Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Конечно се залади. Мислев дека нема крај на топлово... Не обожавам дожд баш нај,ама подобро нека го исчисти воздухот. Сега вака,лакше се дише :D Наместо да си легнам под ќебе,да си грицкам нешто и да си гледам филмчиња,јас ќе јадам житарици,нема да си легнам под ќебе,туку ќе седам на биро,и ќе почнам да го намалувам купот на книги,најразлични предмети кои чекаат да бидат научени :) Па и ова гимназијава не била лесна :P Ама ако,пак сакам да одам во школо... ако не да видам некој од втора :D тогаш бар да не ги пропуштам различните бисери кои секојдневно ги истресуваат некои два-тројца,а потоа нели следи заедничко смеење на целиот клас во присуство на професорот... освен ако не е биологија... таа ни на живо се смее ни на мртво плаче...
    СДК(2) Одвај чекам екскурзија :) 9 Октомври,ќе биде со нетрпение очекуваниот ден... првата екскурзија со новите соученици и новата класна... и тоа не во Охрид туку,замислете надвор од Македонија :D
    3 дена,сите три работни,ќе изгубиме бааги часови :D Ако ако... не пречи :P
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    На MandyLane, honorthyself и L-enna им се допаѓа ова.
  3. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    сдк денес сум поспана, едвај станав сабајлево... ми треба добар сон.
    А времево прекрасно само за лежење и уживање пред тв е. :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.974
    Допаѓања:
    123.570
    Чичкото што сече дрва,отсекогаш го мразев со таа машина што бучи :devil: Септември,насекаде таков звук,за првпат да станам пред него,не тој да ме разбуди,се менуваат времиња :lol:
    Мирис на пиперчиња,оган,по некоја кавга пред зграда,се знае зимница се спрема.Наголемо комшивки,роднини од секое колено,се лупат пиперки :!: Успат некој муабет трач,абе не го можам тоа! Убаво им реков јас ќе го печам пиперот не ме терајте да лупам :!: Мислам убава ми е сета таа атмосфера ,го сакам септември,ама не сакам цел град да ми доаѓа на лупење пипер ,демек помош.Дај помогнете кога треба нешто навистина,за ова сите сте први.Само да се трачарело бе |(
     
    На Moira, Serafima, AnaKarenina и 8 други им се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ме разбуди разговорот на мајка ми со баба ми,ама мајка ми викаше преку телефонот,како на некоја отворена трибина да се наоѓаше жената.
    Муабетот на мајка ми и беше "Абе мамо доста за тој ајвар,овие двајцата заминуваат во недела алиштата каде да им ги исушам".
    А богами јас од толку што му се восхитував на времево,заборавив како на вакво време се сушат алишта и кога станав што да видам.Цела соба со алишта наредена.Мајка ми се изнервирала како незнам што да е.Ако не се исушат ќе ги издувам со фенот и ајде нека ми мрднат :D

    Мислам дека во животот не сум пиела поубаво кафе.Ама и за кафето треба вештина.Затоа сум си кажала и си стојам на кажаното,првото кафе ми е најубаво кога сама ќе си го направам.
    Убав ден ќе биде ова,преку кафето го почувствував и денот.
     
    На Serafima, Doozy, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Сабајлево сум како тутурутка! Е баш овој ми е еден од оние денови изгледа.Сабајлево немаше струја,сигурно во Бугарија дувал ветар,се успав без причина а обично се ококорувам рано наутро,компјутеров ми е спор ,седам цел саат до него не можам 2 страници да отворам,и дури она кругчето кај стрелката врти во бесконечност,го испив кафето,ги проверив фиоките на бирото,констатирав дека прозорците ми се за бришење,ги навлеков новите балетанки демек да ги опуштам,а едната ме сече како да има жилет ушиено во работ,во меѓувреме и ја наполнив машината за да ја вклучам вечер,на ефтина струја .Штедам.

    Инаку да си кажам мајстор сум за губење.Губам ,документи,пари, а еднаш и мажот на една шопинг тура.
    И секако за контрирање,контрирам на секого и на сешто.И не знам да бидам суптилна и рафинирана него се мора да пршти,грми и молњи да удираат.И гледам секогаш водата во моја воденица да си ја навртам. :P

    Знам да купам и чоколада скришно и сама да ја изедам |( Себично зар не?А ако случајно некој примети дека имало чоколада тогаш обвинам дека друг ја изел. :D Некои денови знам да бидам вегетаријанец,шовинист,секогаш пацифист,по потреба докторка...ама никогаш не сум жена како што имате од комшилакот.А овие домашниве никако да го сфатат тоа.

    Што ми требаше да се откривам?
     
    На Moira, Serafima, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  7. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Сабејлево мачето толку гласно ми мјаучеше што топ да беше ќе го разбудеше, гладно било и мнорав да станам да го наранам, а имав чувство дека надвор уште е мрак 4-5 часот. Ама времево е супер за чајче одамна не бев пиела :)
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... Добар ден. Од сабајле уште слушам женски глас како урла, вика, се дере ... за да сега со плач не престанува да крешти на некој си таму. Мислам не дека тој е цвеќе далеку е од тоа многу, ама женава дефинитивно психички го уби, го малтретира добро со саати. :tmi: :D
    Мажи, мажи додека вие се правите дека сте најсилни и најгласни пазете се од жена која глас и сила ја држи со саати И денови.
    Инаку инспирација немам деновиве ...
     
