Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.218
    Допаѓања:
    139.927
    Којзнае како и звучам на околината кога ќе кажам дека едвај чекам да се разболам, за да можам малку да одморам. Жално, не знам сама да си дадам одмор, па мора организмот мој да се потруди да ми даде.

    Денот ми беше уживанција, се изначитав СДК, нешто што немам време редовно да го правам. Не знам дали сте забележале, ама СДК е посебна во неделите, кога веројатно сите имаме малку повеќе време кое меѓудругото го користиме да пишеме некој ред тука.

    Минатата недела правев една собиранка. Поводот беше многу убав и несекојдневен, исчистив еден кредит. Забавата беше многу убава, многу опуштена, со многу алкохол и речиси воопшто глупирање, зошто големи сме веќе, ни држи г*от пиење. Искуството си го прави своето - се има и издржливост, и техника.

    Само имаше и еден сив момент кој се уште ми виси над глава. Правевме список на луѓе кои сакавме да ги поканиме. Почнав од најблиските, со кои контактирам на дневна основа, и излегоа девет луѓе кои моментално беа тука. Потоа продолжив со втор круг, луѓе со кои се гледаме повремено, да речеме 1-2 пати месечно, и заедно со нив излегоа 40-тина, вклучувајќи и неколку блиски колеги. Бројкиве ми беа страшен шамар. Пред неколку години, првиот круг беше околу 30, а вториот околу 100.

    Што се случи за неколку години?

    Се случија обврски со работа, иако кај на с не се толку голем проблем, колку што се кај другите. Јас сум спремна да жртвувам спиење за дружба, ама не е секој спремен на тоа. До душа, последнава година ни јас веќе не сум спремна, а и фала богу се послабо има за кого да жртвувам.

    Се случија деца, кои сакале или не да признаеме, не оддалечија од група луѓе. Ти ги менуваат динамиката и приодитетите, а клучен момент беа двете години кога на прсти можев да ги избројам деновите кога децата не беа болни. Другите од друштво многу подоцна се решија на деца, па имаше период кога за жал бевме некомпатибилни, иако се трудевме :) Кога и на другите им се случија деца, некои од пријателите толку се изолираа што од првиот круг на најблиски, прејдоа во вториот.

    И има една категорија која ми е најболна, а тоа се печалбарите. Не се ни печалбари, отидени се во неповрат, со билет во еден правец, а болно многу ми недостасуваат, затоа што меѓу нив, за жал, ми се најблиските. И за жал, нивниот број постојано расте. Туѓината пуста да остане!

    Врските треба да се одржуваат. Им треба континуитет. Треба да се негуваат и да се градат. Не знам зошто се случува ваквото избледување, ама истото го просведочив и кај моите, и кај на муж ми неговите. Неговите и не ги знам, ама кај моите има драстична промена. Порано секој ден сме имале луѓе дома, цело време куќата била полна. Свирки и пијанки до ниедно време, дружби со еден тон луѓе. Со текот на времето тоа некако неосетно исчезна. Ни јас сама не знам кога. Некои пријателства исчезнаа со причина, а некои избледеа од недоволен ангажман.

    Криво ми е за некои луѓе со кои сум имала супер однос, ама под притисок на обврските, по линија на помал отпор, сум ги изгубила. Понекогаш ќе налетам на некој број, ќе го провртам низ рака, и ќе сфатам дека глупо ми е од еднаш да свртам телефон и да речам... еј кај си бе, што има ново? А прошло време.

    Ме потсеќа на еден другар на муж ми кој се пресели во друг град, и тотално се изгуби, дури ни на свадба не ни дојде, во некој лош филм беше тогаш ептен. И после некоја година се среќаваме, и тој му вика на муж ми, еј здраво, што има ново? А овој му одговара, па еве, се оженив, изградив куќа и имам две деца.

    Најблиските ми се тука, макар биле на скајп, знам дека се секогаш тука за мене, како што сум и јас за нив. Ама човекот е социјално суштество, му треба стадо.
     
