Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    СДК дека Почнуваме физичкиот изглед да го градиме кој на девојките им кажува колку се грижиш на себе.Девојките секогаш повеќе им даваат приоритет на добро изградените машки и на машките што се имаат стил кон облакањето затоа што тоа им кажува дека тој е поинаков и има самодоверба и не се срами од тоа што е.
    Секој ден ако треба,ќе флертуваш со било која девојка.Ако незнаеш што е флерт,тоа е игра на зборови во кој ти проверуваш дали девојката те свиѓа и паѓа на твоите зборови.Устручувај се и прашувај што им се свиѓа кај машкиот пол,што ги одалечува,а што ги зближува.
    Секогаш биди предизвик на девојка,затоа што ако може да те има секогаш,ќе станеш само уште еден дел од нејзината колекција.Не и давај секогаш се што ќе посака затоа што кога ќе и го дадеш,ќе помисли дека те освоила и може да те има секогаш.Затоа девојките ги привлекуваат идиоти,затоа што се независни,не се грижат за нивните чувства и девојките неможат да ги контролираат.А нешто што неможе девојка да го контролира е тоа за нејзе е самодоверба и предизвик.
    Прекини да мислиш дека девојката е страшило и прифати се таков како што си.Твојата генетика е таква и ти си привлечен за еден дел од жените.Но најпрво тоа што треба да направиш е да изградиш голема самодоверба и став дека ниедна девојка неможе и несмее да ти го сруши твојот интегритет и став кон самиот себе.Ако си во контрола на самиот себе,тогаш си во контрола на твојата околина.
    Прекини да бидеш предвидлив.Предвидливоста е многу лоша работа ако сакаш да ја имаш девојката од твоите соништа.Што се предвидливи работи:Запознаваш девојка која те свиѓа и се даваш цел,станувате дечко и девојка после тоа се венчате.
    Прекини да бидеш финиот дечко што секогаш ќе бидеш за неа.Девојките верувале и не,не го сакаат тоа.Како што реков непредвидливоста е голема привлечност кај жените тоа потсвесно го прават,не за џабе ќе приметиш колку пријатели има и ниеден од нив не им прави муабет.Предвидливиот маж остава се на девојката,предвидливиот маж ја части со тоа што сака да ја купи девојката,предвидливиот маж и кажува дека не може да живее без неа,а уствари сака да ја легне и предвидливиот маж е толку несигурен во себе што само дава комплименти и секогаш очекува реакција од девојка.
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.391
    Допаѓања:
    103.200
    Пол:
    Женски
    Нанананана...станав теткааааа....по 15 пат....Живо и здраво расти малечко, сите те сакаме премногу.... :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Hopeful, Neytiri, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    бабичке кај и да си на небото сакам да ти кажам Среќен роденден.....поздрави го дедичко и бидете си среќни заедно горе...ве сакам и ми недостигате премногу!
     
    На Ognenija, Amaia, lelica и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    СОНЦЕЕЕЕЕЕЕЕ,We missed u!!!!!! Мислам незнам за повеќето ама јас ДА! :sun:
    Сега со мерак да искочам од дома бре!
    Ајде Спичлес ти стани си и спремај си се полека полека, како што си slow emotion нема ни до утре да се спремиш.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. d.i.n.a

    d.i.n.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    20
    Нека ви е срќен празникот на сите што го славите :)
     
