига таа (братучеднками) поминавме прекрасно лето заедно..цел месец неразделни..секоја вечер седевме до 4-5 си делевме совети една на друга,се гушкавме и тешевме..заедно плачевме .. потоа се смеевме .. слушавме музика .. пеевме .. збунети,тажни ние се правевме дека сме среќни .. никој не ја забележуваше тагата во нашите очи .. глумевме прекрасно ..

    шетавме по цели денови ... цело торино го прошетавме .. потоа скопјево го шетавме .. одиме така замуабетени и однекаде ке се слушне некој глас,некој возрасен ке речи:„споменик до споменик,не ги гледаат луѓето без работа туку споменици си градат„ продолжуваме понатака занесени во муабетот друг ке рече: „ ах колку е убаво скопјево,прекрасно е ..само да се зачуваат овие работи“ .. .
    Што сакам да кажам со ова, на луѓето неможиш никогаш да им угодиш,колку и да се трудиш секогаш на секој нешто или ке му смета или ке му фали ..

    Тешка беше радледбата со неа,два дена плачења и тешења,дека наскоро ке се видиме пак .. стоевме онака гушнати без да се мрдниме,само солзите низ нашите лица трчаа а ние се молевме времето да застане .. неможев појке,се качив во кола.. седев до прозорот и ја гледав како се одалечува,плачев..плачев ко мало дете .. за никој не сум плачела толку..никогаш разделбите не ме расплакувале толку.. но оваа ДА .. ние сме толку слични да не речам исти.. само таа ме разбира .. сама таа ги сваќа моите проблеми.. знае како да ме утеши .. да ми помогне... И да после се радувавме..после дожд нели сонце иде..ја примија на работа во алкалоид .. среќа.. само што заврси средно.. блескавме од среќа,се радував и за неа..скокавме,се радувавме .. само едно ке и кажам:
    „те сакам дади,чувај се,не дозволувај други да ти ја уништат среќата.. твоите солзи никој не ги заслужува,биди силна и ке успееш :l:
     
    На kravce, 1209, Elenuskaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.