Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека во последно време секоја ситница предизвикува солзи во моите очи.. и најмала ситница е доволна да бидам нерасположена, да викам по сите...
    Тешко... :|
     
  2. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    СДК т.е. да мрчам.

    Добро бе овие наши "информативни" страни знаат ли нешто паметно да објават освен дека на некоја и излегла ци*ката, на некоја и се виделе гаќичките. :x
    Секој ден тоа па тоа. Треба да се преименуваат во трач-муабети пошто и онака ништо корисно не објавуваат. -.-

    Од тука да се префрлам на стариве по автобусиве.
    Добро бе луѓе да не делат некаде бесплатни чоколатца или пари што секој вторник и петок не можам на време да си стигнам кај што сум тргнала поради тоа што вие си правите мини екскурзии, а јас поради тоа што нема кај да се качам во автобусот или ако евентуално се качам ќе треба да се онесвестам внатре морам да дремам со саати на станица да чекам попразен автобус. :devil:

    Младиве да не зборам, не дека јас престарев ама никаква култура да се немало бре.
    Имаат ли денешниве деца родители што ќе ги научат како треба да се однесуваат.
    Дерење по автобуси, хистерично смеење, нозе во вис :tmi: :tmi:
    И машки и женски, све наопаку тргнало.

    Туку доста мрчам јас, се полошо и полошо може да напишам, изгубени морални вредности, изгубено достоинство, изгубени карактер само тоа гледам пред мене, дали е до мене дали е до ПМС-во или до настинкава... nobody knows.

    Ај бидете ми поздравени, јас отидов да се напијам едно топло чајче, може ќе ми се подобри расположението па низ розови наочари ќе погледнам наоколу. :)
     
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Кога ќе чујам некои споредби и тешки мисли од типот: ' Поарно ќе гледаме турски серии него шпански, барем нешто ќе научиме '.
    Сериозно се потпирате на нечии карактеристики на лик од турска серија? Демек, арно правеше Али Риза, и јас ќе напраам ко него. Тоа ти е класично перење мозоци.

    Фали уште 30 годишна жена која ете, сеуште живее со нејзините да се плаши од татко и, и кришум да излага до продавница за да си ја види љубовта.
    Не, озбилно ова. Веќе секој втор филм ја има оваа ситуација. И јас сум бре воспитана со некои вредности, ама овие продаваат патријархалност левел 1000.
    Уште да се поистоветуваат стариве, демек арно праат во турскиве серии.


    Сериозно ова. Се наежив кога видов, она класична карактеристика на главен женски лик е перење на рака, пеглање, месење, готвење, пружање алишта и слушање муабети од постарата комшика која е врсничка на мајка и. Ват а фан лајф.
    Неам коментар, ако некој сака неговата ќерка до 40тата година да остане немажена и да ужива и да ги исчува родителите, па здравје кога ќе појдат на другиот свет, ќе сфати дека животот и поминал. |(
     
    На Sanniii, sweet-cherry, Hopeful и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Еве ме мене назад! :) Конечно, после 3 месеци натака навака.. Се немав убаво прибрано во Скопје. Од сега ќе пишувам повеќе..
    Туку... дојдов да кажам колку тоа убавини ми донесе летово (за оние помалку убавите не би зборувала, нормално не може се да е совршено!).. Ова лето го зголемив кругот на пријатели, ја зголемив мојата љубов кон момчето, го зголемив знаењето - станав поискусна во областа која ја изучувам, поинаку започнав да го гледам животот - сега тој ми е предизвик, повеќе верувам во себе и во своите способности, тоа што ми останало за денес го завршувам денес, не го оставам за утре, ги ценам малите работи, се надевам на поубави нешта.. со еден збор научив дека какви ти се мислите такви ти се и деновите. Сфатив дека наспроти најтемните мигови, во последните зраци на зората стои сонцето. После секоја ноќ е така. Светлината никогаш не заминува, таа оди само на починка. Нејзината убавина се гледа во нејзината вечност. И затоа кога е темно и мрачно не стравувајте. Ќе помине. Тоа е само состојба на недостиг на светлина. Тоа е само миг. Миг и ништо повеќе... Миг низ кој треба да се помине.
    Започнав да учам турски, кон средината на јуни заминувам за Анталија каде ќе останам извесен период од летото, ем плажа ем усовршување на јазикот ем прекрасно поминато време со личност која за кратко време ми стана многу драга.
    Друга работа, кој колку сака нека ме убедува ама љубов си е љубов драги луѓенца :$ едно време бев да речам против мешан брак, но не бев против против таквите пријателства, но овој пат запознав луѓе кои се од различна вера и сосем различни страни на светот, луѓе кои судбината ги споила на најубавиот можен начин и чија приказна звучи поубаво и од бајките за Снежана, Заспаната Убавица, Трнорушка и слично.. Нивната љубов ми покажа дека може да премине се и искрено премногу ми е мило.
    Овие три месеци ми траеа како една година, година исполнета со љубов, позитивни мисли и широк спектар на пријатели.. Вака се живее до сто и една и назад :hai:
     
