Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Кога болката е преголема и кога ударите стануваат неиздржливи,
    тогаш се завлекуваме во себе и чекаме бурата да помине.
    Секогаш доаѓа моментот кога непријателот ќе се умори.
    Секогаш доаѓа момент кога, најпосле, се укажува надеж за спас...

    Еве нешто кое ми влева надеж дека ти ''драга'' непријателке еден ден ќе се откажиш од буричкање во мојот живот.
    Зарем не забележуваш дека ништо не ти успева? Уф, колку си само упорна. Ми се доближуваш само за да дознаеш некои информации. Прочитана си ми како буквар. Веќе знам и што сонуваш навечер кога ќе легнеш.
    Ех, сега знам! Сум била будала кога сум кинела нерви поради тебе. Па колку пак тие те сожалуваат. Нив лажи ги додека можеш! И онака иста компанија сте сите ...
    Само кога гледаш дека несакам да сум во твоја близина, не ми се пикај упорно.
    Јас сум среќна, позитивна...што ќе си ми ти само пакост да ми правиш. А и негативната енергија која ја шириш и не ми годи баш... :*

    Ете, се изнакажав јас се што ми лежеше на душа. А сега Гуд најт на сите.
    Одам да не го испуштам Сексот и градот :*
     
    На MandyLane и cinderella5 им се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Не, не и не! Овој пост ем ес мене ќе ме убие!
    Сама сум си крива, говедо. Си се носам на некакви си крстопати кои не знам кај водат.
    И сѐ ми е мачно. И сѐ ме потсетува на нешто што не треба. |(
    И си мрчам. И го заболе некого. Идила. :D
    Си ги “украдов“ т.е. “позајмив“ чувствата од туѓ труд и ги преместив на безбедно, онаму каде што ќе стојат искажани, а нема да ги види. Знам дека нема.

    Песнава! Случајно ја фативме кај другарка на Антена и е една од ретките кои веднаш ме освоиле!
    Текст - краток и едноставен, а кажува толку многу. Гласот и’ е магија...
    http://www.youtube.com/watch?v=bMJkddvJ4L4
    А јас?
    Мене моментално ме опишува само еден цитат...
    Кого мразеше повеќе? Оној кој ја оставаше, или оној кој настојуваше да ја освои по секоја цена?
    За памет! Така секогаш велам, а тој памет никако да дојде.
    Да си легнам јас, утре ме чека напорен ден.
    Може ќе ми мине ова ПМС-во, па ќе се расположам.
    Добра ноќ. :*:
     
    На julie77, MandyLane, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам многу работи, ама во последно време си премолчувам.
    Сфатив дека на некои луѓе едноставно не им се докажува, па ти колку сакаш збори си.
    Најтрагичното е што кога ќе им посочиш на одредена грешка и најдобронамерно ќе им дадеш совет, нивната прва помисла е дека им љубомориш.
    Затоа почнав да се тргам на страна од таквите луѓе што како коњите гледаат само во еден правец.
    Ти се обидуваш да им го прошириш видикот, а тие почнуваат да те гледаат како непријател.
    Е па не ми требаат такви.
     
    На Antigonna, julie77, BoaVista и 22 други им се допаѓа ова.
  4. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Толку сум збркана,нервозна,ме гуши оваа тежина на душава...
    Незнам веќе што да правам.Само се туфкам натаму наваму,кршам прсти,грицкам нокти,ги тресам нозете,ја виткам косата...уште кој не симптом го имам незнам...
    Премногу работи се случуваат во многу кратко време,а јас иако наизглед силна мислам дека нема да можам да го издржам сето ова и ќе потклекнам.
    Не,не се предавам сеуште и се надевам на подобро,но психички и нервно попуштив веќе премногу.Нема кој не ми пререкол и замерил за тоа...
    Сакам да врискам на цел глас,сакам да го исфрлам сиот бес од мене,сета тага,се...
    Само да биде добро...зошто ако иде полошо тешко на сите нас... :( ;( :worried:
     
