Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    СДК...
    Се нервирам што не сум сигурна каде одам со својот живот и што сакам до него,и што се уште чекам некои луѓе кои нема да дојдат,се вртам на некој луд рингишпил од минатото и постојано купувам нови жетони иако возењето не ми е интересно.
    Лута сум на себе и на продавачите на магла.Не ми треба ни магла ни надеж,не знам што би правела со нив.И се ме нервирам помалку, а не знам да му се завртам на изворот на нервозата и да му кажам збогум еднаш засекогаш.
     
    На la-chicka, kravce, cinderella5 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    СДК...
    Роденденот е денот што го чекаме цела година. Се радуваме кога ќе дојде и срцето не прима други емоции освен позитивните :dance: :party: Се радуваме на една торта која можеш да ја направиш секој ден,но на овој ден ти е најмила,најдрага...Денес со позитивни чувства,затнан нос и воспалени крајници :lol: ве частан виртуелно
    [​IMG]
    и по едно сокче
    [​IMG]
    Повелете,послужете се! :)
     
    На sweetyy1, kate21, la-chicka и 19 други им се допаѓа ова.
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Ти јас не бевме љубовници, ти и јас бевме лекција еден на друг... од тебе научив да се сакам баш таква каква сум кога ќе станам наутро и ќе го испијам првото кафе, сама во пижами, насмеана и своја. Имаше со толку многу работи да се пофалиш и истакнеш наспроти мене, а не го правеше тоа, покрај тебе можев да блескам и да се чувствувам опуштено во своја кожа, можеби многу помалку знам за животот од тебе затоа што сум малечка, ама тоа ти никогаш не ми го стави на знаење.
     
    На Oxymoron, ViktorijaMari, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Се сеќавате кога ви велев дека едвај чекам да дојде септември зошто е многу надежен и ветувачки, зошто е створен за нови почетоци? Еве го пристигна и уживам во него на први почнав да работам чисто случајно еве благодарение на таа работа најдов друга, подобра еве од утре почнувам возбудена сум уште од сега размислувам во што да се облечам, но и се плашам како ќе биде, како ќе ја поминам обуката, како со колегите, се плашам од новиот почеток.
    Колку е убав денот си седам на тераа и си пијам чајче и се радувам почнаа да наѕиркаат боите на есента, мириса на зимница ама ако јас уживам. Јас знам да уживам во есента овожавам кога сум облечена во џемпер и шетам и го слушам шумот на лисјата под нозете, а во раката држам чадор знаете за секој случај :) толку е маѓична и романтична :)
     
    На kate21, la-chicka, Nymeria и 16 други им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.601
    Допаѓања:
    43.163
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш имав една замисла, филмче мое, седам во планинска куќарка, оган потпукнува, а јас во кебенце со какао во рака и убава книга, гледам како паѓа дожд низ прозорецот.Е тоа ми е убавини и рај за душа.
    И поради ова сакам дожд.
    Сега веќе се чувствувам како есен, гледам почнале да паѓаат лисјата, ќе ги газам, мерак ми е.
    И така се спрема пак преселба, мајка ми се пука низ дома, немло облеката да се исуши, секое парче мебел е покриено.Ни меси кифлички за да си носиме.Студентски живот шта чеш.

    Се радувам на новиот стан, на враќањето на цимерчето мое, ама и тажно ми е срцево од помислата дека пак ќе го оставам него и ќе се гледаме само викенди.Ама ако така повеќе се сакаме.

    И пак ќе ве напуштам вас, нема да пишувам често ни да ве читам често, ама ветувам секогаш кога ќе имам време.
    Некако се навикнав, првото нешто сабајле да ми бидат вашите постови.Мили женички сте да знаете.
    Ах ме мачи носталгија уште сега.
    Ај чао, да не кенкам сабајлечки.
     
