Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Суров,безмилосен живот...па што ти згрешило тоа мало суштество,зошто ?!
    И како да не ти дојдат солзи на очи...кога за неполна недела...тоа мало суштество ти се врежало во срцето...и тогаш мора да дојде и крајот.
    Зошто..тоа прекрасно мало бело папагалче...зошто?!
    Бесна сум и тажна....бидејќи чуствувам празнина...
    А незнаев како да му помогнам...незнаев што да направам за да не се мачи...незнаев зошто дојде до тој степен да се мачи и да почине.
    Ах проклето да е се...ПРОКЛЕТО да е !
    Ќе има други,ќе има секакви...но како тебе нема да има.Ветувам дека нема да те заборавам.И колку глупаво и да звучам,колку смешно...јас пак искрено ќе кажам...жалам ;(
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Во позадина нашата песна.
    Дожд на прозорците. Реприза од онаа вечер, без него до мене.
    Ми се плаче кога ќе помислам на тоа. Како времето од тогаш да застанало. Како да не постои ни ден ни ноќ.
    Инаку и сега ми е добро, ама тогаш беше уште подобро. И вака ќе преживеам.
    Јас и тој прегрнати, молчевме. Од време на време ги отвараше очите, се насмевнуваше. Го имав до мене. Чувствував топлина, љубов. Што сега веќе ја нема...
     
    На thelittle17, Tenkai и marama им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК се во животот е ука и поука.Се во животот се враќа и се плаќа, а тоа кога ни се случува, не го приметуваме и не го прифаќаме.Човек не треба да се обидува да му го попречува патот на другиот, бидејки залудна ќе биде неговата намера, некои работи се одвиваат без наше прашање или наша согласност.Оставете ги другите луѓе да си ја реализираат својата цел, бидејки не им се потребни туѓите “ добри“ намери.

    Некои луѓе треба глумата да ја користат за во театар, каде целата публика ќе им се воодушевува на нивната совршена изведба.Но, не во животот оти таму не секогаш има публика која ја сака глумата и не секогаш истата им се воодушевува.Освен тоа, и толку е проѕирна и приметлива, што дури и не е ниту интересна, а ниту впечатлива.

    Бидете добри со секого, бидејки незнаете на чија врата ќе тропнете, можеби токму на таа каде не сте добредојдени.Доколку сте свесни дека сте згрешиле, барем извинете се, човечки е да се греши, не за друго, самите на себе си правите добро.

    А, мрзливоста е лоша работа и никој не ја сака.Само прави човек да е впечатлив, останатото се знае што оди по неа...
     
    На Serafima, kravce и ilipili им се допаѓа ова.
  4. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Денеска пак се возев по дожд со точак. И пак ми беше убаво. Требаше да одам пешки и викам ќе си одам со точачето, не сум од шеќер па да се стопам без чадор. Башка недела дека е улицине празни, мераци за возење. ^_^
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Никако да се научам да не правам грешки. Никако!
    Макар една та иста ќе ја маткам, ќе ја ставам на repeat mode и никако да се свестам и да увидам што правам. И што е најтрагично, после секоја увидена грешка ќе си речам „Никогаш, никогаш веќе!“ и пак си пеам стара „очиглено омилена“ песна. Ќе ја направам пак и додека ја правам ама не ме боли ни левиот ќош на клетката на малото прсте на десната нога. Ама баш ич. И сум се фатила себе, онака скришно дека секогаш се обидувам да најдам соодветно веродостојно објаснение и изговор (најчесто алкохолот) за творбата што сум ја створила, а пусти изговори изглеа веќе ги пресушив - нигде и никаде ги нема. Па ги нема, кога тоа што го правам нема изговор! |(
    И сега вака во некои мрачни, скапани и утепани денови, дождливи ко овој, си седнувам и стонирам и размислувам за нештата. Нештата што ги правам. И кога ќе ја видам таа слика од страна од некоја си друга перспектива, низ нечии други очи - не се препознавам. Зар толку сум се сменила? :o
    Земајќи во предвид дека по моја природа е да си се самокритикувам, увидувајќи го и фактот дека сум девица (и во хороскоп и онака - знаете како - ама второво во контекстов не е многу од клучна значајност) вака јавно и официјално си се самокласифицирам во групата на најсамокритичните (не)совесни живи суштества на планетава.
    И така јас во овој влажен и мокар ден си направив една ретроспектива на веќе поминатите мои однесувања и дела кои искрено, ама најискрено кажано - сакам да направат ПУФ! и да ги снема.
    И иако од надвор имам оформено цврста непробојна черупка на негрижа за туѓите мислења - срцевината и сржта ми е мека ко маршмелоу.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Нешто муабетевме со мајка ми, не се сеќавам кој беше поводот веќе за јас да си прашам реторички на глас - добро зошто луѓево мислат дека ќе успеат ако ја имитираат својата околина? Ако се трудат да се слеат со неа вештачки правејќи нешто од себе, што можеби и не им прилега?

