Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК мразам кога ќе станам сомничава,не дека мислам, туку сама ми доаѓа мислата :D :wasntme:
    Многу сакам католичка црковна музика :angel: релаксира некако :angel:
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    СДК дека убавината не што не прави убави,туку :
    [​IMG] .
    Толку.
     
    На ViktorijaMari, crazyinlove19, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Неделава како да трае цела вечност! Можеби затоа што е преоден период, можеби затоа што the weather can't make its fuc*ing mind, но најверојатно затоа што сум болна и цела недела немам излезено од дома, освен кога одев на инјекција.

    Но последната инјекција е примена! Си добив една убава и голема модрица на убаво исончаното газе, како печат за крај на летото и глупостите што дојдоа со него. Морам да оздравам до понеделник, во понеделник полетувам :D А немам ни почнато со пакување, ама испраксирана сум веќе, цела година живеев во куфер :)

    Пријатно попладне со нешто исчилано:
    http://www.youtube.com/watch?v=PuewEZKNyQY
     
    На anabel-a, cinderella5 и Doozy им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Погреби.

    Погреби како погреби, сите исти, солзи на сите страни, жалење по починатиот. Не ги сакам, всушност не познавам некој кој ги сака, ама јас посебно ги мразам. Денеска отидов на вториот погреб во мојот живот. Првиот беше на дедо ми пред 3 години и присуствував бидејки морав, а денеска на дедото на дечко ми. Отидов бидејки сакав да изразам сочуство на целата негова фамилија. Најпрво мислев дека нема да плачам, бидејки не сум на пример израсната со човекот. Плачев вчера кога ми кажа, едноставно ми беше криво што човекот си отиде, бидејки беше навистина исклучително ведра и интересна личност. Денеска мислев дека нема тоа да се случи, вчера си го зедов делот, но се излажав гадно. Отидов сама, и кога влегов во капелата ми се пресекоа нозете. Само си велев престани жити се, доста. Ама не, кога го видов таму, легнат, се потсетив како ме бараше на секој именден, роденден, прослава... ми викаше снао... Ме потсети таму легнат на дедо ми..

    А тој, втор пат во животот го видов како плаче, првиот пат заради мене, и сега. Посакав само да го гушнам и ништо да не зборувам. Во вакви ситуации навистина не знам што муабет да правам. Лугето ме прашуваа како сум, одговарав со добро, а во себе си мислев како може да сум добро на ваков жален настан, којзнае што ке си помислат...

    Наравоучение од моето сиромашно искуство со погреби. Се плаче додека се плаче. Потоа е доста. Треба да се радуваме на живите, да помислиме на она што допрва доага, не треба да се жалат мртвите бидејки сите одиме натаму. Само една голема желба, ако има Господ да доживееме и ние таква старост, со деца, снаи, внуци, правнуци, како тргнала оваа, секојдневно повеке млади умираат одколку стари.

    Имам јас останато уште една бабичка, една инаетлива со тинејџерски дух. Има 86 години Господ уште нека ја поживее, да не се лажеме во тие години е кога може во секој момент да си почине. Ке ја жалам и ке плачам, во име на тоа што ме изгледала, што сум и миленичка од сите внуци, што кога сум нерасположена знае да ме насмее со некој старски бисер... Повеке не. Себично ви се чини? Се прашувате зошто така? -Просто и едноставно, млада сум, животот е пред мене, имам внуци една копа, има милион причини да се радувам на живите, а само една да тагувам за мртвите. Би одбрала првото, второто не ми бега. :)
     
    На Hopeful, kravce, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  5. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека веќе доста ми е од поделба на луѓето глупави паметни не средени не нашминкани вакви такви ало па секој си иам право на свој избор ако несака да се дотерува и шминка глупава е или пак ако некое машко не е во кошула скоцкан со парфем итн е клшар ало девојко(потенцирам зошто една лчичност ме извади од такт) освестисе сите луѓе се исти некој има поголема желба за дотерување некој не но тоа не значи дека се глупави и вакви такви ако ти смета едноставно стани и замини си и дружи се со онаа твоја "ВИСОКА КЛАСА" стварно неможам да те разберам
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Знаете како велат
    Фините - фино заебуваат