    На thelittle17, sweet-cherry, Neytiri и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сдк,

    Понекогаш премногу си го комплицираме животот и затоа не знаеме од која страна да излеземе. Бараме премногу, даваме премалку и најважното, што сме толку сложени и не можеме самите да се разбереме, а бараме некој друг да не разбере.
    Нажалост, не се може така.

    Дефинитивно ни е потребно малку да си го попростиме животот.
    Нека се има најважното, здравје и љубов, а другото се ќе се стекне. Никој не сме пристигнале овде богати и радосни. Дојдовме плачејќи, голи и боси.
    Да се радуваме што можеме да стекнеме се. Што сеуште најважното го имаме. Додека некој плаче за да го добие и да се радува за него.
    Здравјето...

    Сдк,

    И...
    Убав неделен ден :hai: .

    Прво :!: :
    [​IMG]

    Второ :!: :
    [​IMG]
     
    На Deemy, Peppermint, Moira и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.590
    Допаѓања:
    201.823
    Пол:
    Женски
    Облаците и дождот ја најавуваат есента... не ја сакам, предвесник е на зимата, а зимата ја мразам од дното на душата. Не сакам ладно време и студенило во срцето. Не ми пречат жештините, топло ми е и гола да шетам можам, ама кога е ладно, колку и да се облекувам, не можам да се стоплам. Едноставно, таква сум, дете на летото, на сонцето. Без сонце не функционирам. Додуша, си имам јас едно „тонце“ дома, како што милува тој да си кажува - „тонце“ на мама :sun:

    Мразам кога не знам на што сум, ни ваму, ни таму. Да пакувам куфери или не? Не знам, навистина не знам. Ама се фативме на орото, ќе го играме до крај. Според првичните планови и ветувања, веќе требаше да сме поминале повеќе од половина пат спрема новиот предизвик наречен странство. Арно ама, уште сме на почеток, не по наша вина. Ако некој ја поплука уште еднаш нашава администрација, ќе добие од мене шлаканица (или клоца во задник). Нашиве се цвеќиња, бре!
    Добиваме само утре, утре, сè од утре! А што му фали на денес? :^)
    По новите ветувања, mid-October е крајниот рок... а тогаш, како што тргнало, ќе биде mid-November, а после веќе ни јас не знам дали ќе бидне нешто за Нова Година, еве и Божиќ нека биде. Нестрплива сум, не затоа што таму ме чекаат со отворени раце, туку не можам јас повеќе да седам во Македонија. Едноставно, сакам да избегам од ова мое опкружување полно со негативна енергија и намуртени лица. Ќе си ја пробам среќата и за работа, можеби ќе ме послужи.

    Бев набедена дека не ми се работи, сум сакала дома да седам |( о да, и тоа како сакам дома да седам, по цел ден со детето, затворена, да средувам, мијам садови, правам ручеци, перам, пеглам, чистам и дете да гледам, па да стане мамин син. За што да работам, за бедни 6000 ден.? Да, си ја ценам струката и знаењето, си го ценам трудот што сум го вложила да го научам занаетов, и сигурно дека нема да дозволам некој максимално да го искористува мојот труд, а мене да ми дава остатоци. Моите да ми отвореле ординација. Е да, на моите им врнат пари од небо... а што не отвориш ти една школа за странски јазици за ќерката? М?

    Имам и храброст и волја и желба да се справам со сè што ме чека, мене, нас тројцата. Не се плашам од предизвиците и промените кои неизбежно ни следуваат. Ако не сум јас силна, ако не верувам во нас, тогаш кој?
     
    На lolyta777, Peppermint, Neytiri и 24 други им се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Се сепнав пред малку кога сфатив дека и после 6 години ти го знам бројот на памет...
    Се разделивме за глупости, не разделија околностите, деца бевме уште, а се мислевме многу возразни.
    Не знам и сама зошто толку брзавме во тој свет.
    До душа ти веќе одамна влезе во него, си имаш нов дом, семејство- а јас уште се бунтувам против многу работи и се борам за правда, уште сум дива и често плачам кога сум бесна...
    Ми фалиш понекогаш, ми фали твојата смиреност, колку бевме различни, а сепак еден сон не делеше.

