Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Кога ќе успееш во животот, твоите пријатели ќе знаат кој си, но кога ќе паднеш, ти ќе знаеш кои се твои пријатели
    Во целосно точно
     
  2. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566

    За тегло ајвар по комшии пиперки лупам
    оти немам од каде да си купам.
    Само чекам мама да го испржи
    оти дома без ајвар неможе да се издржи!!! :devil:
    Оваа и автобиогравска ќе да е. Што ти е живот ајварозависнички! :(
     
    На Ph0enix, Elena-97, Lov3 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Сакам кога е вака ладничко, си седам дома на топло со чајчето во рака, книгата од факултет оставена на страна белким сама ќе се учи, мозокот одморен и спремна за гледање на серии :D
    Морам да се спремам сега психички и физички зошто почнуваат сериите, ете зошто сакам есен да дојде :D
     
    На Stoimenovska и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  4. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Гледам, бидејќи сите бевте на моја страна - ми се преврти кајчето!
    Значи ние луѓето, сме многу чудни суштества.
    Се вртиме како сончогледи едни према други, одиме кај што ќе не дувне ветрот, како знаеме да ги исфилуваме работите во наша корист, тоа е страшна работа!
    Многу мразам кога ме прават будала при здрав памет, не знам како да реагирам, дали да се правам мутава или да им се изнасмеам во фаца и да им препорачам да си наполнат по една кофа его и да се плиснат! И по можност, удавете се! И дај фрлете малку себичност навака, има некој што не помислил на себе!
     
    На baubau, julie77, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  5. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Конечноо можам да отворам феминаа цела недела и повеќе без фемина ми беше досадно :(
    Ми фалевте сите феминки <3
     
    На Divinebutterfly и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    81.354
    Пол:
    Женски
    Oва е тоа што го барав цело време.
    Тивко и свежо ветре што буквално пронижува низ коски, а мене ми е топло и пријатно во душата, што дури и посакувам никогаш да не престане, иако сѐ живо и диво ми смрзнало.
    Сепак, се чувствува топлина, чудна и необјаснива.
    Мирис на топло какао со цимет, јак ајлајнер и марама со интересен принт замотана околу вратот.
    А да, и тој до мене, наоблечен со милион блузи и дебела дуксерка, спремен за доооолга прошетка низ пустелијава. И ништо друго не се слуша, освен нашите синхронизирани чекори и тук-таму некое шуштење од дрвјата.
    Многу го сакам.
    И периодов, а мајке ми и него.
     
    На zarah, Stoimenovska, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Па, мислам.. фала Богу еднаш да ме тепаш. :lol:
    П.С. Ти попуштав, жал ме фати. :rofl:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.943
    Пол:
    Женски
    Сум ви кажала ли дека правам феноменални палачинки?

    Само што направив, има за цела војска. Бујрум кој е гладен :) Со нутела, превкусни се ;)
    Туку СДК дека се нервирам многу поради новиот распоред од факултет :@ Секој ден ќе треба да патувам за саатипол предавање. Аман веќе! Едвај чекам да завршам, да се плукнам во универзитетот глуп! :@
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И дојде денот Д... За два дена и мојот ден Д ќе дојде
     
    На teddybear, creshicka и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  10. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Уствари, прв пат се соочуваш со кучкестото его на животот на првиот ден во градинка. Аууу, кое страшно искуство е тоа. Си живееш среќно и безгрижно дома со твоите играчки, и бааам, дошло време да се социјализираш. Против твоја волја. И патот до градинката личи на оној патот кај што ги носат кутрите животинчиња на колење, исполнет со расплакани деца. На една пријателка детето почна со градинка, па ме инспирира, дури и се разболе детево од страв дека утредента ќе треба пак да оди во градинка :lol: Куп мамини синчиња го прават својот прв чекор во вистинскиот живот, режим на адаптација, можеш да плачеш колку сакаш на крај пак ќе мора да се помириш. Не можам да се одлучам дали адаптација како филозофија на животот е благодет или казна. Дуалност, ис а бич. И јас така, ќе кенкам некое време ама на крај, пак ќе си оди се во својот тек. Адаптирај се или умри. И Дарвин не бил будала. Но, јас сепак бирам да бидам мутација. Мутацијата е кул, мутацијата е култ, ја следат обичните адаптирани единки додека и тие не станат мутации. Факинг тренд. Синдром на црна овца, а многу е подобро да си обична, не се замараш и си пасеш, те стрижат ама што ти е гајле, ти си овца, иста како и сите.
    http://www.youtube.com/watch?v=6KxtgS2lU94
     
