Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Џиз.
    Еднаш ќе наседнеш на фора, втор пат, понатаму веќе е историја.
    Интересно е да слушаш иста фора постојано или приближно постојано.
    Чекај уште не сум ја слушнала, за едно три саати ќе ме потсети како како телефонот е крив.
    И уште поинтересно е кога нешто правиш од што мораш,а не од што сакаш.
    А, сега не мораш и не сакаш.
    Можеби,можеби down here Ашлинг е копилето with no feelings at all.
    А, знаеш што е најтрагично? Почетокот. Почетокот кој се заборави и упорното префрлување љубомора и квази завист. И шта чеш.
    Молчиш како Талат Џафери зошто не си во право нели.
    Попречуваш среќа.
    Додека од другата страна конечно се преслика за лична карта.
    Веќе не сум чурка од реклама за Промес, него девојка која има лична карта.
    A, на третата страна гледам напорна работа.
    Некој ужива во вакви будалештини како повторното пакување,а јас уште не сум ги испрала гаќите.
    Чекај Ашлинг не брзај, кога низ солзи ќе и објаснуваш на мајка ти во кој дел од собата ти паднала блузата и како нема што да носиш и во најкус можен рок да ти биде доставена на непозната адреса.
     
  2. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    На Smilly, creshicka, Rozich и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Си ја скратив косата.. малку :$
     
    На alessandraaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ве читам, сите се радувате на дождот,дали со мене нешто не е во ред, ама јас ич го некам, не-го сакам и не.
    За џабе е и тоа што во есен сум се родила.
    Абе златно сонце да те огрее, витаминче Д за здрави коски..
    Утринско гледање во сонцето, јога санрајзинг..
    Па кафенце на терасичка , па сите позитивни, насмеани.
    Зајдисонце, романтично ... далечно подсетува на некоја далечина исполнета со романитика.. мислам плажа и сонце, јас и тој како порано .....ех далеку отидов..
    А најубаво е кога после дождот ке изгрее сонце.Да.Нема нешто поубаво како во природата така и во животот..
    Така и јас го чекам моето сонце да изгрее, но еве и бура фати..а него никаде го нема.
    Но, јас не се откажувам, се уште те чекам златно сонце.И знам дека ке дојдеш. :sun:
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Annath, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И така...
    Проаѓаат деновите, проаѓаат неделите, проаѓаат месеците... ПРОАЃААТ ГОДИНИТЕ...
    Луѓето доаѓаат и си одат... Некои се враќаат. Некои од вратените се добредојдени, некои не.
    Некои отидоа, ама се чека на времето да каже дали ќе се вратат. А добредојдени се. Барем мислам дека се. Би сакала да бидат.
    Страв ми е од иднината... Од оваа блискава. Од овие наредниве 10дена... После почнувам да живеам. И нема да се замарам многу многу. Ќе оставам се само по себе да тече. Само малце би гурнувала по угорниците... Ако решило да иде надоле, не планирам упорно да буткам... Секогаш ќе има успони и падови... Ќе уживам и во двете.
    Поздрав. Чао.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.656
    Муабет у државна институција. Трудничка жена и вработениот и вика,машко е,сто посто,оваа му вика,не, женско е,абе машко е,до сега не сум утнал и така се натегаат и женичкава му вика,не,не,женско му ги видовме усни4ките на ехо... Замислете ми ја фацата...Како да го отслушам ова универзуму?КАКО?
    А на лекар,дечко,згоден, тап ми се погаѓа мене да ми зима брис од нос и грло... Ох нејќев уста да отворам, ме местеше ме местеше и на крај ми дојде рефлексот за повраќање, у нос после,му кивнав... Епа зоштооооо?! И онака го гледам со насолзени очи,шмрц, а он уште да ме погалеше по косичката! Ало зошто вработувате млади и згодни луѓе во позиција каде младите и ЗГОДНИ девојки се посрамотуваат?А?