    Сега се е поинаку. Сега не знам ни што ти се случува, ни како си, ништо.
    Можеби еден ден патиштата ќе ни се спојат пак, а до тогаш ми останува надежда дека и тебе некогаш ти фалам, како ти мене.

    А мислев порано дека најголем проблем е тоа што ти имаш поубави чевлички за барбиката од мене.
    Мали бевме тогаш. И убаво беше...
     
    На thelittle17, sweet-cherry, Neytiri и 24 други им се допаѓа ова.
  9. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    Сдк абе Вичи фаќај се за учење, што дремеш по фемина кога имаш по три предмети за учење?Уф, е аман де, па не мислев втора средно била толку тешка, лекциите огромни (не се толку, али кога не ти е ден за учење) .... :tmi: :?: :@ :devil: :x
     
  10. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Понекогаш си мислам дека стануваме препаметни за себе си и си отежнуваме размислувајќи за некои работи, грижејќи се, додека сите уживаат во секојдневието а би требало да се загрижени и да бараат решение. Војните, тероризмот, постојаното уништување на планетава. Лута сум. Општо, на сите луѓе, затоа што поголем проблем им е што ќе носам за на работа, па за излагање, не ми останаа пари за сметки а дневно испушил господинчо 3 пакла цигари, оваа се муваше со онај а пак тој со онаа онаму, јас сум над сите вие сте под мене, што ќе правам во животов со глупаци ко вас и други реченици од тој тип. Ми се чини дека сами си одиме против себе. Анти-живот. Анти-опстанок. Што, по теорија, е невозможно. Затоа со чувствувам мизерно читајќи некоја лекција по македонски за кој рекол што рекол за создавање на стандарден јазик додека луѓе умираат од глад, затоа што, нели, поважно е да си моќен отколку хуман. Вложуваат милиони и милиони во филмови, во оружје за војни и одмор на Хаваи за Бритни Спирс, и потоа светот се соочил со економска криза. Ни перат мозоци со глупави филмови и серии и секакви видови на шоу, не заслепуваат за вистинските проблеми. Ова е свет владеен од човек, луѓе кои наместо да седнат и размислат за вистинските животни вредности се прчат зад бироа натпреварувајќи со си цифри во книшката в банка. А постојат толку привидно лесно разбирливи работи кои што се всушност покомплексни од целиот општествен систен. Љубовта, болката, чудава, се околу нас и причината поради која што постојат. Всушност, мислам дека со самото тоа што се повеќе и повеќе забораваме на овие работи, на основните човекови психички преплетоци, живееме во илузија, мислејќи дека сме дошле на висок степен и човеково совршенство додека се повеќе и повеќе се уништуваме себе си.
    После некое време ќе седнам пред телевизор и ќе гледам што било. Ќе заборавам на се ова и ќе се вклопам во толпата, затоа што најлесно е тоа, дел сум од тоа. Ми се чини е невозможно да направам разлика, да бидам промената што сакам да ја видам, кога со тоа само ќе го отфрлам животот кој ми е наметнат. Мнозинството секогаш победува, а јас не знам да се борам.
     
    На Moira, Monna.Monna, Nymeria и 2 други им се допаѓа ова.
  11. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Како еден човек може да заклучи дека е задоволен од себеси?
    Како може да има самодоверба?
    Зошто јас сето тоа го немам? :(
    Колку и да се трудам и да пробувам, пак не сум задоволна од себеси.
     