    На Buttterfly, Neytiri, anabel-a и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Времето поминато размислувајќи и мислејќи на луѓето кои не напуштиле и оставиле,
    а притоа барајќи ја причината, изнаоѓајќи милион можни варијанти, навраќање и
    чепкање низ спомените и отварање на стари рани е залудно потрошено време.
    Луѓе, некогашна другарка или некогашна љубов.

    :tmi:
     
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Damn I look good. :wasntme:

    Mногу сакам патување на дожд,многу,три метри над небото.Ги тиреш рацете од џемперчето додека дождот силно удира по прозорецот на автомобилот.
    Романтики,шта чеш.
    :rain:
     
    На CoverGirl10, Stoimenovska, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Вакви лоши денови ретко ги имам.
    Не спотера некој малер оваа година сите...којзнае што ли се случува.Ова веќе не ми изгледа ни нормално...
    Кој што прави кај нас обавезно има по некоја лоша вест,дешавка или некоја кавга,нервоза...
    Незнам што е само се надевам дека се ќе иде на подобро,и дека нареднава година што доаѓа ќе биде полна со позитивни работи. :|
     
  5. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Утре пак на работа. Воопшто не ми се оди ама мора. Некако многу брзо минува викендот. Убаво ми е дома, кратко ама слатко. Зашто не седиме дома 5 дена, а 2 дена на работа би било милина да е така. но, нема ние што сакаме. Одам да легнам морам да станам утре рано.
     
  6. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Денот така никакво ми започна, неможев ни да уживам во утринското станување .... |(... неможам да си пружам никаков одмор во текот на денот, па затоа сега, си направив топла купка, со многу морска сол, опуштачки мирис, си седам на фб, си читам Фемина, слушам релаксирачка музика... и на крајот ке ја сушам мокрава коса и ке спијам како секој нормален човек... а утре .... утре нов ден нова надеж ....
    со повеќе одмор
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.552
    Допаѓања:
    251.794
    Романтика на дожд :^) .
    Ајмо вака.

    Ладно е , каливо, чорапите утоп мокри, се тресеш ко мокар глушец, накиснат под некоја стреа, и чекаш да намали дождот. Тој до тебе, исто накиснат, се тресе, мокра чорапа и кал до колена. Романтики |( .Го мразам времево, не ми е романитно, не ми е убаво, напротив лошо ми е, ладно е, а грејна сезона е далеку. Да седам дома по ќебе и да гледам филм. Звучи добро, ама како кога ќе се сетам дека утре, онака посабајлечки ме чека натегнување, станување од кревет, па се смрзнувам, се облекубам, и излегувам. А надвор врне. И додека да стигнам јас сум веќе влажна. И понекогаш е убаво да си влажен, ама не секогаш :emo: . Со мокра чорапа опет оти чизма не можеш да облечеш сеуште, а и старите ти се скинати, патки не оди у работничка комбинација и ти останува кондура, која од железо треба да е, а да не пропушти на обилниот дожд.

    Спона некој дожд и романтика?!
    Ја има, на филмовите и кога седам дома, ама не сум во филм и не седам дома.
    Затоа мразам дожд, мразам чадор и сакам лето. Па макар и 40 степени. А летово кукав за ладно.
    Се предомислив. Не сум романтична.
    Је*бам ти романтика, кад ми е чорапа мокра, а коса извиткана :devil: .
     
    На kate21, IndieGirl и Annath им се допаѓа ова.
  8. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Вистинската љубов, никогаш вистински не завршува. Таа трае. Се сакате и тогаш кога се мразите. Заедно сте и тогаш кога ве разделуваат милион километри, се чувате еден со друг дури и тогаш кога тоа не е потребно. Во најтешките моменти мислите дека сте сами, а всушност никогаш не сте, знаете дека сте тука еден за друг. Дури и кога го свртувате погледот настрана, вие сеуште гледате еден во друг. Се смеете заедно, но плачете посебно, затоа што не сакаш таа да те гледа тажен, не сакаш тој да те гледа со солзи. Тоа е вистинска љубов. Таа љубов, ја познаваат големите луѓе. Таа љубов носи голема болка. Но големите луѓе имаат големи болки! А поднесуваат болка како никој друг, во тоа е нивната големина, плачат тивко, а се смеат гласно!
     
