Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Логикава на некои возачи е значи крај...

    Одам накај дома, поминувам на пешачки, на зелено светло за пешаци, овој се расшибал петсто на саат на вакво невреме и уште ми отвара прозор од кола да ми се дере и ми рече: „Треба и за вас пешаците дебели казни додека не научите како да преминувате улица.“

    Море јас би рекла дека треба повторно тестирање на сите шо земале возачка за да оние кои ја земале “на лепе очи“ одма бидат елиминирани.
     
    На Monna.Monna, ines.h, zarah и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И она кога татко ти, ти се јавува за да одиш да се видите.. и небово плаче од вчуденост, дали се освестил дека никогаш не се постави како вистински татко спрема мене, кај мене секогаш има шанса да се поправи, да покаже дека знае да биде родител. Држете ми среќа денес. Ретка е оваа средба..
     
    На Buttterfly, la-chicka, Monna.Monna и 24 други им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Книгиве спремни, уште да почнам да ги отварам полека полека... дефинитивно заврши одморот :tmi:
     
    На Amaia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Туку сакам да кажам дека оваа година со мојата Е. ќе организираме две хуманитарни изложби кои ќе се одвиваат едната во Скопје едната во Битола, со цел и оваа година да помогнеме на некое детенце за неговото здравје, ако немаме да дадеме од џеб, можеме со нашите фоторафии кои секако ќе бидат со достапна цена. Си ветив самата на себе дека секоја година ќе помогнам некому, некако.. за свој мир..
     
    На bittersweet, Buttterfly, Neytiri и 21 други им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.572
    Пол:
    Женски
    Ама ден...

    Рано наутро закаскав во нашиов далекупрочуен катастар.Никако да ја завршам работата .И посегнав по едно оружје што најмногу мразам да го користам.Трепкање.[​IMG]Дури и очите ми испаднаа од трепкање...ама завршив работа..е арно ама на следниот шалтер жена .Тука не помогнува трепкање.Ме измалтретира да одам неколку пати наваму натаму,уплати,копии,заверки кај нотар.Оваа некоја нова да ти биде на замена демек била.Со натапирана кокошка на глава и канџи да ја преора цела Пелагонија и тоа под снег.И така си степував јас пред нејзиниот шалтер едно 2 часа и 23 минути за таа во меѓувреме обави телефонски разговор со МИЦА преку нејзиниот фенси телефон со огромна пуфка на крајот..очигледно и служи за бришење прашина.Кога го обави разговорот запна сиротата околу ебената хефталица ....''Перо дојди да ми гу поправиш хефталицу '' |(
    Аман жено дај ми ја на мене јас ќе ти ја поправам....и секако дека ја поправив,ја акнав два-три пати од шалтер... после на излегување се прашувам зошто јас на неа и персирав...толку ме измалтретира како ѓаволот и Марфи да беа во неа олицетворени...ФУJ бре..

    А попладнево имам масирање на родителски.Што ли ново ќе кажат.И двете класни на моиве деца се некоја спротивност.Едната едвај може да склопи проширена реченица ,другата зборува 100 на саат.Аман ,знаете ли вие за умереност...
     
    На la-chicka, DeMelo, Peppermint и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Човек никогаш не знае каде ќе го одведе животот, а што и да му се случи, тоа е она низ кое мора да помине.
    Добро е ако човек прави ретроспектива на својот живот, тоа му овозможува да не зборува за другите.А треба да се прави почесто, ем тој мир ќе има, ем другите.Нема време за правење ретроспектива на туѓите животи.Поради тоа подобро е помалку човек да се прави паметен од другите, бидејки во спротивно, гарантирано ќе се најде некој попаметен од него.
    Некои луѓе премногу се љубопитни за другите, премногу прашуваат, само ако не стасат до одговорот кој им треба, најверојатно и не треба да го дознаат.Не треба од околу да се прашува, туку директно, ем вистински одговор на место, ем нема занимација со шпекулации.Да, тоа се осеќа, нема потреба да се открие.
    И да, ништо не е случајно, се е намерно.
     
    На ozbilnazena, ilipili и slavica999 им се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Е, де, доверба и оптимизам. Мех...
    Доверба ти е кога упорно, по стоти пат, си отвараш стари рани и ги ставаш на изволте баш пред тие што ти ги створиле, а притоа се надеваш дека овој пат ќе биде поинаку, дека ќе ти ги излечат.
    Е, па, красно ми ги посолија уште еднаш. :D
    И може не би било толку страшно доколку бевме сами во ова, доколку не беше мачкањето очи, кога моиве очи го гледаа т.е. читаа токму спротивното. Без вмешувањето на некои, ќе беше многу, многу полесно. Барем душевно. Барем мене.
    Ама во секоја манџа мора да се најде лута, непожелна запршка.
    Е, тоа е она што боли.