    На cinderella5, Hopeful, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Животот е полн со неизвесност.Не знаеме што не очекува понатаму...
    Ќе ви раскажам нешто...
    Девојка која толку беше приврзана за својата мајка.Беа толку многу среќни и секогаш насмеани кога ќе ги видев.Секогаш си помагаа и беа како другарки.Каде и да ги сретнев,тие беа заедно.
    Но еден ден забележав дека девојката е сама,не знам што се случи ама ме размина.Се чудев зашто не застанува со мене,мислев дека почнала да се занесува и да се прави дека не ме знае.
    Таа всушност ја имала најголемата мака и го поминува најтешкиот период во нејзиниот живот.Ја изгубила својата мајка.Го изгубила(за неа) највредното нешто во нејзиниот живот.
    Се сретнавме повторно,но овој пат ме виде и застана со мене.Ми ја раскажа се што се случило.Ми беше многу жал.Двете заедно беа предобри,си помагаа,беа многу блиски.Ама таа сега мора да продолжи сама .Затоа што животот е суров и не те прашува дали ти е тешко или не.
    Затоа луѓе ценете ги ситниците кои ги имате во вашите животи.Можеби некој мисли дека тоа му следува во животот,да биде цело време со своите родители и да се нервира кога ќе го прашаат "Дали се врати од школо?" Ама не е така! Се што имаме е подарок,а и самиот живот исто така.
    Јас научив една важна лекција од ова што се случи,а Вие? ;)
    Ви посакувам убав ден и памет во глава. :)
     
    На anabel-a, Hopeful, lelica и 2 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Денес, сеуште трачарски вести и црна хроника низ весниците. Што канали фаќаат во Австралија? Бар едно утро да ми започне со фоки на кои им текнало дека денес е добар ден да се зафркаваат луѓе.
    Не е битно, тоа што денес е битно, покрај можноста за плата, е дека на мојата мама и е роденден. Колку ја сакам и почитувам и колку ми е важна, нејзе лично ќе и кажам.

    Пред форумов, немав некоја голема слика за различни односи помеѓу мајката и ќерката. Дознав дека колку што некогаш и децата се виновни, толку и мајките. Прочитав за себични мајки кои често знаат да си ги погазуваат своите деца. На оние девојки кои немале поддршка и љубов од својот дом им посакувам да си создадат свој дом со бескрајна љубов и разбирање, им посакувам на своите деца да им го дадат сето внимание што тие го немале, им посакувам секој ден да се почитувани и сакани и со секоја прегратка што ќе ја добиваат, лошите спомени да се измиваат.

    Знам дека не е лесно да се биде мајка воопшто, колку што е големо задоволството, уште поголеми се и стравот, исчекувањата, обврските, желбата да се изведе своето дете на прав пат.
    Ја учам моја мама да си приуштува задоволства, не сме повеќе мали за од се' да си крати за нас. Различни приоритети кај различни личности. Мене ми е семејството, поголем благослов од тоа нема. Премногу е краток животот за да се опседнуваме со небитни работи.

    Сакам да ви кажам дека ви се радувам, на сите што си оформувате семејство, во сенка ве следам и ви ја делам среќата за секоја втора цртичка што ви се појавува. Ви посакувам убавини, од блиските, од своите, убавини од своите деца. Да ве почитуваат, да ви се благодарни.
    Мајка ми си сака лути пиперчиња, не е многу по благото, па еве да ве почастам со нејзиното омилено :)
    [​IMG]
    Си ветувам себеси, а и пред вас, дека ќе се трудам никогаш да не ја изневерам нејзината доверба, за убавините со љубов, наместо со збор секогаш да и враќам.
     