    Земав точно пари колку што ми требаат за фармерки и патики и шетав по панаѓурот барав и видов на една тезга фармерки 500 ден ги пробав си гледам тамам и и реков на таа да ми ги спакува ми ги дава и јас вадам 500 да и дадам и ми вика
    аа девојче тие фармерки се 600 :^) викам како 600 па нели 500
    ми вика да има од 500 ама друг модел а на тие другите фармерки имаше една пателка плус |(
    и дадов 600 и си заминав.
    Не дека се правам за 100 ден, ама кога ми беа броени парите, јас си знам како ги собрав.

    и така Еленка има нови фармерки ама ќе ги носи боса, патики под 500 ден нема :|

    Друго

    Секогаш убавите работи идат неочекувано, не се ни надевав дека деновиве ќе се видам со него. Конечно :!: После долго време :wasntme:

    Утре ме очекува тежок ден, ќе се видам со него :D :$
    искрено им среќна сум и малку загрижена
    незнам како ќе реагирам кога ќе го видам, можеби само ќе го гушнам, можеби ќе стојам како кип и ќе зјапам :?:
    Незнам како и тој ќе реагира :lol:

    Ајдеее нека се осамне веќе еднаш.. нестрплива сум :$
     
    На LOmikol и ilipili им се допаѓа ова.
  7. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Во животот само едно правило научив,а тоа е дека нема правила, дефинитивно.
    Јас сум еден посебен пример за тоа, секаде каде што мора да биде така и така кај мене е отстапуање.
    Денес одлучив да вртам нов лист.
    Нема веке нервози за работи кој не зависат од мене или не можам да ги променам, тоа одамна го знам но некако последнава година се повеке заборавам да го практикувам.
    На моменти се факам себесе дека сум се она што не сакам да бидам.Добро де, не се ама многу.
    Веке ми е доста од се.
    Наместо да уживам во најубавите момети од животот јас се замарам за се што треба и не треба.
    Залудно е, и така ништо не можам да сменам.
    Некогаш самокотролата знае да биде тешка работа, бара добро извежбана дисциплина, како и да е вреди да се направи.

    Него, моето сонце направи 7 месеци, да да :wasntme: цел маж е на мајка најубав , односно цел е на тато :lol: му се оформи убаво лиценцето, цртите, не дека е мој ама многу убав маж ке биде :wasntme: :$
    ете го се закача.. :D
    до каде бев, аха да, како и секоја мајка додека беше во мешето го замислував како ке изгледа, покрај помислата дали се ке биде добро, скриени стравови ми беа дали цртите на лицето ке му бидат правилно распоредени(иако сите велеа дека покрај вакви мама и тато мора да излезе некој лепотан :P )
    А, сега си велам се тоа испадна супер, но има нешто повеке битно, а кога ке размили убаво човек не е тоа ни просекот на интелегенција, ни убавината, него срекната ѕвезда.
    Се надевам и силно посакувам универзумот и таа мок која сите нас не создала ке му поклони една срекннаааа ѕвезда,а и длабоко во себе и знам дека ке биде така.

    За крај додека го вкусувам морам да кажам дека нема нешто поубаво од чај од нане, што би рекла мајка ми аман бе дете нане ке ти никне во стомакот.
    Да, да го обожавам. :wasntme:

    И не знам зошто ама некако се смирувам од кога ке изнижам се,тука на ова современо парче од хартија, оваа Фемина и психотерапија ми стана,а сигурна сум дека и не само мене. :D
     