  6. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Така ќе е...,,....,,,,,,, кое машко ќе сака да има глупава женска :puke: а плус и апаш!
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.672
    Им ја пуштам Шаде, сум им направила кафе,абе ги чувам како пилиња. Сеа и доручек ќе одам да земам! Брееееј! Мома за мерак!
    Уште времево да не се заебаваше. Што му е бре?! Јас мислев се заебава претходната недела,ама оваа?! Многу е! Знае ли бре дека струја ни поскапеа?!
    Море чизми мање-више,капут ќе си извадам!
    А есен е права ствар за шетање во природа,што се занесува стварно не ми е јасно! Си мислам со умов, како легитимно да си ги преспијам студовите?! Кој се жалеше од топлото?! Кој?! Да го видам!!! Ај на ова време да те видам завиткан у шал,со чизми и капут?! Иде?! Не иде! Од сега ако почнам така,рачунај 9 месеци не излагаш од чизми,а од капут добри 6! Пак плачете од жешкото! Абе убаво ми е да ми е жешко,како да ви кажам,убаво ми е,а не сеа,лупете пиперки под стреа! Абе цистит ќе фатите бе ало, се грижам!
    А мајка ми годинава рече за ајварот,као Тито на Сталин (на татко ми и ова кажано ко татко ми),НЕ! Јас да ви лупам,да ви правам,да ми каснете малку и јас да се дебелеам од стрв,немаааа. На кој му се јаде да оди да си купи од Мамас ајварот и сметајте дека сум ја мучела душата јас зошто мислам дека ви е посладок така,башка немам рачун бре! :D И онака, подвикна,ок,мама...нема,не барам ајвар! ;( И сега ми се смејат,ама ми донесоа од сабајле, да сум пробала. Еее да пробам,ма да се најадам сакам,со сирење убаво,шарско... Леле солза ќе ми капне! :D

    И аман за аман, доста више со тоа ЧАААЈ, ГРЕАНО ВИНО, КАРАНФИЛЧЕ, ЦИМЕТ под А! И под Б, кариииии, ѓумбир,ЗАЧИНИ,ЗАЧИНИ,ЗАЧИНИ! Е ај,ако ви е ќејф,исклучителни сте,само вие ги сакате од цело човештво, вие и вашиот деликатен вкус! Не разумем! До пред некоја година,ок си беше и петочниот грав на мама (добро не јадам грав,еве ... компир манџа сакам,епа тоа нека биде),сега све сладокусци. Ви правеа несквик,беше топ, ви правеа обично какао, ма супер бре, е сеа без ЦИМЕТ не оди! А еве и да не оди (што је,је повкусно),ако кажете, абе исто ко да не сте го пиеле такво,бре,без стил сте! Сеа не јадете обично лепче,сто посто само НААН ви меси слугинката по дома! Од нутела глава не сте кренале, чекајте сеа Орео да донесат,па да ве потсетам коа јадевте Темпо у школо на голем одмор! :D И кафе е светска ствар! Дали сте чуле кафепијец да рече, ЛЕЛЕЕЕ СЕЗОНА ЗА КАФЕ! Не! Не се жалиме,едноставно толку сме зависни што ... не ни приметуваме дека го пиеме! Тоа е!
    А порано вегета беше универзален зачин,сега сите станаа експерти за вкусови и зачини!
    Абе да ви се плукнам во квази хедонизмот,кога пак ќе уживате у гравот, макароните со кечап и сирење и ништо друго и слично. Туку да ве прашам,колку од вас сладокусци конзумираат вино при конзумација на тестенини?! Енд оф дискашн,толку.

    Туку петок! Најубав да ви биде,со се викендот! Денес била некоја посна слава... не одам на посни слави! :D Без некоја мрсна крем салата,убави кифлички,џабе ќе седам!
    Абе стварно,имајте убав викенд,одморете се,не спијте многу и шетајте во природа! :!: И погалете го миленикот подолго од вообичаено! :!: Гушкајте се повеќе и аман више заљубете се и имајте секс, помалце ќе збориме така! :D (сеа светам црвено сто посто,пошто многу зборам! :D )
    Јас имам рандеву,а затнат ми е носот и ми тече! Уиш ми лак! :D
    И фемина да си ставите поише смајлиња,морам да ги намалувам,не ми се испраќа!!!
    И ево, малце да ве стоплам!
    http://www.youtube.com/watch?v=BvcNtoHw ... re=related
     
    На Neytiri, JuLleE, Speechless и 11 други им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.196
    Живееме во чудна агрегатна состојба,умира разумот царува тупоста.
    Нон стоп среќни сами себе си ја носиме штафетата на глупоста.
    Имаме драги мои ептен лоша тактика, јака теоретски со добри изгледи, само што кај нас се е различно во практика - и бледото ќе избледи.
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    I'm too sexy for my ex! :lol: :lol: :lol:
     
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    СДК колку времето може да влијае врз расположението а не пак нешто друго.И после кажете дека се зависи од нас.Секоја сезона си има посебна атмосфера :)
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дур не роди Боркица трето и доживее третомајчина пензија, не верувам во финансиско-присилен наталитет и не примам семки, што сака нека биде.
     