    На Hopeful, julie77 и Moira им се допаѓа ова.
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Јесен стиже дуњо моја...али ти још ниси стигла :|
     
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Има ли нешто по слатко од моето малечко кучеце кое додека седам на Фемина си спие до моите нозе и од време на време сонливо станува си пие водичка и повторно се враќа на истото место. Во рок од 15 минути 3 пати стана така како зашеметено. Сонце мое убаво :inlove: :inlove:
     
    На ilipili, zarah, Stoimenovska и 12 други им се допаѓа ова.
  13. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    52.130
    Пол:
    Женски
    ПМС е ужасна работа.
    Пред пола саат плачев на еден филм зашто девојчето го избркаа од средношколска забава и и истурија пијачка врз глава.
    Претходно и се жалев на другарка ми затоа што тој е премногу добар со мене, ме нервирало.
    Сабајле трчав и се смеев по дожд, после 5 минути стоев сама и не зборев на никого.
    Збунети се луѓево, или ги гушкам, или ги мавам со предмети и се лутам за глупости.
    И плус цело време јадам, денес трипати ручав, и тоа двапати јадев пица. Мх.
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.672
    http://www.youtube.com/watch?v=_HKH7Emy1SY
    http://www.youtube.com/watch?v=k6M5C-oKw9k
    Жени што се идентификуваат со песмичкиве,едноставно знам дека се тешки лејмерки на кои не треба да им се верува. И! И! Се се спротивно од тоа за кое што се збори у песмичињава,а сакаат да бидат. Това е това ултимејт билдање на лажно его. Со игла за хеклање да им го дупнете,да им ја врачите иглата да исхеклаат по некое миље за по дома и многу,многу да не зановетаат.
    А малце и да имаа во цреповите ќе ја сфатеа сексистичката конотација,туку ај... Од кога се песниве, и све од едни та исти се постирани,а освен самобендисани бичез без потенцијал ништо друго не видел светот од нив. Со особен нагласок,зависни од машко мислење и потврда! :puke:
    Чекајте уствари стигнете да бидете секси колку цуците,а за другото ако више сакате и ќе се договориме да бидете колку да ви помине ќејфот. Ама не можете да изгледате вака и да не бидете погрешно прифатени, тоа е таа карма,јбг...
     
    На Springy и CoverGirl10 им се допаѓа ова.
  15. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    81
    Многу ми е досаднооооооо тра ла ла! :D
     
  16. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Се на се според мене ова беше еден изгубен ден.Тапа ден,никаков како и времево. |(
    Единствено позитивно беа новите познаства,друго ништо.
    Уште во 5 часот станата демек прв ден на работа па и да не каснам,за да отидам и да ни речат: "во 12 имате закажано на систематски"...-ШТОО??? Прв пат слушам,се туфкав цело време особено кога рекоа крв ќе ни вадат,а се знам сама себе при секое вадење крв паѓам во несвест...
    Ајде собрав храброст бидна и тоа.Туку друго ме мачи.Идам на очно и што да видам,ништо не сум гледала...само 3 погодени букви :o .Човекот со право се шокираше.И веднаш упат и да си зимам диоптрија инаку не ќе можам да работам. |( .
    Од тука ајде на обука некоја,ама пустите ние појма немавме каде е точно па цел саат кружевме низ градов барајќи го тоа чудо за на крај да сфатиме дека ни било пред очи само кој да праша. :lol:
    Потоа пак си се вративме во маркетов,го разгледавме и дома...
    Како стигнав до дома јас се чудам.
    Битно изразот на лицата на моите дома кога ме видоа влегувајќи од вратата ми беше јасно каква ми е состојбата.Целата тече вода од мене а лицето катран црно од шминката...се ми се разлеала шминката низ целото лице. :tmi: :D
    Sекој ден се по нешто ново...само тоа ново никако да е нешто добро засега... :?:
    [​IMG]
     