    На Antigonna, julie77, Hipster и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    На овој ден, пред 1 година запознав една личност...
    Што останатава година ми помина преубаво, среќна сум што ја имам. Ме нервира, но искрено и многу го сакам.
    Мислам дека тој е личноста на која што можам да му се доверам СЕ. Буквално, без последици. Го чувствувам толку блиску..
    П.с. Најдолга врска ми е до сега, но се исплати. Единствениот дечко што има се што барам. Убавина, памет.
    Сакам што подолго да трае.... :inlove:
     
    На Antigonna, antonina, calliope и 19 други им се допаѓа ова.
  8. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Русите рекле: Мы все человеческое, но никто не является человеком.
    Ние би кажале: Сите сме луѓе, но никој не е човек.

    Незнам дали има некој натпревар меѓу народите за кој јас не сум чула.
    Луѓето се натпреваруваат кој повеќе ќе излаже, кој повеќе ќе краде, кој ќе го предаде блискиот на овој или оној начин. Сите со нешто се презафатени. Очајно сакаат да ти прободат нож во грб.

    Дојдов во ситуација да слушам професионално лажење, пропратено со професионални тажни но убедливи гримаси. Се прашувам зошто се труди толку да излаже, кога јас ја знам која е вистината.
    Но повеќе ништо не ме чуди од околината во која се наоѓам и која ме опкружува.

    И така јас отидов да напишам едно листе, можеби ќе ме послужи среќа.
    Имајте убав ден.
     
    На Antigonna, julie77, fallenangel и 18 други им се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ново печена мајка си коментира на сликата од бебето : top4e e sceto moe, du6i4e na mama.
    Ах, така е кога раѓате на 16 години. :|
    Посабајлечки ми тргна денот. Сосем случајно најдов можна замена на работните места. Дај Боже да се случи нешто од тоа, смачено ми е патувањево.

    Му посакав добро утро со порака: Стани веднаш отвори го фрижидерот. Веднаш, веднаш! ]:)
    [​IMG]

    Koj би рекол дека циганскиот колач и ладно кафе е добитната комбинација ?!
    [​IMG]
     
    На kravce, lunicka, Moira и 3 други им се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк дека веќе незнам дали да се нервирам или само да вдишам длабоко...

    како може сопствената мајка да ви го загорчува животот, да си замислува несреќа кога неможам да бидам посреќна, да шири негативна енергија и горчина и најнормално да ме обвинува мене за се

    нели родителите се да не сакаат и да не подржуваат во се во животот? какво ли е тоа чуство...
     
    На MandyLane и kikav им се допаѓа ова.
  12. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Полека,но сигурно почнав Скопје да го чувствувам како повоен град.Ровови по тротоарите,кратери од бомби на улиците,овбнова на разрушени згради,изградба на нови,секојдневно поставување на нови споменици,бисти на паднати борци,преименување на школи со имиња на неславно завршени ликови,насекаде се шири мирис на тукушто изгасен оган(од ајвар де :D )... Народот без пари,гладен и жеден,но со високо развиен патриотизам и национализам,во секое време расположен за по некоја патриотска песна и по некое оро.Во секој момент се очекуваат хероите наши да се симнат од планината (Водно) и да ни ја соопштат иднината .
     
    На anabel-a, zhap4e, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  13. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Уф денес сум многу вредна сакав да пробам да си го бојадисам моето мало шкавче во боја и пробав ама на ништо не личеше па мораше да го фрлам :tmi: ама пак добро е убава ми е собата и без него.Инаку си ја преуредував собата некако многу поширока ми дојде сега :D Поубаво ми е кога денот ми е пополнет со нешто :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Го знаете чувството кога ке дознаете нешто што ви е тотално неочекувано, нешто лошо, нешто што ви ги отвара очите дека цело време сте живееле во лаги? Е тоа чувство ме мачи. Кога ги гледам моите поодамнешни мислења во темата Што би му кажеле ми доага да си мавнам еден автошамар оти сум била глупа.
     