    На JoxyTheFreak, Lov3, Shelea и 5 други им се допаѓа ова.
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Дишам. Конечно после 4 дени кога срцето ми тропаше како лудо секој момент. Сега е стабилизирано и убаво е чувството.

    Ќе си бидам искрена, јас цел живот пекам дека сакам да живеам сама, далеку во град каде не познавам никој. Ќе продолжам да бидам искрена, кога уствари ќе го направиш тоа сфаќаш дека не е баш лесно. Си голтав кнедли на аеродром, голтав кнедли завчера во воз и липав како детуле додека се туширав. Но денес не. Од денес не. Во еден момент кога се почуствувам пријатно, мирно и спокојно. Собата која ја изнајмив е моја и само моја, со винтиџ мебел и прекрасни домаќини. И немам јадено како човек 5 дена ама тоа не ми смета. Тука сум, во еден друг свет каде јас сум јас и никој не бара од мене да бидам некој друг.

    Вчера, додека лутав низ пространи улици со дрвја насекаде се почуствувам мирно. И онака филмски кога дува ветер, а листовите од костен се во воздух додека јас гордо одам.

    Уживам овде и сега. Уживајте и вие.
    И никогаш не пропуштајте да јадете сладолед во Италија. Дури и кога сте на диета. Никогаш. Никогаш.
     
    На sweet-cherry, Hopeful, kravce и 26 други им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Вчера бевме со дечко ми кај едно бабе да му ги скрати фармерките, ах леле колку беше милна. Одма ни стави чај, не седна на муабет, извади колачиња оние ванилици хоум мејд и почна со муабетите. Кој сте, што сте, од кај сте, златни, мили, фини. Па почна да го кара, да си ја чуваш гледаш ли како ѕвездичка е, а ја :angel: Многу топол дом, сама беше на 5ти спрат со поглед кон Дебар Маало.
    Многу ги сакам стариве што не се возат у вторник и петок у автобус.

    И сега да ви кажам дека ова ќе ми биде многу тешка година, до наредниот септември нема да можам воздух да земем на раат, прифатив голем предизвик не од што сакам туку од што морам.
    Еве до понеделник можам малку да поуживам ама од 24ти до наредната година ќе биде напорноооо. Затоа уживајте додека можете :hai:
     
    На ludoto19, kravce, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    честит празник-Мала Богородица :)
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.378
    Не мразам луѓе.
    Секогаш се водам од тоа ако некој не ти одговара не мораш да одржуваш понатамошна комуникација, секој по свој пат и готово. Нема потреба ни да се замараш, ни муабетот да му го правиш.

    Синоќа за прв пат почуствував гадење од една личност. Колку ниско може некој да падне со своите лаги, лицемерие и уговарање.
    Тргнувајќи од тоа дека ни јас не сум совршена, секој од горенаведениве ,,таленти,, се обидував да го подгтнам оти нели секој има добри карактеристики, па атер за пријателството не треба да се фаќаме баш за оние лошите.
    Секогаш си викаш наши сме, сами сме тука, треба да си помагаме и да си се наоѓаме еден на друг .

    Али талент како талент се развива и развива па се доаѓа до степен на неиздржливост.
    Толку долно, мизерно, бедно.................нема лице ни да се соочи, да те погледни во очи.
    А и што да каже кога до гуши е полна со гомна.
    Малограѓанштина бре, џабе е кај се, ситни си остануваат во душата.

