Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК дека се' се враќа во животот... Тркалото се врти. Луѓето се менуваат и те разочаруваат... за жал.
     
    На sweet-cherry, anabel-a, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.121
    Пол:
    Женски
    Моментот кога се ставаш во некоја јака штикла, се фрцкаш ко најголема пи*ка, па после доаѓаш дома, се соблекуваш во пижамчиња и переш на раце. Едноставно да се чувствуваш како права жена. :rofl:
     
    На Buttterfly, DeMelo, kate21 и 32 други им се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Паметувам:
    тебе ти прилегаше cè, како и на силот и смилот
    што ме потчинуваа однадвор, a ме храбреа однатре.
    Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток,
    ти беше cè што му недостасуваше на светот,
    ти беше и моето незавршено минато
    и затоа јас те чував и прашував за тебе.

    Молњата што минува низ тебе во мене ce одразува
    и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш.
    Јас сум твој роб за да ја прославам слободата
    и тие летни жеги околу твојот појас
    и тие ладни меани во твоите пазуви
    и тие кавги на ветровите пред твоите поли
    и моето време што беше во твоето.

    Паметувам:
    што читаше дури читаше и што – кога не читаше,
    како легнуваше навечер, како ce проѕеваше наутро
    и како денот го продолжуваше со својата насмевка,
    возбудлива ко квeчерина во отворена калинка.
    Во тебе беа границите на Целокупна Македонија
    и јас дури те љубев, ја љубев сета татковина.

    Ти стигнуваше пред своето тело, пред својот глас
    во кого ме допираа недопрени води.

    Ти беше мојот Тримир и мојот Светилеб
    и моето прогонство беше за да бидат целосни
    твојата волја, a мојата неволја.
    На дното од морињата, на врвот од копната
    ти секаде прва: и пред зракот и сред мракот:


    П.М. Андреевски

    Се’ уште опиена од моќта на неговите зборови. Како би можел светот соодветно да му заблагодари?
    Особено јас, кога ги затворам очите и уживам целосно со мојот мил, кога со неговите допири ми ги рецитира овие стихови :inlove:
     
    На kate21, calliope, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Обожавам кога ќе си посветам време на себе, супер ми е.
    Денес ја сменив и бојата на косата сега имам боја како костен :wasntme: , малце сум темна ама јас си се бендисав. Секоја вечер си правам комбинации за другиот ден и така едноставно се ми се олеснува, за да не се нервирам на сабајле кога ќе станам и а мојте да не слушат Немам шо да носам :lol:
    Денес и се расчистив си го средив плакарот, плакарчето во кое ми стојат шминките и чантите, мајка ми се чудеше шо ми било. :lol:
    Ја сакам мајка ми, цел ден е околу мене и да ми го сошие фустанчето и проби на секој 5 мин да види дали убо напрајла и случајно да не згрешила нешто. Срцка ми е знам дека ќе ми го напрај најубо :wasntme:
    Ме исполнуват и мајка ми и татко ми, уште да ми ја исполнат и најголемата желба и ќе нема ко нив, ми се плачи дур го пишувам ова, но ми е мило и кеф ми е шо имам родители за пример шо се трудат и чесно ги заработуват своите пари, со цел јаси брат ми да имаме се.
    Ми се допаѓа и овај факултетски живот да го наречам дури и не ми се сјодва од факултет бе луѓе :lol: запознав многу драги луѓе, кои знам дека ќе останат овие 4 години присутни во моето секојдневие.
    Мило ми е и среќна сум, ми фали уште малку љубов, но се иди во право време на онај кој знај да чека.

    Вака се живеј до 101 и назад :hai:
    Добра ноќ и убав ден :hug:
     
    На thelittle17, butterfly33, lelica и 13 други им се допаѓа ова.
  5. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    :*
     

    Прикачени фајлови:

    На cinderella5, Rubiii, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Ја гледам оваа лиглава од Сексот и Градот-Кери, и си велам како е можно да некогаш ми била скоро идол? Лигуш...
     