    На LOmikol, Buttterfly, kravce и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Се` почесто мислам дека причината што одамна не знам какво е чувството на вистинската среќа, лежи во моето детство.
    Моите рани години не беа воопшто синоним на нормално детство. Кога велам нормално, мислам исполнето со дружење, беснеење... Бев дива. Склоп од дива и срамежлива. Во училиште ги гледав сите како играат ластик, а јас само набљудував. На улица кога сите се дружеа, јас седев дома. Најчеста "дружба" ми беше тепањето од страна на сестра ми, која беше причилно тешка и кога ќе ме седнеше на креветот, солзи ми идеа, ама не попуштав, зашто бев жилаво дете.
    Ме исполнуваше селцево. Баба ми ќе ги скинеше првите цреши, јас стрвна ко што сум и денес ќе ја нападнев смоквата, со татко ми ќе одиме на рид по диви јагоди, ќе се вратев со најразлични цеќиња, ќе ги ставев во вазна и ќе се восхитував на моето дело. Па ќе прошетав по каналот обраснат со трски, ќе седнев на тревата и во мирот нарушен само од звукот на тракторот, ќе уживав. Ќе скиневме лубеница, па ќе го изедам најубавиот дел од средина и ќе легнам со полно меше и голема насмевка. Со најдобрата другарка повремено ќе се качевме на резервоарот позади куќа, грицкавме чипс, пиевме сокче и пишувавме домашна работа. Па ќе се насочевме кон ридот, а во подоцнежните години нели храната се замени со термос со кафе. И таму горе, извади пластичните чаши и уживај во погледот.

    И покрај се`, привлекував многу луѓе. На родендените ми приствуваше цел клас, на телефон висев постојано како се множеа годините. Дојде средно школо, нови луѓе, нови предизвици. Време на прва љубов, прво плачење за машко, први разговори со другарките за непознатите чувства.

    Денес... Веќе немам најдобра другарка. Не паметам ни кога последен пат сум уживала во природа. Наместо да се заблагодарам на Бога за селцево, јас секојдневно кукам колку сум далеку и не можам да излегувам. За среќа, некако почнав да си го наоѓам мирот. Не ме исполнувале ни пијанки, ни журки, ни забави, па се тешам дека нема за што да жалам.
    Веќе во ништо не уживам. Ни во средби со пријателки, ни во мирисот на цвеќето, ниту се радувам на првиот бостан. Вусшност, уживам да. Во присуство на луѓе како Ана. И ако имам некоја желба, нека биде и само мој сон, тоа е денот кога ќе имам сопствена куќа да ја поделам со неа. Да и` го отворам фрижидерот, да и` кажам да заборави на празниот стомак, да научи што е топол кревет. Па после ќе ја однесам кај оние што не сакале да и` дадат леб, иако ветила дека наредниот ден ќе даде пари и на фризер кај оние што и барале пари. Ќе ја исфарбаме нејзината бела коса, ќе ја дотераме и двете тргнуваме во мисија да ги згрижиме напуштените животинки. Ќе ја носам на ручек, заедно ќе се молиме во црква, ама веќе никогаш нема да пита.

    Ова е единствениот сон кој ми ја дава среќата од детството. Може никогаш да не се исполни, може да е фантазија, ама убаво ми е додека ја гледам таа жива слика во мојот ум...
     
    На DeMelo, LOmikol, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.391
    Допаѓања:
    103.200
    Пол:
    Женски
    Вчера си се изнагушкав со двете личности кои некако во последно време најмногу си ги сакам, моето малечко девојче и мојот голем дечко :rofl: Да ја видевте само прчлата моја мала како пушта раце да ме гушне, па како ме гушкаше, како ме стискаше со тоа рачињата малечки, абе сонце тетино е она. А попладне поминато со Буце, е одамна ми требаше, си го обожавам бре, го обожаваммммм..... И секако добрата вест на крајот на денот за која веќе се пофалив, нов букалец во фамилијата, овој богами букалец е, дебелко на тета. Вчера беше навистина убав ден. :rofl:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Пресреќна сум!Станав тетка!Сестра ми се породи...НАЈСРЕЌНА НА СВЕТ СУУУУУУММММММ!!!!!
     
    На LOmikol, Hopeful, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Имам нова портокалово/жолтеникаво/црвена/шареникаква боја на коса, уште поникаква волја за шкртање по темиве и песнава на рипит.
    http://www.youtube.com/watch?v=TJAfLE39ZZ8
    Џабе...

