1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [​IMG]

    Ова си го иам помислено за милион безвезни искачања и пак не ми иде памет :fubar:
     
    На Stoimenovska, M.a.r.i.l.y.n, Miss-Independent и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.793
    Допаѓања:
    163.059
    Која иронија човече. Почеток на академската година со молитва... Мислам нема што да додадам...од повеќе агли гледано. Лакрдија!
    А Грујо, ако толку ја гледа иднината у пензионерите,се надевам во идната програма која ќе ја остварува е бесплатна реанимација,пошто младина не заборава и тешко гласачи,тешко,а башка ги заболе таквото старциве себични, нема да плаќаат дугови на една бизарна влада. Приоритет бе пензионерите! Епа не најде и не најде начин човеков посуптилно да се увлекува во свиснати задници со хемороиди! Одвратен е значи!
    Вие добрички сте денес?!
     
    На lunicka, anneyy, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
  4. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Чекам нешта што нема да се случат.
    Знаете, како она кога шансите ви се 1:1.000.000, ама си чекаш, си викаш: Е, ако де, еден-еден, барем е повеќе отколку нула. Што ти прави оптимизмот во мене.
    После нека ми се жалат не сум оптимист! :!:
    Си чекам јас. Ајде, ајде. Мо-жеш-ти-то-знам-Ци-цо, само оќеш да ме нервираш!

    Ме викаат другаркиве. Да сме прошетале па да сме си гледале на кафе. Глупости од досада.
    Мене 2 месеци ми излегува некој со прстен кај што клечел.
    Не знам дали се напрчил и пропаднал клечејќи, или се заборавил, па му се закочиле мускулите и сега не може да мрдне, ама нигде го нема. Среќник.
    Лек? ДМ Сат!
    Млада, сексуљава госпоџица со свежо раситнети 20ти, бара Господин Човек со кој ќе им се подудараат (интересите) на различни полиња. Јавете се на една осамена душа. Поздрав со песна „Ти довољно млада, ја довољно луд“ и нека трепка во разни бои.
     
    На M.a.r.i.l.y.n, kravce, Libera и 9 други им се допаѓа ова.
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Вчера беше прекрасен ден,ме изненади најпријатно брачеда ми која што ми се јави и ми кажа дека е Битола на широк сокак и пие кафе.Со неа за прв пат се запознавме пред 3 години ,пред тоа била овде кога имала само две години како и мене.Се поврзавме неверојатно,заедно спиевме,јадевме,излегувавме,како цел живот да сме се знаеле.Си ветивме дека ке комуницираме секој ден откако замина,што и така беше.Иако далеку,сепак сме многу блиску,ретки се луѓето како неа кои што те пленат со цела своја внатрешна убавина,добрина,едноставно зрачи со позитивна енергија. Таа е мојата сродна душа со која што се разбираме со само еден поглед.Мислев дека нема да се видиме за скоро иако вети дека ќе доаѓа секоја година,но вчера си го одржа ветувањето,дојде,ме изненади најубаво иако не очекувано,но прекрасно беше,се прегрнавме силно премногу,зрачи од среќа,заљубена е по прв пат вистински во некој кој што ја сака и заслужува. Премногу сум среќна за неа,а и таа за мене.Си кажавме се една на друга и цела вечер се гушкавме и муабетевме.Таа е мојата сестра која што од секогаш сум ја посакувала и ја имам :inlove: ,секогаш ќе биди моето маче како што се викаме :D Ахх колку сакам вакви средби кои што ме исполнуваат со моите драги личности.Сакам да ги има што почесто.
     
    На N.Kety, anabel-a, Buttterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.359
    А да, тоа што некој има статус сингл, не значи дека е авејлабл...нели? Ај молим вас, first road, left.
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Дека си добив внука нека е жива и здрава
     
    На kate21, Marilyn-Monroe, eli25 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :$ |(
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Некоја моја, очигледно, психологија за самоуништување ми го прави ова. Жими сВе !
    Значи како радар во ушиве да имам, и наоѓам само женкари. Ама тешки женкари и лажговци. И сега место некој дел од мене да сака да се самозаштити од нив, абе упорно сакам да ги имам.
    Значи клише е веќе ова кај мене. Мислам како да ви кажам . :D

    Тоа црн, тоа симпатичен, тоа еден осмех директно у срце гаѓа, тоа око неверно. Не бе мора да го имам
    :D Ама имам и радар за лаги. И го фатив дека лаже. Сепак неможам да си помогнам. Едноставно како слепец. Запнав како мало дете во продавница. Сакам, сакам, сакам !!!!!!
    :D
    И тргедијата е , што сакам да го имам, ама на кратко. Не дека не сум љубоморна, горам, горам у ушиве. Ми се запалиле. Ама не сакам врски . Не сакам. Посебно не со лажговци.
    Ме лажеше заб му се скршил. Ми пратил слика како пензионер некој штрб, го фатив дека лаже, ама сепак бе, толку е убав неможам да се осамостојам, опоравам .
    Во моментов се чувствувам како мањак, ококорена во очиве на фб, само уште еден мантил да облечам. Имам у шкаф еден црн, мањачки. Мој е ]:)

