Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    RIP ;( ;(
    Mitzy

    Остави голема празнина ... :u: ;(
     

    Прикачени фајлови:

    • mitzy.jpg
      mitzy.jpg
      Големина на фајлот:
      18,5 KB
      Прегледи:
      391
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Веќе мозокот ми стана imma party i go dance put your hands over my body.. :music: :dance:
    и кога веќе кажувам нешто, alessandraaa си и го украла аватарот на Name. Не за друго, многу блиска другарка ми е како сестра и мислев дека она напишала нешто :)
     
  3. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Треба да стекнам нови навики asap! Учењето треба да ми биде прв приоритет.
    Неможам секоја вечер во 9 ипол да пишувам домашна, 10 саат учење (колку толку). Тоа треба да престане :( Денеска бев претепана! Морав 2 пати да си направам капучино само за да не заспијам. Просто немам време за спиење преку ден. Во 2 саат доаѓам, во 20 до 4 одам на автобуска за на пливање, се прибирам во 7, и кулирам до 9. Пола саат до саат на компјутер. И каде тука се вклучува учењето, пишувањето домашна, местење ранец итн? После 10 саат, јас со будалите!

    Затоа викам дека треба да стекнам нови навики.
    На лепливо ливче напишав ПРВО НАПИШИ ДОМАШНО, ПОСЛЕ НА КОМПЈУТЕР! и го залепив на огледало. Исто пишав ПОСЛЕ ПЛИВАЊЕ НАУЧИ ГИ ЛЕКЦИИТЕ! Наместо да кулирам јас можам да си научам фино лепо, па после ќе си уживам до спиење!

    Толку од мене за денес. :hai:
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    СДК ме изнервира и тоа добро. Утре ќе ми платиш ;) :D
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Кога мислиш дека ги знаеше сите одговори,животот ти ги менува прашањата! - Една голема вистина.

    Повторно на мое огромно разочарување се вратив на почетокот.Не знам колку ми беше потребен овој луксуз,но знам дека нема да ми се исплати.Ништо нема да постигнам,само можам да си ги изгубам нервите.
    Не не,не сакам да се чувствувам вака! Воопшто.
    Доколку некој друг ја имаше оваа потреба ќе го сфатев,ќе го ислушав,ќе најдевме решение.За мене неможам да пронајдам,се чувствувам заглавено во својот сопствен лавиринт.Еднаш го поминав ова,не сакам уште еднаш.
    Кога би ме знаеле,би се согласиле со мене дека она што сум во овој момент,не наликува воопшто на мене.

    Господи,помогни ми.
    Ги сакам истите прашања,оние на кои одговорите ми се добро познати.
     
    На Hayley, kravce и Barbie20 им се допаѓа ова.
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Што ви е филмов со аватариве? Не зборувам само за Спичлес погоре, бидејќи сега последно нејзе ја прочитав, туку и од претходно сум приметила некои феминки уште малку па ќе те затепаат за аватарот. Ко демек некој се труди да го украде од некого. Илјада членови сме тука, нормално дека ќе има некои со ист аватар, не мора толку да се залетувате дека баш ви го крадат.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    За момент се почувствував премногу среќна. Не знам ни зошто,само знам дека одамна не сум се почувствувала вака. Сватив дека животот е прекрасен. Ти нуди многу можности,ти само треба да избереш по кој пат ќе одиш. Од нас самите зависи нашата среќа :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Начисто скренаа ! И тоа 2 пати екстерно.Еднаш на полугодие како демек пробно и 2 пат на крај.Е бравос бе,бравос ! -.-

    Он топик:
    Си направив Твитер,конечно ! Сеа 8)
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе се згазив од смеење, а не треба, знам, лоша сум, грешна сум, ќе горам во пеколот.

    Мајка ми прееска требало да оди во посета на внуката од братучетка ми, на која и се скршени прстињата и рачето и е во лангета.И така жената фино лепо, отишла и купила сликовница, да се радува детото нели, арно ама сакала нешто ново да и купи, да не е се како типичните што и ги купуват обично , и ја купила Палче. :!:
    Палче, бе човече...*facepalm*

    И среќа на пола пат и текнало што уствари направила и која е иронијата у насловот па отишла и ја сменила за Принцезата на зрно грашок.Иначе осеќам, ватрено ќе да е било да не ја сменеше.Awkward situation over 9000.

    И така јас уште си се потсмевнувам кога ќе ми текне, а не треба...штета моја, слаба сум на црн хумор.Ај утре ќе одам да ја видам и ќе и купам барбика за да се искупам за денес.А прашувало детето за мене...
     