    Имајте убав ден за мене. Важи? :wasntme:
     
    На CoverGirl10, kravce, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ќе си ојдеш со љубенио во Магор, ќе си седнеш на кафенце, ќе си купиш книга, и денот е поубав.

    Не знам како дишам деновиве, ама успевам, средбата со татко ми јасна. Ми дари живот ама не ми го поседуваш. Гледам некое покајание во очите, ама се однесував перидов со него како тој со мене, ме немаше. Му фалам и сака да прави за прв пат нешто со мене, соба за Мила и внуките. Што се случува не знам.. ама ако тој не знаеше да се однесува со мене, јас сепак ќе му кажам пак ми фалеше татко, ама и како таков ми значиш.

    Викенд за мене нема. Не знам одкога не сум се одморила преку викенд. Сон за мене нема.. Мастерот го влечам и ме плаши да не зезнам.. ама морам да се вратам енергично на работа. Ме повикаа од Лундагард Шведското студентско списание, да им пишувам пак фотоколумна, реков да поради полнење на CV, нека стои. Ми фалат многу работи, ама ги посакувам и сонувам за нив. Ама ќе се изборам вака или онака. За скромен дом, не за премногу туку за доволно. И нема веќе да ја правам онаа грешка ко што вели квотава.. When one door of happiness closes another opens: but we often look so long at the closed door that we do not see the one which has been opened for us. —Hellen Keller, туку ќе трчам кон ново/отворената врата.

    Ах животецу, до кога ќе ме чуваш?!
     
    На Hopeful, Hkikica, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Дај му на куче едно парче леб и ќе имаш вечен пријател! А на човек дај му цело богатство, и душата ќе ти ја побара. Такви сме ние, никакви.
    Кога прв пат ми го донесоа кученцето дома, му дадов млекце и цел ден со опавчето пред мене зад мене, се мазнеше, ме следеше, цимкаше кога ќе легнев за да легне до мене на креветот, и кога ќе заспиев со шепата ме чепкаше по рацете за да се разбудам да го земам и него. И кога ќе го земев, ќе се стуткаше до мене, и ќе заспиеше, и замислете му грчеше на секој што ќе ми се приближеше, та дури и на мајка ми, еејј, мајка ми која го сака многу. Ама тоа е, пријател, ме чува. Има почиста душа од самата јас, од сите ние, затоа секогаш кога ќе го гушнам се чувствувам смирено. Која само насмевка ја имам додека го опишувам тоа мало суштество со големо срце. :)
    Ние никогаш нема да бидеме такви, чисти, верни... Ни гнасотијата од нај валканото уличарско куче не се мери со човековата гнасотија...
    И ќе ми рече некој, Лелеее како можеш во раце да го чуваш, па тоа е куче! о.О
    Тоа не е само куче, тоа е единственото суштество кое секогаш кога сум тажна се припива до мене пробувајќи да ме утеши, ми фрла играчки да ме развесели, за разлика од луѓево околу мене од кои слушам само Ќе помине!
     
    На Hopeful, CoverGirl10, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Го сакам лето...иии сонце го сакам!!! :D
    Мирисот на есен/зима веќе е на праг. Денес помислив дека дефинитивно е готово со лето 2012, ми раскинува. Со тешко срце ја вадам зимската гардероба. Го нема она чувство на леснотија како кога истото го правам со летната.
    И ѕѕѕѕѕѕѕѕѕрррр! Убава вест за сите лето lovers и неубава за зима lovers :D :D. Викендот ќе биде сончев, а од понеделник температурите ќе се искачат и до 30-тиот степен (и малку повисоко) 8)
    Уживајте во најверојатно последните топли денови од годината ;) !
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Полнолетство бр.2
    Си посакувам помалку нервози и повеќе среќа. Тоа што е мое нека остане така, тоа што не....ќе си најдам подобро.
    Ви се заблагодарувам на честитките и се што ми посакавте дупло да ви се врати.

