Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    А што убаво си го игнорирав фактот дека постои нешто ново во врска со Кардашијанови цел ебан ден... И сега си легнувам и клик, ми изгореа очите. Гледам монструм кој си го влече бебето од утробата, недостигаше уште со заби да ја откине папочната врвца.
    И сега сум...исплашена,верувам дека имам и чудовишта под креветот,почнав да слушам и гласови.
    Болни! Добро зошто придавате значење со вестиве на овие ... изроди од луѓе со нарушено ментално здравје и изместени вредности?!
     
    На JuLleE, MandyLane, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Не се согласувам,напротив мојата анимација е дефиниција за убава,израз за грациозност и синоним за олеснување. Јас мислам дека тоа треба да биде олимписка дисциплина.
    6to da ti kazham,ljubomorata e bolest za koja nema lek :*
     
    На Lov3 и mims-89 им се допаѓа ова.
  3. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    What a night... :puke:
    Не знам што е со светов, дали вештачката храна, воздухот, перењето мозоци од мали, шо и да е , ама баш се е отидено..
    Ме фака депресија и страв од иднината, се факам себеси со црни мисли, што не бев барем малце понеинформирана и со понизок степен на интелегенција, па главан преукупација да ми беа ноктите и најновата Луи Витон ташна.
    Лугето денес, не се луге.
    Не, верувајте ми не се.
    Што побргу го ставите тоа, то подобро за вас.
    Јас одамна го знам тоа, но икако да го сватам.
    Ама затоа си го плакам данокот и секој ден од ново се судирам со истиот идиотизам.Зошто и тука надежта мора последна да умре.
    Ахх, сакам да отидам далеку од се,далеку од ова проклетотија од држава, на некој мал остров со позитивни луге, да живеам во мала колибка покрај плажа,со полно палми околу нас,заградена со терасичка од трска во неа столици од бабусово дрво и огромни меки перници.. без телефон, без телевизор, без комјутер, мала кујничка полна со авокада, банани, кокоси,свежо собрани од нас, сами да преживуваме, да не се брзаме за никаде, овај брз и стресен живот да е измислен поим.Животно школо на малиот да му бидат книгите кои ние ке му ги дадеме.Без признанија, без лажни полемики, без лажен свет со лицемерие, контрола, его суети и иксомлексираност на секаде.
    Сакам љубов , мир и спокојство во домот, Безбедно детство за моето дете, тоа го сакам, многу ли барам.
    Ке рече некој па сето тоа е бесплатно.Е не драги мои сетоа тоа се гуши кога е нарушено основото егзистецијално прашање, кога немаш свој покрив над глава, кога се прашуваш која е идината на твоето дете, какви времиња ке дојдат.
    Тешка нок за мене, предалеку отидов, сакам да си го пуштам мозокт на пасење малку, само се прашувам како..
     
    На Monna.Monna, CoverGirl10, Peppermint и 8 други им се допаѓа ова.
  4. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ЕЕЕ.. Да не беше Фемина не ќе знаев која е Кортни.. Затуцана :doh:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Епа стварно не сум добра, мора да сум психички пореметена цел ден лежам и спијам а сеа у у 6 саат коа сите спијат јас вредната си средувам собата хаха не ми сењ верува од 3 саатот почнав а сеа сме три хаха ахх таа љубов колку ме увреднува :lol: па и не ми дава да заспијам толку што сум заљубена хехе ако продолжам вака може ке ја доведам у ред мојата соба :rofl:
     
  6. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Слушав мелос запрашен од брзања,нови т.н хитови, но секако не и заборавен. Во позадина штурчеви свирежи кои по толку слушања тек сега ги забележав-значи сепак не сум слушала добро, се до сега. И така ме наврати во невини летни ноќи во дмнина, кога чекорев накај дома низ замрени улици, тек тук со понекој отворен прозор и глас од телевизор и понекое брмчење на кола. Се беше наважно за мене, само чекорев, толку слободно и уживав во тој летен свиреж на штурците и штипењето на летната квечерина и разладената коса. Не мислев дека толку мали работи, се способни да ти фалат толку многу.

