Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Правилно напишале - не знам е правилно, а не незнам.

    Ова го има во правописот:

    - Негацијата НЕ се пишува слеано со придавки, прилози и именки. Со глаголите, негацијата НЕ не се пишува заедно. Исто така, не се пишува заедно со глаголскиот прилог.

    - Негацијата НЕ со глагол или глаголски прилог се пишува разделено.

    Еве и овде види:
    http://lektormk.blogspot.com/2010/12/blog-post_13.html
     
    На Waka-waka, Cacy, tweety26 и 25 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    (*Украдено од фацебук)

    [​IMG]
     
    На DeMelo и martinuska им се допаѓа ова.
  3. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Деновиве често слушам: Силна си ти ќе го поминеш и ова

    хмм да, да силна сум како да не, јас си знам, како пред мајка ми ја местам најубавата насмевка која ја имам, за да не се посомнева во нешто, за да не ја растажам, силна сум на зборови, лигето мислат дека ако си насмевнат и се е во ред, е не е, насмевката е маска.

    Се прашувам дали тунелов по кој одам има крај дали и конечно ќе го видам светлото на крајот од тунелов.
    Деновиве нервозата и солзите ми се најверни другарки, секаде ме следат.Проблеми милион, решение ниту едно.
    и џабе не е онаа пораката
    Силна жена е онаа која се буди со насмевка на лицето, иако ноќта ја поминала плачејќи.
     
    На Umbrella22, kravce, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.784
    Пол:
    Женски
    Сакам да читам убави љубовни приказни. Сакам да знам дека сеуште постојат двајца кои еден за друг би направиле многу нешта.
    Не знам дали сум ви кажала ама за мене спиењето е се, буквално. Ако не сум наспана не функционирам, ги мразам сите, во состојба сум да пропуштам важни настани само за да се наспијам. А утрово станав рано, рано за да му посакам успешен почеток на работа. Сонце ми е. Како само се смее, ми го топли срцево иако надвор е смрзнувачка. Ах!
    Него конечно точна, НАЈТОЧНА дијагноза. Се надевам овој пат нема грешки и вистина е. Знаете кога болниот човек нема дијагноза, не знае што да лечи се моли било што да е. Е сега не е најдобрата работа, но среќа ќе може да се среди.

    До сега се гушкавме сите три како кога бевме мали. Мајка ми во средина, јас од едната, сестра ми од другата страна. Па не галеше по обравчињата, добивме неколку бакнежи во чело и кога почувствувавме дека заспиваме секоја во својата постела. :lol:
     
    На Waka-waka, Hopeful, kravce и 28 други им се допаѓа ова.
  5. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Се решив конечно...
    Од здрав живот нема да ми се лоши, баш подобро ќе ми е :)
     

    Прикачени фајлови:

    На anabel-a, sunfemina и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Добро шо е ова со Вип официјален партнер во позадина? :^) Новата платформа ваква ќе е ? Многу е грдо вака,сиво :tmi:

    Јас денес сум работна,па средуваме со мајка ми дома,еве само да си го допијам кафенцето,па апк во акција. Се читкаме покасно.
     
  7. lana8

    lana8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    180
    Денес ме разбудија брчењата од комшијата.. Нешто поправа низ дома.. и сега цела зграда пати :|
    Арно си викам јас, од куќа нема поубаво..
    Аман бе комшија, доста брчиш.

    Требаше да слезам до долу нешто итно, па влегвам в такси ме носи шо ме носи, и му давам 1000ка и ми прави една фаца као демек шо ќе ти вратам јас сега?! и ми вика немам ситно на сабајле уште денот не е почнат.. ццц а то 12 сатот пладне.. Ајде бе си викам и сега?
    Уште денот не бил почнат...ха беее

    Си пишав едно ливче в кладилница, и така уз пат ми беше сеа си ги чекам тенисите, па ке направам и едно добитно за вечер и така си има фудбалчиња. 8)

    То ми беше зборот. Да си напрам некое кафе и да гледам тука низ сајтот се наоѓа по нешто интересно..
    Ако ги фатам тенисите сите имате частење од мене :) :D

    Пријатен ден :) :)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Значи онаа глупа слика со ... невестата седната, фустанот овај нали у полн сјај, колку е тоа пун со тул... и ДЕВЕРИЦИТЕ околу неа, сите до една во фустанче што боде очи. Па де на една ја држат сите за рака (зошто?! зошто ја држите за рака?!), на друга сите гледаат у неа. Па потоа младожења и невеста у истите та истите пози,он ја држи од позади, па он нешто потпрен на ѕид ко селски фраер, тоа сакото пука на него, некако се изместило шо да ти расправам. Па она сликана со рака на кук, мислиш мома со стомна, па се гледаат заводнички... Леле кои фото студија ги прават овие ремек дела?! Под итно да се затворат!!!

