Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Eх...си го пијам кафето и ги читам Смешни мислења :D Пукнав од смеење :D Абе богами,цел форум веќе е за таму...Само,барем ми е мило што се вратија некои членови да го разубавуваат :) А и некои нови гледам доста се интересни :) Се надевам да читам подобри мислења. Моментално сум и со болки,па подобро и јас да не пишувам само глупости,се читкаме деновиве. Есента ме радува иначе,убаво е за учење,а и убаво е за читање книги,кога седиш на топло со кафе или чајче. А и ред други обврски што идат,ред други убави овошја и зеленчук,други бои,омилени алишта,ајварче,што ли уште не.
    Си викам,ќе биди подобро,ништо не е изгубено,не важно ако падниш,важно е после тоа пак да станиш.Ако сум ја изгубила битката,не сум ја изгубила војната :) А животот,ќе го решиме :) Нема тој мене да ме води,ќе го водам јас него накај што сакам :)
    Чао засега.
     
    На zarah, Adi888, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сууууууууууууммммм!!!!!!!!!!!!!
    Ќе снесам цела табла јајца од радост, ќе излезам од кожа, ќе полетам, не знам што се ќе направм!
    Конечно, после толку време патешествија, денеска добив РЕШЕНИЕ ЗА РАБОТА НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

    Да ви даде Господ на сите да почувствувате ваква радост, како јас што ја чувствувам денеска!!!
    Дечкото сега ќе ја дотурка тортата, послужете се, а јас отидов да славааааааам!!!
     

    Прикачени фајлови:

    На PeaceLoveBasketball, FortuneTeller.xD, Bozica1980 и 69 други им се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ајмо, почнаа да одбројуваат уште колку имало до судниот 21ви декември.
    Рандом факт, мање-више познат: Земјата се врти околу сонцето за 365 дена и 6 часа, од таму се собираат 6 часа по 4 години и се додаваат на една година ко целина. Тоа беше Captain Obvious.
    Е, сега, од воведувањето на Јулијанскиот календар во 45та п.н.е. минале 514 престапни години.
    Оти во времето на Маите немало престапни години, значи календарот им е “по старо“ и доколку веќе веруваме на тој календар, треба да ги додадеме тие 514 заостанати дена, така што денес веќе по “Мајанско-календарски“ би биле некаде во почетокот на 2014та година. Фактички сме го минале тој “суден ден“ пред повеќе од година, па ште ги моља да не го тупат како ќе умреле уште малце и да се кезат на истото ко зелени, ко да е најсмешното нешто на светов.

    And I don't know why kids these days freak out over zombie apocalypses when it's clear they're safe since zombies go for brains. Американски филмови...

    Неврмајнд.
    Доста филозофии. Некој си бара зомбиња, јас си барам пивце. И ко порачано, другарка положила, па ме вика на по едно. Мх! Го обожавам ова време, ми дава највеќе простор за комбинирање. Има да се упицам и да чекорам ко да е цел град мој. 8)
    И, си чекам јас. His turn now. ^_^

    Да не бидат работите такви мрчливи, те ви дневна доза хумор.
    [​IMG]
     
    На Libera, Moira, zarah и 7 други им се допаѓа ова.
  4. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Убав ден за убав почеток... :sun:
    Прв академски ден, почеток на нешто ново, запознавање на нови луѓе, обновување на стари пријателства. Кога сме веќе кај тоа, сакам да кажам дека откако завши целиот тој прием на бруцошите решив да си одам накај дома кога во холот на факултетот се видов со мојата најдобра другарка од основно. Последниве 4 години може на раце да се избројат нашите гледања, па затоа двете решивме да поминеме некое време заедно и на кратко да си раскажеме како ни поминале изминатите четири години а воедно и да се потсетиме на миговите поминати заедно.
     
  5. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    СДК дека некои не сакам да ги видам пак во мојот живот..

    Друго... Само што вртев низ каналите и ја начекав ова мизерната индиска серија на канал 5?!
    Цццц ејј немом да си поверувам што се не гледа народот.. ццц како глумат, па што е она мизерно, крано ретардирано.. Боже сачувај...:|

    Трето.. На сите бруцоши им посакувам среќа..Т.с кршете нозее :) :D

    Поздрав женски, уживајте во дождот.. и не се силете на фб да ја ставите песната.. Please don't stop the rain... :D:D
     