    И знам мајка ми со deep rolling eyes ми се сврте и ми рече - ова сама со себе си збориш или баш мене најде да ме прашуваш? Мене, која цел живот мразела да е дел од толпата и да се мајмунише ко останатите за да не дај Боже не отскокнува од истата?

    Така и сега, дожд па дожд. Есен па есен. Приумревме сите од депресии или само си потврдивме дека конечно дишеме, дека конечно нема горештини ниту портокалови фази.
    Шо би рекла една феминита - сите сакаме чајче со цимет, да да :D
    Абе, не знам дал' да мрчам или не, ама - здодевно е. Аман со 69 извичници.
    Пих па и бројот го погодив, ама сериозно, АМАН!

    Ќе падне првиот снег, леле снег! Леле ладно! Леле ѕивра!
    Ќе се стопли и пак ќе кукаме, леле не се дише. Леле портокалово-жолтеникаво-црвени фази, леле цела се потам.

    Абе што збориш?! Шокирана сум.

    Да се разбереме, по-летно дете од мене нема. Ама, едноставно, многу е и дури ни копчето за игнорирање не ми помага во случајов.

    Се сеќавам колку пати, на семинари по американска или англиска литература, кога се дискутираше за некое дело, кога имав подготвено да кажам некое мое мислење, ако случајно некој од колегите го кажеше пред мене, заќутував. Толку. Нема потреба да се кажува истото 50 пати. Инаку отиде дискусијата.

    Така и сега, се мислам, сегде хајд да си направам. Или едноставно ќе си творам нешто свое, и онака ме клоцнала некоја муза деновиве, ќе се трудам да не се маткам по мреживе виртуелни, и ќе планирам каде и што понатаму.
    Мене па септември не ми е депресивен. Малку ми се променија плановите, ама тоа е. Играме табла со судбината, не ми пречи.
    Дали дека ме чекаат многу нови работи кои треба да ги започнам и завршам, дали дека возбудено чекам се да ми се среди внатрешно за да можам да дејствувам надворешно.
    Битно едвај чекам да дочекам.
    И дожд ниту бура ништо не ми можат. Моите гумени на нога и шибам по вирови да го освојам овој свет. Како беше со Мухамед и гората? Па еве, ќе придвижиме некој кон нешто и некого. Проблем ли е?

    Како беше она? Пази што посакуваш, можеби и ќе ти се исполни.

    Е ајде де ајде. I dare you, I double-dare you! :emo:
     
    На bittersweet, ilovecupcake, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  7. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк никогаш не и обрнував внимание на поговорката дека "Тенка е линијата помеѓу Љубовта и Омразата."
    сега остај што почнав да обрнувам внимание туку почнав да ја сфаќам и чувствувам на своја кожа.

    Вистината излегува кога тогаш на виделина.
    Тоа сакав да кажам.