    На AnaKarenina, Glossy-girl и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  17. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Како иде феминчиња волјни ли сте за послеполноќна пенетрација? :D Се извинувам за муабетов но веќе сме во зоната 18+ така што све е дозволено. :P Ама сабајле кога ова мислење ќе биде читано ќе е надвор од зоната. :) Како и да е немајте гајле се шегувам малку. ;) Само да ве поздравам, да ви посакам лека ноќ и тоа во глобала. Ќе се дружиме во текот на денот и за викендот. Најверојатно времето ќе биде ладно и дождливо па ете идеална прилика за дружба на форумов. ;)

    И ајде за добра ноќ од мене. ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=uNSBq6hvU1s
     
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    скам а ажазм мноу сум се опив
     
  19. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Еднаш љубев еден голем човек...
    Беше голем колку љубовта која подоцна ја разбуди во мене. Ме исполнуваше. Ме дополнуваше. Бев среќна.
    Еднаш љубев еден голем човек...
    Го љубев најдобриот! Го љубев единствениот! Со очи на темна маслина и душа ангелска, совршенство! Го љубев...
    Овој пат би го љубела многу подобро. Би то љубела уште посилно. Секој ден би му кажувала колку сум среќна во неговите прегратки. Би ги гледала маслините секоја секунда...толку ми недостигаат...
    Кога повторно ќе се сретнеме и гордоста ќе не убие, кога ќе се појавиме еден пред друг како најобични познаници, стегни ја мојата рака посилно, гушни ме помило, бакни ме понежно...
    Барем да знам дека не си заборавил..дека сум ти спомен...
    а ти....
    Мојата радост, мојота судбина...
    Мојот друг дел...
    Еднаш го љубев... еднаш....
     
    На Hopeful, cinderella5, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Кај сте бе девојки? Не сум ве заборавила само немам многу време да пишувам чат - пат ќе ве читнам, но само на кратко.
    Еве ми поминува првата работна недела сега за сега задоволна сум од работата, не ми е ташка, а и брзо учам. Работам со 3 момчиња од кои едно почна да работи сега со мене, малку се ограничени и сметаат дека ние довојките сме глупи и потешко сфакаме ама ако нека ги, ги оставам овој месец нека мислат што сакаат не се тие криви толку е капацитетот. Работат повеќе од година, а сеуште некои работи не ги знаат и буквално кога ќе ги прашам ми одговараат ‘‘ де па ти за една недела се сакашда научиш‘‘ |( И да знаете дека ќе научам и не секирајте се после и на вас ќе ви објаснам!
    Конечно почнав повторно целосно да уживам во животот и да си се посветувам на самата себе и дури сега си се чудам како можев да си дозволам толку многу време да поминам во самосожалување и кукање. Есента ме прероди :) На Горан повеќе не ни помислувам, ретко го гледам, а кога ќе го видам ја свртувам главатана другата страна, не е достоен за мој поглед, а камо повеќе.
    Петок е, но за мене виќендот официјално ќе започне утре после 3 ама ако, не се жалам, барем после толку многу време се чувствувам исполнето и среќно, а вас мили мои ви посалувам уживајте во виќендот и боите на есента која е фантастична.
     
    На ilipili, marama, Miss.Ricci и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.