    На Elennaa, kravce, ilipili и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Родена сум да уживам јадејки пинџур :D .Започнаа веке со правење на зимници а за мирисот во дворови едноставно те привлекува да поминуваш покрај местото кај што се прави :)
    Јеј,последната година како академски граганин ми започна денеска.Возбудена сум?Не знам ама со нетрпение чекам да дипломирам и да почнам со работа иако никој не ми гарантира дека од старт ке почнам.

    И така,вечерва ке се навива за Реал Мадрид... :hai:
     
    На BlackSwan5, Divinebutterfly, blaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Боледувам...

    Несекојдневна болест која срцето и душата ми ги облива со црнила, обидувајќи се да ме прегрне и да починам, заборавен од Светот и неговите смртници, човековите робови. Но, пред да пропаднам во бесознание и болки, јас бев розева со сино пеперутка. Мала, слатка и шарена со прекрасни крилца кои блескаа како големи ѕвезди. Слободно летав и слетував од цвет на цвет, вдишувајќи го поленот од кој сè ми стануваше чудесно и волшебно. Гледав огромни суштества, морничави личности и мутанти кои ме преплашуваа до смрт. Реалноста сретната во мистериозни очи. Ја гледав и чувствував магијата на природата. Милион бои и мириси кои го присилуваа моето срце да отчукува побрзо од светлината и побрзо од силниот ветар кој носи сè пред себе. Вдишувајќи ги мирисите и поленот, заминував на друга планета, поточно - димензија во која, сè беше апстрактно и непредвидливо. Како да живеев во светот на уметничкте дела на Пабло Пикасо.
    Пресликувајќи ја реалноста со бои во кои се размножуваат чувствата, ситуациите, ликовите, местата, пораките и натприродните појави. Вдишував, вдишував и вдишував... Се исполнував со храброст, интелегенција, возвишена љубов и добрина. Воочив, сè повеќе духовит станував од мирисите на цветовите, од зелениот пејзаж во кој навистина за прв пат се почувствував себеси, како вистинска, слободна и розева со сино пеперутка. Небото беше како моето розево со сино крило, сосема иста боја, но на него облаците беа флуроцентно жолти преливајќи ја бојата на небото додека се судираа и предизвикуваа грмотевици и виолетов дожд. Фантастична глетка. Под моето тело извираа многу зелени долини, со зеленило во недоглед. Од хоризонтот ме осветлуваше светло зелена светлина која ми го топеше срцето, а воедно и моите малечки едноставни мисли.
    Додека моето тело беше како црв, без боја, како сенка отсликано на листовите од растенијата, јас се замислував поразлично. Сликата за мојот изглед беше невообичаена. Се замислував како голем црв без боја, со големи розеви со сино крилја, со големи очи кои ја собираат фантазијата на овој Свет. Дали јас се замислував вака, или тоа беше магијата на поленот и мирисите на мојата мајка природа. Во една секунда низ глава ми поминуваа безброј многу различни слики, во различни бои и со различни профили и личности. Едноставно, бев хипнотизиран и предизвикан од Господ и неговиот плод. Беше сон, но беше и како илузија. Но, не беше сон, не беше.илузија и на другите инсекти и животни. Не беше ни светот на пеперутки, не беше ничиј свет. Само мој, светот на розевата со сино пеперутка.
    Но, одеднаш почувствував тегоби и стегање на срцето. Ме опседнаа темни мисли и непрестанато гушење. Не можев да летам и да замислувам, да вдишувам и да чувствувам. Губев сила и слетав на една гранка, од едно старо, црно, исушено дрво. Застанав на починка, но неможев да продолжам. Мојата судбина беше напишана на ова дрво. Тука болеста ме прегрна и почна борба со мене. Полека умирам... Не сум повеќе тоа што бев. Мојата боја губи видливост и чувства. Не можам да полетам како некогаш. Не можам да го вдишам поленот и мирисот, тие кои ме навлекоа на таа природна магија поради која боледувам. Повеќе не сум розевата со сино пеперутка. Умирам...