    И друго нешто... Жими се и Шабанароти шо пее на глупата свадба треба јасно да му се каже дека мора да ослабе, не може да носи џигерици, не може да носи обична тегет маица која му го истакнува неговиот заоблен мев,а од блицот на апаратот, веќе е проѕирна,а и јасно се гледа запотената мишка...ах да и белиот каиш! Па го има бре и него на сликите,го фатиле кога младиве се забављале на претпоставувам, не зови мама доктора илииии... поверојатно, бајпас! Младожењата со неговите пајташи, запотени, зацрвенети и пијани,се жени човек,се заебува,дал од мака,дал од среќа он се забавува. Невестата ѕенѕа со нејзините друшки и само прашува како изгледам,да не ми е растурена косата, да не ми е разлеана шминката. Да,топ изгледаш,не личиш на себе! Ау да...младожења строго у сиво сако и панталони, кои сјаат... На никому не му е познато кој стил е тоа... Надреализам човече!
    И зошто мора да има нешто како ДАЈРЕ? Не може ли без него?! Као ... што се постигнува со него?! Се откачува некоја жичка у центарот за здрав разум и почнуваш да играш...а она играаа врти се као чигра...

    Значи,луѓе НЕ!
     
    На Ordinary, Waka-waka, Hopeful и 23 други им се допаѓа ова.
  9. milinna

    milinna Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    27
    гадно. :|
     
  10. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Колку е напорно да се седи? :D Но, кога човека мислите му се фул опфатени ништо не трае долго. Вака седам и си мислам, дали може човек да стигне до друг сончев систем, да навлезе на територија на друга ѕвезда (сонце)? Дали светот воопшто може да достигне нешто повеќе? Дали ќе биде подобро и ќе се патува со брзината на мислата или ќе биде полошо ќе станеме загрозена врста? Ме нападнаа овие мисли, пред помалку од половина час, па за да ги избегнам решив да си седнам на Фемина и да ги заборавам, сепак не ми е на мене да одлучувам што ќе биде, но секако некој ден и вас ќе ве нападнат овие прашања, за кои само времето може да донесе одговор... :tmi: Една длабока воздишка, една минута тишина, една мала насмевка, за инат на светот и за инат на мојот досаден мозок! :lol:
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Стигнав едвај средношколци да ми расправаат колку се тие спремни за брак!
    За брак бре!
    Заебете вие симпатии, па врски, мрски, ово оно. Брак из д њу шит. Од колевка - во брачно тавче.
    Е, не. Ме плаши еј! Ме плаши оваа наводна напредност.
    Па уште се сили: Ја, старине како се мажеле на 15-16? Што е разликата?
    Како ли? Што ли е разликата?
    Ти си едно размазено детиште во ера на интернет, мозокот ти е исперен од сапуници и холивудски лимонадки со хепи енд. Ти уште не знаеш газот саглам да си го избришеш и ја викаш мајка ти да ти ја спреми кадата за бањање и да ти ја прилагоди водата. Уште не знаеш едно мочано кафе да свариш и смотано јајце да си спржиш. Дома твоите ти ја чистат собата, а ти само бараш пари и си леташ со мозочето дека така ќе е и во брак. Мама и тато ќе средуваат ко досега, само што ти ќе живееш со принцот во некој твој филм, дури не ти текне дека си се посрала на детството, па на 30 ќе се понашаш ко на 15 поради твојата неизживеаност. Е, тоа.
    За разлика од тебе, бабите и дедовците кои ги спомнуваш, на свои 15-16 години за луксуз го сметале имањето радио, тие немале друго освен од мали нозе да помагаат низ дома и да учат домаќински работи, биле дури и по двоцифрен број деца каде постарите се грижеле за помалите, правеле ручеци на 10 години, се грижеле за домашни животни и оделе на нива во 4 сабајле, за до 7 ем да стигнат да помогнат, ем да може да појдат навреме во школо.
    А тебе ти е тешко да станеш и да одиш до школо од каде што можеш да излезеш ко образована и успешна жена. Оно не, сакало да се мажи. Мрш!

    Туку, заебете тоа, ни јас не сум многу позрела.
    Почна срцето да ми застанува кога ќе тропне некој на врата. Не прашувајте зошто, и јас се осетив ретардирано после тоа, иако, искрено, солзи ми навреа. Дебилче, кои филмови ми се извртеа. :D
    До пост ем ес ќе да е, донт блејм ит он ми, не сум секогаш таква. Шмрц. ;(
    Само не знам до кога ќе ги ставам на пиедестал оние што ни 2% не ме фермаат. :^)
    Ете, такво сум добродушно магаре, но за среќа пак имам личности кои веднаш знаат да ме пресечат и вратат во колосек. И то, си ја затворив вратата на фантазијата, го голтнав клучот и сега сум си смешна себеси дури се спремам за седенка уз филмче.
    Си ју араунд амигос. :hai:
     
    На Hopeful, Neytiri, zarah и 15 други им се допаѓа ова.
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.149
    Пол:
    Женски
    Ако има некој што работи или работел во Mc'donald's, го замолувам да ми пише ЛП :) :hai:
     
  13. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Многу сум внимателна и осетлива. Сите што ќе ги отерам у п.м ... се грижам дали безбедно стигнале таму.
     
