Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.196
    ^ Ииисто..гледам и другарка ми забегала сега |(
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Јас сум се променила? А како тоа, сум се променила? Не бе златна, јас од секогаш сум била ваква, единствена промена во ситуацијава е начинот на кој ме гледаш.
    Не дозволувам да бидеш приоритет во мојот живот, кога јас во твојот постојам само како опција.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.196
    ^ Велат дека си се променил, кога ќе престанеш да се однесуваш како што нив им одговара.
     
    На Pirana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ако уште некој рече дека сите машки се исти ќе го треснам по глава со нешто тврдо и тешко, та три дена по ред да не може да се освесте.
    Не се сите машки исти, се’ додека постои братучет ми. :P
    Сакам дечко како него, сакам некој да ме сака на таков начин како тој што ја сака неговата девојка. Колку е среќна, значи. Заслужуваат и двајцата, после се’, да бидат среќни. Денес и’ беше роденден, а тој и’ напишал на фб нешто што кога го прочитав, се стопив, солзи ми наидоа на очите. Ај, не верувај во љубов, откако ќе дознаеш за нивната љубовна приказна.
    Наредната година прават свадба, едвај чекам, лелее. Најмногу ќе им се радувам. Многу ги сакам бре.
     
    На sweet-cherry, kate21, Lov3 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    11.850
    Пол:
    Женски
    Елај си ми летенце кај мене. Сакам есен, ама не и нагла зима. Не и овој студ и сивило. Сакам убави, портокалови нијанси, жолтило со сино.
    Да не може човек од овој студ пипер на раат да си излупи :!: . Стуткани во вековната лимена гаража, затворени врати, а фури од сите страни. Татенце раскажува за војска, а мајка ми од никаде се уклучува со виц:
    „ За што мажите прават муабет? За тоа колку жени поминале и за војска.“
    Стареат, па будалеат.
    Одлична петочна ноќ, малку со смрзнати стапала, ама подобра од било кое пиење. Освен полноќното врело какао.
     
    На Hopeful, CoverGirl10, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  6. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    На ludoto19, moliv4e, AnaKarenina и 3 други им се допаѓа ова.
  7. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Потребно е 7 секунди додека храната дојде до стомакот. Косата на луѓето може да издржи тежина до 3 килограми. Должината на машкиот пенис е 4 х неговиот палец. Коската на човекот е тврда како бетон.Женското срце чука побрзо од машкото.Користиме 300 мускули за да одржиме рамнотежа додека стоиме. Жената веќе го прочита овој текст. Мажот сеуште го мери својот палец !!!
     
    На Sexybaby86, LilBaby, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ах брее што не прави таа љубов :$

    Денес причини за нервоза милион, а јас окезена од уво до уво :D
    не ме интересира ништо друго, едвај чекам да се осамне, конечно да го видам, да си го гушнам :wasntme: .
    Абе тој е мојот лек арно вели мајка ми :lol:
    Утре штом се најдам во неговата прегратка ќе заборавам на се што ми се случуваше деновиве,
    Тој ќе ми даде енергија и за да го поминам она што следува :)

    Ајде да не мрчам јас веќе одам да пробам да заспијам :)

    Лека ноќ
     
  9. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сосема поинаков петочен вечер.Наместо да излезам јас останав дома да направам маска од јајциња :lol: на лицето,да си ги средам ноктите(после толку време си ги ишарав).Па и ми беа потребни 2-3 саата само за мене,си ги заслужив.А сега чиста и миризлива и средена ке си легнам во попристојно време од вообичаено :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • SAM_7136.jpg
      SAM_7136.jpg
      Големина на фајлот:
      292,7 KB
      Прегледи:
      228
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.267
    Допаѓања:
    157.682
    Многу сакам да имам некад пристап до тие ВИП журки,како онаа вечерва у фамозната Арабеска, каде беше преполно со фаци те коњи на коњопои,од причина што сакам да бидам женска верзија на Бранислав Нушиќ,па напишам една фина драма која ќе ја игра сигурно НЕ Ксенија Николовска (која ја видов меѓу присутните), како Весна Петрушевска во Госпоѓа Министерка.
    Сериозно не знам што народ е тоа и сериозно срам би ми било да бидам видена и не дај боже сликана покрај таква раја. За мене тоа е проста раја од најпростиот вид!
    Само што минав се згадив. А не дека поарни почнаа и по чаршија. Истите се,само овие имаат помалце пари, а кога би имале,сигурно би биле на таа ВИП журка,ама немаат и ќе бидат несфатена авангарда,као демек...