    Гушкајте ги убавите спомени, оние другите, нека ги однесе ветрот во небиднина, за да не ве сопнат никогаш.
     
    На zarah, ilipili, slavica999 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    ''У тихој ночи,к"о вук самотњак гледам наше слике,успомене бледе,дал је могуче да моје сузе никоме не вреде?Друштво ми праве чемер,јад и тмина мркла...врати ми слику да бог да цркла''

    Замислете да добиете ваква порака ?

    Прво сте шокирани па ја препрочитувате ,па се смеете,на крај се обидувате да се сетите чиј е тој број.Ама не иде .И онака слабо памтам броеви.Си велам да е некој од моите бивши како ли дошол до мојот број,во мое време немаше мобилни телефони.А за каква ли слика станува збор.Ама ајде си велам можеби е грешка.Го зафрлив телефонот,кој знае каде, за сабајлево да видам дека имам пропуштени 23 повици од иститот број.
    Ха, си мислам знам јас дека сум фатална :wasntme: ,ама до толку некој да гаи љубов спрема мене зачинета со омраза,мора да сум направила нешто за кое не се сеќавам :o .И пред малку пак ѕвони.Си велам ќе му се јавам да му кажам дека го погрешил бројот.Се јавувам јас а од другата страна недифиниран глас.Му велам престанете да ме вознемирувате,очигледно бројот сте го погрешиле.А тој...Мило ми што сум го погрешил :^) .И разврза човекот муабет на мој трошок. |( Абе :envy: ...
    Што се нема да слушнам! :fubar:
     
    На marama, Neytiri, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Животов во Македонија sucks! :Down:
    За да имаш месечни примања со кои нема да го истуркаш месецот ама ќе преживееш некако ,треба да рмбаш 29/30 дена во месецот ако си среќник па да има државен празник во месецот .
    Го чекаш проклетиот 15ти и не пуштаат плата онака , па нека не ве интересира сега вас многу зошто, нивна работа ... Земаш плата делиш пари повеќе од пола за сметки ами храна? Земаме месечна плата со износ на дневна плата во други држави ,и си седиме ние така.
    Ако ни речат од следниот месец преполовена платата ,нека е ,абе ако треба и гратис нека оди трудот.
    Некој си уживка и баш му сме по тертип ,такви какви што сме ,нека си има тој станчиња и вили ,банкарски сметки за внуци и правнуци ,кој како си ја наредил нели...
    Калимеро нема правда ,за рачиња и со трчање што подалеку од Македонија ...
     
    На zarah, ilipili, marama и 16 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ах бре луѓе, какво незадоволство, каква немаштија, зарем не гледате Сител ТВ. Се' ни е најубаво, ние напред идеме. Ќе си пуштите вести, ќе слушнете како во Македонија невработеноста е намалена, како економијата ни расте, додека цел свет е во криза, па после идат турско/индиски серии, испран мозок на спиење и утредента се ви е по тек.
    И така јас ноќеска, ги сонував министерот за здравство и министерката по култура. Си одеа од некое отворање или копање темели, па во пролаз на Тодоров, му дофрлив нешто, а зад него Камчева ме искара дека не сум била културна |( Па ме разгневни дотолку, што цел пат ги колнев и пцуев... Едно време сонував згодни мажи и убави пејсажи...
    Се прашувам во кое министерство следно ќе зеде фотелја Тодоров. Свезнајко човек, за се' го бидува, срцка :swear:
    Премногу рано за политика м? :) Ај кафенцето да си го испијам, повелете :coffee: (поглед низ прозорецот со замисла дека таму надвор всушност е Канада...или која и да е, само не нашава)
     
    На zarah, JuLleE, ilipili и 18 други им се допаѓа ова.
  10. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Кај ми се расипа запчето?Одам на лекар,а го молам Господ да паднам и рака да си скршам,подобро е отколку да одам да ми бушат,ама тоа е...Морам,како и да е поздрав феминки... :* :*
     
