Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Вистинска штета што модерната цивилизација не почитува некој потенцијално смртоносен обред за секое еднојајчено полу-тестостеронско створче што себе се нарекува маж.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Леле мори Пирамитке, ме натера да го барам низ страници и страници, и кога го најдов што да видам, тууу безобразности на куп. :lol:
    Кој не видел, изволте, НО :!: :
    Parental advisory, not recommended for persons under the age of 16 :)

    http://www.time.mk/read/c6f9ccbda9/78104b0afd/index.html




    Да си кажам сега.
    Сабота, еј моја драга сабото.
    Како почна Пирамтика со нејзиниот сон, така се заредија сите. Но јас нема да кажам што сонував, не ни памтам. Сакам да кажам што живеам. Ја живеам и оваа сабота, моите омилени саботи. Но, и оваа сабота ќе се потроши на него, како и секоја. Како и целиот мој живот.
    Доаѓаат многу убави работи. Доаѓа концерт, доаѓа празничната еуфорија, си заминува оваа година во минатото, доаѓа мојот роденден со кој ќе бидам на чекор до 20ката, доаѓа убав период за кој сеуште не сум толку возбудена. Но го сакам овој период. Ме потсеќа на ланската Нова Година, ме потсеќа на многу убав период. Само сакам да бидам здрава и среќна. Тоа го сакам и во наредната и во секоја година што доаѓа. Со него, до мене.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    За оние што не сонувале ништо, што да пишат денес? :worried: :lol:
     
    На Divinebutterfly, starbucks, x.Daisy.x и 2 други им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.766
    Пол:
    Женски
    Брцкам со лажицата во кремот и ги дојадувам колачињата од сестра ми. Уживам во вкусовите на храната, а од утрово каснав многу.
    Сакам кога денот го почнувам рано, но ретко кога завршува така. Иако веќе до 20 часот ми се чини цела вечност.
    Не знам дали него го сакам лигав или цврст како вистински маж. Не знам каков момак сакам до мене ама знам каков не сакам.
    Сакам луѓево да пишуваат кратки и јасни реченици, но не, изгледа подолгите делуваат поинтелигентно.

    Имајте убав ден. Сонцето ме вика на мала прошетка низ двор. Зошто да не го искористам?
     
    На Serafima, Smilly, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сдк се будам утрово и ми текна дека требаше да одам на едно место.
    Му велам на татко ми сакаш ко старите времиња да шетаме?
    Ми рече дека ќе ме дружи. Се облековме и излеговме.
    По патот ме смееше. Исто како кога бев мала. Одиме и ми вели каде одиме сега?
    Му реков дека незнам, а тој се насмевна и ми вели нели ти ме извади од дома, сигурно имаш план. Каде сакаш таму одиме, сега тебе те слушам. Ах..го сакам бе!
    Ми купи поклонче. Се мислев и му реков дека кога бев помала повеќе му се исплатеше да ме шета. Тогаш не му трошев толку пари. Но ме поправи и ми рече дека тогаш не сме се враќале дома без киндер јајце. Се сеќавам само колку ги сакав! Имав еден куп играчки само од киндер.

    Кога одев кај вујче и тој ме частеше киндер. Знаеше дека ги обожавам. Бидејќи не беше женет секогаш кога бев кај него му велев ако нема вујна, сакам киндер. Нели морав да бидам во некоја корист.
    А денес. Денес има вујна. И токму денес, оваа сабота одам да си ја запознаам вујната.
    А вие останете ми саботно расположени.
    Сонцето ве повикува.
    Чао!
     
    На Lady-Cha, Serafima, BeYourself и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Денес требаше да се одработува Денот на дрвото, а ние дрво се сторивме... со Тга за југ, чаден лосос во прилог.... пролонгирано смеење, пикантерии кои при здрав разум не се кажуваат. Да се множат ваквите денови...
     