    На marama, Serafima и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Знаете што е зависност од музика ....кога радиото ти е оставено на Метрополис , тв - VH1, а на лаптоп слушаш нешто исто толку прекрасно !

    Го достигнав врвот :D
     
    На anabel-a и kravce им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    До тогаш до кога ти ќе возиш џип од 100 000 евра! Шутрак! Зашто?! Да му ебеш матер зашто!
     
    На Waka-waka и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Незнам за вас ама јас си ги извадив чизмичките, се е подобро од балетанка со црна хулахопка на времево!
    За мене летото официјално заврши, тенск гад, а летото во Скопје ич не го сакам, да сум на плажа може некако да помине, ама тука неее фала, дождов долго се чекаше.
    Свит дримс :hai:
     
    На Rubiii, la-chicka, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    до вчера беше Xурем, сега им почнува новата серија онаа Aнгели, ќе мора и тоа да скроламе надолу :D
    Hего, зашто мрчите за чизмите бе? :wasntme: Глејте си здравјето бе,Јајник ќе ве фане, кое лето, надвор ладно, си ги извадив и јас чизмите :wasntme: Епа ми фалеа, барем чизми имам на број, саглам сандала немам :(

    Eдит- A ако затопли, сандалите ми се тука, не сум ги кренала уште :D
     
    На mims-89, anabel-a, thinkerbell и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Со среќа на сите бруцошии :hai:
     
    На SimplyElegant му/ѝ се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    И таман коа бев решена денов да го шкртнам,како еден од оние денови на кои никогаш нема да се сетам, ми се избаци на врата со големо ќесе од Мек во новите тренерки. Нагласувам новите, па тие што се од Аеродром ќе ме разберат :D
    А знаете и што се случува во Мек деновиве, па будалетинкава не знаела да одлучи што избере од топ менито, па земал од све по две. За сваки случај. И немаше да биде се толку симпатично, ако не се појавеше со тој киселкаст осмех и беливе тренерки до колена со калливи флеки. Не флеки, флекишта!
    Уште јас да немав толку очаен филм на репертоарот, можда ова ќе беше скроз идеална неделна вечер.
    Знае он бе, знае како требало со лудата женска во пмс.
    И цела среќа што ѕвончето заѕвони во прав момент. Пошто уживам да се смеам на рандом муабетите што ги прави коа сака да се расположам.
    Добро е што не го шкртнав денов, имаше да се каам три години.

    А од утре, ќе мора да го дишам мувлосаниот воздух во амфитеатар. И да се запознавам со многу нови фацки со кои ќе ја поминам годинава.
    Исто како пак да сум бруцош. Само неам пеперутки туку скакулци. И многу, многу лошо пореметен биоритам што се надевам ќе се нормализира за доброто на сите што ги сакам.
    Сама си посакувам да ми оди со лесно и си легнувам со осмех.

    [​IMG]
     
    На zarah, Doozy, Monna.Monna и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Бреј у срце ме гаѓат музикава на радивцево, несвест... :angel: сега им текна уба музика да пуштаат у ниедно време :D Сомос новиос... :music: лала... :dance:
     
  16. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Тажно е што во куќа полна со луѓе јас сум проклето осамена, а уште потажно е што цел ден, луѓето кои би требале да ме познаваат најмногу не ја препознаа тагата во моиве очи ;(
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Од одмор човек треба да се врати одморен, така? БИИИП, погрешен одгорвор. Отидов изненадена затоа што не очекував уште еден одмор летово и насмеана што последната недела пред предавања ќе ја потрошам на море, се вратив акносана, со отечени крајници и депресија затоа што до вчера бев на море, а од утре сум на факултет. Ме дочека дожд, инјекции и меланхолија. Згора на се, и во ПМС сум.

    И повторно сум разделена на половина.