    Отидов јас да си се подружам со омиленото јадење, а после ќе излезам на дождов да ме измие од сѐ.
    Нека донастинам.
    Убав, дождлив ден...
     
    На cinderella5, zarah, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ете така! Ке се најде некој и си викаш ај бе добро ке му дадам шанса да го запознаам, ајде,и на крај излегува дека иако е цели 6 години постар од тебе, сепак е поголемо детиште од тебе. Де бе Господи смилувај се и не ми праќај веќе такви!
     

    Прикачени фајлови:

    • sex&citty.jpg
      sex&citty.jpg
      Големина на фајлот:
      21,3 KB
      Прегледи:
      299
    На creshicka и marama им се допаѓа ова.
  10. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Многу сум среќна ! :)

    тоа е се ! :*
     
    На Delta2, blond и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Значи јас дефинитивно си имам проблем со читањето на мислењата од темата Религија! Пред некој ден, наместо Куран јас прочитав Курва, а сега наместо Лажни верници, јас читам Лажни верверици! И правам фаца у стил WTF? :tmi: Па дали е можно? Сама си се изнасмеав ко ментална :D

    Туку, денес некако сум мутава, како времево, ама убаво ми е. Ајде, уште малку нека подзалади па да можам омиленото мантилче да си го облечам :) А тек како би да одам низ град на шопинг... Уф :doh: Па да си купам два, море три пара чевли, чанта, нешто што било љубов на прв поглед, а реално не ми треба... Ех, помина тоа време кога имав пари и можев така. Не сум купила нов партал не паметам од кога. А ми треба, очајно. Нова сезона доаѓа, а мене се’ старо и износено :doh: Ги гледам моите со помисла да им побарам некој денар. И ме мава како гром, 26 години имам, па како да барам од нив! Незгодно, срамно, понижувачки, деградирачки. И така вртам глава и си одам во соба како најмизерно створење на свет.

    Сакам да си најдам 500 евра на улица! А зошто па да не? Ајде и мене еднаш нека ме снајде такво неочекувано нешто, па да се порадувам малку бе Господе. Ај!
     
    На fallenangel, CoverGirl10, Pirana и 9 други им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    91.788
    Пол:
    Женски
    Чај од брусница, локумче, дожд и враќање на спомените.
    Јас и Д. кај него во соба, дожд и темно небо. Се вртиме со главите од кај прозорецот и уживаме во погледот додека се разбираме во тишината. Ќе се сврти да ме бакне во чело, јас ќе се припијам со него и ќе ги затворам очите. Ги отварам, а тој ме гледа заљубено со насмевка. Шапшал! И ме штипка за обравчињата додека со другата раката ми ја бушави косата.
    Аларм и време за одење. Натегање за останување уште малку, а и времето е на негова страна.
    Д-Истура дожд.
    М-Имам чадор.
    Д- А јас убав поглед :wasntme:
    И доволно е назад во спомените, нели?
     
    На bittersweet, la-chicka, tweety26 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Во пресрет на утрешниот ден, времево тотално ќе ја зае*е работата. Не би ме зачудило и да се појави некое торнадо пропратено со цунами за да биде уште поубаво.
    Немам некој мерак годинава, за ништо, ама баш за ништо. Уште кога ќе ме праша некој какви реквизити сакам, ми доаѓа да го треснам по глава со мокра балетанка.
    Немам мерак за славење.
    Ниту за одење на факс во новата група, во која сите се болно амбициозни што те прават да се чувствуваш како живеалиште да ти е Јупитер.
    Ниту за излегување на пијанки на ова време.
    Ниту за нови чевли.
    Имам чувство дека зимава ќе паднам во сон, како пред три години. И ќе се разбудам таман на време за испити.
    Уффгхггггфффффхххххххххх...............
     
    На la-chicka, zarah, CoverGirl10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.668
    Од коа немам плачено бе?! (не ми стои,а и не можам!)
    Мириса на кафе.
    А и на дожд.
    Што вечер ме чека?!

    И ете ти хаику.

    Медиокритет у абсурд. У соја сос,за да имаат вкус.
    Бљак колку ми се одвратни.
    И жени у чопор. Такоџе!
    И луѓе што им се смејат на другите луѓе дека немаат социјален живот, а се пикаат по социјални мрежи за да стекнат пријатели. Мизерија...и тие исто така.