    Телефонот ми се мрднува.
    Сите се патетични.
    Еден дожд луѓе што ви направи? Толку ли сте биле несреќни да му се невиди?! Сите депре ги степа за дечко,девојка... Младите и независни?! Ја мајката! Абе толку неаме муабет ко народ,се откорнаа од зборење за дождот да дождот,цело лето топло им беше, а кај е зимата?! Па у зима у несвест ќе се паѓа за сантим снег! Прво ќе биде снеееееееееег,а после аман нека дојде пролет.
    Дожд не увек значи депресија,плачење и гледање романтични филмови! Така да знаете! Ако така ви оди рандом си има апчиња за тоа! Ајт така!

    Ау да,више кога сте тука,отворете една тема да се договориме дали викендов ќе носиме сандали или чизми за излегување?! А? Да не има многу забуни по град! Една у чизми,една у сандали. И не, ко шо една ластовичка не праи пролет,така еден дождец невин не прави есен,бооооо ама сте со танки нерви луѓееееее,туф,туф! Сеа одма тука ќе исповадат топлите чоколада, топлата облека,па нешто цимет, некои топли алкохоли, па онда сите у еден глас,леле колку сакам цимет и вино со каранфилче... Да,да,драга само ти сакаш,зошто си посебна! |(
     
    На Monna.Monna, bittersweet, Miss-Independent и 7 други им се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Од сабајле еден куп турканици, расправии пред студентски прашања. Сите сакаат да завршат набрзина, на никој не му се чека нормално. Јас со втор ден мензис, едвај стоев. Ама едвај некако бидна работата, се запишав 7ми семестар. Апсолвент - колку добро тоа звучи. Ми летнаа овие години на факултет додека трепнав.
    Си дојдов на гости кај дечко ми сега, вечерва славиме 2 родендени, ќе има полна куќа гости, се радувам. И се надевам на многу вино и забава :D
    Имајте убав викенд девојки!
     
    На TheCandy880, 1209, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Велат дека дождот те прави романтичен а мене денес ме напрај жива вода.
     
    На Name, Miss-Independent, 1209 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    И јас ќе се жалам од дождов. Ме фати неподготвена. Жива вода станав, си се исушив на мене. За враќање, пак жива вода и домче еве си се пресоблеков. Чудо не ме фати грлото. Нема врска.

    Компјутер не чепнав веќе два-три дена. Ама кога ќе размислам (а многу пати сум размислувала), образованието ми е најважно. И нека пропуштам и дремење на интернет до 4 сабајле, и журки во петок/сабота ама моите родители едвај крпат први со први. Немам ниту баби и дедовци со странски пензии да ми фрлат по некое евро. Ова што го учам сега, ако го научам добро, ако не каква ситуацијава ни Господ не ми помага. Ај да почекам уште малку сеа сто посто ќе им ги накачат пак пензииве па да остане некој денар.
     
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Кога некој ви го свртува грбот и заминува од вашиот живот не обидувајте се да го запрете и да го задржите покрај себе без разлика дали станува збор за другар ,дечко ,брат,сестра итн.оние кои вистински ве сакаат никогаш нема да ве напуштат .
    За првпат не тагувам поради личности кои ми го свртиле грбот и ме напуштиле во мигови кога ми било најтешко .Во мојот живот имало и личности кои ми ја треснале вратата пред нос и ми ставиле до знаење дека не сум пожелна личност .Чудно што сега ја прифаќам реалноста и сфаќам дека сум многу посилна од претходни денови кога сум тагувала поради нивните постапки на одбивање,исмејување.

    Уживам во друштво на себе си ,уживам кога го пијам своето кафе и кога размислувам за промени ,уживам кога читам добра книга ...Добро е и кога имам обврски така деновите минуваат побргу ,,едноставно си работам и така се чувствувам корисна .
     