    И кога си читам стари постови,па просто се срамам кои печатни грешки ги правам,а прееска чак што више и нор-мал-ни сум пишала. Алал нека ми е! Бранислав Нушиќ би ми рекол НЕ! :rofl: Јас се извинувам,ама коа штрапам не многу го тенчам,само се допунувам ако сакам да помелам уше малце! :D
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе шема сум, не мора да ми кажете пф. Не Игор Ивановски, никој не е пошема.

    А понекад чудна сум викаш, а? А мене некој коа ми е чуден бе, кој ме прашуа? Ми е гајле :D
     
  12. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сдк дека ова не ми требаше,не мораше баш денеска да се разболам дане можам да излезам од дома таман си дојдов дома...оффф..ама ми е тешко:worried:
     
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Вечерва, додека повеќето се надвор и го живеат своето, од под топлината на моето јорганче, со проклетава настинка, апетит у минус, главоболка, чешма нос, црвени очи и тон прашина на душава, сакам да зборувам за триаголниците.
    (Осеќам долг пост ќе е, ама вакви чуда не се кажуваат со 2 реченици.)

    Заебани се.
    Оох, колку се само заебани. А, секаде постојат.
    Кај сте виделе двоаголник? Каде?!
    Мојов е скапан, ко мене. И упорно дозволувам да гние. Си можам бе!
    Што и да е овој синдром, не минува, само ме убива. Убива? Сече. Боде и раскинува полека. Ужива дури крварам. А јас, која страшно се плашам од крв, сум приморана на тој страв постојано да му гледам во очи. И кога ги затворам, чувствувам како непрестано тече. И боли.
    Секогаш сум била whatever кога се работело за нивното Височество - момците. Да бе, мајка ми ми го родила, па не можам без него, чиниш од иста папочна врвца сме хранети.
    И секогаш влета некој мајчин што мамичето мамино ќе ти го расплаче, та 3 животи ќе ти се чинат малку да се опоравиш. Зошто, лаже дека сакал оној што се опоравил за 2-3 месеци.
    Или пак лаже дека е опоравен. Трето нема.
    Да се навратам на триаголникот.
    Мојот вртоглаво се врти и ме удира од секој можен агол. Ко за оваа недела што имам сменето расположенија, немам за цел е**н живот!
    Ќе си ги бележам со бројчиња, ми се превртува во цревата ако им ги спомнам имињата.
    Нека бидат 1 и 2. Едниот е проклето осуден да биде на прво место, иако јас кај него сум на последно.
    Двојката пак упорно ме става мене на прво место, а јас го презирам поради тој факт.
    Зошто мене, иронијо?!