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Добро, што ми е на мене денес? 100 пати од сабајле го прелистав форумот гледајќи ги последните мислења и 100 пати последното мислење кај темата Религија наместо Куран го прочитав Курва :tmi: И повеќе од еднаш си го поставив прашањето: Што бара тема Курва во Религија? :fubar: Знам, Господ ќе ме казни. И заслужувам :lol:

    Инаку, денес ОК, се' по старо, same old, same old. Посакувам промена од корен, нешто сосема ново и непознато. Ми треба очајно. Дури и дечко ми, кој никогаш за ништо не ми мрчи, вчера ми промрче дека многу сум била down, депресивна, нерасположена и кенкава. И навистина сум таква. Се фаќам себеси во последно време дека избегнувам контакт со луѓе. Одбивам излегување, наместо тоа седам дома, гледам филмови или читам. И убаво ми е. А се фаќам и како се извлекувам од прегратката на дечко ми кога ќе ме гушне. Не знам зошто го правам тоа, така ми доаѓа. Не дека не го сакам, далеку од тоа, или дека не сакам да ме допира. Едноставно, не знам што ми е. Ми треба да бидам сама со себе. Нормално е тоа? :wasntme:

    Штом тој ми укажа на ова, значи дека сериозно е време за промена. Голема промена која ќе ми влее оптимизам за промена. Подобро расположение. Желба да го живеам секој ден како да ми е последен. Камо да имав барем една третина од неговиот карактер и гледиштата за животот.

    Се трудам, многу се трудам да бидам весела, но едноставно тоа ми е наметнато. Присилно. Понекогаш полесно ми е само да нафрлам лажна насмевка на лицето и да се правам дека се' е ок. Life can be a real bitch sometimes.
     
    На kravce, anabel-a, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Мирисот на ванила, Малибу и Dove свежина, белина, вртоглаво струјат во каналите каде ми се ретчи негативната и ми се прочистува во позитивна енергија. И така избушена со неа, додека природно се лизга низ мојата крв си се клацкам во новата ми средина, со старите добри познаници и навистина не знам што би ја уништило машинеријата. И да се случи, убаво напишал Данило Киш, дека помеѓу две големи ролји мора да постои пауза, која треба да ја искористиме најдобро, како знаеме и умееме. ;)
     
    На kravce, zarah, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Ама разбираш се...
     
  17. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Денов е само за гушкање... ама да има со кој (се самосожалувам) ;)
     
  18. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Треба да знаеме да го цениме она што го имаме, без да го изгубиме. Да не дозволиме да се доведеме во ситуација да изгубиме некои работи, за да сватиме која е нивната цена и колку вредат. А по некое непишано правило, секогаш е така.
    Сите сакаме да бидеме слободни - како птиците, да бидеме сопственици на своите животи, да правиме што сакаме и кога сакаме. Уживајте во вашата слобода, не дозволувајте никој да ви ја земе. Не ја продавајте, таа нема цена. Летајте на крилјата на слободата, некој плаче за неа.
    Јас сум слободна како птица... Како птица во кафез!
     
  19. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Колку е убаво чувството кога купот книги се намалува и конечно стигнуваш до масата и си велиш " ех конечно '' ..
    Јас искрено си се гордеам со тоа што сум успеала да го научам / навежбам сето тоа и да ми влезе во главата. :lol:
    Можеби учењето не е интересно но добрите резултати и пофалните зборови се секогаш за секого добредојдени. ;)
    После тие час два поминати над книга со кафе во рака се опушташ пред комјутер или пред телевизор и уживаш додека времето течи.. :)

    Се надевам ке имам убава вечер а и вас ви посакувам исто така убава вечер помината пред телевизор со смешките од Фериде .. :lol: :lol:
     
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    СДК..
    Деновиве ми се пракрасни,се чувствувам убаво и исполнето.Им се посветив целосно на луѓето кои што ми значат,а од нив добив топли зборови и искрени насмевки.
    Незнам ни што да напишам,но важно во две реченици кажав доволно за себе.
    Сакав да пишам уште нешто,но решив дека веќе нема да споделувам приватни работи овде...
    Ајде ме препознала,но дали е во ред да ги запишува моите постови во Што би му кажале за да му ги достави лично него?
    Мила братучетке на Давид.Да ти!Како што ќе го прочиташ и овој пост како и сите мои претходни имај лице и обрати ми се во ЛП,ако си толку паметна и снаодлива!!!

    Поздрав
     
    На kravce, DeMelo, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.