    Кога секој што во моментов се наоѓа во твојата куќа и делиш трпеза сто пати го имаш изоговарано но и понатаму глумиш оти нели кога ќе се врати да каже на народот за ,,идилата,, во која живееш.
    Оти нели многу е важно народот да мисли дека имаш пари и среќа , па по секоја цена ќе ги убедиме :puke:
    Истите приказни за некои пари, коли, куќи....кои јас со години ги слушав но никогаш не ги видов повторно и повторно се вртат со цел да се обои розево црната реалност и некој неважен да се убеди во тоа оти нели многу е важно да се одржи имиџот кој се продава преку интернет.
    Воопшто не се каам што таква личност нема да биде во моја близина, само се каам што времето не сум го посветила за доразвивање на некои други пријателства со личности со кои стварно многу добро се разбирам.
    НА жалост слободното време е ограничено, па секогаш даваш приоритет на наши, но не е касно.
    Веќе направив еден термин за утре, еден за недела со две прекрасни личности кои ги знам со години а на жалост никогаш го немав времето да го однесам тоа пријателство на следното ниво.
    И така синоќа си легнав со она чуство на гадење од една човечка душа....а цело време мислам на чистење.

    И јас сум една од оние што ога не им се сите на број прават генералка дома. Синоќа не ме фаќаше сметка да тропам на полноќ па одложив за сабајле.
    Не мис е верува дека сонував како чистам :tmi:

    Сабајле се издигав од ниедно време и почнав со вецето.
    Додека го завршив гледам и малиов станал и без збор да ми каже и он зел крпата и чисти во дневната.
    По некое време се сретнавме во кујна, ја бришам прередувам а он веќе со правосмукалката мине и само трепка трепка но сеуште не се осмелува да каже збор.
    За некој саат завршивмеи се повлековме во спална.
    МЕ гушна онака силно и ми рече веќе 6.5 год. сум тука за тебе и секогаш ќе бидам.... сите други можат да идат и одат од нашите животи.
    Се додека ние се имаме никој не е важен ниту вреден.
    Му раскажав за секоја лага што ја чув, за секој збор кој јас не сум го изговорила а е прекажан како во мое име...

    Ме бакна и ми рече НЕ ТИ ТРЕБААТ ТАКВИ.

    Во малите работи се гледа големината на луѓето а во тешки моменти вистинските пријатели.
    Морам да живеам само со себеси, не и со некој друг. Кога јас си знам дека имам чист образ тоа ми оди лесно од рака.
    А на останатите им ги оставам картите во раце да продолжат да ја градат нагоре кулата и да се надеваат да не кивне некој и се да се сруши.
     
    На Hopeful, kravce, bittersweet и 16 други им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Многу често сум онаква - кревам раменици и си викам, ма остај! Што се замараш.

    Ама понекогаш ситница знае од такт да ме извади, поготово ако е глупост.

    Од кога тоа кус кус е шпански специјалитет? Пошто Колумбо коа отишол у Америка, кус кус им праел таму на домородците. Greetings from Spain! |(
    Кога ќе напишат некоја глупост, остануваат ли живи или...?

    И основни грешки во пишување, од тесна чизма ме вадат. Сериозно. Особено ако претходно дотичниот ми се испофалил колку факултета завршил и во следната реченица ми напише
    - абе ја те сВаќам што ми кажуваш, ама белкИ знам за што зборувам.

    А жолчките кај ги остави?! :^) Бррр, реков еднаш, ќе речам повторно. 1ви септември не е само за првачиња. Па, мал милион неписпени со факултетска диплома би ги вратила во школските клупи. Како стигнале до дипломата, ич не ми е јасно.
    И да, невладеење на литературниот јазик и основните правила нема никаква врска со употребување на дијалект. Да се разбереме. Биди cool или таков каков што си со употреба на сопствениот дијалект, сленг итн. затоа што, нејсе, природно ти доаѓа така да си зборуваш. Ама научи претходно да пишуваш како што треба. Сленгот е сепак само варијација на основата која треба да ја владееш. Во спротивно те молам, не комуницирај преку интернет никако. Ниту во официјална кореспонденција. Ма никако! Те молам, немој.
    (ова беше обраќање до сите слични на особата која ме наку*чи сабајлечки :D )

    За голема буква, нов ред, интерпункциски знаци и слично, муабет да не правам. И таквиот, работи, заработува, се ку*опеца - абе батка јас, еј јас.