  11. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Феминки се надевам дека денес ке имам добри вести, т.е дека ке го положам испитот..
    Пак бев денес ко вампри станата од 7 ипол прашувајки се што ке биде :(
    И мислам дека овој проклет страв е тоа што ме кочи.. ама сега решив дека ке бидам позитивна, и дека ке биде тоа што мора да биде..
    Се молам професорката да биде станата на добра нога :worried:
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Што да кажам, сеуште сум во фаза на прилагодување и сега за сега добро ми оди....
    Ве читкам од време на време вака, а за недела дена поредовно, додека да приклучиме нет домче. ;)
    Имам чувство како да сум на одмор.
    Имајте убав ден денеска и бидете добри.
    :hai:
     
    На cinderella5, kate21, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Првиот камшик боли, вториот боли, третиот и наредните веќе не ги осеќаш, се привикнуваш на болката. Незнам што е ден, а што е ноќ, глуп опстанок ми го превзема секој момент. Малоѓраѓанштинава ме убива, веќе ми го скоцкале животов, ме омажиле а јас незнам, неможам да ги сфатам луѓето што живеат за други. НЕМОЖАМ, тоа ми се најплитките луѓе што воопшто можат да постојат. Оние што ја кројат туѓата судба или ќе пробаат да ја зачинат. Ма идете у три лепе и вратете се да живеете во камена доба. Примитивци..
    Понуди за работа, ќе тркнам до Битола на разговор, нек ми го разубави животов, ама не работа тука, тук во Шведска. Ајде животе дај ми нешто со ќеиф, малку ли се изнамачив.. фрли ми да се порадувам.. мака ми е..
    Гулабицата си ги дочека своите две малечки. Пред мене имав еден процес на создавање нов свет. Ги милува секој ден, оди се враќа и ги храни, а тие мали безпомошни. Ги покривме со една корпа да ги заштитиме од дожд и ветер, оти на отоврено направи гнездо.. сега ми се поглед секое утро и ноќ. Ќе го чекам моментот кога ќе се претворат во мали гулабчиња способни да одлетаат сами, како Џонатан Лингвинстон..
    Мила ме милува сеој ден со зборови.. расте во голема девојка.. Умна е многу умна и ме радува тоа како го гледа животот.. Ме грее.
    Денов како и многу други напорен ќе да е.. ама нека е.. за некоја си стабилна иднина се борам, ќе молчам и ќе работам..
     
    На bittersweet, zarah, CoverGirl10 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aман овој Aјфонов5, по озборуван од Kардашијан стана |( |( |( . добро бе аман, луѓе немате ли некои посериозни работи во животот
    ?

    па уште и се квакнале овде да спијат, да го чекаат пристигнувањето на Aјфон, први да си купат, леле, немој да не ви избега



    |(

    [​IMG]
     
    На teddybear, JuLleE, Yipman2 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Во процес е запишувањето на факултет,воедно и уште многу други работи.
    Ова е само еден нов почеток кој ќе ми ја промени иднината на подобро или уште едно дежа ву за мене?
    Одговорот не го знае никој,одоговорот лежи само во мене.Само јас можам да го скројам крајот на приказната. :!: Свесна сум за тоа и работам кон подобрување на нештата.
    Што се однесува како се осеќам јас во овој период,после последната случка,благодарение на глупавоста моја,можам да кажам НИКАКО.Имам кризи на моменти кога се потсеќам како се чувствував убаво во негово присуство,бев приближно своја,но на крајот сфатив дека се си има своја цена.Сфатив дека не е вистинскиот,а можеби и ова е погрешно време за да одделам за некој друг освен за мене самата.
    Но прашањето е ,дали вечно ќе се случува ова? Што е погрешно во мене што не можам да имам ниту една врска?Тоа ме мачи,тоа е причината за мојата депресија.
    И уште малку ми фали за да западнам во уште поголема.Само еден чекор кон распаѓањето на мојата иднина и ќе бидам во рацете на ѓаволот. :devil: :D
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    СДК што ти значи да си славен и да имаш пари.