    На Sara123, Hkikica, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сабајле се разбудив со ужасното сознание дека летото и безгрижните денови, едни од моите последни безгрижни денови во животот, завршија и официјално. Повеќето отидоа во големиот град, тие што останаа овде се спремаат да отидат, јас среќа па на влечечки факултет последна ќе си одам и сите ќе ги испратам. Седам и ми текнува дека треба да спакувам некои работи, да стојат, да ги однесам и да ме чекаат таму, во новата дома. Летово колку пати се препакував и се преселив... од дома, кај баба, од кај баба на одмор, од одмор во новата дома, од кај баба во новата дома... и сега од новата дома во уште поновата дома. :rofl:

    Планирам да отворам фирма за пакување. :!:

    Растеме бе луѓе, растеме, тоа ме плаши, колку брзо мине времето. :| Како некна првпат да идев во Скопје, и некна се губев во уличките зад големите улици и за да не се изгубам, одев по булеварите, како автобус. Па да видиш како се вртат кругови, наместо кратенки, нее, само право, по царскиот пат. Будалче. :D И мило ми е што сите мои поблиски ќе ми бидат во Скопје, мило ми е што окружувањето ми е амбициозно и сите учат и сите студираат и се мачат за некој ден да бидат некој и нешто.

    Само една другачка, и тоа баш таа, најдобрата, со која сме научени секој ден да се гледаме со исклучок на последниов месец, ме остава и оди далеку. Знам дека ќе ја видам прекусила трипати годинава, ако не ја рачунаме камерата на Скајп. Ноќеска сонував како ја испраќаме, и сите плачат, а јас стварно се разбудив и ми капна една солза. Ех, кога ми кажа дека си оди, скиснав, ама скиснав. После си рековме, ајде де, има уште време, тогаш беше јануари, февруари... Епа нема веќе, денес е 16ти септември. Броени денови, цели 14 дена имаме на располагање.

    Мене многу ми е јасно дека овде нема иднина, и на нејзините дома им е јасно, затоа инсистираа и ја подбутнуваа да оди... ама јасно ми е дека и нема да се врати. Иако вика поинаку. Јас нема да и дозволам, ќе биде будалче да се врати во пустелијава. И јас сакам да одам некаде далеку од тука, и јас ќе се борам, и спремнав бев и сум на тоа. Само не бев спремна дека ќе почнам да се разделувам од другарки волку скоро. Секогаш тоа било - е де, чекај прво факултет.

    Понекогаш се прашувам дали дома згрешија што земаа кредит за куќа, а што не ме испратија и мене некаде далеку со тие пари. Само времето ќе покаже.

    И така, не само од дождов, ама кога гледаш како сите, лека, полека, се враќаме во колосек еден по еден, по едно, да констатирам лудо лето :D , не може да не те фане мала меланхолија за безгрижните летни ноќи и денови, за понашањето како амеби, за смеењето и зезанциите... Кога ќе се повтори? :?: Не се знае, веќе не е сигурно да речам наредното, наредното можно е сите да бидеме распрчкани низ белиот свет.

    Да се бориме.
    Да работиме.
    Да видиме бел свет.
    Да гледаме подобра иднина таму отколку тука.
    И да останеме и без опашката да ја свртиме назад.
     