  7. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК имам жолто цвеќенце!
    Почастете се со малку благо :D

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Serafima, BeYourself и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Дека најбоље е да те разбуди мирис на грав, да ти падне перницата во сон, а да мислиш дека паѓаш лично ти, дека исполепена десетденарка е исто ко стечаен работник, дека најмилите секогаш те мислат дополнително кога ти ги мислиш нив, дека кафето станува роб на моите навики, или обратно?! Дека дневните весници одамна не ми служат за информирање, ами за бришење џамои со истите, и дека кога му се јавувам за да му кенкам, зошто сум женче ипол, што самото себеси не се поднесува, апстрактно му доделувам орден за храброст што умее да сконта а знам дека му е мака, а сепак ме сака! :rofl:

    Ова пробај да го кажеш без здив.
    Не ќе мојш! :D

    Урнебесно смеење по повод неколку залутани рими на смс. Надвор дожд од жолти лисја, јас утрово се натоварив со тестенини, мевце, цели списоци ситници, утре му готвам ручек на мажето мое, што не знам како, спонтано си се протна како Онојкојќејадесештоќезготвам. Баш да видиме што ќе биде! :P
    Сфаќам дека не сум размрдала газ на музика долго време, што од студ, што од домашен блуд, па не ми се валкаат подиуми низ градов. А и многу чад низ него има. Не се виѓаа прст, не па моите денсерски подвизи.
    Скопје е голтнат град во магла, своите навики и чудовиштенца!
    Но го сакаме иако го какаме.

    Плус додатоци на оваа смешна саботна треска - многу ми се забавни жени нее*ени така, подолго време, што фрчат со своите ултра мега гига радикални феминистички ставови! Get laid, ladies!
    Не ради нешто друго, радост ќе ве обвие и вам и мажјаците што ќе ги јавнете, нели...
    Морав да си промрчам, зошто изгледа сексот е табу уште и уште и уште...
    Особено меѓу маж и жена! Еј!
    Но, добро.
    Сабота е, Џон Траволта ден. Не мора да се мрчи, може само долнава да се прчи!
    Поприлично сум безобразна, ама ми е гајле, не сум со сите денес.
    Со хормоните сум :lol:

    Убав викенд девојки и тук таму по некој момак! Имајте љубов и сексајте се безбедно, за арно и убаво на овој свет!
     
    На la-chicka и starfish им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Саботава ми беше типичен работен ден.
    Повторно алармот ѕвонеше во 6, повторно гужва низ автобусите, повторно предавања до 12.
    И пак ајвар и сирење за ручек, болки во желудник од нередовно јадење, и желба за кафе муабет.
    Многу материјал за учење, семинарска за правење, есеи за пишување.
    Штрудличкава моја ме чека пред врата, рипка на две ноџиња и сака да шета.
    А кој не сака на ваков убав есенски ден? - Тој на кој денес му бил работен...
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... ме наполнија со негативна енергија. :| Со оние муабети кои упорно не ги сакам и ги одбегнувам, ама ова денес ко намерно да беше наменето за мене, плус зачинето со пискав глас на повисок тон ... сега главава и од ПМС и од нив ми е мутна. :drunk: Јас разбирам да се начне и некоја лоша тема ама некако се зачестено е бре. Не сакам!
    Сакам убави теми, позитива ... сакам за љубов, за секс ... сакам за ситници кои животот го прават поинтересен, за шопинг бе ако треба, за храна, за музика итн. За психологија која најмногу ја сакам и ми е тема на разговор. Сакам да! :geek:
    Сакам да кажам едноставно некои луѓе не знаат да комуницираат, да водат дијалог ...

    П. С. Сега малку е полесно кога тука ќе си се искажеш ... фала ти Фемина што постоиш. :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ау! Шо не кажа дека го бараш? :D

    Еве го директно линкот од вимео - ма вреди да се изгледа ептен!