    Опремена сум :D
     
    На anabel-a, kravce, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    227
    Се надевам дека еден ден луѓево ќе сватат, дека националноста човекот не го прави ЧОВЕК!..Зошто бе луѓе, зошто такви предрасуди, каде ви отиде човечноста, моралите, вредностите, каде?!
    Кај мене во клас учи еден босанец.Мислам дека покултурно, подобро и попаметно дете во живот немам сретнато.Овие поголемиве од 2-3 година се скурчиле, сакаат да го тепаат, зошто? затоа што е босанец, ала да ви е бе,ај сеа ја да ве фатам и да ве претепам пошо сте идиоти!..
    Искрено повеќе вие го заслужувате ќотекот, него он.Жал ми е што морам да го кажам ова али во животот има повеќе сретнато босанци и турци кои се покултурни од македонциве наши....
    Чуствувам дека никој не ме разбира, џабе дрндам и зборам за темава...Или јас не сум од овој свет или они.

    Што да правам, сум човек без предрасуди.Србин, Босанец, Албанец, Англичанец, Турчин- не е важно што е додека ми нема згрешено на мене се дружам со него, и го почитувам.

    Чисти пример ќе ви дадам сеа.Тетка ми ја однела баба ми на сликање во некое студио, мислам дека и требале сликите за нова лична карта или така нешо беше не сум сигурно.Жената стара значи имаше накај 70 и нешо години.Фото студиото било на два спрата.Сликарот бил Македонец, ги изнашетал горе доле тетка ми и баба ми, го видел тоа тој што работел со него(Албанец бил) и му кажал на Македонецов, срамота е жените во години ги шеташ нагоре надоле, побрзо заврши им работа ако треба ја ке ти помогнам.Човеков без осте пола саат ке влечкал и никако да ја сликне баба ми таа сирота стара одвај се движи.Тетка ми останала онкава :o .. А она е голем националист, ми го кажува тоа и ми вика ако е Албанец, од мене има респетк за неговата постапка.

    Најобичен пример.. Немојте да сватите погрешно не сакам да кажам дека ние Македонците сме за никаде,или да навредам некој, али вистината е таа..

    Луѓето мораат да сватат дека и кај нас има добри и лоши, ама и дека кај нив има добри и лоши..

    Многу се занесов, ама неможев веќе да издржам, пукнав..

    Толку од мене, бтв се чуствуам ко вонземјанин заради некои мои ставови..

    Поздрав феменинки, имајте пријатна вечер. :hai:
     
    На Micheleljubov, Buttterfly и kravce им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Како ми се јаде пица
    Уффф :D
    [​IMG]
     
    На Juicy03, Stoimenovska, M.a.r.i.l.y.n и 14 други им се допаѓа ова.
  12. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК-Екстерни тестирања ! Ааааааааааааааааааааааааааааааааааааааах колку ве мразам ! Зошто,зошто ? И тоа по македонски,математика,по некој јазик и + уште по некој предмет ? ЗОШТООО ???
    И на екскурзија ќе сме оделе во мај,па можеби и таму ќе сме славеле полуматура.Г-л-у-п-о-с-т-и.Живи глупости.Што барам јас од тука да славам полуматура таму ? И + сама ќе се спремам ??
    АХХХХХХХХХХХХХХ колку сум исфрустрирана,до 1516516541851884 и назад !
     
  13. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Работите повеќе се ценат кога ќе се изгубат. :!:
     
    На Serafima, Stoimenovska, Glossy-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Луѓе од типот “одвај чекам куќава моја да ја напуштам домашниве поќе да не ги видам’’ вистина постојат. Деца недораснати што светов го гледаат преку розови наочари. Така тоа се правело, само си одиш и не ти треба никој да те финансира понатака! Сам човек ќе си риба подови и евентуално ќе се образова највисоко и ќе живее во палата на Хаваи.
    “Јас сум нон стоп насмеана, тажна многу ретко ама тогаш си ги имам моите другарки и другари (и тоа 16 од женските и 58 од машките!!) па така да брзо врви. Зрела сум и знам таквите мигови веднаш да ги надминам. Никој, никој, никој па дури ни мојот 2 годишен брат не смее да ги види моите вистински емоции! Ниту пак јас себе смеам да си ги покажам! Плачењето е убиство на душата и трошење на скапоцено време. Имам цел во животот и талентирана сум, знам што сакам. Мене ме бива најмногу за забава и смеење секој ден. Мојата насмевка е испраксирана толку многу што никој не знае како ми звучи вистинската... ако постои. Животот си го врвам така што секој ден го живеам како да е последен (забелешка, станувам за нашколо, одам дома јадам 2 кила леб, со стомак подуен на фејсбук до следно јадење, па тв, малку учење и ај да излезиме се испијаниме).’’
    Ако бре. Само напред, па еден ден ќе бидеш во право.. Во доцните дваесети кога ќе оставиш 7 деца без мајка затоа што срцето ќе ти запре од дозата на алкохол применета дневно што ја надминува просечната месечна доза на нормален човек.