    Ах....илјадници, АХ!

    Втор пат ме вади од такт иста ствар, ама не можам. Стварно, не!

    Инаку денов фин, јас помалку. Ќе го биде....еден ден :) Си викам така, откако ќе си се изнаплачам што се можеше да ми се случи, а за среќа не се случи.

    Мислам дека еден ангел ме чува :* А јас го замислувам во црн мантил, како седи на покрив на некоја библиотека. Би му стоело, знам.
     
    На Hopeful, kravce, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  17. lelica

    lelica Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    СДК многу ми е убав денов :sun: а и празников многу си го сакам МАЛА БОГОРОДИЦА ,нека ни е честит и и се молам на богородица нека ми даде ум,разум конечно да одлучам што да правам ,дали да си останам на старото или да го прифатам новото работно место ,времето се ближи ... а јас сум на 100 умови :( ахххх колку сум неодлучна и се плашам од промени :(
     
    На Amaia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Денес ми е роденден = )
    Да си се пофалам јас, имајте сите прекрасен ден!
     
  19. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Колку ми е жал кога на улица ќе видам бездомно куче како полека,полека си оди и онака со натажена фаца ќе погледне некој и пак...Многу ми е жал,ообено сега кога си одев накај дома,2 улички пред мојата видов една дога,ама една преубава догичка.И беше истоштена,и се познаваа ребрата и кога ме виде дека поминувам,си застана покрај мене,ја крена главата и со едно тажно лице ме погледна.Ох,мило,колку ми дојде жал :( .А да имав нешто барем да му дадам,би му дала,би му дала се што имам,само тоа да се најаде.Јас доволно јадев.Ама да имав...Кога дојдов дома,ми текна дека имам останато некои коски од вчера и излегов да видам дали е уште тука,ама залудно,веќе беше отидено.А посебно ми стана жал затоа што сите го гледаа со презир,го шуткаа и го бркаа.А тоа милото,само си сака некој сопственик,што убаво ќе се грижи за него,ќе си игра со него.Да би можела,да би имала финансиски средства и можност,би отворила дом за бездомни кучиња,и ќе ги собирам од улица,ќе ги избањам,ќе ги нарам и после би ги дала бесплатно бре на некој,само да се грижи за нив.Душички... :(
     
    На AnaKarenina, Sexybaby86, Amaia и 3 други им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Утрово си ја нагостив душава во божјиот храм.Толку мир ми беше потребен и таму го најдов.Само се прашувам до кога ќе ме држи.Опуштена сум и по малку поспана ,а не знам зошто .. :angel:

    Сакам да кажам избегнувам контакт со луѓе.Се осамив многу.А не чини така ,знам.Ама и не знам поинаку.Вака друштво ми прават само книгите ,музиката во позадина и тоа е се.Ах,да и осамените улички и сокачиња.Тие во кои знаеш дека нема да сретнеш некој познат,да мораш насмевката да ја вадиш од петици.Како некои чувства засекогаш да ми се ампутирани.Вака ли изгледа зрелоста ?И на тоа немам одговор.
    Ми фалат некои работи кои останале таму некаде,изгубени,заборавени ,полни со прашина.А сепак постојат знам.Зошто инаку би ми фалел нечиј допир,очите во кои на момент ќе се огледам,гушкањето во тишина,изустеното трапаво извини,вкусот на загорените макарони,ноќите во кои безобразно го туркав за да украдам повеќе од ќебето,додека зимата шараше по прозорците.И шеќерната волна,и неговото упорно ставање 2 лажички шеќер во кафето,иако секогаш настојував да има по една.А сега и јас ставам 2,остана навиката...

    Таква сум денес,ќе помине и ова...се поминува....
     
    На kravce, Dvolicen, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.