    Правосмукалкааааа (смајлиштогризеусни) :D
     
    На Annie.mk1 и LilBaby им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Е! Таман гледам и читам среќа насекаде, народов почнало полека полека да го зафаќа празнична атмосфера, сите весели, итаат да го искористат викендот максимално, ама...мора да се најде нешто што ке ме накурчи мене. Абе мора. Дали цел месец сум во ПМС, што ли е финтата, ама само си подмрчнувам за нешто бре.
    Е конкретно што ме изнервира се србоманчињата што се клештат по нет.
    Што има денеска? Некој натпревар или?
    Никому не му чуе што нашиве тимови меѓусебно секојдневно имаат натпревари, срце оставаат на терен, верните нивни навивачи ги пратат и бодрат насекаде...оно од зад планина седнало пред компјутер и ке ми кажува Ѕвезда и Партизан колку биле јаки. Па уште кога ке се фатат Македонски „Делије“ и „Гробари“ да се расправаат кој кого ке е*ел. Па како човек да несака да им врзе по некоја воспитна бре? :envy:
    Како бивш (краткотраен додуша) спортист, знам какво најубаво чувство е со тебе да си идат верни навивачи и да гледаш фацки кои ти се познати да те бодрат насекаде. А не ке ми седат пред компјутер клатејќи го на српска завиваљка со кравји граден кош и ке си ваѓаат очи за тимови од чии постави незнаат ни имиња на 2 играчи. |(
    Туку, почнува и мене да ме зафаќа празничното расположение. Сакам да ги радувам луѓето, да ги гледам насмеани, сите сплотени заедно, сите среќни. Па и на сунцето за еден месец му е ро(ж)денден и ме сакал мене во пакетче со машничка бе. :D
    Убаво ми е бе, најубаво. Почнува периодот кога и покрај замрзнувачката што владее надвор, започнува да владее најголемата топлина по домовите и по срцата на луѓето, а тоа е она бесценетото. :mm:
     
    На Serafima, Magnolija и la-chicka им се допаѓа ова.
  13. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    91
  14. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    СДК Денес решив да направам нешто за себе. Прво се ослободив од негативната енергија, ги наполнив батериите. Сега следува вкусен ручек и припрема. Сакам вечер да изгледам како што никогаш до сега не сум изгледала. Ќе си направам маска за лице, ќе се дотерам, ќе се намирисам... Просто сакам да заблескам. Сакам да ми е убаво. :emo: 8) :angel: :angel:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Twilight

    Twilight Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
    СДК...кај најдов баш сега за време на викенд да се разболам |( ..ме чека долга ноќ пред "малите екрани" :worried:
    [​IMG]
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Неколку песни на Тоше беа плагијат од една грчка пејачка, како што се сеќавам, тоа не беше ни тајна :)
     
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    25.445
    Пол:
    Женски
    Во обид да заборавам на груткава во грло и да не и дозволам на настинкава да ми ги расипе плановите,остатоков од денов ќе го поминам свиткана под ќебе и ќе се предозирам со колачиња од баба ми и блуткав фервекс. И ќе зборувам сама со себе прашувајќи се Зошто не сум дете,и зошто на Тв нема Бушава азбука..

    Смотана ми е оваа сабота некако.
    Ја замислував поинаку..
     
  18. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Сакам да кажам дека сум болна :^) хаха :D
     
  19. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Ми се денса на непозната музика. Да не обрнувам внимание на текст, онака само музичето да го пијам, наместо пропуштеното утринско кафе.
    Сакам да не ми се спие, да читнам некое лекцииче.
    Празници се ближат, ама и колоквиуми.
    Обврски се обврски, што се мора и да е тешко, се завршува.

    Уна лежи врз мене и ме спие. Јас заклучив дека VEVO youtube пушта тивки песни.
    А јас не можам ни еден филм до крај да изгледам.

    Тинејџерски рок е оноа правото.
    Ми текнува кога славев Нова година во една гаража, исцртана со графити. Многу луѓе. Полно алкохол. А јас неалкохоличар на времето. Што убаво. Видов една слика, рандом, посветла ми била косата. А тоа џемперче уште ми е омиленото.

    Ех времиња. Можев да дремам во населба од крајност во крајност. Од дождови, снегови, горештини, ништо не успеваше дома да ме натера да си одам.
    А сега едвај, додека го шетам кучето.

    Можевме да си гледаме на кафе секој ден, и секој пат различна приказна. Да слушаме балади, да сме меланхолични, а да ни е убаво. Сега правиме кафе еднаш во месецот. Такво турско, со талог. Не нес нематено.

    http://www.youtube.com/watch?v=k5g-DeG0MJc

    Еве нешто и од непознатово музиче, што не е баш за денсање, ама се комбинира со денов.
     
    На MandyLane, marama, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сдк да е жива и здрава мајка ми што ме родила ваква економична.
    Сношти си заштедив пари за час по математика :rofl: И преубаво си поминав! Уште сум со насмевка од шестка до шестка.Се надевам дека и после часот ќе останам вака насмеана :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.