    На lovely91 и Serafima им се допаѓа ова.
  11. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Никогаш не сум коментирала околу менталитетот на машките во нашава земја ама секогаш ме нервирало тоа што мислат дека жените се должни да одат по нив ..А што ако живееш сам , нема кој да те пере ,да ти прави јадење , да мие садови итн ..? Ај тоа може и ќе научи ама се повеќе машки не знаат и сијалица да сменат , да удрат една шајка низ куќа , да порават чешма итн ..А како тоа ние мораме да знаеме се , да переме , да правиме јадење , да миеме садови ? Затоа што нас уште од мали не напињаат со тоа ајде, ајде учи се ќе ти треба , еден ден цела куќа на грб ќе треба да ја носиш ...Памтам како мала на столче сум се кревала за да докачам до мијалникот и да измијам садови ...додека јас сум се бањала во сапуница , брат ми си уживал и си седел слушајќи коментари :"Удри дедино , машко ли имаме во ќуќава или не ..Удри , дедо ќе плати ". Ај добро не ми смета тоа што ќе научам да работам ама земете бре малце тоа синовите научете ги нешто , да помагаат а не да ги чешкате до 25 години , мислиш бебиња чувате а не мажи ..Па после крив ви е некој друг кога ќе направите нежни мажиња кои се плашат да не се испрљаат , да не се удрат ,да не се изгребат ..
    И баш денеска заслушав на ТВ и коментаров на една госпоѓа е точен од збор до збор :
    "Виновни сме и самите велат, затоа што не успеавме да се избориме за повеќе права, но проблем е и закоравениот менталитет. Мајките ги воспитуваат синовите дека ништо не треба да работат, и дека е доволно самото тоа што се припадници на посилниот пол. "
    "Сите жени се согласуваат дека мажите се привилегирани кај нас. Ние се' работиме а тие божем ништо не знаат и не умеат."
    И ти се молам имало и список каква требала да биде жената :
    Треба да биде добра мајка, примерна сопруга, одлична во кујната, да заработува, но и да биде убава, елегантно облечена и секако, штедлива во трошењето .
    Како да им објасниш на македонциве да не генерализираат ,како ?!Како да им објасниш да не живеаат со очекувања и предрасуди и со тоа што ќе речат комшиите ..Мажот ако готвел , пазарувал , перел било срамота ..Па тоа е најмалку што може да го направи за да помогне .Па подобро да работи низ дома него да се мава во гради и да вика кој сум јас , да се опива и да доаѓа после 12 .Домот го чинат и жената и мажот ..Не еден да работи а другиот да се излежава туку заедно со поделба на обврските да создадат место каде и двајцата ќе сакаат да престојуваат .Домот не е дом ако не се создаде атмосфера каде секој ќе биде зафатен со нешто и ќе придонесува онолку колку што може .
     
    На Monna.Monna, fallenangel, Buttterfly и 8 други им се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    :)
    Работата што мене ме тера да го сакам дождот толку многу е што кога врне се спие ненормално добро. Просто уживаш. Мислам, јас уживам а за вас не знам. Убаво е и кога ќе влезам во филм дремејќи на тераса и гледајќи како врне, ама сепак, спиењето е на врвот.
    Сите други работи, гушкања и романтики се убави во секое друго годишно време. Јез да не е лошо да спие некој покрај тебе и да си ја делите фротирката. Иако се знае каде оди поголемиот дел па ако сте паметни ќе си земете две. Learned it the hard way :D

    Инаку, на западу ништо ново. Ако продолжам да гледам олку серии ќе се повампирам кај и да е. Да не зборувам дека ништо продуктивно не правам, само вегетирам во собава. Ама па да си кажам искрено убаво ми е. :)

    Кај и да е факултетон ќе започне, би го одела со љубов, ако го учев со љубов, ама во случајов како да ви кажам, ја мразам таа бетонска зграда. Што да речам, се фатив на орото и ќе го изиграм, ништо спротивно на тоа и не очекувам од себе. А после, па хммм ... ќе ги наредам коцките според мој тертип. :)