    Останете ми поздравени.
    :bow:

    http://www.youtube.com/watch?v=0cWggYiv ... re=related
     
    На thelittle17 и marama им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Еден ден и јас на црвен тепих со црна хаљина и маж од седум милиона долара ќе прошетам! :rofl:

    Манаки, Манаки, слатки маки.
    Битола, бабам Битола, знаеш ли мор колку те сакам? Срце ми се исполни. Од еден, испаднаа два дена. Од сонце, дожд бидна, и тоа таков пљусак што мислам дека небо се отвори! Сјајно. На Молика чај од нане и мир кај што никаде нема. Зелено, зен. Убав ден.
    Кетрин Денев, милфица со отмен од. Се уплашила од улиците битолски. Ее, чупо, стара си ти за Широк Сокак! 8) :lol: Иии да. Мислам дека битолчанки се родени со штикли на себе! Вчера бури веат, виулици беснеат, девојкиве рипаат со чадори по вирови, со штикла, миничи, велови, чудесии...
    Not my cup of tea глетка, али ај! То е :)

    Туку, срцево ми го стопли целата вчерашна авантура. Сирење во Буре, сладострастија на шетањето по Тумбе Кафе, колачиња по улици, дожд и ветер низ мене, дремка по клупи и врвот на катарзата. Кога го следевме влегувањето на актерите и најавата на Кетрин Денев, едно бабиче мило, со чадор, стоеше и треперејќи си ја чекаше омилената актерка. Кога поминаа сите почести, таква само воздивна "Ех, што е убаа, не се променила ич. Ајде да си одиме, ми се исполни желбата да ја видам" и си го фати мажот за рака.

    Мене, очиве солзи, ко облак полн дожд. Таква трогателна изјава никогаш нема да чујам повторно. Ете, бабиче. Денес ја има, утре ја нема. И се исполни желбата, да ја види Кетрин. Да ја препознае грациозноста на француското дамство. Радости! Битола, срце ми галиш.
    Ете така.
    Сега чај чајувам и не очајувам, оти за мене сонцето е во таквите мали мигови што Љубов значат!
     
    На N.Kety, Buttterfly, sweet-cherry и 29 други им се допаѓа ова.
  9. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Како да викате, а никој не ве слуша.Се чувствувате речиси засрамено, дека некој би можел да мжви биде толку важен и без него да се чувствувате како ништо.
    Никој никогаш нема да разбере колку сте повредени.
    Се чувствувате безнадежно,како никој да не може да ве спаси.
    И кога е готово и го нема… Речиси посакувате да ги вратите сите лоши работи, за да ги добиете добрите
     
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    СДК - Си ги најдов салфетките и си ги средив одново.
    Се потсетив кога одев од другарче кај другарче да ги мењаме дупликатите.
    50 денари колку многу пари беа, можеше да си купиш цело пакетче со дури 20 сафлети внатре.
    Кога немаше да ми дадат 50 за ново пакетче, паричките што ми беа за смоки ги собирав и пак ќе си купев.
    Или пак по 25 со другарка ми и го делиме на пола.
    Колку беше убаво кога цел град го шпартавме за да ги најдеме најубавите салфетки.
    Се сетив кога ги подредував: Прво цветните, после новогодишните, па овошните, зеленчуковите...и на крај најубавите. А најубавите беа оние со барбики, Мики Маус, Том и Џери, Снежана, Пепелашка и тако даље и тако даље.
    1 убава мењавме за 2 обични.

    Ај доста брблам идам да чистам малку. :hai:
     
    На Serafima, Adi888 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  11. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Топло ајварче, лебче и сиренце мх мх убавини :)
     
    На Serafima, thinkerbell, ludoto19 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Превземено од crnobelo.com


    Бидејќи деновиве само за свадби се прави муабет, решивме да објавиме наше видување на оваа тема и обичаите и адетите на нашиве свадби.


    За жал кај нас сè уште не се искоренети сите адети што се останати уште од времето на турско ропство и тешко дека во скоро време ќе се искоренат...

    Иако, за среќа почнаа да се освестуваат повеќето млади, се надеваме дека веќе нема да постојат вакви хорор свадби.

    Текстот намерно е напишан со сленг, со цел поживописно да ги доловиме дешавките :)

    Еве како изгледа една типична македонска свадба прикажана низ 24 часа:

    06:35 Невестата стануе узбуџена од спиење мајка и и трпа дијазепамче у уста да се смири, комшиките ѕвонат на врата дојдени за да спремаат руска и кифлички уз мајката на невестата.

    07:00 Невестата оди на фризерај (у фЛизерница), нормално по могучност кај најскапиот фризер и обавезно паѓа некоја фризура од типот на банана, сарма или новогодишна елка.