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.482
    Допаѓања:
    17.191
    Не ми се смејте на SongPop шо ги штракам песните. Не слушам јас овакви, не ги знам. :D
     
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ме разбуди звукот од машините, т.е. дупчалки за бетон од улицава пред зграда. Ја прават од јуни и уште не е готова, и да биде потрагично, преку недела ретко работат, ама затоа сабота и недела турбо :devil: Оваа па комшикава над мене не знам што правеше во 7 наутро, ама знам дека од што нешто толку силно тресна, ми се стресе креветот и од ударот ми се запали светлото на таван, на кое BTW сијалицата му е прегорена од лани! :o WTF?! Од памет се извадив, Бог да чува значи. И еве го веќе 11 часот, таа уште упорно треска, лупа со нешто и цела зграда се тресе :devil: Луѓе без осет, наместо викендот да е период за одмор, јас поубаво се одмарам во работен ден.

    Еве сега го чекам мојов да стане, да се спремиме и да одиме на пикник. Времево не е нешто нај, ама тоа нема да не спречи да уживаме во денешниот ден. Иако ненаспана, среќна сум што денов ќе го поминам со него. И еве го, додека пишувам, стана, целиот поспан, дојде, ме бакна, ми рече „Добро утро, убавице моја“ и отиде да се измие. Абе го сакам па! Најмногу! :D

    И така, ве поздравувам сега сите, имајте убав ден и уживајте. Дали со книга во рака, со слушање музика или на шеткање, сеедно. Јас знам дека ни црвенава тетка што ми го распара стомакот нема да ме спречи да уживам во овој ден. :*
     
    На fallenangel, i-v-a-n-4-e, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    „Сакам да знам дека тој е спремен да ризикува за мене, за нас, јас вложувам многу, ризикувам, сакам да знам дека тој го знае тоа и дека е спремен и самиот да ризикува, сакам да знам дека ќе добијам еднакво толку многу колку што и сама давам!“
     
    На julie77, fallenangel, i-v-a-n-4-e и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека сите убави работи доаѓаат ако одлучиш животот да си тече и да не се замараш со глупости.
     
    На cigarce, CoverGirl10, fallenangel и 12 други им се допаѓа ова.
  13. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Отсекогаш посебно многу сум ги сакала саботите но денешната не..
    Денот само што започна но воопшто не се чувствувам добро. Ми доаѓаат лоши мисли...се чувсвувам несигурно, омалаксано..

    Сношти не излегов. Како прво не ги сакам вечерите кога е ладно има дожд, ветер и е ладно да шетам по нив.На такво време единствено седењето дома со чај во рака и на компјутер ми е забавно..
    Како второ додека така седев ми дојде желба да учам..Незнам зошто но посакав да ја отворам книгата и да учам да пишувам.Средното далеку повеќе го сакам од основно и имам поголема желба да учење.
    Среќнна сум што успеав да го направам вистинскиот избор и да го учам тоа што ме исполнува.. :)
    Имам поголема желба од кога да било да одам на училиште.Викендите не ги чувтвувам за неШто посебно кога ,,мора '' според моите другарки да излезиш. Ги чувствувам како 2 дена кои се за малку одмор, малку да се одмориме од работната недела, малку да прошетаме што би се рекло да се издуваме :lol: и да наполниме батериите за наредната недела :)

    Имајте убав ден и уште поубав викенд ;) позз :*
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    СДК, леле како некое машко сум.... Се заразив со игриве со коли! И мора да сум прва, и ете изгубив 3 саати само за тркање, ах тој NFS :devil:
     
    На LilBaby, Ann.94 и Sara123 им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК-Сабота.Е фала Богу веќе.Денес има да си уживам ! :)
     
  16. SlAtKi4ka.SlAtKi4ka

    SlAtKi4ka.SlAtKi4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    СКД Денес се чуствувам посебно,незнам зошто насмеана сум од 7 до 7 :D и нема да дозволам да ми го уништат денот!
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Заврши сезоната на депилирање ! :whew:
     
    На Monna.Monna, Doozy, happygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    СДК Вакво Слатко кафе немам одамна пиено. И се отепав од спиење, 12 ме фати, а од кога немам до 12 спиено. Ах таа пуста несоница цел ноќ ме држи будна, утрото ко заклана. Па после на пладне едвај можам да се освестам.
    Сега се фрлам на јадење ги слушам звуците на внатрешните органи крекаат ли крекаат. Само да го допијам кафето, стрпете се.
     
  19. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Се будам и помислувам дека целиот живот е пред мене. Carpe diem, зграпчи го денот - ако не сега, тогаш кога? Ги кревам ролетните и сигурна сум во моментов не постои друго место каде што би сакала да одам освен овде. Сипувам чаша жешко какао и ме обзема чудно чувство на благодарност. Без разлика дали е лошо или добро - се е дел од мојот живот; благодарна сум што се научив да имам сила да го издржам исправена на нозе секој предизвик што доаѓа. Влегувам под врел туш, ја чувствувам водата што брза по цело тело, пареата и вителот околу глуждовите. Ги облекувам омилените фармерки, вдишувам од (наскоро)есенскиот воздух и брзам на рехабилитирачко кафе... трач-муабет придушен со многу смеа .

    Утрински моменти на задоволство! [​IMG]
     
    На Moira, Serafima, MandyLane и 5 други им се допаѓа ова.
  20. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Шо и да се случи, јас сум крива. :@
    Е ајде у пм веќе. |( :doh:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.