  6. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Колку е суров животот.
    Не бира ни време,ни место.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам нови почетоци, сакам нови дружби, сакам нови познанства :)
    Одвај чекам утре на факултет, ама ептен ептен ми се бендиса, со нови луѓе, муабети, мајтапи еден купп.
    Ахх средношколскиот живот бил најубавввв 8)
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Не дека секогаш ми е дојдено до смеење, само знам дека со плачење ништо нема да се реши и смени, па наместо да плачам одбирам да се смеам :)))
     
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека ме фаќа трема! Луѓе утре имам многу битен испит, учев не е дека не учев ама немате појма како се чуствувам :(
    сум можела да настапувам пред илјадници луѓе и сум немала гајле, ама не можам да ви го опишам чуството .. стомакот ми се превртува како да ке го добијам првиот бакнеж..Замислете денес од страв уште од 8 бев станата, иако вчера си легнав во 3 и си реков дека асално ке си се одморам
    Не можам значи не можам..
    И не знаете кој товар ке ми се симне од душа ако го положам ?! жими се, ке умрам, ке скокам, ке викам од среќа жими се!!!
    Можеби нема да ми верувате, но ке плачам од среќа ..
    Многу, многу многу сакам да положам луѓе :(
    Ми се плаче

    Ајт отидов јас да се дружам со книгата :worried:
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Македонецот кој живее во Словенија, Роберт Златанов изработил фасцинантно видео од скопската Зоолошка градина. :clap: :clap: :clap: :clap: :bow: .Вистина имаме сега со што да се гордееме и пофалиме :P

    http://www.youtube.com/watch?v=Rkm5z_Sk ... _embedded#!
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Мислев дека ќе умрам денес. Во сред Центар. Ми се слоши :|
    Си ги влечев нозете и се молев само до дома да дојдам. Желудникот ме жежеше, а пред очи пластична слика. Пред црнила. Пред да паднеш во несвест.
    „ Само дома да стигнам...“
    Дома сум. И среќна.
     
    На zarah му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Значи мислиш се си завршил така како што треба на крај ќе ти се јави некој и ќе ти усере се . Значи аааа :devil: Кој дебил човек сум значи е утре ако не средам се ќе се изедам жива дел по дел е така. Не знам и не не знам кој курац им е на луѓево еве се пријавиле на некое ‘‘шоУ‘‘ за ПЕВАЊЕ и песните што ги бираат немаат врска од ПЕСНА и што е најтрагично ги ‘‘пеат‘‘ ама баш исто како што ги пеел артистот ама до точка, здив. Дајте бе луѓе нешто свое, нешто што вие го имате научено и после епа не поминав епа нема бре ај чао доста сум изнервирана :swear:
     
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Деновиве се чувствувам баш вака :rofl:
    [​IMG]
    Лошо е кога си презафатен, уморен од учење, полагање, работа...
    Ама имало и полошо, кога си уморен од лежење, одмарање, излегување, т.е не правење ништо конструктивно.
    Животот си бара обврски, секојдневни.
    Не ми се веруваше дека ќе го кажам ова, ама и од лежење ми е доста.
    И раскинав на мрзата, овој пат неповрат :D
    Има надеж за мене има :)
    Убави ми се овие денови, ни топли ни ладни, онака баш скроени за уживање по моја мерка.
    Дури и работливост во мене потикнуваат :f:
    Уживајте во овие денови, не се жалете, затоа што се ова последните денови кои не одат во екстремност.
     
    На sparklie, kravce, Giovanna и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Зошто секогаш дозволувам да ме повредат :^) зошто еднаш не застанам цврсто и не речам доста е!
     
  15. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Утрово на пат накај школо, кој воедно трае не поевќе од пет минути, една жена се сопна и падна сред улица. Можам да кажам дека срцево во грклан ми дојде кога ја видов и веднаш се стрчав да и помогнам. Кутрата откако стана целата се тресеше и не и се веруваше дека всушност падна. Офкаше, лелекаше и кога ја прашав дали е добро, рече „Ти благодарам девојче што дотрча, да не беше ти сите случајни минувачи ќе ми се изнасмееа и ќе ме одминеа“ и си погледна во рацете кои и беа одрани и од кои и течеше крв, а потоа си ги засука панталоните и виде дека и од колениците и тече крв. И ги собрав клучевите и ја кренав ташната и кесата полна со грозје кое веќе беше смачкано и и ги подадов. Ја прашав дали ќе може да продолжи сама по патот или и треба помош. Само ми рече дека ќе биде добро и ми се заблагодари.

    Ми падна жал, се гледаше дека е средена и дотерана за на работа, а мачејќи се по патот да си го затвори чадорот ете што и се случи. Ама не е до неа, туку до нашиве тротоари и улици кои се полни со дупки од кои човек може некој ден глава да искрши. Немаше да ми биде проблем ниту да ја испратам до некаде доколку и требаше помош, немаше да ми биде криво ако закаснам на школо. Таа можеби некако се спастри и стигна на работа или каде и да одеше, а јас едвај стигнагв на школо од што ми се тресеше целото тело.
     