    Признавам, премногу сарказам и хипербола во еден параграф, ама денес слушав разговор од одвој тип и, се знае, мое е да издраматизирам и преувеличам.
    Алал да ти е, ми кажа што е живот, како успеав до сега да си трошам толку време без живеење вистински?

    Но, и луѓе што се понормални знаат дека да се преживее во денешново мизерно опшество мора да постои глума. Само се прашувам, дали ќе го дочекам некогаш денот кога луѓево нема да бидат толкави кукавици и ќе си го покажат своето вистинско лице? Барем пред себе си, во најмала рака.
     
    На Buttterfly, Mishela, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Мене на тацната вчера прстен со камен ... а денес невозможно но возможно оригинал кучешка поза :tmi: :D Кој знае да тумачи нека каже ... Перверзии.

    Него кога сме до кај кучешково, кучињава многу ми се радуваат. Значи и прв пат да ме гледа рипа кон мене, скока ... посебно ако имам нешто за папање ухуу едвај чека. Денес со малион голем лабрадор поделив смоки, кога ми се наврте на крај и празна кесата му ја покажувам он упорен зинал, ко дете кога не ви верува и уште чека така и ова. А една смока во рака држев, скокање ме грабна за рака и ме гризна маалку ... кога викнав ко на дрво продолжи да скока.
    А едно малецко бре ме гледа јадам сладолед зинало ... фрлам го лапна одма, пак му фрлам пак ... Си викам види го бе луксузно мало ... крка сладолед. После се наврте чека уште, не давам. Тргам по мене трча и зинало со јазикот исплазен у стилу дај ми дај ми сакам, тоа беше сцена хумор ... :D
    А бе деца мали и животни ја чувствуваат добрата аура и душа кај човека.
    Ајт кажав нешто, сега да си уживам во вечерата и винцето.
     
    На Neytiri и kravce им се допаѓа ова.
  16. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.304
    Допаѓања:
    12.940
    Пол:
    Женски
    Што е онаа епидемијана на фејсбук Енци-менци?
    Како можат мајките да си ги рекламираат децата, се со цел некој партал да добијат?
    Да молат, да пустат чиниш за животот и доброто на детето се работи?
    Па уште голи дечињата. Не, не е слатко тоа. И не, нема да лајкнам и гласам.
     
    На kravce и Waka-waka им се допаѓа ова.
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мајките се горди на своите деца, си ги сметаат за најслатки, најубави. На сите профили на мајките има повеќе сликi од децата отколку од нив самите.
    Затоа што сметаат дека токму нивното дете е најбебе и си објавуваат фотографии.

    НАГРАДА. - Каква и да е , колку и да е вредна или невредна е нешто што секој сака да го добие. Верувај, луѓето се тепаат за да добијат една обична топка, или маица или било што. Кога е награда, ќе земеш што и да ти дадат. Абе една карта за во кино која чини 100 денари , знаеш ли колку вреди да му ја дадеш на некој љубител на филмови?

    И јас ги разбирам овие мајки. Колку што се сеќавам подаруваат опрема за бебиња. Абе и една цуцла да добие некој ќе се радува, верувај. Осбено поради тоа што времињата се такви какви што се.

    А мајка ко мајка. Нејзе нејзиното и е најубаво, па зошто да не сподели слика сите да го видат. На крај краева, наградата и не е многу битна...

    И да, имам 3-4 пријатели кои гледам ја играат играта. И секој ден гледам да гласам за различни. Ги мразам оние кои молат лајкови за да освојат некоја награда за себе и обично се многу напорни. Ама за бебињава гласам. Освен тоа и слатки ми се, и сакам сите да добијат нешто. Тие ке добијат, не нивните мајки. :)

    Инаку не, не играм игри чиј услов за победа се лајкови. Не можам да се натпреварувам со некои кои имаат по 5000 пријатели, и сите ги молат за лајк :lol:
     
    На Stoimenovska и Tikvi4ka им се допаѓа ова.
  18. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Е, баш тоа. |( Ама глупости! Скренаа луѓево. :swear: :fubar:
     
  19. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    ова повеќе ќе биде сакам да прашам:D Lux Kоја е девојката на фотографијата?
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Сакам да кажам дека не е фер и дека нема правдина почина едно мое пријателче 20 години :( многу добро детенце не заслужи да заврши така...Понекогаш си мислам дека само на добрите лошо им се случува и сакам да бидам невиден гад но неможам срцето не ми дозволува затоа и ке си патам....
     
    На kristince51 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.