    Сонцето заоѓа, а неговите зраци ме милуваат за последен пат, обидувајќи се да ми подарат надеж за во другиот свет.
     
    На dream.queen, kravce и marama им се допаѓа ова.
  7. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Значи каква глупост се направи од форумов со рекламава за Вип. Боде очи, ништо друго не прави.
    Јас не знам што ги учат на маркетинг, сфаќам дека не постои нешто како лош публицитет, ама ова е веќе нервирање. Ја гледавме рекламава и кога беше само на почетната на Фемина, не гледам како ова бодење на очи на секое ќоше ќе помогне во продажбата на Вип.
    Порано најдосадни персони беа новинари и папараци, ама сега и маркетинг менаџерите им се придружуваат со нивниве досадни промоции.
     
    На Ilusionist, anabel-a и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Пред неколку месеци добив објаснување зошто турските серии биле толку популарни и воедно - полезни.
    Замисли си, турските сапуњари да ти го враќале достоинството меѓу луѓето. :^) Ја учеле младината на некои одамна заборавени вредности, како употребата на обични поздрави - добро утро, добар ден, благодарам, молам.
    И ставале акцент на семејниот ручек, демек ние немаме такво нешто ко семеен ручек, и сега оп - дојде турската сапуница да не' подучи како треба да се руча/вечера во заедница.
    |(
    Ова објаснување дојде од особа која ја сметам за мошне интелигентна, и притоа мртва сериозна ми го елаборираше ова, чиниш брани научен труд.

    Останав подзината, да не кажувам па за другите "вредности" кои ги нудат овие дебилни, нискобуџетни серијали.
    Па кога ќе се внесат со ликовите, и сочуствуваат со истите... па кога читаш состав на второ одделенче, кое одговорило со Хурем на прашањето - Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш... |(
    Јаооо, нацијо сервилна и дебилна, убиј се.
    И ете ти го, повторно, убедливо најдебилниот аргумент - до вкус е, МА!
    Не е, до тебе е, МА!
    |(
     
    На sweet-cherry, Hopeful, Neytiri и 13 други им се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    91.784
    Пол:
    Женски
    Љубов е кога ќе свариш чај и ќе го однесеш во термос на вашата средба. Да ве топли додека седите прегрнати на клупата покрај кеј...
     
    На Hopeful, Waka-waka, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    ^ A уште поголема љубов е, тој ако го пие чајот иако не му се допаѓа по вкус.
    :)
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Повторно јас со моите магариња и сиромаштија. Ама стварно е така, каде што има магариња, има сиромаштија, каде што има сиромаштија, има и беда и мизерија и простотилук.
    Пу бе македонче, пу! :fubar:

    За отприлика месец и пол, повторно кражба. Повторно полиција, повторно изјави и повторно чувството на немоќност. Како ни тргна годинава, охохо. :!: Среќа па не живееме таму, ама не е сеедно, верувајте. Да отидеш и да видиш како нешто што си собирал, си носел, си правел, некој ти го однел за добро утро... Уф, лошо.