    Еден?
    До еден ништо веќе не допира. За еден веќе не ни постојам. Еден дрско ми кажа дека сѐ што чувствувал спрема мене - умрело. Ох, но јас ја побарав таа дрскост. Ја барав надевајќи се дека нема да ја добијам. Ја добив и ме уби во моментот. А тој ко да исцрпи снага од таа моја слабост и зеде уште поголем замав. На крај, ме остави така скршена на игнор.
    Нели ќе беше тука кога и да ми затреба? Кај си сега? На кого ги делиш истите празни ветувања?
    Му посветив купишта стихови, рече го расплакале малку. Дали?
    За што ти, непреболу еден, плачеше? Нели сум за тебе мртва? Плачеше ли за мене, зошто и покрај сѐ што ми направи, во мене ниедно чувство не умрело, или плачеше за себе зошто си празен?
    Ќе се осудиш ли да прочиташ? Всушност, вистинското прашање е ќе се осудиш ли да пишеш откако ќе прочиташ? Или пак ќе се правиш недопирлив?
    Ти ли беше спремниот да ме жени? Истиот кој сега нема храброст ни да ми се обрати?
    Ме фасцинира што за тебе доволен е еден сајт ко фејсбук да каже и официјализира сѐ. Друго не е потребно? Што навистина те сопре да ми се јавиш кога си бил во мојот град?
    Моите зборови (кои патем беа потврдни, само што ти си сакал да ги разбереш негативно, оти така ти одговарало) или твојот кукавичлук?
    Ќе имаш ли ти некогаш машкост да се соочиш со мене во 4 очи? Без тастатура и бекспејс копче? Ќе дозволиш ли да ти прочитам од очите, и ќе можеш ли притоа да не го наведнеш погледот од вина? Или вечно ќе бегаш, мислејќи дека така тоа исчезнува? Ко децана кога ќе затворат очи и мислат дека и ти не ги гледаш, само затоа што тие не те гледаат тебе? А, ми рече дека сакаш да побегнеш. Зошто? Зошто еднаш не се соочиш?!
    Двојкава пак е толку упорна.
    На моменти ми дава снага, ми дава поддршка, но истовремено и ме иритира. Не си ми ти мене бебиситер, па на секое мое гугање, да градиш замок!
    Се осеќам немоќно и покрај тебе. Твоето „Ќе мине“ и „Во ред е“ мене не ми помагаат.
    Нит минува, нит е во ред! А уште помалку ќе биде кога упорно ми го спомнуваш истото!
    Гушкај ме ти колку сакаш, јас не чувствувам никаква топлина од допирот. Не сакам изливи на внимание кои ме прават да се чувствувам беспомошно.
    А, знам дека се трудиш, знам дека е за мое добро и сакаш побрзо да ми мине, ама, не сфаќаш дека само повеќе ги отвараш раните кои сакаш да ги затвориш?
    И знам дека и во 3 по полноќ да ти се јавам, ќе се снајдеш да дојдеш и да ме видиш. А јас те избегнувам ко последно говедо. Зошто кажи ми?
    Зошто уште те гледам ко лејката која ја знам од мала, онаа која ќе обрне планини дури да го освои пленот, а потоа го шутнува оти веќе не е интересен? Од тоа се плашам, што сум пак јас поразлична?
    Тебе можам да те пцујам овде, ти си муто, па и не знам дали знаеш дека сајтов вооптшо постои.
    Лопатар.
    Ко ќе видиш, навистина јас сум посерената. Ништо не ми чини.
    Јас сум ви една проклетија која е осудена машки да ги издржува работите, затоа што мажите во нејзиниот живот никогаш и не биле присутни. Почнувајќи од кукавицата наречена татко, преку непостоечките браќа и братучеди, па до фамозните момчиња, никој никогаш не се осудил да рече: Да, таа е моја, ќе ја чувам ко очите во глава и нема да дозволам никој да ја повреди.
    Вината во кого е?
    Зошто сите ми наоѓате маани ко да не сум доволна, а не ми кажувате кои се за да ги поправам?
    Кажете, јас тој ваш машки свет не го разбирам, немало кој да ме подучи.
    Клише ви е изговорот дека сама треба да знам, оти не сте осетиле на своја кожа. Проклети среќници.
    p.s. За сите нив!
    [​IMG]

    Уште еден е**но минат ден...
    Добра ноќ и не пишувајте волку долги постови. :D
     
    На MandyLane, CoverGirl10, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека многу ми е гајле ако ми се родители, никој мене нема да ми набива магарешки уши на глава со сила, зошто кога се гледам во огледало ги немам.
    Не можам само да климам со главата на секоја глупост, единствено заради тоа што ми се родители.
    Се чувствувам како последното лајно на планетава, што седи во ќош и не смее да каже ништо, зошто што и да каже против нивниот збор е или исмејано, или неподдржано или пак игнорирано.
    Епа не се извинувам, г*мна ќе јадам, ама не се извинувам зошто не бев крива, макар и до крајот на животот да не зборуваме.
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    и после се ела да те видам, издржи и не заплачи. Верувај дека те сака, иако нема да најде 2 слободни дена да си дојде да те види пред да одиш на екскурзија. Само верувај, плава женска глупава главо!!
    Ќе се видите како и да, некаде околу 25 Октомври. А, тој таму ќе седи со рацете в џеб и ќе мисли на тебе. Аха да! Само мисли си!!

    Вака ли се сака некој бе? Вака ли е да си единствен во нечиј живот? Вака ли боли кога сакаш?
    Не можам веќе. Сакам,само Бог знае колку го сакам и колку сакам да му верувам, ама не можам. Душава ми се кине. Не знам ли дали да се осудам себе си што не му верувам после се или него што е толку ладен спрема се. Еве вечерва, колку сакав да ти кажам дека го сакам, дека ми недостасува, ама зборовите ми застануваат во грло, како на заљубено петтаче, кое сака да и изјави љубов на школската.
    Ќе успее ли ова меѓу нас, ќе вреди ли сета болка и сиот труд, ќе ми се исполнат ли сите соништа со тебе или барем дел???

    И ајде вие, паметни жени, собрани на едно место,кажете ми, зошто ни треба ова во нашите убави животи? Не, сме ли доволни самите на себе си? Мора ли да ја имаме онаа исконска потреба за маж?

    И боли проклето многу, ама нели сакав да уживам во болката, ако е љубовна. Епа, еве ми. Се на тацна. Изболте. Само сега не знам веќе дали сакам... Ама како викаат после е***е, нема кање.
     