    08:30 Невестата се враќа од фризерај, долази дома и со комшиките ги вежба уше еднаш сите ора и како да каже у црква - ДА, ГО ЗИМАМ, а притоа на попот да не му паднат перверзни мисли на памет :)

    09:00 Младоженецот стануе од спиење и обавезно со кумот дрмаат по едно ракииче, а ако е некој мутав седи и дреме, док кумот пие ракија.

    10:00 Невестата се заклучува у соба (по могучност спавацча, или дечја соба нали) и ко трнорушка чека да дојде зетот да ја спаси од аждаите (читај у превод: братучеди, браќа, комшии, комшики, тетки) што стојат на врата и бараат пари од зетот и неговата тајфа ако сакаат да ја земат невестата и да си ја носат при себе :)

    11:00 Кај младожењата почињаат да стигаат гостите (буквално цела родбина до 6 колено сосе пријателите што ги упознале мајка му и татко му пред 20 години на одмор у врњачка бања и од тогаш не се виделе).

    Почиња да се вие коло, да се певаат песни од типот на 4 месеци свадба се спрема, обавезно има некоја тетка од страна на мајка му на младожењата со бркови и недепилирана мишка која е најжива од сите, лупа на дајре ко разулавена и вика ју ју ју, са са! У меѓувреме кај невестава се дешава истото, једина разлика е што невестава запаѓа у трансои у соба закључена док чека у неизвесност (леле абе ќе дое ли овој да ме земе или не).

    13:30 Од кај младожењата се трга по невеста... сите коли се украсени со пешкири, цвече, а кај патриотите и знамиња со лавови, сонца и Александар Македонски.

    Обавезно пред куќа док не тргнат по невестава, се собира цело маало (читај: све од женски род и ќоро и сакато од 5 до 95 години, облечено у тренерка и летна влечка, најчесто марка - Лајнарки Чик Куманово, придружена
    со вунена чорапа, нормално за да пукнат сеир, да видат кој шо носи, кој со кого ке иде у кола и тако даље и тако ближе). По пат обавезно се свири со аутата ко на утакмица Шкендија-Вардар (едино нема само извици од типот на уа судија).

    tipicna-makedonska-svadba

    13:45 Стигаат сватовите кај невестичето... и таму пред куќа е собрано цело маало и се дешава истото како и кај младожењата, само овдека комшиките имаат од Бога поклон да ги видат гостите и од невестинска и од младоженска страна. Се вие коло и се влага дома кај невестулево, а обавезно пред улазак едно моме им кити гранчиња од елка, бор, јавор и рузмарин на сватовите директива на сакич и на кошуља.

    14:00 Младожењата заедно уз неговите пајташи трга накај собчето кај што е закључена невестата и пола саат се расправа со аждаите што ја чуваат (ДАЈТЕ МИ ЈА, НЕ МОЖЕ, ДАЈ ПАРИ, НА ПАРИ, Е НЕ ТОЛКУ ДАЈ УШТЕ, АЈ ОВИЕ ДОСТА СЕ, АЈДЕ ДОБРО ВЛАГАЈ...) и од коа ќе влезат деверот и облака ципела на невестата.

    Од коа ќе бидне драмава се влегува у дневна кај што е поставена храната, па таму свекорот и свекрвата и сватот и сваќата кршат леб и у меѓувреме со залак леб док го џвакаат меѓу зуби се бацуваат у уста (и маж со маж) по 3 пати и така се посватуваат. Пак се вијат кола и више време е да се трга у матично.

    16:00 У матично се потпишува завет (смртна казна) дека се зимаат младиве, а тука потпишува кумот и старосватицата, као еве демек им даваме на младиве суппорт да се земат. Од коа ќе се деси свечениот чин... обавезно сите 656 гости се љубат по три пути у образ со младожењата, невестата и сведоците, а најупорните баби директива У УСТА ШЛАПААТ и тоа онака сочно од дно душе и срца, али може да се начука и некој пијан сват кој ке и се џитне на старосватицата.

    Обавезително една буцка дели по луѓе грижоте бонбони, или краш бајадери и од време на време си подлапнуе од истите.