    На kate21, Magnolija, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Све се врти, све се враќа и све се скапо плаќа
     
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Мразам што се на овој чуден свет се случува точно по некоја одредена рутина.
    Се случува нешто, сите дрдорат околу тоа, се едни та исти коментари како дежа ву ми е веќе, знам однапред што ќе кажат, минува време никој веќе не ни спомнува.
    Се дешава некоја расправија, и тогаш сите се праведни, повторно со очекуваните коментари и добро познатиот крај на расправијата.
    Се случува нешто убаво, сите се "задоволни" со тоа и поскауваат среќа секому, иако скришно молчешкум оговараат како тој некој ништо не заслужил и воопшто не им е јасно како стигнал до таму каде што е, и повторно очекуваните коментари, и повторно очекуваниот крај.
    Па слободно можете да ме наречете Баба Ванѓа! Луѓево се толку прозирни што веќе гатачи не ни требаат, ние сами си имаме надприродни моќи бе, на овој толку прозирен свет!
     
    На Johny и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Погодена од неправдите кои го погодија светот од денес ќе бидам асоцијална и животниот век ќе го минам во молк. Зошто?! Затоа што глупавото секојдневие не заслужува мој коментар.
    Под итно нека воведат програма за едукација на основен бон тон. Па и по една воспитна за безобразлукот кој ме води до лудило.
    Да ги научиме дека по улица не се плука и ситни гестови како затварање уста дури џвакаш храна се добитни и корисни за општеството и сетилата. Ми го надразнија дигестивниот систем. Преживари ! Устата сама од себе е актуелно корисен орган. Само ако погодите вистинско време и прилика да ја користите. Не се затвора само кога џвакате, следен пат затворете ја и кога разменувате дезинформации или такозвани малограѓански оговарања. Затворете ја и на предавања. Посебно простата бруцошка популација. Алфа провинцијалци во коренот. Глупирањето на час и повишување на тон кон повозрасен кој ти се обраќа со почит за внимание одамна не е ин.
    Приборот за јадење е креативен изум. Научете да го користите, наместо импровизирано дегустирање на заедничка храна ..да не речам со нозе |(
    Не вадете цуфки, не прдете во јавност.
    Искапете се и не пцујте од вишок.
    Научете основни литературни изрази.
    Благодарам. Сега пријатно. Утре ме чека голем ден поминат во друштво на луѓе со изразити малформации на психата.
     
    На DeMelo и julie77 им се допаѓа ова.
  10. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    После оваа долга прошетка колку сум уморна,а нема да имам ни време за спиење па се мислам дали воопшто да си легнувам. :?:
    Бев на пресконференцијата на Авон,забавно беше.Потоа бевме да вечераме бурек во Вегера,и на крај запнав за да идеме во О ла ла слаткарницата,за на крајот да не го ни дојадам чоколадниот мус што си го порачав.Премногу беше благ,алал да им е не ги жалам парите.Превкусно,но преполнета бев. :D
    Потоа малку кај него на масажа,бидејќи ми вети,и сега што ли да правам...да си легнувам или не... :?:
    Ми рече дека сум била прекрасна вечерва...а јас тоа си го знам и без да ми го каже,ама друго е од негова уста кога ќе чујам. :lol: :wasntme:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. torko

    torko Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    сакам кажам, незнам речам
     
  12. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    :^: :party:
     
    На kate21 и kravce им се допаѓа ова.
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Тежок ден, почна убаво, но не заврши...
    Сакам да им кажам на моите многу блиски другари, што беа прободени денес во Ѓорче да се борат, да не се предаваат. Не смеат да дозволат да им се земе животот, да се борат до крај ;( знам дека се полни со живот, знам дека ке успеат да се извлечат..
    Едвај чекам да дојде утре од сабајле да одам во болница, сакам да видам, мислам дека барем малце ке се осетам по корисна ако сум таму, покрај нив, што и да се случи..
    Не знам, се тешам, се молам на господ, се молам многу се молам да се извлечат..
    Да видите феминки какви дечки се. Лични, полични убаво воспитани, паметни... никогаш не можеше да ги видиш тажни, намуртени.. Секогаш се спремни за шега, за да те насмеат, за да те расположат..Буквално израснавме заедно, кога ке ми текне колку бевме блиски не можам а да не ми се насолзат очите ;(
    Не е фер вака да завршат..
    Навистина посакувам да преживеат, верувам во вас дечки...

    http://www.youtube.com/watch?v=r_8ydghb ... r_embedded

    не знам зашто песната ми се погодува со расположението..
     
    На Monna.Monna и creshicka им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    91.786
    Пол:
    Женски
    Дали сум ви кажала дека дур го чекам принцот ил коњот губам време со магариња?