    Оваа прилика ја користам да и честитам роденден и на Хипстер, да е здрава, весела, заљубена и двете да си прославиме како што е редот! ;)


    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На CoverGirl10, kravce, Adi888 и 13 други им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Животот секојдневно ми одржува лекции од кои имам што да научам.
    Еве на пример, денешната лекција ја имаше следната поука: Не почнувај да пеглаш додека не се расониш. :!:
    Затоа што ете, може да се случи да ја вклучиш пеглата на малку повисока температура и да ја залепиш твојата омилена кошула.

    Во градов веќе се насетуваат гужви, а јас сум слаба со нерви кога ќе треба да возам.
    Па почнувам да викам по сите што ќе ми претрчаат пред кола, ќе ми исечат пат или ќе ми влезат во лента без вклучен жмигавец. Од каде да знам јас дека ќе вртиш лево бре вол?
    Не гледам на гравчиња |(
    Затоа возењето му го препуштам на љубениот, и онака е многу подобар и посмирен возач од мене.

    Туку, се збунувам кога низ градов наш убав одеднаш гледам и цветни корсети и есенски капути.
    Ми никнуваат прашалници врз глава и не знам дали да ја почнам сезоната на затворени чевли, или да си носам балетанки. Едни со деколтеа, други со дебели марами. Едни со кожни јакни, трети со волнени џемпери. Времево збудале, збудалеа и луѓево.

    Во меѓувреме, вие уживајте и не си ја замарајте главата со непотребни работи.
    И најважното - бидете оптимисти ;)

    [​IMG]
     
    На CoverGirl10, Dulceee, Pirana и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Нема ништо подобро од какао после ноќна смена, жежок ѓеврек, ладни автобуски седишта и моите мисли закачени за луѓето што итаат од работа, а јас се враќам дома во шареното ќебенце и си заспивам! :angel:

    Ете такви моменти си приредувам, од што нема како и каде. Не се жалам. Другаркиве никаде ги нема, после роденденот, нагло нели, залади и сите ко глувци се прибираме дома. Извадив веќе тексас јакна, чизмички и капи. Ох, со која радост ќе си ги носам баретките, особено таа црвената од Париз, ми враќа сонливи спомени! Бев кај него дома, да ги видам баба му и татко му. Однесов овошја и кафе. Раскажувања, прераскажувања, анегдоти, вицови... Ме гледаат како своја. Ми вика татко му - ќе ви ја изградам кујничкава, да си правите храна тука, внуци да ми се мотаат. Душа! Има човекот за што да се радува и живее. Драго ми е што е така. Убаво. Некако, значењето на бидувањето со некого, сега добива друг тек, убава смисла. Почитувачка, семејна. Сакам.
    Со него, се скајпаме. Се гледаме без допирање. Боли, но тоа е. Ќе издржиме. Ми вели дека јас сум му најголемата сила. И мене ми е самиот тој. Изгледа, во јануари ќе морам да останам тука, нема да можам да одам, поради волја на други фактори... Нејсе, важно душата ми е мирна, имам што да сонувам.

    Петочен грав, и од прдежи ама ич не ми е страв! Како скокам од тема во тема, нели. :lol: Смешки, кога ќе ти кажат дека натпросечната креативност треба да ја насочам во градење имагинарни кули, кога ќе ти кажат дека во тебе живее Скопје од осумдесетите, дека романтиката ми направила ореол врз глава, а јас им враќам - Еј да! Неам инстаграм, ме заболе за твитапови, не се клукам со еготриперајски апови, ич не ме занима кој каде искача, и Галерија 8 е веќе досадна! И плус, одамна се збогував со сите пишман аџии што едно кажуваат, друго прават. Немам време за деца. Не од овие типови. Среќна сум што главата ми е на место. И кога некој постојано иницира кавги и кака како треба/не треба, стварно ми се одмилува. Недостаток на секс и те како мава по глава, а богами и по нос.
    Статус = Пенелопа. Ама не Круз. Недајбоже :rofl:

    Сакав да кажам, вниманието ми оди кај најдобрите нешта. Сето останато е само ѓубре за полевање тажни суети што имаат некаков проблем, ама само тие не си го забележуваат.
    Добар филм, добра музика, септември веќе замириса, ајварот крева црвени облаци на небо, рацете се уморија од лупење пиперки и лупење туѓи надежи. Prefab Sprout на плеј листа, сонце со заби и Nine Inch Nails некаде од далеку. Ех.
    Да можев да бидам некој друг, би била пак себе. Незаменливо чувство на лудизам е!
     