    На искачање од матично се праи групна фотка као у ДИНАСТИЈА и ти дотрчаваат 4-5 ромчиња што кунат - дај пари жити швалерката... и тука настануе фрка со суеверни жени, одма мислат дека Ромите се видовити па се караат со мужите околу нивниот швалерај.

    17:00 Се иде у црква. Се редат сите низ црква, кој до Богоројца, кој до Исус, а младожењата, кумот, невестата и старосватот насреде заедно со поповите.

    Тука почињаат да певаат попоиве небаре се на Макфест (све исти шлагери се пеат по свадби - И ТОГАШ ГОСПОД РЕЧЕ, ЗЕМИ ЈА ОВАА ЖЕНИЧКА ДА ТЕ ПРИЧЕСТВУВА И ТОЈ МУ РЕЧЕ ДА, ЌЕ ЈА ЗЕМАМ И ТАКА БИДНА РАЈ АМИИН).

    Па се дегустира црвено вино уз леб, па се праат фори (демек попоиве шалајџии) и коа се мењаат круните од глава на глава, увек настануе драмотија прибидејќи невестата и старосватицата не може да си дојдат при себе пошо попот им ја уништил фризурката док им стаал круна на глава. Се фрлаат бомбончичи и ситни пари низ црква док невестата и младожењата три пати кружат околу попоите, верујте у тие моменти најбоље е да се склоните у ќош ако нејќете да се осечате као кога го бомбардираа Перл Харбор.

    18:00 На паркинг пред црква 2-3 жени им ги поправаат фризурите на невестата и старосватицата док овие уште бесно го пцујат попот.

    19:00 Прием у ресторанТ. Пак честитки и три пати цмокси цмокси цмок, примопредаја на поклони, поздрављање со далечна родбина.

    20:00 Играње кола (сите познати и непознати ора од Вардар, па до Триглав за да се запази вкусот на сите гости), пијани женички што цупкаат у место за да не се испотат, пијани женички што најватрено играат узичко коло и 6 напред 3 назад, док цицурајките (шо би рекла баба ни), им рипаат до небо, пишуење музички жељи на салфетка,
    фрлање бидермаер (групна тепацка), па љубоморни жени на таа шо го фатила букетот и изјави од типот на - НЕКА МИ ГО ДАЕ МЕНЕ И ОНАКА НЕЈЗЕ НИКОЈ НЕМА ДА ЈА ЗЕМЕ, сечење торта, играње Бечки валцер и пијанчење сè док може да се остане у ресторанот

    02:00 Свадба је завршила. Сите среќни, весели си одат по дома, освен најпијаните кои продужаваат кај младенциве дома да се дотрескаат.

    04:00 Фајронт... али двајцава млади шо се земаа, од прва брачна ноќ ќе видат... ОД ТРИТЕ ПОДУГАЧКОТО ЌЕ ВИДАТ. ПРАВАЦ УТЕПАНИ У КРЕВЕТ, ЌЕ САЊААТ КРУНИ, ПОПОИ, КОМШИКИ, ХАРМОНИКА, ФРИЗЕР И ТАКО ДАЉЕ!!!

    Чича Мича готова је прича :)
     
    На sweet-cherry, Peppermint, IndieGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Денешново време ме препороди.Иако овој период од годината знае кај мене да предизвика тага,овој пат не е така.После многу напорен период,ова ми дојде како најубав психички одмор.Затворена во 4 ѕида,тивка музика и со мислите отидена некаде далеку.Во овие 2-3 дена направив ретроспектива на се што ми се случуваше последниве неколку месеци и заклучив дека од сето тоа сум излегла како многу појака личност.Колку и да ни се чини дека во одреден момент сите бродови ни се потонати,подсетете се дека доаѓаат подобри денови.Во себе имав насобрано толку гнев,нервоза и тага што воопшто не е својствено за мене.Но,како времето проаѓа сето тоа избледна и останаа само горки спомени на кои се сеќавам со тажна насмевка.Сфатив дека не се во овој живот зависи од мене,така да од сега единствена цел ми е да се посветам на она што може да го постигнам со сопствен труд,а за се останата оставам на судбината...
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е тоа што не очекував, тоа ми се случи
    жена што ја познавам онака-ок, ми направи огромна услуга ми позајми 2 книги за Менаџмент стројник да ми изигрува :fubar: и тоа типот не видел заедно кога сме си оделе накај дома, и ме бендисал мене, па ај да сме се дружеле |( :swear: бог да чува и да брани, што ли не ке ме снајде мене :x
     