    На fashionista, Moira, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  13. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    СДК дека го мразам септември! Не го сакам. Лигаво, мрачно, ветровито време. Незнам дали и јас се менувам со времето ама и јас сум таква. Мрачна, лигава, намќор деновиве. А и некои личности на кои не им е местото у мојот живот, очигледно не гледаат дека стварно немаме ништо заедничко? Ни муабет, ни интереси, ни хоби, дури и различни јадења и пијалоци сакаме. И како да им кажиш на такви луѓе дека едноставно си губат време и тие со тебе и ти со нив, па и ако ви излезат од минатото, од мртвите теееее. И така тепам време јас по дома зошо надвор времето е срање. А со него и јас. И да, ги сакам моите миленичиња, абе нешто подобро од животно нема, имаат душа, знаат да ти се израдуваат, знаат да те гледаат со такви очиња поли со љубов, знаат дека нема да ги повредиш ни ти нив а ни они тебе, знаак кога сакаш да им помогниш кога им требаш и те гледаат со поглед кој моли, знае да те гледа додека му зборис, да ти биде најдобар пријател. И така јас синоќа со нив си имав една случка која ме натера да почнам да плачам од среќа. Ги гледам јас моиве зајчиња се моткаат се тувкаат, едното застанало и дреме, другото позади него на гаето го лиже, и коа ќе видам крв на устата. И нормално јас одма паники кревам, арно ама никој дома. Ветеринарот кој го имам дома баш у вакви моменти не ми е дома, а го гледам женсково напнува и ми светна. Па малата моја била трудна беее ке имаме мали а јас од паника не знам шо да направам. И си го извадив фино лепо едното зајче, мајката де и послав алишта ја ставив во голма кошница и ја гледам. Излезе дчкото и он ме гледа како да ме моле, а тоа е најлудиот зајак шо некогаш го имам видено. И си седе така и ме чека нешто да направам. А јас...ем плачам ем го гледам. И видов не видов од шо немав каде, му се јавив на татко ми не беше у можност да си дојде одма ама ми даде до знаеше дека ако не му помогнам може да умре оти е многу мала. Мала ама за да остане трудна не е мала. И си ставив хируршки ракавици и си почнав. Гледам излегува нешто ама неможе да излезе, да повлечам страв ми е да ме го повредам. Малиот ме гледа жално се врте околу мене ја лиже женска му и неможе да помегне.и после саат ипол време мачење конечно трите малки бебчиња излегоа. На никој неможам да му ја опишам глетката. Плачев од срека. Мајката прво две минути ги гледаше и почна да ги лиже. А машкото само вртеше брзи крукчиња околу нив. И конечно си дојде татко ми ги ставивме во едно како куќичка мајката и малите и сето тоа таму пред тоа кај шо си беа. Сакав машкиот да го извадам ама го оставив. И да, мислев дека ќе ги изеде, ама луѓе јас таква љубов немам видено.Ги пазат бе,ги гледаат цело време. Јадат многу, редовно, а малите ги немаат чепнато, многу пазат. Мајката си леже покрај нив, а дечково ќе се поврте околу нив, ке ги погледа и пак ќе си легне настрана. Многу слатко малко семејство. Се надевам дека со бебчињата се ќе биде во ред. Е така, зајчињата синока ме направија најсреќна
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Многу ми се врв оние што стојат во позадина на политички кампањи, присоберени од сегде, као демек разни класи граѓани сплотени за доброто на Македонија. Хах!
    Чиниш ко некое детско хорче се и во секој момент се очекува “диригентов“ да се сврти и да се скапе од диригирање дури овие сложно ги кењаат напамет научените точки и ветувања кои наводно ќе донесат промени во државичево. Да бе.
    А, уствари, кога ќе размислам па, пола и повеќе од нив само стојат така, а да ги прашаш, ќе умрат, ама нема да знаат зошто застанале таму, освен она фамозното „Па, јас сум член на оваа партија!“
    И после испаѓа сите се врвни во својата професија благодарение на партијата зад која стојат и сите се критично настроени новинари и колумнисти со здрав разум кој им наговестил зошто да гласаат за таа партија, а не за другата. И нели, ќе се скапат пишувајќи и плукајќи по противничкава партија, а утре гледаш на истите експерти најврвно медиумско достигнување им било кога им ја објавиле песничката „Мојата мајка“ во Росица или Другарче.

    Малку за нас смртнициве. Би си земала едно прутче, и секој што плука по нешто, а уствари е таков, би го плескала по уста да му паѓа по еден заб, па барем да биде подеднакво грд и однадвор.
    Аманте бе, кога заборавивте дека до вчера сте биле исти? Или нападот е најдобра одбрана, па напаѓајќи автоматски ја елиминираме можноста дека ние сме такви? Пис оф кејк. Или шит, зависи како гледате на таквото перчење. А таквите контрадикторни работи ми имаат смисла исто ко и организацијана за едрење во Швајцарија. Компир. Излупен и тоа.