    На Adi888 и creshicka им се допаѓа ова.
  16. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Будала, будала, будала најголема си ти! Да, ти!
    Кукавицо ниедна. Немаш ли срам што една девојка е похрабра од тебе.
    И сега се правиш дека си повреден. А повредената сум јас драг господине. Сепак прифаќам вината е моја што толку сум молчела на твоите навреди. Срам да ти е што ме донесе дотука.
    Како дозволив да ми влезеш под кожа...зошто дозволив да ми се закачиш како крлеж. Сега затоа патам на овие години.
    Ќе ми се смеат сите на ова што го пишувам. Но, не знаеш што направи од мене. Каде да одам сега, каде да бегам да се повратам старата што бев...ах, бре што човек ќе беше со лице на ангел а душа на ѓавол.
    Засрами се. Не враќаш на порака. Секогаш глумиш камен.
    Абе не ме обвинувај мене за се. Зошто не гледаш што правиш.
    Добро е барем јас видов што сум правела за тебе...а не требало!
    Се уништив на најубавите години, ејјј. Не знам како ќе се приберам. Ајде те молам отвори се Земјо мила и голтни ме да ме нема. Спаси ме од понатамошна борба за повраќање на мојата личност...за враќање на се што изгубив. Однеси ме во неповрат...направи да не ја чувствувам оваа болка...нека нема ништо околу мене... И онака се е лажно. Лажни лица, лажни насмевки...се е лажно! :|
     
    На Delta2 и zarah им се допаѓа ова.
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ... Мрчатори... секогаш имало, секогаш ќе ги има.


    Туку, ќе конвертирам видео од ју тјуб во мп3 од една страница (за мене сосем непозната) и на крај само ми напиша: Thanks for downloading! Convert another video?
    А песната/видеото никаде го нема :D Ниту имаше некаков знак дека се спушта. :drunk:

    Битно ми се заблагодарија :D
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Комплетно ми ги зеде зборовите од уста, комплетно :clap: :bow: :bow:
    Особено болдираното :doh: :x
     
    На Squirrel и creshicka им се допаѓа ова.
  19. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ќиро.


    Ќиро е дечко кој никогаш нема да ми пријде. Можеби затоа што едвај се познаваме. Но и подобро да се познававме, Ќиро пак немаше да ми пријде. Едноставно е таков.

    Ќиро немал посериозна врска. Не ми кажал, ама знам. Сингл е моментално. Додуша ни тоа не ми го има кажано, ама го знам.

    Една другарка учеше со Ќиро во средно. Кога ја прашав да ми каже нешто повеќе за него, ми рече дека бил многу фино дете. Мислам дека тоа не е нешто што го барам во маж.

    Со Ќиро може да започнеме муабет. Имаме некои заеднички работи. На пример, слушаме слична музика. Може да зборуваме за The Doors, да речеме. Муабетот нема да биде долг ниту содржаен, нема да извлечам многу информации од него, ама имаме и други заеднички бендови. Би можеле да отидеме на едно кафе или две, мислам дека толку е капацитетот на нашите муабети.

    Кога ќе порасне, Ќиро сака да биде полицаец. Не сакам полицајци. Мажи во униформи пак ми се секси, од друга страна. Навистина не знам.

    Не знам ни од каде Ќиро почна да ми се допаѓа. Го знам од многу одамна и никогаш не ми се допаѓал. Зошто воопшто ви зборувам за него?!


    Заклучок, моето со Ќиро е завршено уште пред да почнало. Штета Ќиро, навистина штета. А баш фино дете...
     
    На Trnche, Moira, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    И некогаш само филм може да биде причина да се исплачеш добро ...Некогаш е доволна само песна за да сфатиш некои работи ...Ама секогаш ноќта е причина за солзи ...Тогаш сама со себе незнам ..Незнам кај сум ,која сум ,што сум сакала, што сум презирала ,што сум очекувала ...Затоа секојпат со последни сили го чекам новиот ден ...Утрото е попаметно од ноќта ..Ноќта само открива стари рани, стари лузни ...Ноќта е или убиец на чувствата или нивен бог - создавател ...
    Додека созреваат нештата , јас сум осудена на чекање ...После ноќта , мене ме убива монотоното чекање ...Ме боли фактот што неможам да сменам некои нешта и да почнам од почеток ..Да почнам да ги зидам како дворец од песок ...одново и одново и одново ...Нема да се уморам , знам што сакам но треба време ...Ахх тоа време ...убиец на душата ...убиец на мечтите ..убиец на надежта ...убиец на чувствата ..

    http://www.youtube.com/watch?v=dcl5fnHw-CQ
     
    На Hopeful, Adi888, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.