    На Serafima и kravce им се допаѓа ова.
  10. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    СДК ми дојде едно чудно чувство се почувствував некако загрозена..што знам можеби се плашам дека неа повеќе ќе ја сакат и ценат од мене.Да , јас сум пред неа овде но што знам јас не сум таква право со луѓе кој ќе ги запознаам да си зборувам како цел живот да ги знам.Тоа ми е мана ама пак никој не е совршен.Е сега таа била комуникативна , вредна и нз ти што.Па што ако јас не сум таква.Јас сигурно си имам други квалитети кој таа ги нема.И што ако денес нз ниту еден ручек да зготвам па ке научам животот пред мене е.Сега додека си можам ќе си уживам а кога веќе тоа не е можно сакам несакам ќе мора да се научам.Ако таа е опуштена девојка и веднаш се прилогодува јас не сум!Па се ќе си дојде со тек на време , се наеднаш не бидува.Е толку од мене некако ми олесни на душава после напишаниот пост. :whew: :D
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    1 Леле вечерва сум многу попустлива, чувствувам љубов и позитивна енергија! Да не речам ептен расположена сум! 8)

    2 Поверојатно е да си ја најдеш белјата ако ја бараш.

    3 Моментот кога повеќе те загледуваат женски, отколку машки надвор... :tmi: фејспалм. Фак офф бичес!
     
    На Serafima и vitomir им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Јас стварно немам проблем на некој да му објаснам нешто доколку истиот тој сака да го сфати истото, нели. :!: Ќе му кажам, вака и вака, таму е лево, наму е десно, ти си во точката таму, јас сум онаму, и без никаков проблем ќе се разбереме. Оти некои луѓе ја користат главата во таа функција на која што и е намената.

    Ама кога треба на некои со инки да им ставам за да разберат, е мајке ми, живци немам. :devil: Посебно не кога имам, кога сум гладна, кога сум изнервирана, ми се лежи само и не ми се мисли на ништо, а некој те тупи упорно бе! Ама зошто лета магарето? Абе оти лета, аман! :envy: Па мене ме нервира некој кога треба да го малтретирам да ми објаснува и да ми цепидлачи, побрзо ќе земам и сама ќе се снајдам.

    Па биваше ли луѓево да се толку глупи и јас секогаш да заборавам дека се толку глупи, биваше ли. Го исклучиле мозокот привремено и мозочните ќелии.... аш буба. :geek:
     
    На LilBaby, Serafima, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    На масата сите зборуваа за бизнис, за пари, за кризата во светот, за глобалното затоплување, за како власта лаже, за здравството и чекањето за преглед, а мене на памет ми беше само ти и помислата дека не смеам да се заљубам...:)
     
    На thelittle17, Serafima, Feminkaa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    конечно ли можам да одам да спијам? па..... за помалку од 2 часа треба да станам за на работа.. е не е фер!
     
  15. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Не знам више што ми е :worried: Толку ми е тапа периодов, толку ми е досадно, пробувам правам нешто интересно ама некако и тоа не иде :x Веќе ништо не ми оди, не ми ни текнува кога последен пат онака добро сум се насмеала. Насмевката на моето лице пополека се губи од ден на ден, имам онака некој филинг ко да сум стаена на mute, нешто ко да не функционирам онака како што треба. Се надевам дека е ова само период и нема долго да трае, веќе и луѓето околу мене ја забележаа промената кај мене. Верувам дека ќе дојдат и подобри денови и дека нешто ќе се смени во овој мој монотон живот.
    Добра ноќ :hug:
     
  16. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Последно мислење 14 март 2012. Можеби требаше да почекам до утре таман 14ти, па да прогласам крај на 6 месечното одсуство. Искрено мислев дека поминало подолго време. Бавно ми поминува времето. Повторно се потврдува теоријата на Ајнштајн дека се е релативно, вклучувајќи го и времето. А каде сум? Физички дома, психички лебдам некаде, неодредено. На раскрсница без да знам кој пат да го фатам. Се вели дека времето менува се. Но, не е така. Ние ги менуваме работите со нашите постапки. Ако не преземиш ништо, ако вегетираш, ако само егзистираш нема ништо да се смени. Затоа лебдам. Дремам во една точка од мојот живот бидејќи секој понуден пат ми води во ќорсокак. Чекам некаков си излез. Не знам дали само јас барам премногу, или пак сите околу мене се задоволуваат со премалку. А има и такви кои ги гледам дека се качиле на '' лента за трчањe '' верглаат во место и се надеваат дека некаде ќе стигнат. И јас бев на лентата некое време, подобро е, се лажиш дека одиш некаде, напредуваш. Проблемот е кога ќе сфатиш каде се наоѓаш. И потоа, не сакаш пак да се качиш на лентата. А одоколу почнуваат да те гледаат попреку бидејќи не се вклопуваш во нивната заблуда. Не одиш во тек со нивниот ''совршен'' тек на живот. Да, совршено е се. И градот и сите во него. Совршени како фасадите на Широк Сокак. Однадвор прекрасно, а внатре труло и празно. Не можам и не сакам да се задоволам со површност. Навистина не ми е јасно како е возможно луѓе на 25 години и повеќе да го сметаат за достигнување тоа што смувал 3 девојки во иста вечер или обратно и се пуштиле 10 типци, а утредента со крената глава се фалат за тоа како да освоиле Нобелова награда. А одоколу слепци кои им се клањаат со ВАУ фаца и се надеваат дека некогаш ќе го достигнат тоа.
    Ме нервираат страшно изместените вредности во оваа држава. Можеби ми е некоја нова фаза на созревање. Можеби е само нашата држава која оди во пропаст и ние со неа. Не знам. Ништо не знам. Знам само дека не сакам да верглам во место. И не ми смета да бидам аутсајдер се додека не го најдам оној пат кој ќе ме помрдни од мртва точка. А, ќе го најдам.
     