    Уште 10 дена ќе ми се отворат рани стари 3 години.
    И така секоја година. It never fades away... :|
     
  15. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    You know what they say :

    -" You mess with the bull, you get the horns "


    [​IMG]
     
    На kate21, MandyLane, moonlight-girl.55 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Денеска се се врти околу тмурното време... како шушумига сум од утрово ништо не ми текнува :worried:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    COULDN'T SAY IT BETTER!:)

    А јас што сакам да кажам, сакам да кажам дека без разлика колку и да не сакам шлапкам насекаде, кога не носам балетанки, кога носето ми е црвено и кога врне, ама толку за чудо уживам во овој период, прв пат во животот велам есен е, ајде да се прошетаме :?: во петокот седам покрај кеј приквечер, така осветлено, некој благ ладен воздух ми ја наполни целата снага со исполнетост и ведрина. можеби едноставно се презаситив од топлината на асфалтот, +40 , купаќи и маички, време е за омилените мантилчиња!
     
    На kravce и Doozy им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... поголем процент народ во нашава ни "државичка" се контраши. Мислам ако не сте знаеле во тренд е да си контраш, да одиш контра се и секого. А реалноста е исто таква. Во групата контраши спаѓа ограничен народ кој подалеку од носот не гледа, свест нема, разум па ич. Затоа паметниот, совесен човек тука мора да премолчи, да трпи што значи е аут ... ограничениот да се сили и "скока", со тоа тој е ин.

    Тмурно време, да ... ама му е време. Потмурна средина и потмурни луѓе од тука, здравје.
     
    На Moira, bittersweet, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  19. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Е да луѓето се потмурни од желбата да го покажат својот памет а всушност тоа затоа што сакат да привлечат внимание... ама на погрешен начин го привлекуваат
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Има денови кога склет ме фаќа од околината, нивното однесување, животните навики, и ми се плаче за во туѓина. Hе ради `мед и млеко` приказните, туку затоа што сакам нови работи, нови видици, нова средина во која комшиите нема да ти го кинат ќесето со поглед кога ќе поминеш покрај нивната куќа, едноставно chill out-ски да го живеам животот. A никогаш не сум мислела на туѓина во таа смисла, да живеам таму.

    Eдно временце кога бев помала, татко ми се заангажира таму преку една агенција која повеќе испра мозок и џеб него нашите копнежи за тој пусти запад. Mанитоба беше местото, абре луѓе корнев коси, плачев, викав: `Hеее, одете си во таа Mанитоба сите, јас тука ќе си останам со баба`. Kаков идиличен живот сум си планирала, просто да пукнеш. :D Oтидов до тој степен да веќе си го замислував животот без моите, само јас и баба ми како ќе си живееме, леле дете лудо. :D
    Tатко ми кога ми кажа пред некој ден, дека после за*бувањето од страна на таа агенција за одење во Mанитоба, на телевизија давале токму репортажа за тоа место, и човеков си заплакал! :rofl:
    И они го погодиле тајмингот за репортажи.

    Aма ко што тргнало, мене единствена утеха ми е да си ги читам Битерсвит и Даничап, и да си замишљам за фоки на патот, и есенско-зимска гардероба во поголемиот дел од годината. Hе е лошо да си замислуваш, јас стално си го правам тоа.
    Hе ме хранат, не ме облекуваат, не ме носат на патувања . . . ама соништата и желбите ако ги немам, дај да се отрујам ако не. Tоа фала богу, нече се догодити! :!:

    Eто ти продуктивни мисли кога времево е даун, уште толку ќе се додепремирам. NOOOOOOOOT!
    [​IMG]
     
    На bittersweet, mims-89, la-chicka и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.