Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Доаѓа со бичкија и почна да сече тополите, вика, скрши му се бичкијата. Четири пати вика у канало пропаѓа. И јас му викам: Немој бе Симо, не им сечи на луѓето, толку години са ги одгледувале.
    Не! Шо ги ебам, ке ги сечам. Скрши му се бичкијата и си отиде.
     
    На firequeenn, crazyinlove19, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сабота - како воопшто тоа да ми менува нешто...

    Нека заврши годинава веќе... Здосади...
    Не се чувствувам добро... Ми треба нешто да ме расположи! Под итно. Некоја животна промена. :|
     
    На qqq и Chocoholic им се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Си бев на гости кај едно бабе. Минатиот пат на изложба и ветив ќе и одам. Морав да бидам точна во 13 часот. Ми приготви типичен Шведски ручек. Ми подари свеќник прасе изработено рачно од дрво, и ме замоли да ставам 4 свеќи. Оваа недела да запалам една. Додека гори да јадам нешто благо и да гледам во нејзе и да посакувам. Наредната недела да ја запалам првата и втората и така 4 недели. Почнува славањето на божиќ, а ова го викаат адвент. Со сладост и топлина и желби да ја почнеш Новата година.

    Ми даде стар апарат медиум да сликам со него. Ќе си направам нови автрпортрети имам идеи.

    Ме прошета низ папките собрани со исечоци од весници, за сите нејзини љубови кои биле во весник, од професорот нејзин кој и мавал чврги оти була неумна, пофалбите како најдобра негувателка за дечињата со посебна потреба, сите нејзини раѓања на внучиња објавени во весник, сите нивни и нејзини успеси, до некролози од нејзините пријатели и роднини. Ах колку топло бабче. Ми направи мали сендвичиња кои беа направено од лепче, павлака, јајце и свеж лосос.

    Молба за Божиќ да ја посетам. Си се гушнавме ме испрати.. Целиот незјин стан е приказна од секоја страна, од стапицата за глувци стара 150 години, куклите изработени од нејзината мајка, лажиците. Сега таа има 86 години. Ќе ја има во весник оти ја сликав за изложбата и статијата ќе излезе наредна недела. Ах ми требаше ваква топлина.
     
    На bittersweet, Hopeful, dancing.queen и 20 други им се допаѓа ова.
  4. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Сакам да кажам дека ми е преку глава од се.
    Сакам да искочам на раат,без да ме замараат каде сум,што сум,со кого сум..
     
  5. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас, ....јас станав зависник. Зависник од благите божества во О ла ла, и божествениот келнер.

    Во некоја религија, сабота уствари се смета за најлош ден за свадби (рандом инфо како она што го дава Џамбазов).
    Викендов сум решена да се посветам на учење, да зачури и моето столче, за наредниот викенд да запалам некој подиум во Скопје.
    Чоколаден тарт со бадеми, сончоглед, нова прљаво-розе кошулка и необавезни муабети за Нова година и далечната иднина. Типична сабота без треска.
     
    На Smilly и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    До каде може да оди неблагодарноста на некои луѓе? |(
    Ај разбирам до некаде, ама па до толку да се немало осет? Не, не барам ништо за возврат, освен убав збор (не знам дали слушнале за фала :^) а не уште побезобразно однесување!
    Можеби и јас бев глупава што толку добро постапував, ама доаѓаат и такви моменти кога се согледува реалноста, таква каква што е!
    Нешто ме спречува да почнам кавга. Можеби затоа што се навикнав. Можеби затоа што ми е страв од промени. Незнам. :|
     
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Викендашко расположение, ми мириса на спокојство.
    Збор два со другарка.
    Разработени теми, филозофии, генерализирање..

    Колку има разлика од човек до човек, еј. Луѓево си живеат во фантазија, сонуваат за некој нереален свет и жалат зошто работите не можат да траат засекогаш.
    И реченициве им почнуваат со сакам, сакам вака, сакам така.
    Нема сакам,
    ако можеш си успеал,
    ако само посакуваш тогаш ке остане збор кој лебди во воздухот.

    Сите пред да си легнеме сонуваме за нешто (не)реално, ама кога ке се разбодиме спремни сме да се бориме со суровоста на дневен ред.
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сите да сме еднакви би била придобивка на најдемократското веројатно и најутописко општество, ама убава е замислата за него, иако во глобала верувам дека стерилна би била реализацијата. Сите да сме исти пак би била ,,придобивка,, на најдеструктивното и најдеспотското општество. Заклучок еднакви не е исто што и исти, малечка манипулација и игра на зборови, онака од забава, помалку наивна.

    Постојат манипулации врз луѓе нималку забавни, уште помалку пак наивни, кои иако сум неспособна да ги правам, барем сакам да бидам способна да ги откривам на време. Опасни е правиот збор за овие луѓе и дела. Во една прилика кога бев предупредена за нивно постоење и добив добронамерен совет да внимавам го почувствував ко атак врз мојата интуиција+интелигенција+искуство, во принцип тоа беше одговор само на мојата гордост и колку само не бев во право. Очи како пеесетденарки посакувам и рендген поглед со кој би се читале барем лошите вибрации заднински кај луѓето, онака како некое флуоресцентно обоено потреперување доволно да сигнализира. Дури сите очи се вперени во човечки страчки наголемо и богато украсени со туѓи пердуви никому не му текнува дека под навидум калливата површина на озлогласениот човек може се крие и злато (како со златната скулптура на Буда која за да се заштити од кражби била премачкана со кал), ама кој да загребе, не од страв да не се оштети лакот на ноктето, туку колку сме секогаш спремни за соочување со вистината?!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК чудна работа е музиката, колку само може да оживее некои сеќавања, емоции, сето тоа енергија која ги поврзува и луѓето кои не се познаваат едни меѓу други, а изгледа како да се знаат со години. Тешко е да гледаш како некој страда, знаејки го цел живот, а не заслужил :doh: само поради злобата на одредени луѓе кои своето злосторство го камуфлираат со поклони, лажни насмевки |( Само, минатото е мртво, не може да се смени, освен нешто како што напоменав погоре, може повторно да го заживее и му преостанува на човек да ја промени иднината на подобро, додека може.Еднаш еден човек ми рече „ иднината е отсјај на минатото“ најверојатно во право бил, после ова, кое ни на крај памет не ми падна.
     