    На Divinebutterfly, mims-89, Lux и 12 други им се допаѓа ова.
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Добро утро добри луѓе :).Денес станав рано и дека е сеуште рано за обврските решив да и посветам време на Фемина.Имајте убав ден !!!
     

    Прикачени фајлови:

  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Си ја открив болеста и си ја поставив дијагнозата-станувам човекорексична [​IMG]Како?Од каде? Еве примери:

    ситуација 1-се скарав со мајка ми за перење на алишта.На овие години ми се плетка во работата.Не биле завеси за во машина,требало на раце да се перат.Е ако да не...не зборувам цел еден ден со неа зашто ме нарече недомаќинка |(

    ситуација 2-имам една комшивка жената во години е ,си има болка на душата.Синот има 42 години и е неженет.И само ме напрега да сум и наместила некоја од моите другарки,ако биле разведени.А имам 2 такви...мислам...кај јас да продаџисувам кога не ме бива за тоа.Ама ајде реков, го споив со едната ама тој абер нема.Другарка ми се жали не ја поканил да излезе. Е сега...пак јас крива.А тој нејзиниот знае ли дека треба да излезе на воздух,да се прошета ,нека испие кафе.За тоа нема време,ама има да ординира по нет.Има ли логика за такво однесување .А да,Не мораш да се трудиш,да трошиш пари.Се разгаќуваш седнуваш,јадеш нешто мрсно,си ги бришеш рацете од маицата..и праќаш виртуелни цветчиња на незнајни дами.Да,тоа е бесплатно ]:)

    ситуација 3-маж ми.Кратко и јасно.Доаѓа завчера целиот зацрвенет се договориле од работа да одат кај некој колега , се оженил,па да му честитаат.Ееее,тоа да го видите .4 саата изгуби во купатило за да направи неуспешна еж фризура.Ама тоа не му го кажав .Уште толку ќе останеше во купатилото. :|

    ситуација 4-свекрва ми има пријателка која не стои добро со нејзините деца и барала помош за чистење.Не често,ама ете одвреме навреме некој да и подзачисти запере запегла.Се согласив ,а и ќе земам некој ситен динар да се има.Дома па ич немам.Вчера попладне отидов.И ајде да почнам од ручекот,ми вика ми се јаде мусака.Нема проблем не ми е тешко зедов да лупам компири а бабичката ме гледа и ми вика многу дебело сум ги лупела, со остатокот на лушпите децата во нејзино време можеле да се прехранат. :talk: Е добро и преку тоа поминав ајде да забришам ,јас напред таа по мене.На патерица, со коментари тоа вака, она онака...и преку тоа поминав.Бидна ручекот ајде салата да и направам и садовите и ги измив а беа собирани со денови ,да не зборувам како е да миеш засушени садови, а таа да не сум трошела многу вода.Капак на се не ми плати по договорената сума немала ситно :fubar:Е кога тогаш не паднав од столицата... Ех животе...

    Ова излезе баш долг пост .Секоја чест ако го прочитавте :o
     
    На Neytiri, fallenangel, LilBaby и 27 други им се допаѓа ова.
  19. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    СДК дека ме има на форумов точно една година...тогаш не ни помислував дека ќе се задржам волку на форумот и дека ќе стигнам до зелено цветче :wasntme: :) :D
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wolf.girl95

    Wolf.girl95 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    СДК не ми се верува. Па зарем до толку? ЈАС?! Ма није могуќе. :^) А сепак... :o Лелеееее... :@
    Ми доаѓа сама да се натепам понекогаш... :worried: :punch: Ама не, сепак морам нешто да направам.. баш морам! :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.