    Сите, буквално сите околу мене зборуваат како сите се љубоморни, сите се злобни, сите се недругари, сите се лоши луѓе ... а дали еден од нив се погледнал во огледало навистина се прашувам. Немам сили за расправање, имам доволно работи низ глава што ми се мотаат а се за средување, инаку би им рекла.. сериозно, ама сериозно?(пропратено со фацата за тоа прашање), никој од вас никогаш не бил љубоморен, никогаш не рекол блазеси и неа сакам и јас така како неа(по дифолт реченицава содржи љубомора), никој од вас никогаш не згрешил сакајќи или несакајќи и никогаш не повредил никого? Браво, тогаш нема дилеми, светот е совршен. Само што секако, не е. И секој има лоша страна. И апсолутно секој згрешил. Само што, некој е свесен за тоа, а некој цело време ќе се прави жртвено јагне. Некој ќе се извини и ќе се поправи, а некој хмм, пак ќе глуми жртвено јагне. Што мене ме нервира. Ама како што реков, немам сили да докажувам, иако имам докази. Ми е гајле, нивен живот, ако им е поубаво да се прават наудрени за своите грешки и да се воздигнуваат себеси, ако. Мене не ми носи штета тоа.

    Мајка ми ми се дере прееска, ама буквално ми се издра дека сум била тврдоглава. Од друга страна пак јас толку смирено и реков добро мамо и тоа е како нешто лошо? :lol: Не ме научи жената и не ме научи, а ќе речеш после 20 години си го знае детето. Ноу.

    И говедо ме нарекоа. Е зошто? Зошто не ми е гајле? Зошто не се мешам у туѓи животи?
    Луѓево изгледа се навикнати некој да им пика прсти и да им кажува што и како да сторат за ова или она па после да можат вината на друг да ја префрлат. Е тоа е единствена работа што јас не ја правам. Не се мешам ако некој не изрази желба за истото. Ако побараат совет радо давам и ислушувам, па што ќе правиш твое си е, а туку така да се мешам, да делам правдини и да сакам се да знам- нема шанси. Од сите страни да се вртело, да се дознае се, дали сум се скарала, зошто, кога, како, уште колку испити имам, што ќе правам ... бла бла бла, сигурно нема да правам нешто што некој друг ќе ми рече.
    Секој човек си е дојден на светов со некоја причина, секој треба сам да си носи одлуки, дури и за најситните работи, без некој од страна да му се меша. И по тоа правило си живеам очекувајќи го истото за возврат, ниту судам ниту сакам да ми судат, ама кој те слуша бре? никој.
    Ах, џабе ме нервираат кога на крајот од денот во мојот живот се зависи од мене.
    Така и ќе остане.

    Друго... нема друго. Ме стави животов на еден тест, па или работава ќе излезе најдобро нешто до сега, или ќе ме зафрли во депресија. Искрено се надевам ќе биде првото затоа што многу сили ќе требаат за да го победам второто, а во моментов ги немам силите, ги потрошив.

    Некако, ми се лудува, ми се трча наоколу со некој за рака, ми се смее од срце...

    Посакувам да постоеше некоја оцпија со која ќе може да се исклучат оние лошите емоции барем на 15 минути секој ден. Штета, нема такво нешто, а би било корисно, 15 минути во денот да немаш грижи.

    А грижите се трупаат со секој нов ден, ама што да правиш, ќе ги чистиш една по една, на крајот, битно е само да си жив и здрав.

    After all, life is a present.

    Е така, читам вие добри сте, останете ми така,јас ве поздравувам.
    :emo:
     
    На bittersweet, fallenangel, Buttterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  13. OneStepCloser

    OneStepCloser Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    64
    Не чувствувам веќе, освен разочараност ништо не остана во мене. Се оди во поинаква насока отколку што очекував, се се преврти наопаку, се она што беше вредно се искрши на милион делови.
    Зошто луѓето на кои најмногу им помагаш се оние кои што први ти го вртат грбот? Толку ли е дволичен светов? И да, одеднаш луѓето кои биле многу послаби и на кои ти си им пружила дланка стануваат далеку подобри од тебе и веднаш забораваат на тебе. ЗОШТО? Cекогаш ќе се прашувам зошто?
    Веројатно пријателствата што лесно се уриваат никогаш не ни биле пријателства.