    На Elennaa, CoverGirl10, Moira и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ако сакам една работа во животов да научам, е да го живеам животот како тетките од студентски!
    Аоооо, бато!
    Ќе уживам значи. :devil:

    Ќе научам како да не те боли десното маде слаш ташаче, за никој, и за ништо. Дури ни за тие поради кои те вработиле и зимаш плата секој први.
    Ќе научам како да ги игнорираш, значи безобразно да ги игнорираш, тие што те прашуваат нешто, и како да гледаш во фаца и само ги гледаш во фаца, без никакви емоции, додека нив не им пукне жчката и не си отидат без одговор.
    Многу битно да се научи и како да не се објаснува многу, студенти се, овци, ќе се рашири наоколу зошто и како е приказната, она на секој ли ќе објаснува. Пфф. А на телефон кој ќе разговара, ќе и падне мрежата да чува Господ од такви настани.

    Па што и е бе нејзе гајле јас дали сум ги извадила последните пари за денес да се запишам во нова учебна година, или дали сум си го испланирала денот претходно, или дали имам други обврски, или чувај Боже, дали сакам малку поодговорно планирање на времето и просторот. Гајле и е за мене, дали сум станала во 7, во 8 или во 9 за да дојдам.

    Како бе вака декан се менува, од денес за утре ли, бам, бам. Јас ли сум смотананава па што сакам навреме и одговорно да си завршам работа.... :^) како претседател на одделение од прво до четврто да менуваа... Тоа не можат да ажурираат на страната, а можат да ажурираат дека треба да се платат 750 денари плус за Информатички, компјутерски и спортски активности, еј кеј еј, ИКСА. Иди бегај бе.

    Да ти се крене притисокот, ама стварно.
    Тонемеееееее, тонеме како вреќа со камења во вода. :puke:
     
    На Waka-waka, Micheleljubov, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Бројче, добредојде назад :) ^_^

    Ах теткава душата ми ја вадит :| |(
     
  18. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Зошто ова мене ми се случува? - зошто? неможам да ги најдам потребните одговори а немам каде истите да ги побарам на друго место.

    Ја знаете онаа народната што си сееш тоа и ке си жнееш, тоа си сееја моите, тоа ке си жнејат сега. Неможам да одам да го видам, неможам, срце не ми дава, и јас плачев ама на нив срце не им трепна, па тогаш, зошто мене да ми трепне? Иако, можеби не е човечки да не отидам, ама неможам. Татко ми е да, но никогаш не се однесуваше кон мене како ќерка. Тогаш зошто јас да се однесувам поинаку со него? со нив? Само ради тоа што е болен? да го сожалувам... Не, Не, едноставно тоа кај мене НЕ ПАЛИ.

    Ме траже мајка ми сега, да одам, да ме виде, да го видам, па уште и бројче дознала кое ми е, зарем заборавивте вие што избравте? што ми рековте? Да траже сега прошка? прво нека си просте самиот, па после од мене нека бара!!!

    До неодамна јас ве барам... сешто сте ми рекле, истрпив, сега не ме барајте. Да знам дека ова му се последните денови - Нема да се вратам и правам ко ништо да не било!!! не заслуживте поинаку, трпи трпи, не се трпи веке... секој може да каже дека сум бездушник ама само јас си знам што се не поминав со нив, кој пекол. ;(
     
  19. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Мајка ми побара фотографија од нејзе и татко ми, од мојот приватен албум.. знае дека чувам скапоцени фотографии :D. Ги разгледав сите албуми кои ги имаме дома...значи колку може едни фотографии да ти ги вратат спомените! Кога се видов прваче, со ташна поголема од мене :D па и по дома со штиклите на мајка ми во кои сум пливала...ми се вратија сите спомени, колку убаво детство сум имала.
    Во очи ми остана најмногу онаа слика со мечето со кое спиев..поточно, бебе беше, кукла нели.. :D До ден денес во кревет ме дружи едно меченце и никогаш нема да речам дека сум голема за мече! Ах, тоа детство.. ах тие фотографии. Го разбудија малото детенце во мене :$ .
    Демек сега сум многу голема :^)
    [​IMG]
     
    На bluegirl7, Glossy-girl, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Сакам да кажам дека сум многу гладна а не ми текнува ниедно бројче за достава на било што во Центар и Карпош. Help anyone? :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.