    Убава вечер, убава. Магична вечер почната со дама срце.
     
    На Lov3, Neytiri, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Собава ми мириса на ванила, а јас сум опколена со испразнети шолји кафе и остатоци од чоколадо.
    Прозорецов гледа кон исток, па додека потонувам во меланхолични звуци, ќе го дочекувам утрото.
    Слушајќи го возот како поминува, посакувам да сум меѓу патниците кои го чекаат.
    Впрочем, и онака животов ме носи на следната станица.
     
    На tweety26, Stoimenovska, teddybear и 8 други им се допаѓа ова.
  16. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Денеска не работам, ке одмарам, никој не ми даде одмор, сама си дадов!. :!: Заслужив, ред е да си приуштам и некое задоволство на душичево.
    [​IMG]

    :talk:
     
    На COollLady и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  17. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Добро утро!
    Ма ова не е нормално, толку глупости да ми се случат во оваа 2012 година, абе косата ми се крева од самата помисла...
    Си доаѓам дома, сабајлево околу 06:00 часот, и додека да се средам, да се пресоблечам, па го уклучувам бојлерот да ми се стопли вода да се бањам. И си прилегнав на троседот во дневната, сум задремала... Абе кога станав, и тоа случајно, ме разбуди ужасниот мирис на пожар, цел стан во магла! Одам во тоалетот, што да видам.. Бојлерот гори, машината за перење исто така, а малку фалеше и мојата коса да почне да гори од нервоза! Среќа што не сум паничарка, се интервенираше навремено, инаку не сакам ни да помислам што ќе се случеше да не се разбудев во тој момент...
    Ова не се случува прв пат, на 1ви Јануари годинава ќе експлодираше станот, повторно од тој бојлер. Ај, тогаш барем ќе имаше спектакуларен огномет за Нова Година! И тоа не е се`, оваа година два пати ми провалија, и ред други работи. Проклета 2012, се плашам бидејќи сеуште трае!
    Среќна Нова Година! Дали на вас ви беше среќна?!
    Сум имала среќа..?! Јас би рекла дека сум движеча несреќа!

    Ццц... Ај, помина... Да си го допијам кафенцето и да ми се излуфтира станчето од чадот, кога ќе му ја легнам - не станувам до утре сабајле! Се надевам дека повторно ќе се разбудам на троседот во дневна, без одвратниот дим, и кога ќе станам, првото нешто што ќе го уклучам ќе биде компјутерот и Феминава, да проверам дали постои ова мое мислење што сум го постирала затоа што се надевам дека се` што ми се случи утрово е само СОН.
     
  18. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Овој Вип-ов отстранаа како ме нервира и боди очи... :x
    Отворам Фемина и тој опп...Дај нека го тргнат модераторите... :^)
     
    На lelica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.130
    Пол:
    Женски
    Мислам дека јас сум најлошиот човек на планетава за чување тајни.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Не знам што сум станала ваква, ич не ми се даваат пари за аутфити за едно-вечерни излети (свадби, крштевки, коктели, приеми со дипломатскиот кор ( :rofl: )). А не сум скржава воопшто, кој знае какви бубачки ми го јадат мозоков....

    И така скржавнички, по предлог на свеки, се нурнав во плакарите нејзини да најдам нешто соодветно, не очекувајќи многу. ШОК - свеки да ти имала фустани кои син и и` ги носел од NY, никогаш облечени, „не стигнале на ред“!
    Аууу, ко да сум влегла во посебен свет, сите и` ги испробав :wasntme: И еден CK така лиено ми стоеше, да ми доаѓаше да си одам дома со него, ама од пусти срам го оставив....не кршам добро-фамилијарни односи за парче облека :shake:

    Ќе и` ги оставала сите наследство на ќерка ми.....оооо жено, ЗОШТО?? Што ако не ги сака?? Јас до тогаш кој знае каква каца ќе се направам, па на крај на сите ќе ни биде криво што барем една генерација од жените не ги износила...како оваа на пример, мојата :emo:

    И така.....си дадов прекрасен аргумент тивко во себе, со одбраниот фустан под мишка си отидовме домче, а пред спиење се качив на Орбитрекот - оваа става мора да се оддржава, што ако ќерка ми каже Не? :wasntme:
     
    На sweet-cherry, Buttterfly, Neytiri и 29 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.