    Веќе не знам дали воопшто постои поголем песимист и негативец од мене.
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Дождот е тоа што го очекував.Најубаво се спие тогаш.Или пак поромантично е да се шетате со саканиот прегрнати и трчате.
    Решена сум да направам неколку промени...дали ке успеам допрва ке видам.
    На крајот на краиштата и ич не се замарам со тие резултати.
    Вчера и добив неочекувана вест,што воопшто не ме изремети.
    Се работеше за оној кој го плачев долго време...И за чудо не почуствував ништо за прв пат.
    Ни омраза ни љубов.Ослободена сум...Тоа го очекував долго време и навистина се случи.
    Ако ништо друго научив од грешката,мојата најголема во животот.
    За некој ден сме на свадба,на комшијата.
    Планирам да си поминам убаво,најубаво.
    Ај да не должам многу.

    Чао.
     
    На zarah и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Додека бев млада ги тргав погледите од се што ми беше интересно и привлечно,од страв да не бидам наметлива и некултурна.Ме ужасуваа луѓе кои се ѕвереа,особено во мене.Сметав дека е вулгарно.
    Сега е сосема поинаку и уживам додека гледам во убави работи.Гледам,уживам и по малку се смешкам.
    А денес уловив поглед.Од маж. :$ Да,да, може да ми се смеете ама уживав бре.Се осетив како жена ,а излегов од дома со поглед на Пепелашка.
    Верувајте му се насмевнав,иако погледот заврши уште пред да почне. И совршено се разбравме. :f: :smirk:
    Кој вели дека дождот не е убав!
     
    На Monna.Monna, fallenangel, kravce и 20 други им се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Многу ми е глупаво кога ке се крене фама за нешто ......и сите како рој пчели по тоа .

    Моментално тоа сметам дека е `Педесет нијанси - сиво` и сега секој ја бара ја посакува , сака да ја прочита ............ало ФАКТ Е ДЕКА НА СЕКОЈ ЕДЕН не може да му се допадне, ама битно е да се перчиме и да бидеме како слепиот за стапот .
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    СКД денеска нешто чудно се случува со мене навистина незнам што!Растргната сум сакам да помогнам на некој,а на крај јас сум крива.
     
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Една од причините зошто гледам сапуници е што ми е полесно да се занимавам со туѓи проблеми, отколку со сопствените
     
  19. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Ако не успееш првиот пат, избриши ги сите докази дека си се обидел!
     
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ја сакам есента баш поради дождот :!:
    [​IMG]

    Денес додека врнеше со другарка ми седевме на тераса и пиевме топло чоколадо, стуткани на клупата една до друга зборевме за се и сешто, од моментот кога се запознавме до сега.
    7 години, моменти на среќа, тага, со неа делев се.
    Најдобрар пријател е оној кој и со молчење кажува многу работи
    Така и ние, и три часа да молчиме убаво ни е една покрај друга.

    И кога најмогу почна да врне решив да си одам, ми го подаде чадорот а јас љубезно и реков “Не фала” се насмеа, ме гушна и ми рече дека засекогаш ќе останам луда.

    Трганав по тој дожд, одев полека, сакав секоја капка да ја впијам, учицата беше празна, тука таму се наоѓаше по некоја теткица со чадор која внимателно пазеше каде гази, избегнувајќи вирови а јас ко детенце се шлапав во нив намерно :!: :D

    Кога стигнав на постојката бев утоп, луѓето ме гледаа чудно, се прашуваа дали сум во ред што по овој дожд одам без чадор и полека, ама ако гајле ми беше за нивните мислења, важно мене убаво ми беше, се чувтвував смирено, исполнето.

    Се качив во автобусот и здогледав празно место покрај прозорецот, тоа место ме чекаше мене,
    седнав и внимателно ги гледав капките дожд кој удираа по прозорецот.

    Го замаглив прозорецот и како мало дете ги напишав нашите иницијали мојот и на Х, ах колку сакав да е до мене.

    Мислам дека патував пет часа а всушност беа само петнаесет минути, убави минути :!:
     
    На kravce и 1209 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.