    На Hopeful, Buttterfly, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Старфиш, ова е специјално за тебе, барем вака до ти честитам, да си го славивиме денот, што подолго, и што посреќно.
    Засекогаш вака убави, среќни, успешни, задоволни.
    Jа обожавам песнава, ми ја грее душата, скроена за денов ми е, life celebration 8)
    http://www.youtube.com/watch?v=Q8xuUdI1an0
    Не ги љубам баш овие веќе видени пораки и честитки за роденден, но денов е таков, па од срце сакам посебено да ти посакам се најдобро :)
    И да сеуште несакам, и одбивам да пораснам :D
    Петар пан ми е зашитетн лик, секоја година 8)

    [​IMG]
     
    На kravce, JuLleE, calliope и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Оддамна не сум пишала.. Конечно си го направив компјтерот :dance:

    Епа деновиве се изморив многу, знам дека нема смисла како бруцошче да кревам буна, ама како нареди неделава турбо дизел, немам време ни за себе. Од 8 сабајле на предавања, дома во 6 попладне доаѓам. Со дечкото се слушам на скајп и си легнувам.
    Оваа недела џигерот ми излезе мислам, за целово лето што си ја прчев. :drunk:
    На факултет не можев на очиве ми да поверувам на неписмењачиштава од средно што се запишале на смер кој е многу тежок. Не знам со кој просек успеале? Јас се потресував што бев првенец на генерација, и што на матура ги имав сите петки, а некој што имал статус „воздражан “ цели 4 години е на смер со мене :clap: Браво !


    Сега сум во процес на набавка на книги и се надевам дека ќе успеам да си наредам убави оцени. Почнав со учење на некои предмети. Пред некој ден имав размак од 3 саата на факс и за да не одам дома ( бидејќи само што ќе стигнам до последната станица само ќе треба да поминам улица и да го фатам другот автобус за назад на факс |( ) останав во читална . Мислам дека прв пат одев, неможев ништо да научам , ми сметаше крцање, шепотење.. и после почнав да се сконцентритувам полека. Арно ама сакав на пауза да одам. Си ги земав листовите, ама се лизнаа од раце икога се разлетаа низ маса :o незнаев што да правам. Почнав да ги собирам а тие шуштат, милион очи во мене :tmi: Како врв на се, кога излегував заборавив да ја вратам книгата и на тоа магнетите кога почнаа да свират :o Повторно сите очи накај мене . Мислам дека го колнеле моментот кога влегов во читална. Ај ќе ми простат, бруцош сум :D
    И секако се предомислив, не излегов на пауза, туку засекогаш :D

    Ајт за убав почеток :d:
     
  20. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    "Некој ќе го доживее животот во еден ден
    некој цел живот ќе талка по тој ден
    ќе копнее по нешто што се нарекува живот
    а ќе живее празни денови
    шупливи моменти
    променливи насмевки
    и ќе вкусува трошки сувост
    наместо љубов
    конпензација на реалноста
    со желбата и желбата
    со можноста…
    Некој… можеби никој…
    Некој… можеби секој…
    ден…
    ќе живее
    ќе преживува
    и нема да доживее
    заради ограниченоста
    на сетилата во просторот и времето
    а чуствата се живеат безпросторно
    и безвременски
    и вечно,
    а вечноста го крунисува својот крај
    некогаш… некаде… на крајот…
    Само бесконечноста има
    дефиниција за денот…
    оној ден…
    наречен живот…"
     
    На SnowWhite8, honorthyself, Elenuskaa и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.