  16. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    На сестра ми,

    Те сакам,
    -затоа што само со тебе можам да гледам комедија филм и да се смеам само затоа што нон стоп се клоцаме делејќи го каучот, тие вечни борби чии нозе ќе лежат на другите.
    -затоа што само тебе можам да ти кажам кога пишувам нешто ново, целата замисла, сите клишеа и најбујни фантазии затоа што само ти ќе се смееш до солзи заедно со мене наместо да глумиш колки ти се допаѓа. Потоа да ми дадеш некоја идеја од типот; Епа таа си седела на плажа и гледала некој пар, и сфатила колку е осамена и почнала да плачит и тогаш заврнало, па рекла да поседит малку дур не преврнит и си седела со саати.
    -затоа што само ти одиш до продавница да ми купиш пепси... и после се враќаш, ми кажуваш си заборавила да земеш нешто за тебе па јас слагам по тоа.
    -затоа што кога и да караме кој да оди в продавница на крај двете одиме.
    -затоа што само со тебе трагедиите и хорорите се комедии.
    -затоа што ти си најверојатно единствената личност на планетава која целосно ја почитува мојата приватност. Ме знаеш на форумав а сепак не ме читаш, ти дозволив да ми го читаш дневникот а го немаш чепнато.
    -затоа што само тебе кога ти се спие многу, многу можам да те убедам да разговараме и да останеме будни до 3 наутро.
    -затоа што ти си на моја страна само кога веруваш дека сум во право.
    -затоа што ми ја кажуваш вистината колку и да боли.
    -затоа што ти си мојата најдобра другарка, сега и секогаш,
    и уште милион други работи.
     
    На gwen, OneDirection, Serafima и 9 други им се допаѓа ова.
  17. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    fallenangel во моментов поточно во последниве два дена изгледа како Бабарога ! |( Што се случи со мене така одеднаш ?Се погледнувам во огледало и неможам да се препознаам !
    Лицето ми е мрачно и тмурно исто како сививе облаци надвор ,изгледам нездраво незнам зошто и незнам како.Не чувствувам напнатост ниту нервоза , нешто ми е празно во градиве ,можеби нешто одвнатре тивко ме потиштува како црвче ми го нагризува телото а можеби и здравјето.Крајно време е да посетам лекар и да испитам што не е во ред со мене .Луѓево ме гледаат чудно како пред нив да стои дух а не нормално девојче .За првпат синоќа забележав дека всушност изгледам како мртовец ... :x
    Ајде да е само тоа да изгледам нездраво, ама и лицево малку повеќе со акни ми е направено :^) со сите напори го негувам лицето а ете види што се случи и како да немам попаметна работа си застанав пред огледало и почнав да ги стискам :fubar: и што направив ги предизвикав уште толку и сега покрај целиот мој темен жолтеникав никаков тен на лицето имам и црвенило браво за мене :headbang: ...оди сега прикриј ги акните со пудра ,чисто го лицето со млеко ,со гел со незнам што .Забележувам дека имам и проблеми со исхраната и тоа е уште едно нешто што побрзо морам да го доведам во ред ако сакам повторно да си ја вратам свежината и да имам добро здравје .
    Како одеднаш се случи ова ,стварно изгледам страшно дури сега веќе и ми е срам да се појавам низ град,ниту шминка ниту облека ништо неможе да го поправи мојот изглед :worried:
     
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Дека кога некого навистина сакате нема да напраете нешто за кое ке се покаете, ке внимавате на се и сешто
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Ништо..и онака не ми е дојдено до зборување.. најдобро е кога молчам. :x
     
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Синојќа дури и претерано бевме на дистанца. Таа твоја строгост... Не знам. Џабе велиш се ќе биде ок... кога знам дека нема да биде.Никогаш повеќе нема да биде истото.Заебавме се !!!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.