    До кој степен е дојден народов, па да украдеш и пластични чинии, и лажици, и филички, и покривки, и стари ќебиња и мевливи јоргани, видете сами.Телевизор кој пола од времето работи на мјут, телефон од давна 75та кој ѕвони со тој иритарачки звук. Алати, лопатчиња, секири, пумпи, кабли, сите стари и дотраени, што ќе им правите бе луѓе, што ќе им правите, нека ми објаснат што. Е капа им симињам што барем зимницата си ја зеле, убава е, ќе се најадат. |(

    Штета - околу илјада евра плус нерви. Џабе мачко, џабе!

    А инаку овие многу културни, провалиле што провалиле, па си отклучиле од другата врата, и клучот таму ни го оставиле. Абе стварно мислеле на се, можеле и тоа да го пробијат или па и клучот да го џитнат. Ама не не, културен народ, стварно. Домаќини луѓе, немам збор. |(

    И повторно тоа - А, бе, да сте живи и здрави.

    Абе ние и живи и здрави, поштувам, ама народов се понездрав станува и забегува. :emo:
     
    На Hopeful, Moira, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  12. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    сдк.да ме видеше некој преѓе оти плачев ке ми се смееше,плачев на видеово

    http://www.youtube.com/watch?v=nU_dBDccruI&feature=player_embedded

    плачев,се радував за девојчево како испеа :clap:

    ми се спие ептен два дена во 5 станувам да учам,се надевам се исплатеше маката,ке видиме утре.. :^)
     
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    ‎"Verovala je da se samo oni koji se rastanu poljupcem mogu ponovo sastati, jednom i negde.. "

    И Да уште вервам ! ;)
     
    На blond, Squirrel, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Чудно е како сме ние превртливи суштества.
    Имаш нешто-не го цениш. Го немаш- единствена цел ти е повторно да го имаш и секоја молитва ти е упатена за тоа. И повторно го имаш-не го цениш и така натаму... Има и такви кои учат од грешки, но кога тогаш повторно се сопнуваат на старото добро камче.
    Што знам, еден ден ќе не нема, ќе бидеме прав, барем да бидеме и спомен некој, убав спомен...
     
    На Hopeful, PinkGir123, Divinebutterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  15. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    ХИП ХИП ХУРЕЕЈ! :)
    Опаа и јас стигнав до тринесет,најмала во генерација сум.
    Во петок ќе дојде цело семејство на гости, благодарение на мајка ми.
    Подароци ќе фрчат 8)
    Не ми е до тоа, туку многу луѓе не сум видела откако отидов, пред 2 ипол години, па ова е убава прилика за да ги видам пак.
    Имајте прекрасен остаток на денов :)
     
    На Hopeful, kravce, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Животот е еден и вреден и затоа го ценам...Уживам во секој ден што ми го дава животот и во се што имам...Се што сакам да направам го рпавам сега живеам од денес за денес, не се знае дали ново утро ке имаме така да си уживам максимално ...
     
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    Конечно, го оставив бричот за нозете. :whew:
    Сеа ќе ги одгледувам влакна на нозете. Веѓи одгледувам од пред недела дена. :|
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.390
    Допаѓања:
    103.196
    Пол:
    Женски
    Си добив вистинска директорска столица, и во неа најубаво се пишува на Фемина :rofl: Ако еден ден бидам директорка сите мои вработени ќе имаат вакви столици, за да се чувствуваат важно во фирмата во која работат. Какво чувство, да легнеш во една фотеља и да потонеш, ти мириса онака убаво и ти е мекичко. Ах, започнав да ја засакувам новава соба, ми стана ептен драга, сега не сакам никако да се иселам, се осеќам онака како што се осеќав само еднаш и во само еден дом, ама тој дом одамна не е мој дом :)
     
    На kravce, zarah и anabel-a им се допаѓа ова.
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Еден ден, ако имам деца, дај Боже, ќе им го пуштам филмот 2012 и ќе им кажам дека јас сум го преживеала тоа.
    :devil:
     
    На ViktorijaMari и pamelche им се допаѓа ова.
  20. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде им е таа култура да пушат и пцујат во автобус. Слушалки му е мајката! :emo:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.