  11. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Можеби се работи за навика, кога си во фрка, а не си ни задишан. Браво за ова!

    Слушам рап, се тресам што од студ што од ладната пот што господарува со целово ми тело, мразам кога треба да правам нешто што не сакам!
    Ме договориле пред време, и ајде сега.. али другарство нели.

    Имам и трема, сакам, нејќам, можам, не можам. Џебовите ми се испразнети сосема, цел ден лутам и јадам.. а каде даваат без пари?
    Сега ќе си свирам и нервирам. Браво.

    Незгодно па да побараш од некој, а те договориле.. не знам што да кажам. Тотално сум за никаде.

    :swear: :punch: :headbang: :headbang: :headbang:

    Посакајте ми среќа ве молам, многу ќе ми треба! ;(
     
  12. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    УФ! :devil:
    Цел ден некој ми скока на живци.Сега ме докрајчија.Покварени луѓе,саааамо за нив си мислат да им е добро.Како им одговара така си прават.Без да размислат и да најдат компромис. оФ мори мајко :x
    Ми се згади од некои луѓе кои ми се блиски и ги гледам секој ден :puke:
    Не ми се верува.

    Еден ке ти спушта муабети и она демек на шала ке ти лупне се во нос.Без да размисли дали ке те повреди...
    Друг ке се прави блесав и ке си прави како што му одговара.Иако знае дека не е во право и ке те изигра со неговите постапки.
    Трет ке ми се прави наивен демек ништо незнае тој,не се меша,не се кара.А знае што треба да направи и како да се однесува.
    Четврт ке ме лаже во очи иако знае дека неговата лага е толку очигледна.Не му е гајле дали ме повредува,дали ме навредува...Важно е дека тој мисли дека ме "излажал"

    Оф оф оф оф...ми преостанува само да си офкам. Ке ми биде подобро кога ке си воведам свои правила и нема да ги менувам или да ги газам само поради извесни луѓе кои не вредат ни најмалку. :x

    можеби темата ја промашив,. но ова сакав да ви го кажам...

    :puke:
     
  13. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    СДК ме боли заб...и незнам што друго сакам да имам а што не сакам ......
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Денов ми започна во 9 часот, малку подфатена од синокешните коктели, и недостаток на сон едвај се довлечкав до заболекарот. Важно забот кој ме болеше, сега е направен. Малку сум нервна денес, се ме нервира, малку ми треба да се скарам со сите, почнувам да се загрижувам бидејки ваквите даун расположења се се почести а појма немам од што и зошто е тоа така. Сношти на сред вечер, ми се скина прслукот, а кога требаше да си одам чекав такси 20 минути на ладното надвор. |( Сега ми се јаде, и само сакам да се затворам дома со многу грицки и да јадам и да не излезам надвор никогаш. |( Ај еден поздрав до сите кои се осекаат вака.
    http://www.youtube.com/watch?v=z4nKOzk8qbw&ob=av2e
     
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Какао.
    Минути сладок живот, треперење.
    Тутка во ќебенце, вруќа течност остава печати, стапалки како што се движи - јазик, грло, хранопровод, желудник.
    Темна соба со светлина од еден квадрат, трепка и сликите се движат.
    Солта во пуканките ги пече и очите, сок од јаболко, милина.
    Братска гушка, топлина.
    Филм....

    Моменти кои никогаш нема да сакам да ги изгубам. Сакам да ги заробам во тегла и да си ги чувам како светулките што ги чував како малечка, да им дупнам само дупчиња на капачето да дишат, да не умрат. Да ги протресувам од време на време, да ми светнат во меморијата.


    Денес денот ми се провлече низ прсти, како тенка свила летна.
    Ах сабото, зашто поминуваш толку брзо?

    http://www.youtube.com/watch?v=mrywTpfDIHU&ob=av3e
     
    На Smilly, marama и Doozy им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека и` ги посветувам стиховиве на мојава „драга“ математика!

    http://www.youtube.com/watch?v=Q0Lg_ISGGW4&ob=av2e

    Should I? Could I?
    Have said the wrong things right a thousand timeѕ...


    You cried, I died
    I should have shut my mouth, things headed south, YEAH
    As the words slipped off my tongue, they sounded dumb
    If this old heart could talk, it'd say you're the one
    I'm wasting time when I think about it..
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Знае ли некој колку пари е карта за на концертот на Танец? Некоја страна каде што можам да видам...? :worried:
     
  18. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Вчера одејки према автобуска случајно погледнав пред надолу и гледам парче хартија испишано со некаква порака која почнуваше со O, Maria .. Решив да го земам ливчето и гледам дека стои молитва на него , а тоа беше пластифициран лист, ко некоја картичка доагја.
    Го свртев од другата страна и видов дека внатре има мало медалјонче со Богородица , а над него пишува- Чудотворен медалјон.
    Не можете ни да замислите колку сум само срекна . :inlove: Верувам во Бога, а мислам дека Богородица ми е заштитник и наогјањето на овој медалјон ми е како ветување дека се ке биде во ред. Се ке биде во ред ....
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    [mod-navredi:14tevotf][/mod-navredi:14tevotf]
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК имам нова фризура :D Си ја направив степенасто :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.