    Есен е моето омилено годишно време. - Но летото беше топло, лелеаво и безгрижно.
    Знаеш колку си ги сакаш чизмичките. - Но си ги сакам и сандалките, многу си ги сакам.
    Легачиш три месеци и 17 дена, не ти беа доволно? - Да, но, но, но...

    Сличен на овој разговор водам со себе. Од една страна сакам септември, сакам кога имам обврски и сакам нови почетоци, сакам да се вратам во Големото Село и повторно да ме освојува со неговите светла, премногу долго време сум во досадново гратче и премногу долго време сум некорисна...
    Но проклето ќе ми недостасува летото! Ова лето беше лето за паметење. Море, плажа, коктелчиња, излегувања секоја вечер, ќе се повтори ли? Дефинитивно не во истото издание, а можеби и воопшто.

    Ова е нашата мала разделба, лето. 'Till next year.
    И ова е моето добредојде за тебе, моја омилена есен. Немој да ме разочараш!

    [​IMG]
     
    На Doozy, MandyLane, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Не можам да поверувам колку очајно очајни луѓе има по светов. Грешка! Не по светов, во Македонијава наша најубава.
    Комплекси за извоз. И тоа од оние што не се лечат.

    Туку среќа што имам со кој да се смеам на овие глупости што ми ги приредуваат, а тој некој е нај нај нај другарката на цел свет. Ова си го кажувам оти во денешно време е премногу ретко да се најди вистински другар и да се изгради цврсто пријателство. Ако сте биле доволно среќни да најдите некој доволно вреден за вашата доверба и сите „жртви“ што ги бара едно здраво другарство, тогаш потрудете се и да го задржите покрај вас.


    И да прашам дали е нормално да си го ставиш задникот на профил слика на фб каде што цела поширока и потесна фамилија ќе има можност детално да го простудира? :x
    Уште еден доказ дека очај владее меѓу луѓето.
     
    На CoverGirl10, Doozy, caroline.costa и 9 други им се допаѓа ова.
  19. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Како вампир се издигав уште во 4 часот а можев да поспијам малку. Навика ... :wasntme: Денес сум од 8 х на работа, утре јово - на ново повторно од 5 часот.

    Вчера беше една од најубавите денови на работа, иако беше доста напорно, физички тешко. За прв пат да ми се погодат по либерте газди, ги обожавам тие, можам да работам кај такви без отстапки. Голем поздрав до нив. :hai: Се ужаснувам од оние намуртените газди, мислиш уште малку ке дојде да те убие, особено кога ке дојде крајот на работното време и треба да плати. :!:

    За сега се снаоѓам некако и со нив, врти сучи , шта чеш. :geek:

    Него ми се пије кафе, а несмеам. Одамна немам испиено една шоља кафица

    [​IMG]
    ете такво! ]:)
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кои глумци се лугево-не ми се верува :x
    пред месец и нешто се видовме со другарка која беше во едно село во Италија 10тина дена кај нејзина братучедка на венчавка , си поминала супер, ми покажа слики, и пред некој ден ми пишува на ф.б. ај да се видиме јас нема да бидам тука за викенд ако можеш преку недела ке одам или за Битола, или за Струга(таму има роднини)а јас бев зафатена минатата недела ептен и сите ги откачив :D денес ми пишува со една друга другарка биле во Солун :tmi: не Битола или Струга СОЛУН :!: само се прашувам со кои пари-мајка и работи како помошничка а татко и е невработен а таа студент е а јас кога се обидував да и најдам работа-нели да и олеснам ми велеше немој, гледај си за себе наместо да се обидува да се вработи, и да го зголеми семејниот буџет таа си патува и си ужива :clap: за неа а девојкиве од медитација ке одат викендов што следува во Охрид(се плака 26 евра) а јас дома не сум ни кажала дека ке одат и дали јас може да одам знам колку е тешко да се живее вистински со една плата, двајца невработени и еден студент :worried: а таа на мене ке ми се прави другарка :^) од такви ко неа е да бегаш што подалеку а не другарство да градиш :swear: :fubar:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.