    И така,некој немочан од сабајле,некој некакан доживотно,па ради опстипација напнат е и го удара на его, јас неплачена...Фацичево како корнишонче ми е.
     
  15. newme

    newme Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    103
    Пол:
    Женски
    СДК нов почеток за мене.
    Тешки предизвици ме очекуваат.
    Вртам нов лист и почнувам одново,овој пат со повеќе храброст.
    Тоа сум јас NEWME.

    Чесен збор давам дека ниту една личност нема да го дознае мојот идентитет,никаква конкретна информација.Од сега ова е мојот дневник,мојот живот "предаден" во рацете на Фемина.

    Како што вели една моја пријателка:"Сам си се родил сам и ќе умриш-сам и мораш да се бориш во животот!".Никој нема да ти помогне,па дури и оние најблиските понекогаш ќе те изневерат.

    Почнувајќи од 0 ,со голема доза на депресивност во последните денови го започнувам мојот нов живот на Фемина.
     
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Pleasing everybody is never a responsibility. If they like you for who are, good. If not, it’s their problem not yours..
     
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Како што имам кажано и порано... Сакам во ваквите денови да се бутнам под ќебе и да спијам. Ладно, врнежливо. Само за добро филмче и пред тебе чоколада и пуканки. Мечтаам за тоа.
    Одвај чекав да почнам со факултет, и... немам предавања. Ах среќа |(
     
    На Libera и Doozy им се допаѓа ова.
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Чекаме зима во лето за да оладиме, а чекаме лето во зима за да се стоплиме (терсене луѓе мајката!). Сепак лето си е лето, врело, неподносливо жешко но економично. Не требаат чизми, палта, дебели блузи и домашни влечки па остануваат доволно пари за храна и сметки. А и онака е жешко и не се јаде многу, па ќе остане некој денар вишак да купиме чизми на распродажба. Кој ги шиша шо се поланска мода, битно е ногата да ти е у топло и суво. Да одиме пред да затворат. Гад блес Чајна!
    Чекаме автобус што касни веќе саат време. Всушност ја чекаме ќерката на еден пријател на шоферот да се нашминка, дотера и конечно не удостои со своето присуство. Чекаме подобро утре. Не мора да е подобро, доволно е да се појави. Утре никако да се појави.Чекаме некој да не сфати, а ние самите не сме способни да сфатиме никого.Чекаме другар да ни ги врати парите кои му ги позајмивме пред некој месец, за да по нивното враќање ни побара дупло повеќе. Па ајде ти немај душа и не му позајмувај на таков поштен човек.Чекаме да помине нашата симпатија и да ни се насмевне. Еве ја. Помина. И овој пат не се насмевна. Ако, ќе чекаме и утре, и без тоа немаме попаметна работа. Чекаме некој да не чуе. Не слуша некој? Повторно си зборуваме сами? Што се случува со нас? Дали некој слуша некој повеќе?!Чекаме некој да ни ги реши проблемите.Кој кога сите се веќе пренатрупани со своите проблеми?
    Чекаме келнер да ни го донесе кафето што го нарачавме пред пола саат. Кога конечно ќе го донесе, се брза да наплати пошто му се мени смената. Плаќаме. Уште саат време чекаме кусур. Нема да ни доврати уште 60 денари од кусурот. Смената одамна му е завршена но тој работи прекувремено за да ни го врати кусурот! Кусурот никако да се најде во нашите раце. На крајот кога ќе види дека сме решени да си го добиеме кусурот назад, конечно доаѓа и ни ги дава 60 денари, извинувајќи се со пола уста. Му ги оставаме 60 денари како награда за прекувременото останување на работа само за нас! Ќе те чекаме, немој пак да касниш како секогаш. Ок, вечер ќе каснам повеќе од вообичаеното. Ипак сега сум кажи речи странски државјанин.Чекаме уште едно зајдисонце, но зошто кога знаеме дека после зајдувањето на сонцето следува само уште една долга и осамена ноќ?!

    P.S. Во Македонија луѓето не живеат, тие чекаат! До кога?!
     
    На chocolate.chick, kravce, creshicka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК дека Секогаш велам "Нема повеќе да се грижам за ништо", но вистината е дека се грижам! :(
     
  20. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Аманн од времево човек не може косата да си ја испегла...па уште е лето..300 пати се покајав што до пред една недела сакав дожд и заладување :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.