    Ќе го анализирам случајот со породувањето на Кортни Кардашиан. Нема да кажам дали е морално што снимката е објавена јавно или не.

    Друго ми е муабетот.

    Во просторијата кога таа се пораѓа, се наоѓа целото нејзино семејство, сестрите, мајката, партнерот, синот, и некои други. Фрчат камери, апарати од сите страни.

    Имаш пари, кој сакаш ќе е со тебе во најубавите моменти да те држи за рака и да те подржува.

    А, кај нас, ниту таткото не може да е на породување. Зошто е СТРОГО забрането.

    Ако имаш пари за приватно, можеби ќе те пуштат, секако ќе си платиш за тоа `задоволство`.

    Задоволство или потреба е и таткото да е на породување, секако доколку сакаат тој и жената.
    И тој го `правел` бебето. Зошто да е забрането единствениот морален човек да биде присутен на раѓањето на своето чедо? Нели двајцата родители се 50-50 старатели над бебето.

    Нели сите човечки суштества треба да имаме исти права....?????
     
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Конечно одекна и убава вест во нашава државичка. Двомесечната Надица е успешно оперирана во Софија. Се израдував како за свое дете. :inlove:
     
    На bittersweet, teddybear, zarah и 26 други им се допаѓа ова.
  18. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Опуштете се феминчиња и ќе биде се во ред. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=dXNJKceiQJE

    Без разлика дали сте засегнати од средношколски или факултетски проблеми, љубовни проблеми, финансиски проблеми и што ли уште не што може животот да понуди, опуштете се и ќе биде се во реееееееед. :D Верувам сите ќе го дочекаме тој ден на неизмерна среќа кога ќе чувствуваме дека сме на врвот и сите проблеми се зад нас или во 99% решени и ќе констатираме heaven is a place on Earth. Копнеам и јас за таков ден и верувам дека ќе го дочекам, не се откажувам хехе.

    http://www.youtube.com/watch?v=ZQ2MhrX9cdM

    Прилично мотивирано тргнав денеска. :lol: Така така само напред нема лабаво, затоа што рајот е навистина тука на земјата само треба да го најдеме или самите да си го створиме. 8) :coffee:

    With each breath we take, some takes his last... па размислете сега колку треба да сме среќни. We are alive and we gonna make it! :D

    http://www.youtube.com/watch?v=NEOem7U2LPE
     
    На Ilusionist, Yipman2 и Amaia им се допаѓа ова.
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Жени, ако хистеријата почнува недела дена пред менструален циклус, трае за време на истиот и продолжува недела дена после него...не е ПМС! Доста со изговори!
    Па чудно како таквите "емотивни изливи" наречени нагалено ги сметаат за најнормална работа, оти нели ако се воздржуваш може да е лошо по твоето здравје, срце ќе ти пукне...вака кажи си се' што имаш, и тоа не еднаш-двапати во месец пример па да ни дојде како ексклузива, туку редовно, секојдневно...оти ти си голем емотивец, башка треба да ни е чест што споделуваш чувства со нас...
    Глупи сме. Мажите се попаметни од нас!
     
    На kravce, Sexybaby86, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК денес се изненадив многу...Правевме листа во школото кој колку уплатил за екскурзијата.Професорката рече ако не сме сигурни колку да напишеме незнам,но бидејки има многу паметни деца кои очигледно веќе немаат поим за тоа како се пишува правилно и замислете повеќето напишаа не знам :x И потоа кога им реков дека не е правилно ми покажаа дека и другите пред нив така напишале |( :tmi: Мислам ако гледаш ти другите што прават никаде нема да стигнеш и се ќе грешиш :?: :!:
    Па потоа ќе велат луѓето млади се не разбират :смајлиштосекрсти:

    Бидете ми поздравени.Јас одам да се наспијам бидејки сум станата од 6 :yawn: |-)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.