    На calliope и Sara123 им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.666
    Не знам дали знаете,ама добар процент од работодавците им поставуваат камери на своите вработени во оваа помочана држава,што е против законот. Да ве прашам, зошто ќутите?! Пошто немате избор?! Па немате ни избор зошто се нафаќате на сешто! Зошто пазарот на работна сила го гуши самата работна сила, ради тој синдром дека работодавецот е закон,устав! Ма мрш бре!
    Луѓе,не смеат да ве набљудуваат,разбирате ли?!
    Колку мразам Гестапо луѓе,тоа е ЧУДО! Ма све тоа да се земе и на клада да се запали на плоштад!!! Некој него да не го украде или да не забушава,а забушавање му е паузата која му следи законски! Простаци! Ако отиде до тоалет,кретенот врти да праша кај е тој и тој вработен?! :o Значи какви говеда се допарале до капитал,а поим немаат од работење,чудо. Искрено,искрено посакувам да им испопропаднат бизнисите зошто малтретираат јадни луѓе кои ги молат за паричка за лепче за да издржуваат цели фамилии. Зло и за овие луѓе?! Не е зло,ќе се снајдат пак,ама овој паметниов, срам да го изеде,да си ја научи лекцијата!

    Еден мал пример е една аптека во Буњаковец и во ГТЦ ја има,така тро поелтина (ќе ви текне) и еден погон за сокчиња што сите ги пиете! И еве ветувам дека штом дознавам за вакви случаеви ќе си отворам едно темиче и ќе си ги пишувам,днг,днг,днг! Или тука ќе си ги пишувам! Ако ви се татковци,чичковци да им кажете да се засрамат,а и вие покрај нив! Нечовечни едни!

    Какви луѓе...

    Ау да, и иронија,една агенција за обезбедување! Пази,овој седи на мониторинг,а газдата него му врши мониторинг! Ма ајдееееееее човечеее...
     
    На Hipster, ljubam, ViktorijaMari и 26 други им се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Не знам зошто, навистина не знам... ама скоро секоја вистинска љубов има тажна приказна, завршува со тажен крај...
     
  17. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Logic will get you from A to B. Imagination will take you everywhere.
     
    На ViktorijaMari, anabel-a, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сеееега можам мирно да си легнам и да си спијам, за сите нервози деновиве. Ух колку е убаво чувството кога си завршил се ти останува време за одмор, рекреација, разубавување се до битниот ден :D ќе се спремам јако ;) Уште нешто ја имам НАЈДОБРАТА МАЈКА НА ЦЕЛ СВЕТ . Во добро и во зло . ЗАСЕКОГАШ. Те сакам мајко иако не ти го кажувам тоа почесто :*
     
    На Glossy-girl и Hopeful им се допаѓа ова.
  19. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    [​IMG]
    Сто пати сум го кажала ова и ќе го кажам. Не го мразете она што не го разбирате :!: Наидов на постови
    на Фемина полни со омраза кон поинаквото мислење,размислување,работи кои не се разбираат,а се коментираат. Работи или нешта полни со омраза кон различниот од тебе. Не мислат сите како тебе и треба да го почитуваш тоа. Таа особина ја мразам и во приватноста,најмногу :!: Отсекогаш сум го почитувала различниот од себе, било црн,жолт,бел,инвалид,слеп,бос,гол. Живи суштества сме со емоции и чувства. Да се ставиш на местото на тој кој го навредуваш било каде или да одиш во неговите чевли три дни па да му ја дознаеш маката. Не пишувам од омраза кон никој или повод од караница :shake:
    Само сакам да кажам...
    ...You're not ugly,the society is...
    -Посветено на оние кои размислуваат поинаку од другите, а се исмејувани од страна на опшеството.
     
    На ViktorijaMari, Stoimenovska, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    „Обама јаде мевце од змии, не сум го видела, ниту на телевизија, ама гарант јаде “ |( |(

    Мака ми е во последно време да се замарам со некакви апстракции и нивно наводно верифицирање |(

    Реалност? Не, а уствари што беше тоа реалност? :fubar: :wasntme: |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.